Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку ветеринарните друштва со кои има склучено договор за вршење на активности од јавен карактер добива информации за појава на болести во одредени одгледувалишта. -По добивањето на информација, се земаат примероци за испитување на присуство на вирусот на сипаници кај овци и кози (крв и брисеви). По потврдување на болеста директорот на АХВ донесува решение за спроведување на контролни и заштитни ...
Во пресрет на 18 август – Денот на македонската Армија, денеска пред платото на министерството и Генералштабот, традиционално со припадниците на Армијата и вработените во одбраната го одбележавме овој значаен ден, пишува на свијата Фејсбук страница министерот за одбрана Владо Мисајловски. Благодарност до сите, за вашата непоколебливост, посветеност и професионалност, за сигурна и безбедна Македонија. Продолжуваме да функционираме како едно ...
На 17 август во 1902 година во Прилеп е роден Методија Андонов – Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Тој се борел за правата и за слободата на македонскиот народ, за вистината за Македонија. Поради несогласување со некои ставови на тогашниот режим на ДФ Југославија, во 1946 година, со пресуда на Окружниот суд во ...
Инвестициониот циклус во Македонија продолжува. Покрај компаниите кои веќе работат и создаваат нова вредност, во периодот што следи ќе се реализираат нови значајни инвестиции, а паралелно Владата води преговори со нови компании кои имаат интерес да инвестираат во нашата земја, истакна на денешната прес конференција Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Целта е да привлечеме инвестиции кои носат ново производство, современи ...
Трет смртен случај на западнонилска треска е регистриран во Македонија. Пациент на возраст од 61 година починал во саботата, и имал коморбидитети, информираше денеска министерот за здравство, Сашо Клековски. Вкупно хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести се 16 пациенти. Од хоспитализираните, шест случаи на западнониска треска се критични. Во Македонија досега 35 случаи се потврдени на западнонилска треска, а има три суспектни ...
Шведско-британскиот фармацевтски гигант АстраЗенека соопшти за нов неуспех, прекинувајќи го клиничкото испитување во доцна фаза на лекот за рак на белите дробови „волрустомиг“, нешто повеќе од еден месец откако прекина друго испитување за лек за срцеви заболувања. Компанијата од индексот ФТСЕ 100 објави дека волрустомиг, во комбинација со хемотерапија, веројатно нема да ја зголеми стапката на преживување кај пациентите со рак на белите ...
Неколку дена беа доволни за да се види целата политичка матрица на талогот од СДС. Прво создаваат сомнеж, потоа шират паника, па дезинформации, а кога институциите ќе ги демантираат со факти, ниту извинување, ниту одговорност, истакна на денешната прес конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. Тоа не е одговорна опозиција, туку политика која опстојува на создавање недоверба кај граѓаните. За водата во Скопје се ...
Во насока на унапредување на здравствената и социјалната заштита на локално ниво, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и потпретседателката на Здружението посветено на пациенти со рак и нивни негователи „ХЕМА-ОНКО“, Милица Кузманоска, денеска ставија потпис на Меморандум за стратешка соработка. Овој значаен документ, како примарна цел има подигнување на јавната свест за превенција, рано откривање и навремено ...
Во ДУИ веќе не можат да ја сокријат нервозата. Дури и луѓе од нивните редови јавно признаваат дека партијата функционира како политбиро. Тесен круг крои приказни, дели улоги и очајно се обидува да создаде впечаток дека сè е под контрола. Но работата одамна им е излезена од раце, велат во партиското соопштение од ВРЕДИ. Еднаш не сакаат ни името да му го спомнат, потоа велат дека против Артан Груби нема докази. Али Ахмети, пак, демек му кажал ...
Утрово почна да врне дожд во источна Белгија, што им дава значајна помош на пожарникарите во гаснењето на најголемиот пожар досега регистриран во земјата, кој се закануваше да се прошири до германската граница. Според податоците на Европскиот информациски систем за шумски пожари, овој пожар е повеќе од двојно поголем од оној во 2011 година, кој зафати речиси 1.400 хектари. Во гаснењето учествуваат околу 500 пожарникари од целата земја, како и ...
