По повод врнежливото време со кое сме соочени изминативе неколку дена, денес ви приготвивме десет цитати посветени баш на дождот, животот и врнежливото време. Иако надвор е тмурно и врнежливо, сепак не мора да е така и одвнатре, врнежливите денови се најубави за гледање на филмови и серии, читање на добра книга, или па прекрасни цитати на нашиот блог. Како и да е, се надеваме дека ќе најдете начин да уживате во дождот исто како и подолу ...

Тмурните денови и магливите утрa носат силна порака. Вжештените прозори и топлите соби кријат посебни приказни. Пареата од штотуку направениот топол чај што изгрева од шолјата за мене има различно значење во различно годишно време. Есено време ме потсетува на магла што се спушта во далечината на патот. Во текот на зимниот период на чад што го испуштаат оџаците од куќите. Во пролет ме потсетува на тмурен облак во ден со висока температура кој се ...

Ова не е драма туку пауза и време за мојот монолог, ти го читаш блогот Крајбрежје и во моментов се дружиш со моите мисли. Тие се 90% чисти, а кога не се, тогаш се прекорувачки и самокритички, понекогаш валкани. Некогаш се точни, а знаат да бидат и грешни, во својата копнежлива природа помалку смотани. Токму кога мислам дека се моќни ми доаѓа внатрешна сила, а кога сакам да одморам, знаат да бидат и смешни. Уште не сум заборавила да си правам ...

Дај ѝ малку време, да си ја проточи судбината, да си го прогони сонот, да си ја избледи дамката, испере и сокрие, оти е жена, а на жената и не ѝ треба многу време. Дај ѝ малку време, од тебе да направи принц, кој не, нема да ги исполнува нејзините желби проткаени само со најскапите бедни подароци, дај ѝмалку време, да ја запознаеш и да сфатиш дека нејзината улога е да биде храбра, а не си ѝ ја доделил ти таа круна. Туку животот. Сонот на жената ...

Избор хаику од збирката „Тишината е тука“ од Славица Милева ќе може да прочитате во продолжение. Авторката досега ги има објавено збирките:„ Тишината е тука“ и „Замижи сега“. Хаику песните во овој напис се извадок од циклусот „Скришната соба“. Утрински копнеж, очи стрништа бараат – ех, кукавицо. Кога те немам во погледот, ме имаш в сон. Наслушни. Во мене зујат брмчат, скаменети мреат микросветови. На седло од сон дална ѕвездичка јава – светулка ...

Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ познат и само како 11 Октомври е државен празник кој се празнува на денешен ден. Востанието се кренало против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко ...

Историјата на фудбалот започнала многу одамна. Во продолжение дознаваме како воопшто започнал да се игра овој спорт што важи за најважната споредна работа во светот. Прапочетоците на фудбалот, како денес убедливо најпопуларен спорт на денешницава датираат од околу 500-600 години пред новата ера. Првите документирани докази и пишани документи за кои постојат и научни докази за игра со топка слична на денешниот фудбал потекнуваат од Кина 200-300 ...

Историјата на македонскиот фудбал почнува од 1909 година. На 9 април турски офицери на школување во западноевропските земји на импровизираното игралиште на полјанката зад некогашната Учителска школа во скопската населба Ислахане (Идадија) го одиграле првиот натпревар меѓу себе. Овој датум е прогласен за Ден на македонскиот фудбал. Тогаш топката првпат тргнала од центарот и почнало испишувањето на историјата на македонскиот фудбал. Историја за ...

Гулаб виде како мравка паѓа во поток. Мравката се мачеше исплива, да излезе од водата и да стигне до брегот, но напорите ѝ беа залудни. Од жал, Гулабот зеде едно ливче и ѝ го пушти по потокот. Мравката се фати за него како давеник – морнар за парче дрво сред морето и полека, безбедно исплива до брегот. Набргу потоа, Мравката виде човек кој со камен цели кон Гулабот. Но, пред да успее да го фрли каменот, Мравката го искаса на петицата, а болката ...

