Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Европската унија и Индонезија ги финализираа деветгодишните преговори за Сеопфатниот договор за економско партнерство (CEPA), кој ќе овозможи нула царини за 80% од индонезискиот извоз во ЕУ и слободен пристап за европски производи на индонезискиот пазар. Договорот, потпишан на Бали, предвидува укинување на царините за автомобилски делови, земјоделски производи и електрични возила, со очекувани заштеди од 600 милиони евра годишно за европските ...
Казахстан потпиша договор за купување 300 американски локомотиви, како и друга железничка опрема од американската корпорација „Wabtec“, во вредност од 4,2 милијарди долари. Министерството за трговија на САД го опиша како најголем договор за железница во историјата на САД, a истовремено е и најголем договор во историјата на Wabtec. Зделката ја објави и лично претседателот Доналд Трамп честитајќи му на претседателот Токаев за големата набавка. ...
Се очекува железничката линија Тирана-Драч-Ринас, која ќе работи со електрични возови и брзина до 120 км/ч, да започне со работа на почетокот на 2027 година. Генералниот директор на Албанските железници, Ергис Вердо, во интервју за ATSH објави дека инфраструктурните работи се при крај, при што околу 87% од работите се завршени, додека во моментов се работи на сигналните и телекомуникациските системи. Паралелно, во тек се работи за изградба ...
Zebra Technologies и Oxford Economics објавија ново истражување кое покажува дека компаниите што користат автоматизација и модерна технологија бележат големи добивки во продуктивноста и профитот. Студијата ги разгледува малопродажбата, производството, транспортот и логистиката, откривајќи дека подобар работен тек може да доведе до финансиски раст. „Малопродажбата, производството и логистиката се редефинираат на ниво на работниот тек – каде ...
Прогнозите укажуваат на позитивни економски изгледи за Казахстан, со умерен до силен раст на БДП поттикнат од сектори како што се нафтата, услугите и инфраструктурата. Казахстан е на пат да стане најбогатата земја во постсоветскиот простор во однос на БДП по глава на жител, што претставува значаен напредок за централноазиската нација, која сега ги престигна традиционално посилните економии. Според новите податоци од Меѓународниот монетарен ...
Кинеската компанија за контејнерски превоз Sea Legend (Си Леџенд) ќе ја отвори првата директна рута до Европа преку Арктикот оваа недела и речиси ќе го преполови рокот за експресна испорака, објави „Глобал тајмс“ . Контејнерскиот брод „Истанбул Бриџ“ го заврши товарењето на товарот во пристаништето Нингбо Џоушан во понеделник и треба да замине за Феликстоу, најголемото контејнерско пристаниште во Велика Британија, преку арктичката морска ...
Потрошувачите во еврозоната ги променија своите навики за трошење во очекување на ефектите од американските царини, оддалечувајќи се од американските производи и намалувајќи ги дискреционите трошоци, според најновата студија објавена од Европската централна банка. Потрошувачите во еврозоната, со значителни заштеди стекнати во годините по пандемијата, беа претпазливи во однос на купувањата во текот на целата година, бидејќи неизвесноста околу ...
Над 50 возила за чистење Грин Машинс произведени во фабриката БРАКО од Велес се продадени во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. Со тоа, македонскиот инженерски производ се најде во служба на еден од најголемите урбани проекти на Блискиот Исток. Од производствените хали на БРАКО во Велес, директно на улиците на Ријад – над 50 специјализирани возила GM636 се веќе испорачани и активно се користат за одржување на хигиената во главниот ...
Денес во Владата се одржа работна средба на која присуствуваше претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, претставници од бизнис заедницата и Мохамед Али Рашед Лута претседател и главен извршен директор на Стопанска комора на Дубаи. На средбата премиерот Мицкоски информираше дека приоритет на Владата е економската стабилизација на земјата, односно како што рече тој да донесеме што е можно повеќе странски, ...
Во хотелот Александар палас, во организација на претседателот Азески, целиот бизнис тим од Дубаи, бизнисмените од Македонија присутни на средбата и владиниот тим кој ќе учествува на работните средби по повод посетата на делегацијата во земјава, ќе присуствуваат на заедничко неформално дружење под менторство на претседателот на СКСМ. По работната средба што ќе се одржи во Владата на РСМ на која претседателот на Владата проф. д-р Христијан ...
