Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
– Израел ја предупредил американската влада за наводен ирански план за атентат врз претседателот Доналд Трамп, јавија Си-Ен-Ен и „Волстрит Џурнал“ повикувајќи се на неименувани извори. Според извештаите, иранското раководство неодамна го подготвило тој план. Детали за наводниот заговор не се откриени, пренесе ДПА. Американската администрација често добивала слични предупредувања во изминатите недели, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на ...
Осум лица се обвинети за наводен заговор за напад врз Ултимејт фајтинг шампионатот (УФЦ), одржан пред Белата куќа на роденденот на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти американското Министерство за правда. Според Обвинителството на Федералната единица Колумбус, осомничените планирале да употребат беспилотни летала со експлозив за да ги натераат присутните на евакуација, по што снајперисти требало да ги нападнат лицата означени ...
Девет департмани во Франција од денеска напладне ќе бидат ставени во црвена фаза на тревога поради големите горештини, додека 76 департмани остануваат под портокалов степен на предупредување. Во парискиот регион и во повеќе департмани во централна и западна Франција утрово беа измерени меѓу 22 и 25 степени, додека се очекува температурата да достигне и до 41 степен, пренесува „Фигаро“. Како што се наведува, 59 департмани се изложени на ...
Северна Кореја планира да ги прошири и зајакне своите нуклеарни вооружени сили, да ја модернизира воената инфраструктура и да ја зголеми борбената готовност на армијата. Мерките за модернизација на армиските капацитети биле донесени на проширена седница на Централната воена комисија на Работничката партија на Кореја, со која претседавал севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Како што објави севернокорејската државна агенција КЦНА, ...
Најмалку 12 лица загинаа во шумски пожар во јужна Шпанија, соопштија рано утрово службите за итни случаи во регионот Андалузија. Дел од жртвите биле пронајдени во возила, наведуваат службите за итни случаи во објава на X. Пожарот избувнал вчера попладне во општината Лос Гаљардос во провинцијата Алмерија, на околу 300 километри североисточно од Малага, соопшти регионалната влада. Регионалниот министер за внатрешни работи, Антонио Санз, го ...
Репрезентацијата на Франција е првиот полуфиналист на Светското првенство откако синоќа во првото четвртфинале го победи Мароко со 2:0 во реприза на полуфиналето од пред четири години. Противник на Франција ќе и биде победникот од дуелот Шпанија – Белгија. Франција беше подобар противник на натпреварот, а првата голема шанса ја пропушти Килијан Мбапе во 28.минута кога неговиот удар од белата точка голманот на Мароко Боно го одбрани. Сепак, ...
– Повеќе од четири месеци по неговото убиство, поранешниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, е погребан, јавија иранските медиуми. Погребот зад затворени врати се одржа во најсветото шиитско светилиште во Иран, светилиштето на Имам Реза, во неговиот роден град Машхад на североистокот од земјата, јавија неколку ирански медиуми. Церемониите за жалост траеја околу една недела. Хамнеи беше убиен во израелски воздушен напад врз ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 34 степени. Според прогнозата на УХМР, в сабота ќе биде сончево и ...
Персонализираниот револвер со кутија боева муниција, специфичниот подарок кој турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им го врачи на лидерите на самитот на НАТО, ќе пристигне во Северна Македонија преку дипломатска пошта. Од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за 4NEWS.mk потврдуваат дека оружјето е примено преку државниот протокол, но шефицата на државата нема да го користи, ниту пак ќе има каков било физички контакт со ...
Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави дека Левица во понеделник официјално ќе ги покани опозициските партии на средба за Изборниот законик, со цел да се излезе со заеднички предлог за една изборна единица, стои во соопштение на Левица, кое МИА го пренесува интегрално. „Прво и основно, ова е бегање од одговорноста на ДПМНЕ. Нема потреба да се состанува само опозицијата, треба сите. Но, во ред, ако веќе ни ја ...
