Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Дмитриј Медведев, поранешниот претседател на Русија и актуелен потпретседател на рускиот Совет за безбедност, жестоко реагираше на најавата на Германија за стопирање на проектот Северен тек 2. – Германскиот канцелар Олаф Шолц издаде наредба да се запре проектот за гасоводот Северен тек 2. Добредојдовте во многу нов свет каде Европејците наскоро ќе плаќаат 2.000 евра за 1.000 кубни метри природен гас – се закани Медведев на Твитер. ...
Владата на предлог на Министерството за економија на денешната седница донесе Одлука за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало што ќе важат од 1 март до 31 мај годинава. Со одлуката се определува највисоката трговска маржа да изнесува до 5% на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 % на продажната цена во трговија на мало кај лебот, ...
Министерот за финансии Фатмир Бесими во текот на вчерашната посета на Европската комисија разговараше за економската состојба во Македонија и глобалната економска криза, за која придонесува руско-украинскиот конфликт, јави дописничката на МИА од Брисел. Енергетската криза, која силно ја погоди Европа и последните месеци не ја одмина ни Македонија, беше една од клучните теми на средбите на министерот за финансии Фатмир Бесими во Брисел со ...
Tрајно се намалуваат или укинуваат царинските стапки на 258 суровини и репроматеријали што ќе значи намалени увозни давачки за домашните компании. Ова се овозможува со измените и дополнувањата на Законот за царинска тарифа кои беа усвоени од Собранието, а на кој Министерството за финансии работеше минатата година во консултации со бизнис-заедницата. Со укинувањето на тарифите, според министерот за финансии Фатмир Бесими, се намалуваат ...
Стратешката трансформација на Стопанската комора на Северна Македонија за имплементација на концептот „Комора на иднината“, меѓу другото, има за цел да одговори на потребите на бизнис-заедницата во дефинирањето на иновативни решенија и да понуди експертиза во областа на дигитализацијата и користењето на современите напредни технологии за унапредување на работните процеси. Во рамки на таа трансформација беше формиран и Советот за ...
Ескалацијата на тензиите меѓу Москва и западните земји околу Украина и можноста за санкции против Русија ги поттикна стравувањата дека може да биде погодена трговијата со клучните суровини произведени и извезени од руски компании. Соединетите Американски Држави и европските земји веќе отворено се закануваат дека ќе воведат санкции кон Русија доколку ја нападне Украина, и покрај негирањата на Москва дека планира напад. Цените на никелот и ...
Досегашната в.д. директорка на Царинската управа, Славица Кутиров е реизбрана за директор на оваа државна институција. Според Кутиров, која беше в.д. од август минатата година, реизборот е потврда за квалитетното менаџирање на Управата во изминатиот период. -Како директор на Царинската управа, продолжувам во спроведување на сите законски надлежности и приоритетите за развој на институцијата. Во следниот период, целокупното работење го ...
Македонските производители на храна изминатата 2021 година во странство продале производи во вредност од 389,5 милиони евра, што е раст од 7,2 %. Ова е највисока вредност на извозена храна од земјава во последните 10 години. Но, ако се гледа количински, извозот на храна лани се зголемил помалку, за само 2,86%. Тоа покажува дека врз порастот на извозот на храна лани влијалеле и зголемувањето на цените. Според последните податоци од ФАО, ...
Колумна на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија Пандемијата не престана, енергетската криза продолжи, минималната плата се зголеми, за пензиите се преговара, прогресивниот данок се најавува, нешто е блокирано во Собранието, Украина ново воено жариште, цените секојдневно растат… Гужва во шеснаесетникот обично се создава при крајот на фудбалскиот натпревар, кога при фрлањето на топката отстрана, во ...
GM955 и GM414 RS на „Грин Машинс“ од Велес се дел од разновидната програма на брендот што за првпат се испорачуваат во Египет. „По успешното пуштање во употреба на овие машини, очекуваме и нарачки со зголемени количини. Од техничките спецификации на GM955 највпечатлив е неговиот капацитет од 6 кубни метри. Ова возило работи на механички принцип за собирање отпад, комбиниран со вакуум. Максимално е ефикасен за градска ...
