Фармацевтската компанија Алкалоид објави дека првата половина годинава ја завршила со зголемени продажби, раст на извозот, поголема профитабилност, нови инвестиции и нови вработувања. Вкупните консолидирани продажби на Алкалоид во првите шест месеци годинава достигнуваат близу 154 милиони евра, што е за 12,5% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Единечните продажби во периодот јануари – јуни 2024 година продажбите достигнуваат ...

Од Македонија во Германија во мај биле извезени стоки вредни 244 милиони евра што е за околу 100 милиони евра помалку од мај минатата година или пад од високи 29,3%. Количински, извозот во Германија бил помал дури 41,7% во мај во споредба со истиот период лани. Вкупниот извоз од земјава во Германија за периодот од јануари заклучно со мај изнесувал 1,37 милијарди евра и е за околу 250 милиони евра помал во споредба со истиот период минатата ...

Германската економија во вториот квартал се покажа полошо од очекуваното, БДП падна во однос на претходниот квартал. Германската економија не може да излезе од стагнацијата што трае веќе две години. Германскиот БДП повторно падна, паѓајќи за 0,1% во однос на претходниот квартал. Во претходниот квартал растот беше 0,2%, аналитичарите очекуваа дека растот во вториот квартал ќе биде 0,1%, наспроти ова, последните податоци беа разочарувачки. ...

Негативните трендови на европскиот пазар на челик продолжуваат да се продлабочуваат, слабеејќи го закрепнувањето во 2024 и 2025 година Главните показатели на европскиот пазар на челик покажуваат поостар од очекуваниот надолен тренд, што дополнително влијае на изгледите за оваа и следната година. Лошите услови на побарувачката, поттикнати од тековните фактори како што се високите цени на енергијата, постојаната инфлација, економската несигурност ...

Интермодалниот транспорт има значителен потенцијал за подобрување на глобалните логистички системи, а идните трендови укажуваат на зголемена примена на паметни и одржливи решенија. Интермодалниот транспорт често се покажува како клучно решение за справување со сложените предизвици кои се дел од меѓународниот превоз. Растот на глобалната трговија, особено на интернет продажбата бараaт побрз, пофлексибилен и посигурен транспортен систем, кој го ...

Кромберг и Шуберт, еден од најголемите работодавачи во Македонија, го најави именувањето на Хоратиус Радикс за нов комерцијален директор на нивната фабрика во индустриската зона Жабени, Битола и Илинден, Скопје. Овој стратешки потег ја потврдува посветеноста на компанијата кон лидерска извонредност и континуиран раст во регионот. Лидер со докажана историја Г-дин Радикс ја презема оваа улога, пренесувајќи го своето огромно професионално искуство. ...

Германското деловно расположение неочекувано се намали јули: Ифо Германскиот деловен морал неочекувано падна во јули поради зголемениот песимизам за перформансите на најголемата европска економија, покажа истражувањето на околу 9.000 менаџери во Германија. Институтот Ifo соопшти дека индексот за деловна клима потонал на 87,0 во јули од 88,6 во јуни, во споредба со прогнозата од 88,9 од аналитичарите во анкетата на Ројтерс. „Германската економија ...

И покрај глобалните економски предизвици и инфлацијата, посветеноста на одржливоста продолжува да расте кај потрошувачите. Најновиот Извештај за одржливост 2024-2025 на Mintel покажува како однесувањето на потрошувачите се менува низ целиот свет и како овие трендови влијаат на бизнисите. Глобалната перспектива на Mintel за одржливост е водечка светска студија за одржливост на потрошувачите, која ги следи еколошките и социјалните приоритети, ...

Минатата 2023 година од земјава биле извезени автомобилски делови (шифра 8708 Делови и прибор за моторни возила) во вредност од 233 милиони евра, што е намалување од 4% во споредба со претходната 2022 година, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Гледано наназад, извозот на автомобилски делови од Македонија континуирано расте во изминатите десетина години. Станува збор за извоз на производи кои се произведуваат од компаниите ...

Шпаркасе Банка одобрува кредит до ЕУР 2 милиони на Макпрогрес ДОО Виница, гарантиран до 1 милион евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) преку својата не-финансирана Програма за споделување на ризик. Овој кредит ќе ги поддржи потребите на Макпрогрес за обртен капитал и ликвидност како одговор на зголемената побарувачка. ,,Со овој договор кој го потпишавме денес, Макпрогрес ДОО Виница обезбедува финансирање за поддршка на ...

