Новиот предлог-закон за заштита од пушење предвидува целосна забрана за рекламирање, промоции и спонзорства од тутунската индустрија. Овие законски одредби се однесуваат на објави во медиуми, на интернет и социјални мрежи, како и на настани, наградни игри, попусти, подароци. Лесната достапност и видливоста на производите го зголемуваат бројот на нови корисници, особено меѓу децата и младите, а намалувањето на видливоста е една од ...

Жител на скопското село Идризово, обвинет дека со закани барал пари од поранешен партнер на неговата ќерка, бил лишен од слобода. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека синоќа во 20 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделението за насилен криминал при СВР – Скопје лишиле од слобода лице на возраст од 57 години. – Според пријавеното, тој претходно се заканувал на ...

Во моменти кога зборовите не се доволни, а тишината станува претешка, уметноста го наоѓа својот пат. Химната „Фросина”, која премиерно ќе биде промовирана и ќе се слушне на донаторската вечер „Threads of Light на 29 јануари во Станица 26, отпеана од авторот Александар Митевски заедно со Хорот ФРИДА под водство на Сузана Турунџиева – како длабока, искрена и достоинствена почит кон Фросина и како силна јавна порака за смисла, одговорност и ...

Денес, на наменската сметка на Support Kocani беа донирани 200.000 денари, со кои ќе бидат обезбедени креми за изгореници и останати медецински помагала, со што вкупниот износ на собрани средства од оваа и сите претходни хуманитарни акции сега надминува 400.000 денари, информираат од иницијативата. Во рамки на оваа хумана мисија, средствата беа собрани преку донации од граѓани, при што секоја донација од 500 денари беше придружена со ...

По повод четириесет и петтиот роденден на Тош Проески, кој ќе го прославеше на 25 јануари доколку сè уште беше со нас, се сеќаваме не само на голем уметник, туку и на човек чиј глас ги надминуваше границите и чие срце им припаѓаше на сите, велат од Хит рекордс. . Како знак на сеќавање и благодарност за неизбришливиот белег што го остави, во недела, 25 јануари 2026 година, денот на неговиот роденден, ќе се одржи панихида (света миса) во ...

Форензичарите утврдија дека скелет пронајден минатото лето во подрум во куќа во бриселската населба Форест му припаѓал на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски, кој се води како исчезнат од 2003 година, соопшти белгиската Федерална полиција. Скелетот бил пронајден при реновирање на куќата во јули 2025 година, по што е предаден на форензичка анализа. По неговата анализа е утврдено дека тој му припаѓа на Рахмановски, роден во Македонија во ...

Илјадници километри реки се оштетени во последните години на Балканот поради проширувањето на браните и малите електрани, како и прекумерното вадење на седименти, според извештајот на невладините организации „Ривер Воч“ и „Еуронатур“, објавен денеска. Во извештајот се забележува дека Балканот има едни од најчистите и најдивите реки во Европа, кои се клучни за биодиверзитетот на континентот и неговото „сино срце“, предупредувајќи дека овој ...

Предупредување: Обид за дигитална измама – не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за сајбер безбедност Во МВР пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, во која се даваат насоки за 24 часа да се оди до полициска станица или да се испрати повратен емаил бидејќи наводно примачот на пораката е предмет на ...

Три лица се убиени, а едно е рането во пукање што се случи во градот Лејк Карџелиго во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, соопшти полицијата. Станува збор за град со приближно 1.500 жители, јави Еј-Би-Си Њуз. 🚨 BREAKING: 3 dead (2 women, 1 man), 1 wounded in shooting, Lake Cargelligo, New South Wales, Australia. Gunman at large. Police: Avoid Walker St area, residents stay inside. #LakeCargelligoShooting #NSW ...

Нови четири услуги од Фондот за здравствено осигурување се достапни на националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk. Три од нив се наменети за физички, а една за правни лица, информираа министерот за дигитална трансофрмација, Стефан Андоновски, и директорот на ФЗО, Сашо Клековски, на денешната прес-конференција во Владата. За физичките лица воведени се електронските услуги: потврда за пријави и одјави во задолжително здравствено осигурување, ...

Претрес во Штип, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице -На 21.01.2026 во 20:30 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода А.И.(25) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена ќеса со марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена ...

