Среќа – Наталија Наумовска Среќата е твоја должност дете, да бидеш насмеано и зиме и лете, прегрни ја силно и не ја пуштај, и на пролет кога сонце грее и на есен кога лисјата паѓаат, а тебе училишните клупи те повикуваат. Среќата е твоја природна состојба, да си ослободено од грижи и тага на светов ништо да не те мачи, прегрни ја твојата играчка најдрага, шепни си во себе: „јас сум среќно дете“, за подобар свет е мојата борба. Блогирањето е ...

За десет чекори ѝ избегав на смртта можеби е прегруб наслов, но јас така го доживеав денешниот настан без многу преувеличување. Избегав од смрт или катастрофална повреда поминувајќи на пешачки премин на зелено враќајќи се од работа. Како и секогаш чекав трпеливо на црвено, а кога се пушти семафорот пуштив чекор да преминам, кога од моја лева страна здогледав комбе со лого на една наша млекара кое се приближува кон мене. За среќа не се движеше ...

Над нејзината свежа почва се издигаат бледозелени ридови наоблечени со цвеќиња. Во неа, во скудната трева, изблици од виолетови качунки се насмевнуваат за последен пат. Оставаме знаци на чувства насекаде: по тесната патека кај што се крие мачката, дивата коприва кај што расте и блеска до оградата па за миг сјае како да е жива месечина. Пирејот вика: Напред, напред! Едно по едно, моите мали цвеќиња свенуваат. Не им било судено да траат засекогаш ...

Пред два дена официјално ни пристигна есента, едно од најубавите годишни времиња. Тоа значи дека е време за варење чај и печење колачиња, време во кое од плакарот се вадат топлите есенски алишта, време за книга или филм под топла прекривка и секако, време за читање на прекрасни цитати посветени на сета есенска убавина. Прочитајте ги во продолжение дел од цитатите кои ги избравме за денеска 1. „Зарем ова не е вистински есенски ден? Само мирната ...

Легенда која е содржана во книгата од Ог Манидно „Најголемиот трговец на светот“ кој во неа напишал многу мудрости. Дел од мудростите се наоѓаат во десетте свитоци. Прочитајте ги во продолжение. Преземени се од Википедија. Свиток 1 Денес започнувам нов живот. Денес ја отфрлам својата стара кожа, која предолго ги трпеше ударите на неуспехот и раните на просечноста. Денес повторно се раѓам во лозјето каде има овошје за сите. Денес ќе го оберам ...

Почина Михаил Ренџов, еден од најреномираните македонски поети, прозаист и преведувач, автор на десетина збирки поезија. Последната поетска збирка „Зраци“ ја објави во 2023 година. Неговата мала птица, неговата песна вечно ќе живее во срцата на вљубениците на поезијата и на убавиот збор. Нека му е вечен споменот на овој голем македонски поет. Мала птица, таго, Чуден бол и леснина Пронаоѓам вечни траги Во летот и песната Мала птицо, таго. Пробуди ...

Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ – Македонска Каменица и годинава распиша Конкурс за избор на најубав кириличен испис со краснопис на македонски јазик. Конкурсот е наменет за учениците од основните и средните училишта во Македонија, со цел кај младите да се поттикне и развие самата вештина, љубовта кон убавото, а и кон кириличното писмо. „Испратете убава пишана мисла“, започнува повикот од страна на организаторите. За повеќе детали ...

Шведската академија денеска (10.10) во Стокхолм соопшти дека добитничка на Нобеловата награда за литература е Ханг Канг од Јужна Кореја. Според образложението на жирито, 53-годишната писателка е наградена за нејзината „интензивна поетска проза“ која ја отвора темата на „историски трауми“ и ја разоткрива „ранливоста на човечкиот живот“. Авторката фрла светлина врз „поврзаноста помеѓу телото и душата, помеѓу живите и мртвите“ и со својот ...