Во грчката и римската митологија, паладиумот или паладионот бил култна слика за која се тврдело дека зависи безбедноста на Троја, а подоцна и на Рим. Тоа била дрвена статуа (коанон) од Атина која Одисеј и Диомед ја украле од тврдината на Троја а која подоцна Енеја ја однел во Рим. Римската приказна е поврзана со Енеида на Виргилиј и други дела. Неколку векови Рим поседувал предмет што се сметал за вистинскиот паладиум; речиси цело време за него ...

Pax (збор за мир во латинскиот јазик), била римска божица на мирот, изведена и усвоена од старогрчкиот еквивалент Ејрена. Pax се сметала за ќерка на римскиот крал бог Јупитер и божицата на правдата Јустиција. Обожавањето на Pax било организирано и станало популарно за време на владеењето на императорот Август, кој ги користеше нејзините слики за да помогне во стабилизирањето на империјата по годините на превирања и граѓанска војна во доцната ...

Чекорев забрзано по улицата со намера да го фатам навреме меѓуградскиот автобус за превоз. Натоварена на грбот со преполн ранец, а во рацете торба за лаптоп во тој есенски, но сончев ден се движев со брзина поголема од мојот нормален од. Одејќи кон постојката ги забележував нервозните возачи кои брзаа некаде, а спротивни на нив беа тазе мајките кои безгрижно, полека и со леснотија си ги шетаа нивните малечки во количките. Бебињата мирно си ...

„Што ако луѓето можеа да летаат?“, се прашувам во себе. Од прозорот посматрам две птици на гранката од едно раскошно дрво. За миг го тргнав погледот и пак го насочив таму, а птиците ги снема. Одлетале во нови висини, каде по пат можеби ќе слетаат повторно на некоја друга гранка. Тогаш можеби некој друг ќе ги забележи. И додека да трепне тие пак ќе ги рашират крилјата во нов лет. Непостојаност, неизвесност, неограничена слобода, симбол за мир, ...

Порцелански поглед што поминува преку штитот направен од страв за пробив до ранливото срце полно со љубов. Шепот ти замрзна на усните, а очите ти искреа жедно! Сонуваат само сонувачите, а јас сум еден од нив. Те сакам на начин на кој што јас не сум јас, ни ти не си ти! Некои работи можат подобро да се почувствуваат отколку да се објаснат. Само во темното можеме да ги видиме ѕвездите, душата создадена од љубов и срцето полно со милост. ...

Цару Душане, барем да се смилувате за жените каменувани, за нивните соучеснички, ноќните темнини, за мирисот на детелината, вејките свиени, каде што паднале опиени како потполошки крај лаки, за нивните презрени животи, за неудостоените од сомилост нивни љубовни маки. Барем да се смилувате за месечината и бесценетоста дивна за кожата нивна, за нејзините залези, за плиткостите на косите расплетени, за рацете вејки распролетени за нивните љубови ...

Животот не е розев. Растењето не е мирно и безболно. Оставете ги гуруата на растварање што се сѐ уште заглавени во меурот на обичното постоење. Оставете ги, тие мака не виделе. Не се кршени, па лепени, оживеани, па потоа пак од истиот пиштол усмртени. Ќе ви речат, бидете среќни — отпуштете, ама како да отпуштиш дел од себе? Како да ги дадеш црните атоми што ги прегрнале белите при самото твое создавање? Тоа исто е ко да ти кажат отсечи ја левата ...

Гордана Каракашевска е еден од најуспешните автори кои годинава учествуваа на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар. Таа беше еден од 12 финалисти и се претстави со песната „Неизвесност“ која ви ја претставуваме денеска. Повеќе за авторот Гордана Каракашевска е родена на 31.01.1973 година. Таа е авторка на три стихозбирки за возрасни: „Скршен поет и други поеми“, „Куќа од хартија“ и „Патот на водата“; на романот ...