Учеството на Европската Унија во Одборот за мир во Газа ќе биде тема на дискусија на утрешниот Самит на ЕУ, најави денеска заменикот главен портпарол на Европската комисија, Олоф Гил во одговор на новинарско прашање дали претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен ја прифатила поканата да биде дел од ова тело формирано од американскиот претседател Доналд Трамп. – Во моментов претседателката е фокусирана на подготовките на важниот состанок на ...

Веднаш по пристигнувањетѕо во Давос, американскиот претседател Доналд Трамп одржа говор во Конгресниот центар во кој на почетокот рече дека е „убаво да се држи говор меѓу пријатели, а и меѓу некои непријатели“. „Јас сум на власт една година, економијата е во подем, нема инфлација, опасните граници се затворени. САД се во средината на најдраматичниот економски пресврт во историјата. Пред една година бевме мртва земја под водство на радикални ...

Двајца возачи починале, а еден возач и тројца сопатници од кои едно малолетно дете се потешко повредени во три одделни сообраќајни несреќи што се случиле во изминатото деноноќие. Како што информира МВР, во ОВР Крива Паланка утринава во 04:50 часот е пријавено дека на магистралниот пат Граничен премин Деве Баир – Крива Паланка, во атар на село Узем, кривопаланечко, товарно возило „сканиа“ со косовски национални ознаки, управувано од Н.Х.(56) ...

Девет човечки животи се спасени во тест-периодот на „Безбеден град“ во споредба со истиот период минатата година кога биле евидентирани 11 смртни случаи од сообраќајни незгоди на територијата на СВР Скопје – истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на прашање на пратеникот Халил Снопче. На собраниската седница за пратенички прашања тој го праша Снопче која е цената на човечкиот живот нагласувајќи дека од ...

Сојузот на синдикати (ССМ) во среда организира протест за да изрази незадоволство од незголемувањето на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. Протестот ќе почне од 17 часот од зградата на ССМ и ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата. Од ССМ ги повикаа сите работници на кои не им е зголемена платата да се приклучат на протестот. – Време е заедно да се избориме за достоинствени ...

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да патуваат внимателно во текот на денешниот ден, ако тоа е неопходно, со доволно гориво во резервоарите и со соодветна зимска опрема за возилата на повисоките места и планинските превои бидејќи е можно да се формираат навеви од снег и патните правци во одреден временски период да бидат непроодни на повисоките делници. – Потсетуваме дека луѓето што живеат на повисоките места навремено да се ...

Основниот кривичен суд Скопје денеска му изрече затворска казна од четири години на поранешниот директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи, и затворска казна од една година и десет месеци на Блерим Амити, вработен во установата, во случајот „Геријатрија“, поврзан со примање поткуп и награда за противзаконито влијание. Судот ги огласи двајцата обвинети за виновни, оценувајќи дека во целост се ...

Истрагата за апелацискиот судија Ѓоко Ристов против кого е поведена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела противправно стекнување и прикривање имот и перење пари и други приноси од казниво дело почнала од пријавени наоди за судии во Апелација, а потоа следеле и други настани, кои довеле до изградба на случајот. Како што брифираа денеска во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и ...

Белата куќа синоќа објави список со 365 успеси на американскиот претседател Доналд Трамп кои тој ги постигна во текот на првата година од преземањето на вториот мандат, меѓу кои се истакнуваат неговите посреднички напори за решавање на војната во Украина. Во соопштението објавено на веб-страницата на Белата куќа се наведува дека точно пред една година Трамп се вратил на должноста претседател за да го обнови просперитетот, да ја обезбеди ...

Едно лице загина, а 37 други се повредени, од кои петмина потешко, кога патнички воз „Родалиес“ излета од шините во вторник вечерта кај Барселона, објави Ел Паис. Возот удрил во потпорен ѕид кој се урнал на шините, очигледно поради ерозија предизвикана од обилните дождови во последните денови. Железничкиот сообраќај во Каталонија е прекинат на сите станици и линии. Според официјалната веб-страница, нема да биде обновен се’ додека „не се ...

Претседателот Доналд Трамп вчера изјави дека Соединетите Американски Држави и нивните сојузници во НАТО ќе „најдат решение“ за спорот околу Гренланд. „Мислам дека ќе најдеме решение со кое НАТО ќе биде многу среќен и со кое ние ќе бидеме многу среќни“, рече Трамп неколку часа пред да замине на Светскиот економски форум во Швајцарија. Во исто време, Трамп го повтори својот став дека на САД им е потребен Гренланд од безбедносни причини. На ...