Бошко Смаќоски (18 септември 1938, Модрич, Струшко – 1998, Скопје) е македонски поет, раскажувач, романописец и драмски писател. Творештвото на Смаќоски е богато и разновидно и се состои од десетина стихозбирки, шест книги за деца, три збирки раскази, седум романи, четири романи за деца, книга со гатанки, повеќе телевизиски драми, радио-драми и радио-игри за деца итн. Роден на денешен ден, во негова чест споделуваме една негова детска песничка. ...

Заборавив утринава песна една јас. Песна една што во сон цела ноќ ја слушав: Да ја слушнам пак, попусто се обидував, Како песната да беше среќа, мојот спас. Заборавив утринава песна една јас. Во сон не знаев будењето каква е моќ, Земјата дека бара сонце, утра, зори; И дење ѕвездите губат бели одори; Бледа месечина се движи во мртва ноќ. Во сон не знаев будењето каква е моќ. Сега едвај можам да знам дека имав сон. Во него очи некои, небо нечие. ...

Септември е, нови патеки важат. Најчести: -До училиштето и назад. И еве ти ги основците со првачињата сами или со другарчињата. Брзаница по тротоарите, детска врева крај булеварите. Па дури и кај автобусите со два ката мешаница на излезната врата. Излозите со видеоигри подновени, денес заобиколени. Уште од дома се збори: -Фаќај ги правите зебри и зелените семафори. На враќање мобилните заѕвонуваат, твоите те пречекуваат. И уште по некои ...

Интимноста на поетите се открива во нивните песни, и Бодлер во „Повик за патување“ ни ја отвора вратата од својата душа. Оваа песна ни доаѓа од збирката „Цвеќиња на злото“ и се наоѓа во првиот дел со наслов „Слезината и идеалот“. Станува збор за лирска поема, упатена до саканата жена која во својата музикалност нè носи во некое егзотично место, кое наликува на сон. Се претпоставува дека жената која го инспирира поетот е Мари Добрун, актерка и ...

Ален Делон, симболична фигура на француската кинематографија, почина во неделата на 18 август 2024 година, оставајќи зад себе легендарна кариера и огромно уметничко наследство. Познат по својата харизма и продорниот поглед, Делон играше многу ликови кои ја одбележаа историјата на кинематографијата. Сепак, покрај неговите улоги на големото платно, Делон отсекогаш одржувал блиски односи со литературата, страст што го водела во текот на неговиот ...

1. Добрино сеќаваш ли прстите ги носат проклетилата. Земи ги моиве девет прсти едниот ќе го сочувам за прстен Добрино, ако те има. Инаку ќе ги закопам во море од лудување. Земи ги моиве девет прсти со себе да ги однесеш во росата на неговите нокти што ме чекаат секоја вечер како леб и сол. Добрино ако те има проклетилата ќе засинеат во мене. Ако те има и ако те нема ти ги давам моиве девет.. Името ќе им биде во прстите, во синевината Добрино. ...

Тутанкамон се грее изобилно вода му тече под петиците плунка од заборавени смокви му се лепи врз непцата на кинеските плетенки во тешка теллива коса од хиероглифи се витка змејот на квартот закопуваат една стара Кинеска нејзините синови се натажени и среќни. Овие жолти ѕвезди од небото паѓаат врз нејзиното ситно тело, тоа свети цело од станиолските светилки на продавниците во Њујорк. Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и ...

Ференц Келчеи (унгарски: Kölcsey Ferenc, 8 август 1790 – 24 август 1838 e унгарски поет, критичар и оратор, роден на денешен ден. Роден е во благородничка фамилија во Трансилванија, за време на Хабсбургшката монархија. Останува сирак на многу рана возраст и хендикепиран поради тоа што го губи едното око. Кога има петнаесет години се запознава со Ференц Казинци и предано ги прифаќа неговите лингвистички реформи. Во 1809 Келчеи заминува во Пешта ...