Во текот на изминатата 2023 година од Словенија биле извезени лекови во вредност 18,7 милијарди долари, со што земјата е рангирана на како 10-ти најголем извозник од светот. Словенија е најголем извозник на лекови во регионот (шифра 3003 и 3004), а зад неа се рангирани Грција (23 место) со извоз од 2,9 милијарди долари. Следи Бугарија која е рангирана на 27 место, со извоз од 1,27 милијарди долари, Хрватска (37) со извоз од 810 милиони долари, ...

Порше веќе постави конзервативни цели за продажба и профит за 2024 година. Сепак, производителот на автомобили сега мора да направи надолни корекции. Што се крие зад овој изненадувачки чекор? Производителот на спортски автомобили Порше неочекувано ги намали прогнозите поради штетите од поплави на снабдувач со алуминиум. Компанијата со седиште во Штутгарт сега очекува продажбата да биде помеѓу 39 и 40 милијарди евра. Претходно, менаџментот на ...

Рекордно најголем извоз на чоколада од Македонија во последните 10 години Македонија лани извезла чоколада и чоколадни производи вредни 26,3 милиони евра, што е зголемување од 39% во споредба со претходната 2022 година, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Извезени биле околу 5.700 тони чоколади и производи од какао (шифра 1806), и обемот на извезени производи бил поголем за 20%. Извозот на чоколада икондиторски произоди ...

Денешниот глобален интернет прекин го наруши работењето низ повеќе индустрии, при што во прекин се голем број авионски летови, банкарски , здравствени и телекомуникациски услуги кои се поврзани со Windows, објавува Ројтерс. Големите американски авиокомпании – American Airlineс, Delta Airlines и United Airlines ги приземјија авионите, додека многу други превозници и аеродроми околу светот рано денеска објавија одложувања и прекини во работењето. ...

Индустриското производство во Европската унија и еврозоната, приспособено на сезонските промени, во мај 2024 година падна за 0,8% и 0,6%, соодветно, во споредба со претходниот месец. Во споредба со мај 2023 година, индустриското производство во ЕУ падна за 2,5%, а во еврозоната за 2,9%, покажуваат најновите податоци на Евростат. Меѓу земјите-членки на ЕУ, најголем месечен пораст на индустриското производство во мај е забележан во Ирска (+6,7%), ...

Глобалната економија ќе има скромен раст во следните две години во услови на заладување на економијата во САД, пад во Европа и посилна потрошувачка и извоз во Кина, со бројни ризици по патот, објави во вторникот Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). ММФ предупреди во ажурирањето на својата светска економска перспектива (WEO) дека моментумот во борбата против инфлацијата забавува, што дополнително може да го одложи намалувањето на каматните стапки ...

Потребна е поголема мобилизација на финансиски средства, особено од приватниот сектор, за зелена трансформација, како дел од структурните реформи и за конвергенција на економиите во развој кон ЕУ. Анализите на ММФ покажуваат дека до 2030 година, уделот на приватниот сектор во зеленото финансирање треба да се зголеми од 40% на 80 до 90% кај брзорастечките и економиите во развој. Улогата на централните банки во поддршката на зелената ...

Групацијата Фолксваген (Volkswagen group) објави дека продала помалку автомобили минатиот кварта отколку пред една година. Во периодот од април до јуни, Групацијата испорача 2.243.700 возила од сите марки на Групацијата ширум светот, што е 3,8% помалку отколку во истиот месец минатата година. Ауди и Кина се особено тешко погодени, пишува германскиот весник Welt. Продажбата на Audi падна за 11,3%. Основната марка Volkswagen има пад на продажбата ...

“Да се биде извозно ориентирана компанија со седиште во Северна Македонија не беше воопшто лесно, но ние издржавме на тој пат благодарение на нашите знаења, вештини и ресурси. Сега сме присутни на сите континенти. За да се успее во развиените земји, мора да се придржувате до принципите на добро владеење, да имате висок и постојан квалитет на производите и услугите и да бидете доволно конкурентни”, вели Живко Мукаетов, генералниот директор и ...

Американската компанија Wabtek, која е сопственик на компанијата Вабтек МЗТ, која произведува сопирачки за возови и е еден од најголемите извозници од Македонија, ќе инвестира дополнителни 35 милиони долари во поголемо производство во земјава. Ова вчера го објави премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата на Вашингтон по повод 75 годишнината на НАТО. Според информациите кои ги содели премиерот Мицкоски, Вабтек ќе инвестира 35 милиои евра ...

Со инвестиција од 1 милијарда долари, најголемиот светски производител на електрични возила BYD, има за цел да изгради фабрика со годишен производен капацитет од 150.000 автомобили во Турција Кинескиот BYD, најголемиот светски производител на електрични возила, денеска потпиша договор со турското Министерство за индустрија и технологија за инвестирање во Турција. Се очекува компанијата да изгради фабрика во Турција со капацитет за производство ...