Го гледам животот како минува менувајќи сè со себе, си велам не е случајно неговото минување. Се гледам себеси низ годините минута по минута ми се менува ликот, не е случајно неговото менување. Гледам наоколу мене, лица со илјада маски, луѓе што се пронаоѓаат, луѓе што лутаат, луѓе што будни спијат, луѓе што се кријат од светот, луѓе со крик за спас, си велам не е случајно нивното постоење. Слушам музика и во секој стих наоѓам парче од мојата ...

Зоки е болен од грип. Стариот чичко доктор рече дека ќе мора да остане в постела, ако сака побрзо да оздрави. Но на Зоки му е многу здодевно в постела. Тој лежи сам, мајка му е на работа, татко му е на работа, а баба му го готви ручекот во кујната. –Бабо, – викна одеднаш тој, – дај ми го Сламеното Мече да си поиграм. Баба му доаѓа но ѝ паѓа на ум дека Зоки ќе се открива ако му дозволи да си игра со Мечето. –Мечето? – се чуди таа. – Па нели ти е ...

Волче Наумчески (Прилеп, 18 јануари 1916 – Скопје, 20 март 1980) е македонски писател. Автор е на првата стихозбирка исцело напечатена на македонски јазик во предвоена Југославија, стихозбирката „Иди пролет“, испечатена во Битола во 1939 година. Објавил голем број стихозбирки за деца и возрасни меѓу кои спаѓаат „Поема за злото“, „Пролетни желби“, „Виорно знаме“ и „Седумдесет цветови“. Во 1934 година се зачленил во „Трезвена ложа“. Од 1935 година ...

Љубовта нема години, ги спојува детските срца на старците И ти се чини ќе те заспие во долината на Трнорушка за да оживее со своите трња А ти си стар, веќе поминале годините ноќни со трепетни птици Но љубовта се смее, таа е подарок на мигот, не на одминиловста Кротко те милува со шепотот на желбите, со крвта на љубовниците Го кине твоето битие и ти знаеш од неа не е никогаш доста Зошто љубовта е љубов , таа постојано се раѓа Секогаш кога една ...

Сања Атанасовска е македонска новинарка и поетеса, родена е на 21 декември 1985 година во Куманово. Во 2015 година ја објави збирката поезија „Писмото на десетте прсти“ која ја доби наградата Лесновски ѕвона за најдобра дебитантска книга. Во 2017 година ја објавува електронската книга поезија „Тапија од животот“ на Фондација Македоника, а истата година ја доби и наградата Караманов за збирката поезија „Стаклена градина“. Стихозбирката „Стаклена ...

Ако сакаш да ме израдуваш напиши ми ја најтривијалната, љубовна реченица на мало парче хартија скинато од некоја тетратка и капни врз него една капка од твојот парфем, па испрати ми го по некое непознато дете, на кое за награда ќе му дадеш сто денари. Ако сакаш да ме израдуваш остави на мојот праг роза, која попатно ќе ја украдеш од дворот на некоја туѓа куќа. Ако баш сакаш да ме израдуваш сочекај ме на некој агол, на улицата и гушни ме без ни ...

Твојот поглед е матен – или е тоа привид? Таинствените очи (зелени, сини, сиви?) ту нежност, ту замечтаност, ту свирепост полни, даваат одраз точен на небесата болни. Ми личиш на денови со воздух бел и смлачен, што го тераат срцето одеднаш да плаче, кога непозната болка некоја ги гони нервите до духот да се подбиваат сонлив. Ти прилегаш напати на некој убав предел што сонцето го открива во ден маглив, бледен… Тогаш прекрасна наеднаш ти ...