За случувањата од повеќе сфери во земјава може да се пишува многу, но во последниве неколку денови актуелни се пожарите што ги опустошија шумите низ планините и селата. Затоа ќе напишам неколку најискрени редови што сметам дека мора да ги ослободам од мене бидејќи горат баш како пламен. Вчерашниот пожар чијшто чад го посведочив со свои очи иако беше далеку, се издигаше во близина на планината Илиница и изгледаше застрашувачки. Пламнатите дрвја ...

Поетската книга „Процвет“ од поетесата Цветанка Невчева излезе од печат и ја доби наградата „Душата на чаршијата“. Делото е дел од Современата македонска книжевност и едицијата „Книжевни меридијани“ и е носител на наградата „Душата на чаршијата“, добиена на конкурсот распишан од издавачката куќа „Дата песнопој“ од Битола. Рецезентот Илија Мерковски којшто е главен и одговорен уредник на издавачката куќа „Дата песнопој“, во својата рецензија ќе ...

Секоја година, на 15 април, се слави Светскиот ден на уметноста чија цел е да се зајакнат врските помеѓу уметноста и општеството, да се поттикне поголема свесност за различноста на уметничките изрази и да се нагласи придонесот на уметниците. Токму во тој дух Меѓународната спортска манифестација „Трка на поезијата“ во организација на здружението „Спортски мостови“, Струга, распишува конкурс за најдобра необјавена творба на тема „Мојата трка“. ...

Како предлог за оваа седмица, книгата Интимна преродба од големата италијанска писателка Марија Белончи, историчарка која добро ги познавала феудалните дворци и големите моќни жени кои таму владееле. Последниот од петте големи романи кои ги напишала го посветува на Изабела д’Есте, брилијантната маркиза од Мантуа. Изабела д’Есте е вистински претставник за ренесансна жена. Родена во едно од најстарите семејства во Италија, владејачката куќа ...

Емил Зола писател и новинар, водач на натурализмот, еден од најпопуларните француски романсиери, најобјавуван, еден од најпреведуваните. Неговите романи се едни од најкритикувани во светот. На литературно ниво тој е главно познат по , романтичниот циклус од дваесет романи што го прикажува реално француското општество под Втората империја. Зошто го напишал циклусот романи Ругон-Макар? – Трансформација на општеството (Тоа ја нагласува политичката ...

Роберт Ли Фрост (роден во Сан Франциско, 26 март 1874, починал во Бостон, 29 јануари 1963) бил еден од најголемите американски поети на дваесеттиот век. Добил четири Пулицерови награди. Во неговата личност имаше некаква сила и живост, која не може да се препознае во неговите песни, бидејќи им недостасува една особина која го правеше Фрост да биде особено впечатлив. Често, но не секогаш кај него се појавува некое необично чувство на воздржаност ...

На прв поглед, оваа песна изгледа многу едноставна. Говорителот застанува во некоја шума една снежна вечер. Ужива во прекрасната сцена во целосна тишина, и сака да остане подолго, но се присетува на обврските и долгиот пат што допрва треба да го помине пред да може да се одмори ноќта. Песната се состои од четири (речиси) идентично конструирани строфи. Секој стих е јамб, со четири нагласени слогови: Голем исклучок од оваа шема има во последната ...

И пак душата за тебе ми сонува, се кине срцето и за тебе гине, а твојата неверност се повлекува, како темен облак на небото мине. И повторно си ми чиста, сјајна, ведра, од призракот твој блаженствата ме греат, па пак јас тебе би ти паднал на бедра, би ти гледал очи што слатко се смеат. Така вита ела молњата ја згоди во небото што гледа и живот чека, не мисли: небото облаци да води од кои нов екот ќе згрми к’о река… Препев: Татјана Маженковска ...