Мерките и политиките коишто ги спроведе Народната банка за време на пандемијата придонесоа за ублажување на ударот врз економијата, а потоа помогнаа и во процесот на закрепнување. Регулаторната флексибилност за време на пандемијата придонесе за солидна кредитна поддршка по значително намалени каматни стапки, што им помогна на фирмите во премостувањето на предизвиците со ликвидноста. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на ...
Гoлем тoвapeн брод кој пpeвезувал пpeвoзни cpeдcтвa нa Vоlkѕwаgеn Grоuр ce зaпaлил близу дo Aзopcĸитe ocтpoви вo Aтлaнтскиот oĸeaн, објавува Вlооmbеrg. На бродот имало 3.965 возила на Volkswagen, меѓу кои и автомобили од брендовите Porsche, Audi и Lamborghini. Сите 22 членови на екипажот се безбедно eвaĸyиpaни и нема човечки жртви. Веста доаѓа во време кога автомобилската индустрија веќе се бори со проблеми со снабдувањето, вклучително и ...
Обемот на извозот на домати и производи од домати од Турција во 2021 година изнесувал 729 милиони долари. Извозниците планираат оваа бројка да стигне до една милијарда долари до 2023 година. Турција просечно произведува 14 милиони тони домати годишно, според податоците на Унијата на извозници на Егејскиот регион на Турција и е еден од водечките светски производители на овој вид земјоделски производи. Заедно со свежите домати, расте ...
Продажбата на органски свежи производи достигна нови височини минатата година, според новиот извештај на Organic Produce Network и Category Partners. Со зголемувањето на продажбата од 5,5% во 2021 година, вредноста на продажбата на органски производи надмина 9 милијарди долари за прв пат (достигнувајќи вкупно 9,2 милијарди долари). Категоријата органски свежи бобинки го предводеше растот со годишно зголемување на продажбата од 13,9% и ...
Се интензивира процесот за креирање на Стратегија за паметна специјализација кој започна во 2019 година. Целта е Северна Македонија час поскоро да добие стратешки документ кој обезбедува модерен пристап за економски развој, преку меѓусебно поврзување на академската заедница, бизис секторот, владините институции и граѓанскиот сектор за заедничко детектирање и делување во областите во кои државата има најголем потенцијал и доволно ресурси да ...
Германскиот производител на автомобили Фолксваген очекува континуиран удар од недостигот на полупроводници оваа година, иако би требало да може да го зголеми производството во втората половина од годината, изјави во средата главниот извршен директор Херберт Дис. „Ситуацијата со снабдувањето се подобрува, но дури и во 2022 година нема да можеме да ги изградиме сите автомобили што би можеле да ги продадеме. Но, гледаме можности за ...
Веќе се при крај сите анализи што ги врши Секторот за трговија во склоп на Министерството за економија во соработка со другите економски ресори во Владата за евентуално продолжување на мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти што важат до крајот на месецов, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Со одлука на Владата од 5 декември минатата година замрзнати се цените на лебот, шеќерот, брашното – ...
Министерката за земјоделство на Албанија Фрида Крифца информираше дека земјата има за цел да го удвои извозот на свежо овошје и зеленчук во земјите во Западна Европа и да ја стави Албанија на картата на квалитетни извозници во Европа. Според министерката за земјоделство Крифца, владата работи на голем број политики за поддршка на секторот за овошје и зеленчук, кој сочинува 20% од БДП на Албанија и 40% од вработеноста. Тие вклучуваат ...
Согласно барањата пристигнати до Централниот регистар, кои се однесуваат за продолжување на рокот за поднесување на годишна сметка за 2021 година, поради заштита и превенција од вирусот covid-19, од Централниот регистар информираат дека одлучиле да излезат во пресрет на барањето на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите со продолжување на рокот за 10 дена, како за хартиено така и за електронско поднесување на ...
Поставеноста на монетарната политика засега е оценета како соодветна на макроекономските услови На 15 февруари 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. Врз основа на оцената на последните показатели и на ...
