Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
10 македонски компании за овошје и зеленчук по втор пат ги претставија своите производи на саемот Fruit Attraction 2025 , со цел воспоставување нови деловни партнерства, промоција и извоз на македонското овошје и зеленчук на странските пазари. Од 30 септември до 2 октомври, Мадрид беше домаќин на Fruit Attraction 2025 – еден од водечките светски саеми за овошје и зеленчук, организиран од IFEMA MADRID и FEPEX. Со над 2.460 изложувачи од 64 ...
Новата такса за емисија на јаглероден диоксид CBAM што Европската унија ќе ја воведе од 1 јануари 2026 година ќе има директно влијание врз крајната цена на македонските извозни производи, предупредуваат од Македонската асоцијација на метална индустрија (МАМЕИ). Според нив, македонските компании веќе активно се подготвуваат за новиот режим, но потенцираат дека за конкурентно прилагодување ќе бидат неопходни поволни зелени кредити. ...
Швајцарската логистичка групација Kühne+Nagel започнува програма за намалување на трошоците, со која се предвидува да се намалат од 1.000 до 1.500 работни места. Ова следи откако компанијата објави дека во третиот квартал годинава, оперативната добивка (EBIT) се намали за високи 37%, на 285 милиони швајцарски франци, а нето добивката за 39%, на 206 милиони швајцарски франци. Компанијата има за цел да ги намали трошоците за повеќе од 200 ...
Швајцарската логистичка групација Kühne+Nagel започнува програма за намалување на трошоците, со која се предвидува да се намалат од 1.000 до 1.500 работни места. Ова следи откако компанијата објави дека во третиот квартал годинава, оперативната добивка (EBIT) се намали за високи 37%, на 285 милиони швајцарски франци, а нето добивката за 39%, на 206 милиони швајцарски франци. Компанијата има за цел да ги намали трошоците за повеќе од 200 ...
Производителот на грицки Mondelez ќе користи нова алатка за генеративна вештачка интелигенција за да ги намали трошоците за креирање на маркетинг содржина за 30% до 50%, изјави за Ројтерс висок извршен директор. Производителот на пакувана храна започна со развој на алатката минатата година со ИТ фирмата Accenture и очекува дека ќе биде способен да прави кратки ТВ реклами кои би биле подготвени за емитување уште во сезоната на празници ...
Македонија е меѓу земјите кои се целосно зависни од руски гас. Дополнително, целиот гас што се користи во земјава се увезува преку Бугарија. Доколку се наруши или стопира транзитот на руски гас низ Бугарија, Македонија нема алтернатива за снабдување од друг извор. Во таков случај, со сериозни проблеми би се соочиле повеќе индустриски капацитети, како и топланите што користат гас за загревање. Годишната потрошувачка на гас во Македонија ...
Повеќе „Made in Europe“ наместо зависност од поединечни земји: Фон дер Лајен сака да ја направи европската економија понезависна – и предупредува на криза со суровини. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предупредува на потенцијална криза со суровини во ЕУ. Со оглед на зависноста на Европа од увоз на енергија и други суровини, таа сака да направи повеќе за да ја обезбеди економската безбедност на Европа. Фон дер ...
Стопанската комора на Северна Македонија го изработи првиот водич за декарбонизација за малите бизниси во земјата со поддршка од Европската Унија. Дигиталната алатка обезбедува упатства чекор по чекор за најефикасните начини за низа локални компании за да го намалат својот јаглероден отпечаток како дел од светската борба против климатските промени. Комората го изработи водичот во соработка со советодавниот тим на Европската инвестициска ...
Стопанската комора на Северна Македонија го изработи првиот водич за декарбонизација за малите бизниси во земјата со поддршка од ЕИБ Глобално Стопанската комора на Северна Македонија го изработи првиот водич за декарбонизација за малите бизниси во земјата со поддршка од Европската Унија. Дигиталната алатка обезбедува упатства чекор по чекор за најефикасните начини за низа локални компании за да го намалат својот јаглероден отпечаток како дел ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, изјави дека не очекува проблеми во снабдувањето со гас, откако Советот на ЕУ вчера постигна договор за преговарачката позиција на земјите членки во врска со Предлог-регулативата за прекин на увозот на руски енергенси. На новинарско прашање, Божиновска рече дека до 2027 година треба да биде завршен гасоводот со Грција и дека на ниво на ЕУ ќе се бара алтернативно ...