Во пожарот што во ноќта меѓу 13 и 14 август го зафати подрачјето на Локва Рогозница и Омиш во Хрватска целосно изгореа дури 106 возила, 28 куќи, седум стопански, три угостителски и шест помошни објекти на семејни куќи – соопшти денеска сплитско-далматинскиот жупан Блаженко Бобан. – Исто така, целосно изгореа и 45 пловила што биле извлечени на брегот – изјави Бобан за Хина. Според него, делумно изгореа 43 куќи, 20 возила и девет пловила. На ...
СДС како да живее на Халкидики без пристап до медиуми и интернет. Па сега ако нема светска криза кога имало? Блокиран е со месеци заради војна најпрометниот и клучен транзитен коридор за нафта, гас и храна во светот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ. Војната во Украина не стивнува. А постојано се случуваат разни блокади и санкции, кои целосно ја отежнуваат светската трговија и протокот на енергенси. Но, веројатно кризата денес во ...
Реал Мадрид е заинтересиран да го потпише играчот од средниот ред на Арсенал, Мартин Зубименди, објавува „TEAMtalk“. Тренер на Реаал, Жозе Мурињо, го одобрил трансферот на 27-годишниот Шпанец. При тоа, Зубименди се плаши дека нема да добие доволно време за играње во сезоната 2026/27 откако Арсенал потпиша нови играчи, па се согласува да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Прелиминарните разговори со околината на играчот веќе се одржаа. Во ...
На 16.08.2026 во 10:30 часотво СВР Тетово, од Итна медицинска помош Тетово било пријавено дека во с.Боговиње, тетовско, има повредено лице кое паднало од покрив. -Извршен бил увид на местото, при што е утврдено дека П.Б.(61) од с. Брвеница, додека извршувал градежни работи на куќа сопственост на Н.А. (60) во с. Боговиње, паднал од кровната конструкција, информираат од СВР Тетово. Притоа, П.Б. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен ...
Одамна објавив текст со последна одбрана на ајварот. Оваа ќе биде најпоследна. Ми здосади да бидам неуспешен. Малкумина читаат. Роденденот на кучето на Д.С.Дац има далеку повеќе лајкови од сите наши текстови заедно. Додуша, ако го споредиме со дотичните текстови, кутрето ќе испадне најмалку погонски инжењер. А тие што читаат, ги заболе уво или некој друг да ми извините на израз, орган. Повеќе ги интересираат гласачките кутии отколку човечките ...
На 16.08.2026 во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија до слобода Б.С.(67) од Битола. -Тој се сомничи дека околу 12:35 часот предизвикал пожар на ул.„4 Ноември“ во Битола, при што била зафатена сува трева и дрвени палети во неговото поранешно стовариште, информира МВР. Пожарот бил изгаснат од екипа на територијланта противпожарна екипа од Битола, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Битола и по целосно ...
Над двеста илјади корисници останаа без електрична енергија на Хаваи откако ураганот „Лала“ го зафати Големиот Остров, пред да ослабне и да се претвори во тропска бура. Гувернерот на Хаваи, Џош Грин, изјави дека државните власти добиле извештаи за најмалку сто оштетени домови. До пладне по локално време „Лала“ се движеше кон запад-северозапад со брзина од близу 26 километри на час, со максимални постојани ветрови од околу 105 километри на ...
Ова е едно од оние едноставни медитерански јадења во кои малку состојки создаваат богат и ароматичен вкус. Шкампите се подготвуваат во лесен сос од домати, бело вино, лук и магдонос, а презлата му дава на сосот пријатна густина. Најдобро се служат топли, со свеж леб за уживање во вкусниот сос. Состојки: 1,5 кг шкампи 1 главица лук 1 китка магдонос 200 мл бело вино 200 мл доматен сос 1 главица кромид 2 лажици презла масло сол по вкус ...
Со претседателските декрети од 15 август, Турција прогласи два „национални морски паркови“ во североисточниот дел на Егејското море и Источниот Медитеран, кои се протегаат вон турските територијални води. Доколку овие паркови опфаќаат меѓународни води, нивното воспоставување е нелегално, бидејќи ниту една држава, нема право, согласно меѓународното право на морето, еднострано да воспоставува морски заштитени подрачја во области вон ...
Компанијата на Марк Закерберг, која ги поседува Facebook и Instagram, се соочува со серија судски порази поврзани со начинот на кој нејзините платформи ги таргетираат и влијаат врз младите корисници. Сепак, судењето со порота што започнува во вторник, 18 август, би можело да претставува најголема правна закана за компанијата досега. Случајот произлегува од тужба поднесена во 2023 година од 30 американски сојузни држави, меѓу кои Калифорнија и ...