При одбројувањето на третата година од глобалната пандемија, како и сиот свет така и нашата компанија мина низ процес на брзи промени и на трансформација на работењето на сите нивоа. Социјалната дистанца и динамиката на дејностите во кои работиме налагаа одржување чекор со новините и со трендовите во здравството и во фармацијата преку алтернативни начини на комуникација, кои вклучуваат современи дигитални алатки. Во духот на нашето мото ...
Светската трговија со боровинки до 2025 година ќе се зголеми на 3 милијарди долари, покажува извештајот на Министерството за земјоделство на САД (USDA). Како што е наведено, 7-те најголеми извозници на боровинки – Перу, Чиле, Мексико, САД, Јужна Африка, Полска и Канада – во 2019 година на светскиот пазар пласирале боровинки во вредност од 2,1 милијарди долари. Од 2016 година, вкупниот раст на извозот на бобинки од овие земји во ...
Глобалните тесни грла во трговијата се повеќе резултат на скокови на побарувачката отколку на пречки во синџирот на снабдување, при што притисокот најверојатно ќе се намали во наредните месеци, смета главниот економист на Светската трговска организација (СТО), Роберт Купман. Проценката на СТО во октомври беше дека побарувачката за стоки ќе се забави на почетокот на 2022 година. Сепак, тоа беше пред варијантата на коронавирус Омикрон да доведе ...
Трошоците на живот во јануари биле зголемени за 1,5 %, а цените на мало за 1,2 %во однос на декември, објави денеска Државниот завод за статистика. Ако се спореди, пак, со јануари 2021 година, податоците покажуваат раст на трошоците за живот од 6,7% и раст на цените на мало од 7,3%. Најголем скок на цените во јануари во однос на претходниот месец, декември 2021 година, има кај воздухопловниот патнички транспорт, од дури 36,7%, гасот е поскап ...
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за 0,6 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 84 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (ДЕ-V) за 74, а цената на ...
Високите цени на енергијата и суровините и тесните грла во снабдувањето ќе го попречат растот на германската економија оваа година, предупреди Здружението на германските стопански и индустриски комори (DIHK). Во такви услови, ДИХК ја намали прогнозата за раст на најголемата европска економија годинава за 0,6 процентни поени и сега предвидува дека таа ќе се зголеми за 3% оваа година. „Ова значи дека нашиот бруто домашен производ (БДП) ...
Вкупната вредност на програмата е 2,3 милијарди евра за следните 3 години, а се однесува на остварување на целите на ДОГОВОРОТ ЗА ЗЕЛЕНА ЕКОНОМИЈА, за чија примена Северна Македонија има преземено обврска. Автор: Бранко Азески, претседател на Стопанската комора Стопанската комора веќе 10 години наназад реализира проекти за енергетска ефикасност на зградите во рамките на BUILD UP SKILLS, преку европските фондови, па како континуитет на овие ...
Програмата за производство на приклучни елементи за виљушкари е еден од бројните успешни проекти низ постоењето на металопреработувачкиот гигант „Брако“ од Велес. Благодарение на професионалниот пристап, уште на самите почетоци, пред речиси 15 години, прецизно се дефинирани и разработени целните производи од оваа програма, за кои „Брако“ во рекордно време започнува со сериско производство и со зголемување на ...
Растот на потрошувачките цени во САД изнесува 7,5% на годишно ниво во јануари 2022 година, соопшти Министерството за труд. Стапката на инфлација на годишно ниво значително надмина 7,2 %, колку што предвидуваа економистите, и е највисока од февруари 1982 година. Базичната инфлација, која ги исклучува нестабилните цени на енергијата и храната, се зголеми за 6,0 отсто во јануари од очекуваните 5,9 отсто, а исто така е на највисоко ниво од ...
Ефикасноста што Собранието, како највисок орган во државата, ја покажа при донесувањето на Законот за минимална плата да продолжи веднаш и со укинување на парафискалните давачки, а Владата да ги исплати доспеаните побарувања кон приватниот сектор Во 2010 година кога Стопанската комора на Македонија излезе со новата програма за економски развој, централната проекција беше дека приватниот сектор со таа реформа мора да биде стожер на ...