Осигурителната компанија Allianz Trade (Алијанц трејд) очекува глобално зголемување на корпоративните несолвентности следната година. Ова ќе биде петто последователно зголемување, според подружницата на „Алијанц“ со седиште во Париз и Хамбург. Аналитичарите предвидуваат зголемување на несолвентноста од 5% во споредба со претходната година. Во Германија, активноста на несолвентност ќе остане на високо ниво следната година: „Алијанц трејд“ ...
Во периодот од јануари до август годинава, од Македонија биле извезени 280 илјади хектолитри вино во вредност од 40 милиони евра, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Според податоците, вредноста на извозот бележи раст од 7% во споредба со истиот период минатата година, додека извезените количини се зголемени за само 2%. Ова укажува дека поголемиот дел од растот се должи на повисоките цени на македонското вино на ...
Goldman Sachs предупредува на сериозни прекини во синџирите на снабдување со ретки метали и големи загуби за високо технолошките индустрии кои се зависни од нив. Иако пазарот на ретки земни елементи минатата година беше проценет на 6 милијарди долари, само дел од големината на пазарот на бакар, кој е 33 пати поголем, Голдман Сакс предупредува дека нарушување од 10% во индустриите што зависат од ретки метали може да резултира со 150 милијарди ...
Најуспешната македонска компанија Алкалоид го го најави проширувањето на портфолиото на лекови на пазарите во Шведска и Норвешка. “Регулаторните агенции во двете земји доделија одобрение за ставање во промет на антибиотската суспензија што содржи цефиксим како активна состојка, произведена од Алкалоид АД Скопје“, информираат од Алкалоид. Ова го означува воведувањето на првиот регистриран цефалоспорински антибиотик од трета генерација за ...
На покана на претседателката на Стопанската комора на Црна Гора, г-ѓа Нина Дракиќ, претседателот на Стопанската комора, г. Бранко Азески, на 16 и 17 октомври учествува на Конференцијата за економија „Црна Гора 2025“, што се одржува во Будва. Оваа престижна конференција, која континуирано се одржува од 2010 година, претставува значаен економски форум на регионално ниво, на којa учествуваат истакнати претставници на владите, економисти, ...
Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, за првпат зеде учество на водечката финансиска конференција во регионот „Предизвикот на промените“, која се одржува во Ровињ, Хрватска, од 15 до 17 октомври годинава, во организација на Загрепската берза и Хрватското здружение на друштва за управување со пензиски фондови и пензиски осигурителни друштва. „Алкалоид е присутен во ЕУ веќе 18 години, но фактот дека доаѓаме ...
Раст на вредноста на извозот на храна од 7,1%, пад на количините од 12,5% – повисоките цени го зголемуваат извозот нагоре. Во периодот јануари–август 2025 година, од Македонија се извезени прехранбени производи во вредност од 367 милиони евра – раст од 7,1% споредено со истиот период лани. Но, количините на извезена храна се намалени за 12,5%, што укажува дека растот се должи на повисоките цени, покажуваат податоците од Државниот завод за ...
Глобалниот прехранбен гигант започнува голема реорганизација во услови на забавен раст и засилена конкуренција. „Светот се менува, а Nestlé мора да се менува уште побрзо“, изјави новиот извршен директор Филип Навратил, презентирајќи ги кварталните резултати на компанијата. Како дел од новата стратегија, Nestlé планира да намали околу 16.000 работни места во наредните две години – потег кој тој го нарече „тежок, но неопходен“. Во првите ...
Царинската управа и Централниот регистар договорија дигитална размена на податоци за царински долг, со што хартиените потврди кои се потребни за упис и промени на правниот субјект наскоро стануваат минато. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорката на Централен регистар, Анита Стамнова, денеска официјално го потпишаа Договорот за соработка и размена на документи во електронска форма. „Намалувањето на бирократските ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека доставил писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со барање Србија да биде ослободена од царините и новите квоти во врска со челикот, иако само Норвешка, Исланд и Лихтенштајн можат да бидат ослободени. „Јас побарав и верувам дека Европската комисија ќе најде начин да го олесни статусот на земјите-кандидатки барем малку и да ги олесни работите во тој ...