Барај ме вечно, до последното дрво на планетава, барај ме во непреспиените ноќи кои ми ги должиш, а да барај ме и во твојата беспрекорно добра песна со чуден звук кој произлегува од металофон. Барај ме во белата жена прикриена со црна марама, а барај ме и во црната жена ожалостена од срам. Барај ме онаму каде што нема да сум и барај ме онаму каде што мислиш дека сум. Барај ме во лузните испишани на твојот лудо – заведувачки мускул, а и барај ме ...

Не сметај, поете, на шумната слава. Пофалбите пламни ќе минат за час; Џганот ќе се сити, глупак суд ќе дава, Но остани стамен, не растурај страст. Ти цар си: живеј сам. Со крената глава Продолжи по патот на слободен глас; За подвигот честит што ти виши раст Не и треба орден на твојата става. Во тебе е се. Сам си врвен суд Од сите си построг спрема твојот труд Во кој беспоштедно целиот се внесе. Не ти може ништо толпата без срам Што ти плука в ...

Твоите очи ја добиваат мојата боја Но немаат право на обединување Твојата коса се прекрила со мојата насмевка Расте кон непознати еха кои се распрсуваат во просторот, Твојата рака се обраснала со моите допири Нашите раце се осудени на допир, Твоите трепки треперат на мојот чекор Нашите чекори се осудени да се пресретнат. Твоите прсти се лизгаат по меридијаните на моето тело Се сретнуваме во сите светови познати на страста Заедно сонуваме во ...

Го сакам Белград затоа што фризерот заради мене останува до 22 часот, затоа што луѓето разговараат едни со други, патат во кафеаните, затоа што во пекарниците можеш да бараш колку реш печен да биде лебот, затоа што во Ресавска на есен е свет мир, затоа што Белград е дом во вистинската смисла на зборот. Тоа ниту една белосветска паштета не го откупува. * Во Белград животот оди вака: ноќта гледаш филм за YSL, а утредента бабичката комшивка ти ...

Магла. Темнина. Отчукувања на часовникот. Надвор темнината ја спуштила својата кожа врз улиците, прозорите. Мрачниот привид не изостанува. Тешко дишење. Уште потешки чекори. Чекори од качување по скали се слушаат во едната насока. Во долниот дел е тишина. Празнина. Подрумот не е достиглив, вратата што водеше до него беше закатена со катенец. Што ли се криеше позади таа врата, никој никогаш не откри. Мистерија којашто станарите никогаш не ја ...

Вук Стефановиќ Караџиќ (7 ноември 1787 – 7 февруари 1864) бил српски јазичар и голем реформатор на српскиот јазик и азбука. Роден е на денешен ден. Фолклористичката и лингвистичката дејност на Караџиќ започнала уште во 1811-1812 година, за време на престојот во Неготинска Краина, каде почнал да ги опишува Кладово, Неготин и другите населени места, како и да ги запишува јазичните обележја на тој регион. Прв српски речник Во 1815 година, Караџиќ ...

Скопје

5ᴼ/5ᴼ
5.66
61%
1011

Белград

7ᴼ/5ᴼ
3.09
68%
1010

Софија

3ᴼ/1ᴼ
6.17
66%
1012

Сараево

8ᴼ/8ᴼ
10.44
43%
1009

Љубљана

5ᴼ/4ᴼ
1.61
62%
1007

Атина

22ᴼ/20ᴼ
4.63
59%
1005

Тирана

13ᴼ/13ᴼ
2.06
54%
1009

Подгорица

13ᴼ/11ᴼ
3.6
37%
1010
Currency

61.525

Currency

58.4607

Currency

73.8197

Currency

38.0152

Currency

41.7196

Currency

65.9923

Currency

8.058

Currency

0.58031

Currency

0.37565

Currency

0.52588

Currency

1.69469

Currency

0.6927

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

508086 $

Рутениум

15530 $

Калај

29 $

Сребро

992 $

Злато

85170 $

Бакар

8 $

Паладиум

32347 $

Платина

30775 $

Родиум

147909 $

Цинк

95688 $