Компанијата МСЦ Скопје, дел од најголемата бродарска компанија во светот — The Mediterranean Shipping Company (MSC), го прослави јубилејот од 20 години успешно работење во РС Македонија. На свечениот прием организиран во Македонската филхармонија, извршната директорка на МСЦ Скопје, Сања Радовановиќ, им се заблагодари на присутните клиенти, партнери, пријатели и колеги за долгогодишната соработка, довербата и посветеноста. „Пред две децении ...
Оваа оценка е потврда за стабилноста на економските политики и сигнал за доверба во макроекономските перспективи на земјата. Во својот извештај, „Фич“ нагласува дека кредибилните и доследни макроекономски политики, долгогодишната политика на фиксен девизен курс и подобрите показатели за управување во однос на земјите со слична оценка остануваат клучни фактори што ја поддржуваат стабилноста. Во првата половина од 2025 година, реалниот БДП ...
Според најновите податоци од Народната банка за август 2025 година, вкупните кредити бележат месечен раст од 0,4%, што се должи на зголеменото кредитирање кај двата сектора, со поизразен раст кај секторот „домаќинства“. На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 12,9%, под влијание на растот на кредитирањето кај двата сектора, со нешто поголем придонес од корпоративниот сектор. Кредитирањето на фирмите во август бележи годишен раст ...
По пожарот кој ја зафати производниот погон на фавриката Винчини, од компанијата Макпрогрес од Виница соопштуваат дека сите вработени се вратени на работа и прераспроделени на други работни места. “Целиот наш тим е вратен и целосно прилагоден во фабриките Винчини, Сан Вали, Фентези, Нејчр, Донија и Фабриката за чоколадо Винчини”, соопштуваат од Макпрогрес. Од компанијата уште еднаш искрено и од срце се заблагодаруваат за огромната поддршка од ...
Народната банка на Северна Македонија денеска соопшти дека одлучила да ја задржи својата клучна каматна стапка на 5,35%, сметајќи дека моменталната монетарна политика е соодветна за економските услови. Централната банка, исто така, одлучи да ја задржи каматната стапка за прекуноќните депозити на 3,95% и стапката за седумдневните депозити на 4%, се вели во соопштението за медиумите. На месечната аукција во среда, ќе понуди и записи на во ...
Наскоро ќе биде објавена новата, шеста по ред, специјална годишна едиција „ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2025“, која ги рангира најголемите и најуспешни извозни компании во Северна Македонија. Оваа влијателна публикација претставува уникатна платформа за промоција на водечките извозници, нивните успешни деловни практики, иновации и достигнувања, со цел да се поттикне јавната свест и институционалната поддршка за извозот како клучен двигател на ...
Боми 10, една од водечките транспортни и логистички компании во Македонија, денеска официјално започна со работа во својот нов логистички центар, лоциран во општина Илинден. Новиот центар се простира на површина од 80.000 квадратни метри и опфаќа три специјализирани магацински објекти и модерна административна зграда, дизајнирани да ги задоволат највисоките стандарди за ефикасност и функционалност. “Овој значаен чекор е резултат на повеќе од ...
Во текот на 2024 година, од Македонија на странските пазари биле извезени 37,7 илјади тони изолирани жици и кабли, во вкупна вредност од речиси 760 милиони евра (820 милиони долари). Тоа е рекордно најголем извоз на овие производи (HS code 8544), со годишен раст од 18,3% во споредба со извозот остварен во 2023 година. Обемот на извезени жици и кабли лани бележи годишен раст од 25%. Извозот на изолирани жици и кабли учествувал со високи 9,8% ...
Во Стопанската комора на Северна Македонија денеска се одржа состанок за поддршка на „Макпрогрес“ – Виница, компанија која минатата недела претрпе голема штета од пожар. Средбата беше иницирана од претседателот на Комората, Бранко Азески, а учествуваа генералниот директор на „Макпрогрес“, Глигор Цветанов, претставници на најголемите малопродажни ланци, дистрибутери, Советот на странски инвеститори и повеќе здруженија. На средбата беше ...
Матео Патроне, Потпретседател за банкарство во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја посети Северна Македонија на 10 и 11 септември, во неговата прва официјална посета на земјата, по именувањето на оваа функција. За време на посетата оствари средба со Премиерот Христијан Мицкоски, Министерката за финансии и Гувернер на ЕБОР, Гордана Димитриеска Кочоска и Министерот за транспорт, Александар Николоски. Господинот Патроне потпиша и три ...
