Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Сакаме да не ги крадеш гласовите на граѓаните на избори, преку дијаспората, се вели во реакцијата од Социјалдемнократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски во која ја повика опозицијата да не го кочи нодсењето на изб орниот законик и да изелзе со конкретен предлог. „Мицкоски вели да сме кажеле што сакаме за Изборниот законик, ќе прифател. Кажуваме, сакаме да не ги крадеш гласовите на граѓаните на ...
ници од затворот во Прилеп деновиве наместо зад затворските решетки, биле на нива, каде што учествувале во тековната жетва. Од Управата за извршување на санкциите споделија фотографии од работната атмосфера, со пофалба дека биле ожнеани 34.000 килограми јачмен. -Казнено-поправниот дом Прилеп успешно ја реализираше овогодинешната жетва на јачмен, засеан на вкупна површина од 180 декари. Во реализацијата на земјоделските активности активно беа ...
Со презентација на докази од телефонски апарати на дел од обвинетите, комуникации меѓу нив, како размена на пораки на Фејсбук, Вибер и Месинџер во судницата во Идризово денеска продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Од одбраната имаше реакции дека во дел од презентираните документи, никаде не се спомнува „Пулс“. Воедно, еден од адвокатите рече дека по обвинетите се плука по медиуми, биле нарекувани со погрдни зборови, ...
Генералниот директор на албанската државна полиција, Скендер Хита, изјави дека Граничната полиција „постапила согласно законот во случајот пријавен вчера на граничниот премин „Ќафасан”, каде на едно лице не му било дозволено да влезе на албанска територија поради законски пречки”. На прес-конференција, на прашањето за случајот со двајцата пратеници и еден функционер на ВЛЕН на граничниот премин „Ќафасан“ објасни дека на граничниот премин се ...
Малолетник се здобил со повреди откако возејќи електричен тротинет се судрил со патнички автомобил во Гостивар. Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека незгодата се случила вчера околу 19 часот. – На 08.07.2026 во 19:10 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на крстосницата од ул.„Живко Брајкоски“ со ул.„Ристо Оџаклиески“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,пежо“ со гостиварски ...
Украинската армија соопшти дека во текот на ноќта со дронови погодила уште 12 руски танкери во Азовско Море, во рамките на кампањата за попречување на снабдување со гориво руските сили и да се изолира окупираниот Крим. Украинскиот Генералштаб на Телеграм објави дека танкерите биле користени за снабдување на руската војска со гориво и за транспорт на нафта и нафтени производи, што е кршење на меѓународните санкции. Во нападот биле погодени и ...
– Центарот за јавно здравје-Штип вчера добило пријава за труење од храна за шест лица, кои се вработени во фабрика во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ)-Штип. Во писменото соопштение се наведува дека по пристигнување на пријавите, одделението по епидемиологија во Центарот за јавно здравје-Штип веднаш постапило согласно националниот протокол во случај на појава на алиментарни инфекции и интоксикации. Епидемиолозите веднаш излегле на ...
СВР Тетово информира дека вчера полицајци лишиле од слобода 44 годишник од Џепчиште и 45 годишник од Јажинце поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „осигурителна измама“. Тие превртеле четирицикл, а пријавиле сообраќајна незгода, но полицајците направиле проверка на видеозаписите од безбедносните камери на системот „Безбеден град“. -На 8 јули 2026 година во 21:55 часот во СВР Тетово, С.А.(44) од с.Џепчиште пријави случена ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на лидерите кои учествуваа на самитот на НАТО им подарил персонализирани револвери, придружени со кутија боева муниција. Портпаролот на германската влада потврди дека револверот што му бил подарен на германскиот канцелар Фридрих Мерц е предаден во германската амбасада, каде ќе биде спроведена постапката за законски увоз, по што ќе биде евидентиран во официјалната збирка на државни подароци, објави ...
Лекот „фостер“, инхалациска терапија за астма и за хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) се очекува од 1 август да биде достапен во аптеките без доплата и со партиципација од 280 денари, а за антикоагулансот „ксарелто“ (ривароксабанот) од 1 јануари ќе се плаќа партиципација од само 160 денари. Ова денеска на прес-конференција го истакна директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој посочи дека има два начина ...
