Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 548-та седница на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и усвојување на извештај со предлог листа на кандидати за претседател на Основен кривичен суд Скопје и донесување на одлука за избор на претседател на Основниот кривичен суд Скопје. На дневен ред, е и усвојување на измени и дополнувања на Годишната програма за работа на Судскиот совет за 2026 година, како и ...

Поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, ја коментираше одлуката на Основниот кривичен суд со која на тројцата осомничени за нападот врз 14-годишно момче во скопската населба Ченто им беа определени мерки на претпазливост, наместо притвор. „Јас пак си викам притвор ќе им дадат, ама ништо. Од осмиот убод се брои изгледа…“, напиша Богоев на социјалните мрежи. Неговата реакција доаѓа откако Судот го прифати предлогот на ...

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, денеска упати остри критики до Министерството за одбрана и министерот Владо Мисајловски, обвинувајќи ги дека не ги исполниле ветувањата кон вработените и дека две години не успеале да договорат нов колективен договор. Петровска рече дека министерот претходно неосновано ги обвинувал синдикатите и се обидувал да го минимизира нивното делување. „Сметаше дека со формирањето на синдикат, преку неговиот ...

Министерството за внатрешни работи информира дека во изминатото деноноќие регистрирани се вкупно четири пријави за семејно насилство во Гостивар, Тетово, Кисела Вода и Кавадарци, при што приведено е едно лице, а со две е извршен службен разговор. Во ОВР Гостивар вчера во 21:00 часот, 28-годишна жена од село во гостиварско пријави дека нејзиниот сопруг Ф.А. околу 18:45 часот во нивниот дом физички и со тврд предмет ги нападнал неа и нивниот ...

Актуелниот светски првак Аргентина ја продолжува одбраната на титулата на мундијалскиот турнир, откако вечерва се пласираше во четвртфиналето совладувајќи го Египет по чудесен пресврт со 3-2 во Атланта. Египет имаше сензационално водство од 2-0 со головите на Ибрахим (15 минута) и Зико (67), кое го одржуваше до завршните десет минути од регуларниот дел. Аргентинската опсада на голот на Египет вроди со плод во 79 минута кога Ромеро ја ...

Од ДУИ сметаат дека шансите за постигнување политички консензус за нов Изборен законик се мали и дека државата најверојатно повторно ќе оди на избори според постојниот закон. Пратеничката Рина Ајдари денеска од Собранието изјави дека партијата останува на ставот дека на земјата ѝ е потребна една изборна единица, со отворени листи за пратеници и изборен праг од 5 проценти од вкупниот број избирачи запишани во Избирачкиот список. ДУИ нема да ...

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, во ексклузивно интервју за новинската агенција МИА јасно стави до знаење дека во рамките на ЕУ не постои механизам за давање гаранции против нови билатерални пречки во текот на преговарачкиот процес. Во пресрет на нејзината утрешна официјална посета на Скопје, таа потенцираше дека спроведувањето на преземените обврски и внесувањето на Бугарите во Уставот остануваат единствениот и незаменлив пат за ...

Унгарската државна телевизија денеска соопшти дека нема да емитува информативна програма сè додека владата не ги реорганизира јавните медиуми како „независни и веродостојни“. Главната програма на државната телевизија М1 објави порака на црниот екран: Јавните медиуми не смеат да лажат. Сепак, се извинуваме што тоа го правевме долги години“. Во пораката се наведува и дека „јавните медиуми сега се реформираат за да можат да бидат независни и ...

Фотографија направена во маркет во Охрид деновиве масовно се споделува на социјалните мрежи и предизвика бројни коментари. Целата фотографија можете да ја видите најдоле во текстот. На неа се гледа лице облечено во многу провокативна, проѕирна мрежеста облека додека пазарува меѓу останатите купувачи. Токму необичниот стајлинг стана причина за бурните реакции, при што дел од корисниците сметаат дека секој има право да се облекува како што ...

Синдикатот на вработените во Управата за јавни приходи денеска треба да го комплетира анексот на Колективниот договор со кој треба да им се исправи една голема неправа како што велат, а со тоа да ги добијат парите кои законски им следуваат. Во разговор за Телевизија 24 синдикалниот лидер Васе Неданоски вели дека е оптимиост и очекува со платата за јули да добијат и седум отсто зголемување на платата како и усогласувањето со растот на ...