Израелската армија е подготвена да го нападне Иран „по трет пат доколку е потребно“ и „дури и посилно“, изјави денеска израелскиот министер за одбрана Израел Кац за време на воена церемонија. Новите американски напади врз Иран и нападите на Техеран врз регионалните сојузници на САД од среда го доведоа во прашање прекинот на огнот меѓу двете страни. „Армијата е подготвена и во состојба на подготвеност да продолжи да се бори со цел повторно да ...
Со одигрувањето на денешните полуфинални натпревари познати се финалистите на Државното тениско првенство во кое во машка конкуренција ќе играат Амар Хусеиновиќ и Стефан Мицов, а во женска конкуренција за титулата ќе се соочат Теона Андова и Сара Митевска. Во полуфиналната пресметка меѓу македонските Дејвис куп репрезентативци, 19-годишниот Хусеиновиќ со 2-0 (6-2, 6-3) го совлада првиот носител Кристијан Јанев и со тоа се избори за своето ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го напуштил самитот на НАТО во Анкара со стариот авион „Ер Форс Уан“, наместо со новиот „Боинг 747-8“, кој Катар го донираше на САД, поради безбедносни проценки поврзани со обновениот конфликт со Иран, објави АП. Според информациите, препораката да не се користи новиот авион дошла од американската Тајна служба. Одлуката дополнително ги отвори прашањата дали во новиот авион се инсталирани сите неопходни ...
По денешниот состанокот на централното раководство, Вреди јасно порачува: односите со Албанија, институционалната комуникација и меѓуалбанската соработка не смеат да бидат жртва на тесни партиски интереси – се наведува во партиското соопштение, што МИА го објавува интегрално. Албанците во Северна Македонија, Албанија, Косово и регионот имаат потреба од повеќе единство, повеќе доверба и повеќе заедничка одговорност. Токму затоа, секој обид за ...
Лидерот на грчката опозициска СИРИЗА Сократис Фамелос си однесе оставка од функцијата претседател на левичарската партија, но останува пратеник, јави дописничката на МИА од Атина. Во видео изјава, Фамелос ја соопшти одлуката да се повлече од лидерската позиција на која беше избран на крајот на ноември 2024 година, објаснувајќи дека неговиот предлог за соработка меѓу прогресивните сили наишол на одбивање од ПАСОК и Нова левица, а истакна дека ...
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) изразува сериозна загриженост во врска со актуелните дискусии во јавноста за потенцијално зголемување на старосната граница за пензионирање, каде што се споменува можноста за работа до 72 години. Од Синдикатот велат дека ваквите избрзани мерки се носат на штета на работниците и дека тие само на кратко ќе го покријат дефицитот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), додека суштинските, ...
Во тепачка меѓу 20-годишен и 53-годишен жител на Скопје, која се случила во населбата Аеродром, „играле“ тврди и остри предмети, а помладиот тепач бил спречен да нападне, со што е избегнат многу посериозен исход, соопшти полицијата „На 08.07.2026 во 20:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Р.(53) и Б.Р.(20) двајцата од ...
Украина постигна политички договори со САД за производство на ракети-пресретнувачи „Патриот“ на нејзина територија, изјави вечерва украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од британските медиуми. Зеленски рече дека работата на техничките детали е во тек. Дополнително, Украина во следните денови ќе ги добие критично важните ракети-пресретнувачи „PAC-3 – Патриот“ од САД, додаде тој. Киев, истовремено, ќе му обезбеди на Вашингтон ...
Конвој со малиски војници и членови на рускиот паравоен Африкански корпус денеска беше нападнат на северот од Мали, соопштија три безбедносни извори и портпарол на вооружена група. Еден од изворите изјави дека конвојот превезувал повеќе од 200 руски борци и повеќе од 100 малиски војници, објавија британските медиуми. Конвојот бил нападнат рано утрово кога се движел кон северниот град Анефис, каде што има борби, соопшти извор. Истиот извор ...