Ѕвездата на американските серии „Херои“ и „Нешвил“, Хајден Панетиер, почина на 36-годишна возраст. Членовите на нејзиното семејство ја потврдија веста за нејзината смрт. „Со длабока тага ја споделуваме веста за трагичната смрт на нашата сакана Хајден. Таа беше неверојатна светлина и сила на природата која донесе огромна љубов и радост на сите што ја познаваа и на милионите што ја гледаа на екранот“, рече нејзиниот татко Скип Панетиер. Детали ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на политики кои создаваат услови за нови инвестиции, развој на производството и отворање добро платени работни места, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Резултатите од економските политики веќе се видливи преку новите фабрики кои започнуваат со работа, но и преку компаниите кои веќе се присутни во земјава и ги прошируваат своите производствени капацитети. Фабриката ...
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски по повод 18 Август, Денот кога се формира македонската Армија, се поклони пред борците кои ги положија своите животи за слободна и независна Македонија. -Со воени почести положивме венци со свежо цвеќе на партизанските гробишта и на вечните почивалишта на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Глигоров и на генералот Михаило Апостолски. Нивната жртва и нивното дело се дел ...
Кристијано Роналдо и Георгина Родригез се венчаа пред неколку дена во тајност во Португалија, а сега списанието „Вог“ ги откри деталите од церемонијата и ги објави првите фотографии од свадбата. Бројот седум има посебно значење за Кристијано Роналдо. Само пет дена пред свадбата, двојката откри дека се преселиле во нова куќа во Каскаис, Португалија, чија изградба траела седум години. Се вселиле во јули, седмиот месец од годината. View this ...
СДС никако да сопре со ширењето хистерија, страв и паника меѓу граѓаните. Ќе заврши со една тема, ќе почни со друга. Ќе заврши со водата за пиење во едно населено место, ќе се префрли во други, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Па така, СДС почна со Гостивар, со неуспешниот обид за ширење дезинформации за квалитетот на водата, за што експресно беа демантирани, се префрли во Скопје, за на крај да заврши на селската чешма со кисела ...
ОВЕН Денот е погоден за зајакнување и проширување на вашите професионални односи и потпишување важни документи. На лично ниво, бидете трпеливи и слушајте ги мислењата на вашите најблиски пред да донесувате заклучоци. Обидете се да ја одржите хармонијата во вашите односи земајќи ги предвид и гледиштата на другите. БИК Денеска ќе бидете цврсти во вашите одлуки и ќе ги следите сопствените уверувања и интуиција. Не дозволувајте другите да ви ...
На 16.08.2026 околу 21:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопат Скопје-Тетово, во атар на с.Ласкарци, скопско, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(23) од с.Палатица, тетовско, удрило во ограда и излетло од патот. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.К. и сопатниците М.С.(19) и 15-годишник, додека со телесни повреди се здобил сопaтникот Е.К.(20), сите од с.Палатица, ...
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, се осврна на поразот од Ленс со 1:0 синоќа во францускиот Суперкуп. – Мислам дека заслуживме повеќе. Но, морам да им честитам на Ленс – тие победија и играа многу добро, со нивниот вообичаен интензитет… Одигравме многу добар натпревар, но ни недостасуваше среќа, рече шпанскиот тренер на прес-конференцијата по натпреварот. Ленс го освои Францускиот Суперкуп за прв пат во клупската историја. ПСЖ го загуби ...
Европската Унија наесен планира значително проширување на санкциите против Русија, при што бројот на санкционирани руски физички и правни лица би можел да се зголеми за една третина, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Каја Калас. „Санкциите на ЕУ досега ја чинеле руската воена машинерија повеќе од трилион евра, а наесен предлагам најсеопфатен список на санкции од почетокот на војната“, изјави Калас за ...
Американскиот претседателски пратеник за Блискиот Исток, Џаред Кушнер, допатува во Израел, каде во текот на денот треба да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Кушнер пристигна во Израел по разговорите со Хамас за спроведување на мировниот план за Газа, поддржан од САД. Минатиот месец, Одборот за мир на претседателот Доналд Трамп соопшти дека бил постигнат договор за „целосно разоружување“ на Хамас и другите вооружени групи во ...