Дваесет и двегодишник од скопското село Страхојадица е приведен по пријава дека им се заканувал со пиштол на повеќе лица кај станицата Зелениково, информира МВР. Според пријавеното, инцидентот се случил на 5 јули околу 21:10 часот, кога В.И.(22), додека бил заедно со 24-годишниот Е.Б., упатувал закани со пиштол кон 41-годишниот И.М. и уште неколку лица. Во пријавата се наведува и дека Е.Б. физички го нападнал 35-годишниот Н.Н. В.И. бил ...

На денешниот Форум на НАТО за одбранбена индустрија во Анкара, што се одржа пред Самитот на Алијансата, беа потпишани нови договори во вредност од најмалку 50 милијарди долари, изјави неименуван извор. На Форумот беа објавени големи договори за оружје во вредност од десетици милијарди долари, a gенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, објави серија иницијативи. – Можеме да постигнеме повеќе кога го правиме тоа заедно. И мора да направиме ...

Одбраната на обвинетата Билјана Петревска-Мантова тврди дека во случајот со набавката на мазут за ТЕЦ Неготино не била оддадена никаква службена тајна и дека тоа го потврдува нов доказ доставен на денешното рочиште. Адвокатката Надица Фундики изјави дека доказот покажува оти документот што е предмет на обвинението веќе бил достапен до повеќе лица и не претставувал класифицирана или службена тајна. „Одбраната достави доказ со кој сметаме дека ...

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, остро го критикуваше предложениот ребаланс на Буџетот, оценувајќи дека тој е доказ за неуспешното буџетско планирање на Владата, а не развојна мерка како што, според него, се претставува. „Додека власта се обидува да го прикаже ребалансот како развоен, суровите бројки покажуваат тотален колапс и неодговорно планирање. Ова не е инструмент на одговорно управување со јавните финансии, туку фактура за ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не очекува ниту една земја од Западен Балкан во блиска иднина да стане членка на Европската Унија. Говорејќи на отворањето на Конференцијата на претседателите на парламентите на земјите кандидати за членство во ЕУ во Белград, Вучиќ оцени дека Унијата во следните неколку години нема да носи одлуки за ново проширување. „Не мислам дека ЕУ во наредните неколку години ќе може да носи одлуки за ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп на средбата со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган изјави дека ќе ги укине санкциите кон Турција и ќе донесе одлука за потенцијална продажба на авиони-ловци Ф-35. САД во 2020 година воведоа санкции за Турција откако Анкара набави руски системи за противвоздушна одбрана С-400. Исто така Анкара беше исклучена од програмата за борбени авиони Ф-35. Трамп наведе и дека денеска разговарал со рускиот и украинскиот ...

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамет Али денеска во Тиват учествува на Регионалната конференција посветена на системите 112 и модерните технологии за управување си кризни ситуации. – Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“, која ќе овозможи: прецизно испраќање на локацијата од местото на настанот, испраќање фотографии од местото на настанот, испраќање видеа од местото на настанот и ...

Претседателката на здружението „Заедно Сме Посилни“, Мирјана Мирчевска, преку објава на социјалните мрежи соопшти дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат додека си играл во детски парк пред ресторан во Битола, а таа кога излегла да го заштити, доживела сцена, за која вели дека ниту еден родител не би сакал да ја види. „Вечерва, додека вечеравме во еден ресторан во Битола со моето семејство и мојот мал син, доживеавме сцена што ниту ...

Американската тенисерка Коко Гоф (ВТА – 7) е првата полуфиналистка на овогодишното издание на Вимблдон, откако попладнево во четвртфиналето на женскиот турнир ја совлада сонародничката Џесика Пегула (ВТА – 4) со 4-6, 6-3, 6-3. За 22-годишната Гоф ова е прво полуфинале на Вимлбдон, каде до оваа година не го помина ниту осминафиналето. Воедно, ова е прво полуфинале за Гоф од Ролан Гарос во 2025 година, кога ја освои титулата во Париз, а ...

Европската стратегија за критични минерали отвора нов инвестициски циклус во регионот. Грција најавува изградба и модернизација на пет големи рударски капацитети, со што ќе го зголеми производството на минерали неопходни за европската индустрија и зелената енергетска транзиција. За разлика од ова, Македонија сè уште нема реализирано нов рударски проект повеќе од 40 години. Единствената поголема инвестиција во секторот е проектот „Иловица“, ...

Групацијата BALFIN се здоби со сертификатот Top Employer 2026 кој го доделува Top Employers Institute – глобален авторитет за препознавање на извонредноста во практиките за управување со човечки ресурси. Сертификатот се доделува исклучиво на организации кои успешно ќе поминат низ ригорозен и независен процес на евалуација, при што се оценуваат нивните резултати во клучни области како што се стратегијата за човечки ресурси, развојот на ...