Владата на Мексико планира да поднесе жалби до САД за Мексиканците кои беа убиени во имиграциски рации или апсења во САД, изјави мексиканскиот министер за надворешни работи Роберто Веласко, цитиран од британските медиуми. Четиринаесет мексикански државјани починаа во притворските центри на американската Служба за имиграција и царина, а тројца други починаа за време на апсењата од страна на агенцијата, рече Веласко на прес-конференција. „Нема ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека израелските сили ќе останат во Либан „колку што е потребно“. „Ќе останеме во безбедносната зона во јужен Либан колку што е потребно за да ја гарантираме безбедноста на нашите заедници на север“, рече Нетанјаху на церемонијата по повод завршувањето на обуката за пилотите на израелските воздухопловни сили, објави „Тајмс оф Израел“. Либан бара Израел да го исполни своето ветување да се ...
Началникот на Генералштабот на израелската армија (ИДФ), генерал-потполковник Ејал Замир, денеска на церемонијата на доделување чин на пилоти изјави дека воената кампања против Иран „не е завршена“ и предупреди дека ги очекуваат нови големи операции. „На маса се нови планови. Сè уште има големи операции пред нас. Бидете подготвени“, рече Замир во краткото обраќање, објавува „Тајмс оф Израел“. Тој додаде дека го напуштил својот однапред ...
Ѕвездата на мароканската фудбалска репрезентација Исмаел Саибари, поради повреда, ќе го пропушти натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство против Франција, кое е на програмата вечерва од 22 часот по средноевропско време во Бостон. Мароканскиот селектор Мохамед Уаби сите репрезентативци се подготвени за дуелот против Франција, со исклучок не Саибари. Новото засилување на Баерн Минхен беше повлечен од теренот на средина од првото ...
– Најмалку 28 лица загинаа во пожарот во фабриката за обувки „Фуџијан Хуитенг Шус“ во кинескиот град Џинџијанг во покраината Фуџијан, јавува Ксинхуа. Според претходното соопштение на кинеските власти, пожарот избувнал четири минути по полноќ по локално време во повеќекатницата во која била сместена фабриката. Првите резултати од истрагата покажуваат дека пожарот избувнал на првиот кат (приземје) од зградата. Пламените се ширеле со голема ...
Министерството за внатрешни работи денеска информира дека во изминатото деноноќие четири лица се лишени од слобода за семејно насилство, а имало вкупно седум пријави. На 08.07.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје, 54-годишна жена од Скопје пријави дека на 02.07.2026 на подрачјето на Центар била спречена од нејзините родители да го напушти домот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 08.07.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против З.Р. полициски службеник од Полициска станица за граничен надзор Чашка поради постоење основи на сомнение ...
Иран лансираше 10 балистички ракети кон американскиот команден центар на Блискиот Исток, како и кон американската воздухопловна база Ал-Азрак во Јордан, објави Иранскиот корпус на револуционерна гарда (ИРГК). „Како резултат на лансирањето на 10 балистички ракети, погодени се непријателскиот команден и контролен центар на Блискиот Исток и воздухопловната база Ал-Азрак во Јордан “, се наведува во соопштението на ИРГК, пренесено од ИРНА. ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска изрази загриженост во врска со информациите за постапувањето кон пратениците на граничниот премин Ќафасан и очекува целосно и транспаретно разјаснување и утврдување на околностите за случајот од властите во Албанија. – Како претседател на Собранието, изразувам загриженост во врска со информациите за постапувањето кон пратениците на Собранието на Република Северна Македонија на граничниот премин ...
Според анкетата на Францускиот институт за јавно мислење (ИФОП), лидерката на ултрадесничарската партија Национален собир, Марин Ле Пен е фаворит за претседател на Франција. Апелацискиот суд пред два дена ја потврди пресудата за Ле Пен за проневера на пари од Европскиот парламент. Судот, претходно, ја ублажи воведената забрана за јавна функција, а Ле Пен вчера ја почна кампањата за претседателските избори во Франција, што треба да се одржат ...
Двајца луѓе синоќа завршиле повредени откако рачна бомба била фрлена од автомобил во движење кон ресторан во тетовското село Добарце. Инцидентот се случил околу 1:20 часот, кога 51-годишниот Д.Ф. од селото Добарце пријавил дека од патничко возило „цитроен“ била фрлена бомба кон неговиот ресторан, кој се наоѓа покрај локалниот пат, соопшти Министерството за внатрешни работи. „Од експлозијата е предизвикана материјална штета, а со повреди се ...