Премиерот Христијан Мицкоски се уште го чека предлогот на опозицијата за Изборниот законик, со цел тој да биде донесен, а со тоа државата да ги исполни сите од предвидените 10 реформски чекори кои треба да се завршат до средината на месецов, а се од интерес на граѓаните. Пратениците од владејачкото мнозинство, вели, имаат усогласен став дека ќе се прифати секој предлог на опозицијата со вградени препораки на ОБСЕ-ОДИХР и содржано гласање на ...
Македонија нема доволен број на пречистителни станици, а и некои постоечки се веќе застарени. Изградбата на пречистителните станици во Тетово, Битола и Скопје се одвива со пролонгирања. Странски пари во Македонија се или несоодветно потрошени или пропаднати или, пак, не преостанува многу време за нивно искористување, пренесува nota.mk Во 2016 евроамбасадорот Самуел Жбогар и шпанскиот амбасадор Абароа Каранса ја најавуваат изградбата на ...
Критичните минерали стануваат прашање на економска и геостратешка политика. Во САД, и власта и опозицијата заеднички предложија законски измени со кои ќе се стимулира домашното производство на минерали како бакарот. Македонија, пак, располага со значајни резерви токму од овој минерал, но повеќе од 40 години нема отворено нов рудник за металични суровини. Единствената поголема инвестиција во секторот е проектот „Иловица“, кој и понатаму е ...
Албанија им забрани влез на десетици Албанци од Македонија кои сакале да се приклучат на антивладините протести во Тирана. Според повеќе медиуми, Албанија ставила на „црната листа“ повеќе од 60 лица поврзани со ВЛЕН, албанскиот коалициски партнер во владата на Македонија. На списокот се повеќе лица: – пратеникот Аднан Азизи (Влен) – Беким Ќоку (Ветевендосје/Влен) – екс министерот за Европски Муртезани, – општински советници на VLEN, и други ...
Започна судењето против Трајко Бојковски (25) обвинет за четири убиства и две обиди за убиство на повозрасни жени во регионот на Куманово. На почетокот на судското рочиште обвинетиот Бојковски не одговараше на прашањата на судијата, само гледаше во таванот. Неговиот адвокат објасни дека тој се вознемирил од камерите и од присуството на повеќе лица во судницата. Обвинителството тврди дека ќе докаже оти Бојковски со умисла ги извршил ...
– Иранските државни медиуми денеска објавија дека во прекин е железничкиот сообраќај помеѓу Техеран и Машхад, каде во текот на денот треба да биде одржан погребот на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи. Иранските медиуми наведуваат дека железничкиот сообраќај е во прекин бидејќи пругата биле мета на американски напад, додека иранското Министерство за надворешни работи наведе дека се уништени и два моста. Портпаролот на иранските железници ...
Вистинска драма се одвивала синоќа во Охрид, кога автомобил ,,ренџ ровер” првично не застанал на полициската патрола, а потоа кога полицајците успеале да го запрат се случила трагедија, кога сопатникот на возачот проголтал опаковка со дрога, по што починал. -На 08.07.2026 година во 22.30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишен од слобода е И.М.(32) од Охрид. Тој, управувајќи патнички автомобил „ренџ ровер“ со чешки национални ознаки, ...
Македонската економија ќе расте побавно од економиите во регионот во следните пет години, дури и Косово е пред нас. Меѓународниот монетарен фонд ги разби лагите и пропагандата на Мицкоски за некаква „трета“ економија во Европа. Според ММФ – во следните пет години македонската економија во просек ќе расте само 3 проценти, се вели во соопштението од СДСМ, кое МИА го објавува интегрално. Пред Македонија се Албанија со 3,19 проценти, Србија со ...
Пејачката на хитот „Total Eclipse Of The Heart“, Бони Тајлер, почина на 75-годишна возраст, се наведува во соопштение објавено на нејзината веб-страница. Велшката поп-ѕвезда, чие вистинско име е Гејнор Хопкинс, почина само неколку месеци откако беше лекувана на интензивна нега, каде што беше ставена во индуцирана кома по итна операција на цревата, пренесе ДПА. Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на пејачката, нејзиното ...
Заедничките гранични контроли One Stop веќе функционираат на граничните премини со Србија и Косово, а со потпишувањето на договорот со Албанија е заокружен процесот на воспоставување на овој современ систем со сите соседи кои не се дел од шенген-зоната – соопшти Министерството за внатрешни работи. Со имплементацијата на One Stop-системот, како што се наведува во соопштението, граѓаните добиваат едно застанување, една гранична контрола и ...