43.000 изгубени работни места – опасната последица од германската извозна криза Кризата со која се соочуваат германските извозници продолжува – и сè повеќе чини работни места во Германија. BGA (Германското трговско здружение) повикува на решителна политичка акција и остро ја критикува новата федерална влада. Германија има проблем со извозот. „Ситуацијата е навистина катастрофална“, вели Дирк Јандура, претседател на Германското здружение за ...
Шпаркасе Банка му одобри на Макпрогрес 2.500.000 евра од кредитната линија од ЕБОР – RSF со цел поддршка на ликвидноста и обртните средства на компанијата. Преку оваа соработка со Шпаркасе Банка, Макпрогрес добива и пристап до врвни консултантски услуги од експерти на ЕБОР во областа на производствените процеси, логистиката, опремата и други сегменти клучни за нивниот развој. “Свесни сме за тежината на предизвикот со кој се соочува Макпрогес ...
На свечена церемонија, која е дел од годишниот Самит за аеродромско искуство на ACI World, а која се одржа на 10-ти септември во Гуангжу, Кина – Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби статуетката која ја претставува престижната награда за квалитет на аеродромските услуги (ASQ) за 2024-та година, овој пат за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“. Оваа награда која што е светски репер за квалитет на аеродромските услуги, ACI ја доделува ...
Европската централна банка ја задржа својата референтна каматна стапка на 2 % по втор последователен состанок, додека официјалните лица го проценуваат влијанието на трговскиот договор меѓу ЕУ и САД. Денешната одлука беше во согласност со очекувањата на економистите и дојде откако претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, во јули изјави дека се префрлиле на режим на „чекање и набљудување“ откако ги намалија трошоците за позајмување осум пати од ...
Во свет на заситени пазари и краткотрајно внимание, малиte и средни претпријатија (МСП) мора да понудат повеќе од одлични производи. За да успеат глобално, потребна им е паметна и стратешка комуникација. Во продолжение следуваат пет корисни совети од Enterprise Europe Network кои ќе им помогнат на компаниите да ја унапредат својата промотивна стратегија — од совладување на тајмингот, до креативност и емоционална поврзаност со публиката. 🌍 ...
Мексико соопшти дека ќе ги зголеми царините за автомобили од Кина и други азиски земји на 50%, во рамките на пошироката реформа на увозните давачки за која владата рече дека има за цел да ги заштити домашната економија и работните места. Покрај автомобилите, увозни царини ќе има и за други производи и кон земји кои немаат договор за слободна трговија со Мексико. Аналитичарите сметаат дека царинска реформа Мексико ја прави под силен притисок ...
Кризата со која се соочува Германија, најголемиот извозен пазар на македонската економија, создава сериозни последици и притисоци врз компаниите. По повеќе од две години рецесија, ликвидноста на многу компании е загрозена, што резултира со рекорден број на корпоративни банкроти. Според податоците на Германската индустриска и трговска комора (DIHK), во јуни 2025 година се регистрирани 1.957 несолвентности — зголемување од 18,4% во споредба ...
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се намалени за 0,6 % во јули 2025 година во однос на претходниот месец. Во однос на истиот месец минатата 2024 година, цените на индустриски производи на странските пазари се зголемени за 4,8% Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во јули 2025 година, во однос на истиот месец, се намалени во секторот Рударство и вадење ...
Националниот едношалтерски систем е еден од клучните столбови во градењето на потранспарентно, поефикасно и интероперабилно царинско опкружување. Со овозможување на поднесување на сите документи преку една влезна точка, системот го намалува административниот товар, ја зголемува усогласеноста, ја зајакнува довербата помеѓу јавниот и приватниот сектор, ја подобрува координацијата меѓу граничните институции и создава поповолна бизнис-клима. Ова ...
Активностите на Народната банка за намалување на надоместоците на банките за електронските плаќања заради нивна поголема достапност и користење веќе имаат видливи резултати за граѓаните и за компаниите. По интензивната комуникација и по намалувањето на трошоците за користење на Македонскиот интербанкарски платен систем – МИПС, банките ги подложија на ревизија своите тарифници намалувајќи ги надоместоците за извршување на платежните услуги. ...