Добро познатиот регионален бренд, Плазма, официјално започна со производство во Лагос, Нигерија, правејќи го својот прв чекор на навлегување на африканскиот пазар. Овој историски пробив беше постигнат благодарение на соработката помеѓу Бамби, Coca-Cola HBC Group, Nigerian Bottling Company (NBC) и Sona Group, нигериски производител на бисквити, и надворешни партнери. Формулацијата, пакувањето и комуникациската кампања на брендот Плазма се ...
Производителот на автомобили Stellantis планира да потроши 13 милијарди долари до крајот на деценијата за да произведе повеќе џипови, пикапи и теренски возила „Доџ“ во САД. Ова е најголема поединечна инвестиција во историјата на компанијата. Со неа се планира американското производство да порасне за 50% со 5.000 нови работни места во фабриките низ Средниот Запад, и со дополнителни 20.000 работни места кај добавувачите што обезбедуваат делови ...
ММФ ја зголеми проекцијата за раст на БДП на Северна Македонија за 2025 година на 3,4%. За следната година се прогнозира економски раст од 3,2%. Инфлацијата за 2025 година се прогнозира на 3,9%, додека прогнозите за следната 2026 година се инфлација од 3%. Според најновите проекции на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), глобалната економија влегува во период на умерен, но ранлив раст, под влијание на геополитички тензии и намалена глобална ...
ИНТЕРВЈУ ВИКТОР МИЗО, претседател на Совет за странски инвестиции и директор на КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА –Германската и европската автомобилска индустрија се соочуваат со големи промени и проблеми. Најголемиот европски производител Volkswagen најави дека ќе затвора фабрики во Германија, нешто што досега било незамисливо. Може ли да објасните со што се соочува германската автомобилска индустрија, колку и како овој процес може да се развива? Мизо: ...
ИНТЕРВЈУ СЕРГЕJ СИМОНИТИ, регионален директор, COFACE Adriatic Светски познатата компанија за управување со ризици Coface минатата недела ја организираше првата Country Risk конференција во Адриатик регионот, со цел на македонските компании да им ги приближи знаењето и искуството за ризикот од ненаплата и да им ги претстави инструментите со кои може да се спречат или намалат овие ризици. Со Сергеј Симонити, регионалниот директор на Кофас ...
ИНТЕРВЈУ ИЛИЈА НАУМОСКИ, помошник оперативен директор на “ВИТАМИНКА” “Витаминка” е најголема македонска прехранбена компанија чии производи се продаваат на над 30 пазари низ целиот свет. Искуството од над 65 години во производството на храна во комбинација со успешното раководење и посветеноста на развој и квалитет, се чини дека е рецептот со кој компанијата успешно ги надминува сите предизвици и промени и се натпреварува со глобалните ...
“Да се биде извозно ориентирана компанија со седиште во Северна Македонија не беше воопшто лесно, но ние издржавме на тој пат благодарение на нашите знаења, вештини и ресурси. Сега сме присутни на сите континенти. За да се успее во развиените земји, мора да се придржувате до принципите на добро владеење, да имате висок и постојан квалитет на производите и услугите и да бидете доволно конкурентни”, вели Живко Мукаетов, генералниот директор и ...
ИНТЕРВЈУ БОЈАН СТАНОЕВСКИ, управител на Карго-партнер Логистикс Nippon Express е сопственик на cargo-partner почнувајќи од оваа година, па оттука се наметнува прашањето на самата интеграција на cargo-partner во Јапонската групација? Станоевски: Од 4-ти јануари оваа година официјално сме членка на Nippon Express Group. Процесот на трансформација е во полн ек и носи дополнителна полза за двете компании. Со вклучувањето на cargo-partner во NX ...
Европа „треба да се разбуди“ и да преземе чекори за намалување на владината бирократија, рече економистот Филип Агион по освојувањето на овогодинешната Нобелова награда за економија Францускиот економист Филип Агион издаде остро предупредување до Европа кратко време по освојувањето на овогодинешната Нобелова награда, велејќи дека континентот ја губи технолошката трка од Кина и САД. „Европа треба да се разбуди. Технолошки заостануваме во ...
Поради штрајкот на работниците низ цела Грција, сообраќајот и работата на јавните служби беа прекинати, додека синдикатите протестираа против планираните реформи на трудот што би овозможиле продолжување на работното време во приватниот сектор, објави утрово Ројтерс. Поради штрајкот, бродовите останаа во пристаништата, а железничкиот сообраќај беше целосно запрен, додека патиштата беа блокирани. Полицијата соопшти дека околу 13.000 луѓе се ...