Со натпреварот меѓу Франција и Мароко стартува четвртфиналната фаза на Светското првенство. Франција со максимален учинок и пет победи „влегуваат“ во дуелот против Мароко. Во групата постигнаа победи против Сенегал, Ирак и Норвешка, а во нок аут фазата Шведска и Парагвај. – Подготвувајќи се за натпреварот, профилот на Мароко не е како оној на Парагвај. Значи, Мароко, за оние кои не се запознаени со нив, веќе се истакна кога ги сретнавме пред ...
Репрезентацијата на Мароко пред четири години на Мундијалот во Катар играше во полуфиналето, а ривал им беше Франција. Двете репрезентации на годинашниов Мундијал ќе играат во четвртфиналето, што значи и крај за поразениот тим. – Ќе направиме сè што можеме за да победиме. Нема да ги слушаме луѓето што ни велат „веќе сте се снашле брилијантно, не е голема работа ако изгубиме, Франција е фаворит“ или нешто слично. Сакаме да победиме и ќе ...
Официјален Пекинг денеска го повика НАТО да се откаже од она што го нарече „менталитет од Студената војна“ кон Кина, јави Анадолија. – НАТО е регионална одбранбена Алијанса со јасно дефиниран опсег на мисијата и географски граници. Треба да престане да наоѓа вина кај Кина – изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Мао Нинг. Мао истакна дека Кина „е сила за светски мир. Таа никогаш никого не загрозува, ниту пак, претставува ...
За активните мерки за вработување во 2024 година исплатени се 1.442.207 илјади денари (23,4 милиони евра), но при распределбата не е обезбеден принципот на рамномерен регионален развој – покажува ревизијата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за работењето на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ). Повеќе од половина од средствата кај одделни мерки се концентрирани во мал број центри за вработување, односно 62,05 ...
По речиси 19 години примена на Правилникот за квалитет на течните горива, стапи во сила новата уредба за квалитет на течните горива, со која се воспоставуваат прецизни стандарди за квалитет на течните горива, поголема сигурност за потрошувачите, фер услови за компаниите и поуреден домашен пазар – соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС). Како што наведува МЕРМС, уредбата е донесена во согласност со член 257 ...
Околу 5.100 луѓе починаа во Германија од причини поврзани со горештините за време на топлотниот бран во јуни, покажуваат проценките на Институтот „Роберт Кох“. Како што пренесе ДПА, државниот институт за јавно здравје на Германија ја објави оваа проценка во денешниот најнов неделен извештај за смртноста поврзана со високите температури. Германија се соочи со неколкудневни рекордно високи температури на крајот на јуни, кои во одредени делови ...
– Задолжителна дозвола за организирање подарувања (giveaway), надоместок за нивно приредување, јавно објавување на правилата и резултатите, како и јасно утврдени рокови и услови за организирање, се дел од новините што ги воведува новиот Закон за игри на среќа и за забавни игри, кој почнува да се применува од 14 јули. Како што соопштуваат од Министерството за финансии, целта на новото законско решение со кое за прв пат се воспоставува ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека иранското раководство го контактирало и изразило желба за постигнување договор, откако Соединетите Американски Држави извршија нови напади врз ирански цели. „Се јавија пред извесно време. Толку очајнички сакаат да постигнат договор“, изјави Трамп пред новинарите во авионот „Ер форс еден“ при враќањето во САД од самитот на НАТО во Анкара. Неговите изјави следуваат откако американската армија ...
Извршниот одбор на СДСМ донесе заклучок јавно да ги повика на дебата во партијата сите поединци или групи – да дискутираат заедно, за како што велат, борбата против криминалната власт на Мицкоски. Извршниот одбор, како што се наведува во соопштението по партискиот состанок, оцени дека секоја дебата којашто се однесува на СДСМ треба да се води во партијата, пред органите и телата, а не надвор од неа. „Вратите на СДСМ се отворени за секој што и ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето гостување предупреди дека владејачкото мнозинство се обидува да протурка измени во Изборниот законик кои отвораат сериозен сомнеж за можен изборен грабеж. Тој обвини дека власта инсистира на промени за кои нема логично објаснување ниту легитимни одговори на прашањата што ги поставува опозицијата. Филипче откри дека барањата на власта не застанале само на промената на моделот за гласање на ...