Романот на Ремарк „На Запад ништо ново“ е портрет на една генерација која ги напушти училишните клупи во голема еуфорија и замина во војна. И на крајот гине во смртоносна воена машина. Тоа беше време на големи пресврти и несигурности. Темпото беше диктирано од технолошкиот напредок: фабрики, автомобили, нови научни откритија…Патријархалното општество почнува да ја губи важноста, жените почнуваат да протестираат против улогата во општеството што ...

Како порој златен Црна Река тече, Железнец го влече Бабино со извори златни Хисарски лик нерамен сече Скаменет змеј од убавини вџашен, од солен извор пиен Од валавици вртен, в сенишен вител вировски слиен. Слепченскиот поменик го помни твојот сјај свечен Мистични писанија, наследство на јазик мајчински вечен Четвороангелски стих во густи шуми свиен Исконски резбарски набој во златни двори твои скриен. Смилевски проглас оддекнал од твоите железни ...

Не сакаш да си роб на молкот На лебот замесен во болскот Не сакаш да си заклон свој Зошто таму себеси се губиш Страмни страсти будиш. Не сакаш да останеш верен На вистините свои На гневот, на зборот Што во длабочините твои тлее Зошто љубовната мечта таму Вирее од сонот, тивко бледнее. Но кога, ќе ја откопаш старата рана За која не си нашол лек лечлив земен Телото станува храм молитвен тремен И Бог станува единствен идишан издив Каде спас има за ...

Не сакаш да си роб на молкот На лебот замесен во болскот Не сакаш да си заклон свој Зошто таму себеси се губиш Страмни страсти будиш. Не сакаш да останеш верен На вистините свои На гневот, на зборот Што во длабочините твои тлее Зошто љубовната мечта таму Вирее од сонот, тивко бледнее. Но кога, ќе ја откопаш старата рана За која не си нашол лек лечлив земен Телото станува храм молитвен тремен И Бог станува единствен идишан издив Каде спас има за ...

Фармерот му продавал секој ден по еден килограм свеж путер на пекарот. Еден ден пекарот решил да го измери путерот и да види дали тежи точно еден килограм. Путерот сепак тежел помалку. Налутениот пекар го дал фармерот на суд. „Кажи ми, како го мериш путерот?“, судијата го прашал фармерот. „Чесен судијо, јас сум едноставен човек, немам специјална вага за мерење.“ одговорил тој. „Тогаш, како го премеруваш путерот секој ден?“, повторно прашал ...

Цитати за децата кои секој од нас треба да ги прочита без оглед дали е или не е родител или допрва дека ќе стане. Децата се нашето најголемо богатство за кое вреди да подигнеме и планини доколку е потребно. Во името на сите дечиња на цел свет прочитајте и споделете ги овие цитати со тие што треба да ги прочитаат. 1. „Малите деца не ти даваат да спиеш, големите да дишеш“. – Руска поговорка 2. „Ако ги решите проблемите на своите деца тие ќе немаат ...

Скопје

5ᴼ/5ᴼ
4.63
61%
1011

Белград

7ᴼ/6ᴼ
4.12
65%
1010

Софија

3ᴼ/1ᴼ
7.2
66%
1012

Сараево

8ᴼ/8ᴼ
9.58
42%
1010

Љубљана

7ᴼ/5ᴼ
3.29
57%
1006

Атина

22ᴼ/20ᴼ
5.81
59%
1005

Тирана

13ᴼ/13ᴼ
2.57
54%
1010

Подгорица

13ᴼ/11ᴼ
2.57
37%
1010
Currency

61.525

Currency

58.4607

Currency

73.8197

Currency

38.0152

Currency

41.7196

Currency

65.9923

Currency

8.058

Currency

0.58031

Currency

0.37565

Currency

0.52588

Currency

1.69469

Currency

0.6927

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

508086 $

Рутениум

15530 $

Калај

29 $

Сребро

992 $

Злато

85170 $

Бакар

8 $

Паладиум

32347 $

Платина

30775 $

Родиум

147909 $

Цинк

95688 $