Народната банка ги објави податоците за „зелените кредити“ за првиот квартал од 2024 година, каде што се забележува годишен раст од 26,37%. Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, „зелените кредити“ се зголемени за 2,8 пати. Зелените кредити се заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што ...

Унгарската влада најави ќе воведе дополнителен „одбранбен придонес“ кои би го плаќале банки, енергетски фирми и мултинационални компании. Шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан,Гергели Гуљас рече дека секоја мултинационална компанија што заработува дополнителен профит во услови на сегашни „воени“ услови мора да плати придонес во државниот одбранбен фонд. Унгарија е една од седумте земји кои ЕУ ги прекори минатиот месец за прекумерни ...

Највисоките претставници на Србија и Египет во наредните денови во Каиро ќе го потпишат Договорот за слободна трговија меѓу двете земји, кој на српските бизнисмени ќе им овозможи нови деловни можности на африканскиот континент, изјави Марко Чадеж, претседател на Српската стопанска комора (PKS). Чадеж најави дека во наредните денови во Каиро ќе се организира голем бизнис форум Србија-Египет, на кој ќе учествуваат околу 60 претставници на локални ...

Македонските компании во мај годинава извезле стоки во вредност од 603 милиони евра, што е пад за 21,6% или за 166 милиони евра помалку во споредба со мај минатата година. Обемот на извезени производи во мај е помал за 4,6%, што упатува на тоа дека падот на извозот во поголем дел е заради намалените извозни цени. Увозот, пак, во мај изнесувал 890 милиони евра и е за 9,7% помал во споредба со истиот месец лани. Покриеноста на увозот со извоз во ...

Германските производители на автомобили, како што се Фолксваген и БМВ, гласно предупредуваат за потенцијалните негативни ефекти од царините на ЕУ врз конкурентноста на европската автомобилска индустрија, како и врз нивните сопствени операции во Кина. Германскиот производител на автомобили Volkswagen ги осуди плановите на ЕУ да воведе увозни давачки до 38% на кинеските електрични возила, нагласувајќи дека тие ќе имаат негативни ефекти врз ...

Германско-белгиска инвестиција од 20 милиони евра во изградба на развојно-истражувачки центар со кој ќе се отворат 110 нови работни места, најави денеска премиерот Христијан Мицковски. Новиот објект ќе почне да се гради во општина Петровец веќе во август, ќе биде надвор од индустриско-технолошките зони, а во него ќе се вработат кадри претежно претежно од инженерската струка. Епсотех е германска компанија која произведува повеќе од 3.000 ...

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) денеска објави дека референтните светски цени на храната останаа непроменети во јуни, бидејќи зголемувањето на меѓународните котации за растителни масла, шеќер и млечни производи го неутрализираа падот на цените на житарките. Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги следи месечните промени во меѓународните цени на прехранбените производи со кои се тргува на глобално ниво, во ...

Пандемијата на корона ја направи забележлива зависноста на германската индустрија од странски добавувачи. И покрај политичките апели, зависноста продолжува да расте. Најважен извор на снабдување останува Кина, пред САД. На трето место следи соседна земја. Зависноста на германската индустрија од странски добавувачи е дури благо зголемена од 2020 година, и покрај политичките повици за поголема отпорност. Ова е заклучокот до кој дојде Институтот ...

Индустриското производство во мај годинава бележи пад од 13,2% во споредба со мај минатата година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Индустриското производство паѓа веќе трети месец по ред годинава, по падот од 1,2%, односно 10,4% во април и март годинава. Анализата на Извоз.мк покажува дека ова е најголем пад на индустриското производство во последните три години, односно од јануари 2021 година кога статистиката ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
63%
1012
weather icon

Белград

13ᴼ / 13ᴼ
1.34
72%
1015
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
5.66
54%
1019
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
87%
1014
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
2.3
68%
1014
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
1.54
53%
1019
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
5.66
74%
1007
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
40%
1009
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
39%
1011
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
3.13
60%
1012
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 13ᴼ
7.2
56%
1019
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
82%
1008
Currency

61.535

Currency

56.9903

Currency

73.6461

Currency

35.8915

Currency

39.8754

Currency

64.502

Currency

7.97057

Currency

0.67503

Currency

0.38121

Currency

0.52517

Currency

1.50576

Currency

0.66699

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15715.00

Рутениум

20190.67

Калај

36.07

Сребро

1079.73

Злато

99960.97

Бакар

10.10

Паладиум

3118.62

Платина

31670.15

Родиум

183259.26

Цинк

2.83