„Длабоко сум почестена од личната покана на претседателот Трамп да ја претставувам Република Косово во Одборот за мир, како член-основач, рака под рака со САД во мисијата за побезбеден свет“, напиша Вјоса Османи, претседателката на Косово во прилог на копијата со писмо потпишано од американскиот претседател Доналд Трамп. „Храброто лидерство не само што зборува за мир, туку го гради. Токму тоа го прави претседателот Трамп со оваа историска ...

Вечерва (21 јануари) во Кинотеката на Македонија почнува специјалната програма НАЈДОБРОТО ОД КИНЕНОВА. Ова е концентриран избор на најдобрите од најдобрите филмови кои беа прикажани на минатото издание, но и на изданијата претходно. Имаме два победника, филмови добитници на ГРАН ПРИ на МФФ КИНЕНОВА, првиот филм на победникот на последното издание на БЕРЛИНАЛЕТО, Даг Јохан Хагеруд, еден од најактуелните и најпровокативни Палестински филмови и ...

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов по втор пат стана татко. Тој на Фејсбук ја сподели радосната вест. -По втор пат станав татко, се роди мојата втора ќерка Иконија . Благодарност до целиот медицински тим во Клиничка Болница Штип. Слава тебе Господи, напиша Јорданов. Јорданов е седум години во брак со Стефанија и ј имаат ќеркичката Ангела, која има четири години. Во интервју за Канал77 тој изјави: -Крајот на денот секогаш е резервиран за ...

„Откако Бугарија се приклучи на Еврозоната, земјата стана економска сила. Одењето во тоалет во светски познатиот ски-центар Боровец чини само 5 евра. Некои граѓани од посиромашните земји како Швајцарија, Австрија и Германија можеби мислат дека ова е скапо. Но, ние не сме виновни за понискиот животен стандард таму; тие едноставно мора да работат понапорно за да можат да си дозволат одмор во Бугарија“. Ова е иронијата на еден бугарски граѓанин, ...

Поради врнежи од снег на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража од 07.45 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товварни возила. Забрана за камиони има и на планинските превои Ѓавато, Пресека, крак Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, соопштија ЈП Македонијапат и АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските ...

Од 9.16 часот целосно е затворен сообраќајот на наплатната станица Отовица на патниот правец Велес – Скопје поради расчистување на снегот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Забраната важи за сите видови возила. Дополнително, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар. АМСМ апелира возачите да ја следат состојбата на патиштата и да ги почитуваат привремените сообраќајни мерки. Од 9.16 ...

Од 9.30 часот сообраќајот на наплатната станица Отовица, односно патниот правец Велес-Скопје е нормализиран, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на овој патен правец беше целосно затворен од Од 9.16 часот поради расчистување на снегот. Од 9 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар. Како што информираат од ЈП „Македонијапат“, нивни екипи со цела механизација и работна ...

Во угостителски објект во Гостивар синоќа е лишен од слобода вработен во Основниот суд – Гостивар А.Ј.(49) од село Присојница, општина Маврово и Ростуше, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик. Како што соопшти МВР, според пријавеното од Н.А. од село Калиште, општина Врапчиште, А.Ј. – вработен во Основен суд Гостивар, го контактирал неговиот пријател С.М. од Гостивар и му понудил за сума од ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
3.09
61%
1025
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
62%
1026
weather icon

Загреб

12ᴼ / 8ᴼ
2.06
63%
1024
weather icon

Софија

5ᴼ / 2ᴼ
4.63
67%
1026
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.39
77%
1030
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 6ᴼ
1.54
79%
1024
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
3.13
72%
1027
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1025
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
62%
1025
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
2.57
80%
1031
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
3.09
66%
1025
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 3ᴼ
5.66
68%
1029
Currency

61.6417

Currency

52.2331

Currency

70.469

Currency

37.1461

Currency

38.1829

Currency

67.493

Currency

7.63486

Currency

0.67946

Currency

0.33454

Currency

0.52478

Currency

1.18966

Currency

0.57406

Алуминиум

3.15

Калај

53.83

Иридиум

212342.22

Платина

75972.21

Сребро

2882.64

Кобалт

64.04

Злато

166739.88

Паладиум

57839.19

Родиум

380986.35

Цинк

3.34

Рутениум

45750.51

Бакар

12.31