Во Секторот за внатрешни работи Охрид денеска се одржа работен состанок со полициски службеници од Министерството за внатрешни работи на Србија, кои од утре до 31 август, заедно со припадници на македонската полиција, ќе патролираат низ Охрид во рамки на заеднички полициски патроли. Активноста се реализира врз основа на Протокол за соработка за време на туристичката сезона, а од утре и официјално започнува функционирањето на мешовитите ...

Танкер што пловел низ Ормуска Теснина е погоден од неидентификуван проектил. Бродот е оштетен, но нема информации за евентуални жртви и загадување на животната средина, објави Британската агенција за поморски трговски операции (УКМТО). Според неименувани извори погоден е катарски танкер за гас. Синоќа Иран истрела најмалку два проектила врз комерцијални бродови што транзитирале низ Ормуска Теснина. И во тој инцидент бродовите се оштетени, но ...

м-р. Глигор Стоименов Почитувани, до сега сме биле многупати сведоци на некакви “таинствени“ настани и средби од типот 12.05, 11.55, каде што нели се решавало околу “судбината“ на политичките партии и судбината на државата. Па така и овој пат, пред неколку дена во еден хотел зад затворени врати по примерот на “масонските ложи“ се собрале некои “нови“ и “реформирани“ лица на политичката сцена, загрижени за судбината на опозицијата, пред се за ...

– Лидерот на британската Реформска партија, Најџел Фараж денеска поднесе оставка од функцијата пратеник, откако против него беше поведена истрага поради нерегистрирани донации во готово и поддршка. Фараж посочи дека повторно ќе се кандидира на избори откако „ќе го исчистат неговото име“. – Не сум направил ништо лошо. Не сум го прекршил законот на никаков начин. Не сум злоупотребил јавни пари, посочи Фараж. Тој оцени дека истрагата „се користи ...

МВР информира дека вчера утрината во 08:10 часот, на крстосницата од улиците „15 корпус“ и „Живко Чинго“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале мопед „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Н.А.(66) и мопед „ханглонг“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(71), двајцата од Охрид. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Н.А., констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против две физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Намерно предизвикување стечај“ и „Оштетување или повластување на доверители“. Како што информираат од Управата, првопријавениот Ѓ.З., во својство на управител и сопственик на правното ...

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камобовски, ги поддржува барањата на судиите поротници, оценувајќи дека надоместоците што ги добиваат се несоодветни во однос на условите во кои работат и обврските што ги извршуваат во правосудниот систем. Судиите поротници при Основниот кривичен суд Скопје вчера испратиле известување до Судот, во кое известиле дека од денеска започнуваат со мирен протест и нема да учествуваат на дел од судските ...

Покажавте силни перформанси во рамките на Реформската агенда. Доаѓам во Скопјe за да ја охрабрам Владата да го стори истото во пристапните преговори, затоа што сега имаме можност, што се случува еднаш во генерацијата, да го оствариме проширувањето, вели во интервју за државната МИА еврокомесарката за преговори за проширување и соседска политика – Марта Кос непосредно пред нејзината утрешна посета на Скопје. -С. Македонија покажа дека може да ...

Втор ден по ред јавните институции низ цела Бугарија добиваат известувања за закани со поставени бомби, а властите добија повеќекратни предупредувања за наводно поставени експлозивни направи, објави денеска бугарското Министерство за внатрешни работи. Пријави за поставени бомби се упатени во институциите во Бургас, Јамбол, Разград, Стара Загора, Смолјан, Трговиште, Варна, Добрич, Силистра, Велико Трново, Благоевград, Ловеч, Пазарџик, Видин, ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.1
51%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.68
80%
1016
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.81
77%
1017
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.39
49%
1020
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.65
55%
1017
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 17ᴼ
0.45
90%
1017
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
0.45
47%
1016
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.22
39%
1016
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.32
44%
1017
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
1.34
69%
1017
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
0.82
94%
1016
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.01
100%
1017
Currency

61.645

Currency

54.0748

Currency

72.228

Currency

37.5845

Currency

38.2802

Currency

66.639

Currency

7.94166

Currency

0.6944

Currency

0.3326

Currency

0.52508

Currency

1.14476

Currency

0.56011

Калај

52.95

Паладиум

41378.01

Кобалт

56.29

Злато

130535.25

Иридиум

247560.75

Сребро

1891.04

Цинк

0.00

Алуминиум

3.18

Бакар

12.79

Родиум

260421.05

Рутениум

49029.89

Платина

52309.26