Белград
2ᴼ /
0ᴼ
Македонските компании во јануари годинава на странските пазари извезле стоки во вредност од 546 милиони евра, што е за 3,6% повеќе од јануари минатата 2021 година. Увозот, пак, во јануари пораснал многу повеќе, за 29,3%, достигнувајќи вредност од 806,6 милиони евра. Заради поголемиот раст на увозот, покриеноста на увозот со извозот во јануари се намали на само 67,7%, во споредба со покриеноста во јануари 2021 година која изнесуваше 84,6%, а ...
САД и Велика Британија се двете земји кои најверојатно уште денеска ќе објават дека го стопираат увозот на нафта од Русија. Според пишувањата на CNBC, американскиот претседател Џо Бајден се очекува денеска да се обрати пред јавноста и да ја соопшти одлуката за прекин на увозот на нафта од Русија, потег што ќе намали околу 8% од годишниот увоз на Америка. Велика Британија исто така се ппанира денеска да соопшти дека ќе го забрани увозот на руска ...
Русија треба да ги национализира операциите на западните компании кои излегуваат од земјата како одговор на војната во Украина, изјави денеска Андреј Турчак, секретар на генералниот совет на партијата Единствена Русија, објавува Wall Street Journal. Таков потег ќе помогне да се спречи губењето на работните места и да се одржи способноста на Русија да произведува стоки дома, смета Турчак. „Ова е екстремна мерка, но ние нема да толерираме ...
Цената на бензините од полноќ се зголемува за 5,5 денари за литар, а на дизелот за 10 денари, одлучи вечерва Регулаторната комисија за енергетика. Согласно новата одлука на РКЕ, од полноќ новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 89,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 91,50 ден/лит. Новата цена на дизелот ќе биде 85,50 ден/лит. Ваквата одлука е донесена поради рекордниот раст на сите нафтени деривати на светските берзи, а од РКЕ ...
Министерството за индустрија и трговија на Русија препорача на домашните производители на вештачки ѓубрива привремено да ги стопираат извозот и испораките на ѓубрива од земјата, објавува руската агенција Тасс. Министерството предложило запирање „додека не се обнови нормалниот транспорт и не се гарантираат испораките“. „Во моментов се наметнува ситуација кога поради саботажа на испораките од голем број странски логистички ...
Светските цени на храната достигнаа историски највисоко ниво во февруари, откако индексот на цените на храната на ФАО скокна за 20,7% во однос на минатата година, се вели во соопштението на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО). ФАО соопшти дека нејзиниот индекс на цените на храната во февруари изнесувал во просек 140,7 поени, што е за 3,9% повеќе од претходниот месец јануари, а значително зголемување од 20,7% во однос на претходната ...
Украина воведе дозволи за извоз за клучните земјоделски производи пченица, пченка и сончогледово масло, одлучи украинската влада во неделата, соопшти агенцијата Интерфакс. Во документот се вели дека на трговците ќе им бидат потребни и лиценци за извоз на живина и јајца. Украина е меѓу водечките светски производители и извозници на жито и растителни масла. Најголемиот светски извозник на сончогледово масло, исто така, рече дека може да извезе ...
Регионалната соработка и во сложените светски економски случувања, останува основен предуслов за економски развој на земјите од Западен Балкан. Копаоник бизнис форум годинава се одржува од 6 до 9 март под слоганот – „Србија 2030: Агенда за одржлив развој“, поаѓајќи од фактот дека Србија учествуваше во изготвувањето на Агендата за 2030 година, која беше усвоена во Собранието на ОН, и дека заедно со другите земји потписнички се ...
Нафтата „брент“ денеска порасна близу 130 долари за барел, што е највисоко ниво од 2008 година, по информациите дека САД и европските сојузници размислуваат да воведат забрана за увоз на руска нафта и одложување во потенцијалното враќање на иранската сурова нафта на глобалните пазари поттикнаа тесни стравови за снабдување. Фјучерсите на суровата нафта „брент“ скокнаа за 10,88 долари, или 9,2%, на 128,99 долари за барел, ...
Економските последици од војната во Украина се веќе исклучително сериозни, соопшти Меѓународниот монетарен фонд, кој во петокот одржа состанок со кој претседаваше директорката Кристалина Георгиева. Цените на енергијата и суровините – вклучително и пченицата и другите житни култури – нагло се зголемија, дополнително влошувајќи ги инфлаторните притисоци од прекините на синџирот на снабдување и закрепнувањето од пандемијата со Ковид-19. ...
IKEA, најголемиот светски бренд за мебел, ги затвора своите продавници за мебел во Русија, додека нејзниот синџир на трговски центри Mega ќе продолжи да биде отворен за да се осигури снабдување на рускиот пазар со основни прехранбени намирници и лекови. IKEA со оваа одлука се приклучува на бранот западни фирми кои го ограничуваат бизнисот со Русија по нејзината инвазија на Украина и воведувањето на санкциите од западните земји. “Војната ...
Компаниите ширум светот се соочени со дилема што да прават со нивните инвестиции во Русија откако денеска официјална Москва им понуди неколку опции: да останат во земјата, целосно да излезат или да ги предадат своите имоти на локалните менаџери додека не се вратат, објавува Reuters. Првиот потпретседател на владата Андреј Белоусов ја изнесе оваа владина позиција малку повеќе од една недела по инвазијата на Русија во Украина и еден ден откако ...
Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на 3 март2022 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2021 година во износ од 440 денари бруто, односно 396 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 400 денари бруто, односно 360 денари нето е поголема за 10% на нето основа. Дивидендата ќе биде исплатена во готово на ...
Република Северна Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните не треба да се грижат, нафтени деривати во државата има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката. Владата апелира дел од трговците на мало со нафтени деривати да не ја ограничуваат количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се точи во автомобилите, а потрошувачите да не чекаат во ...
Нафтени деривати има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката, но дел од малите трговци не се однесуваат фер и ја ограничуваат понудата, со што оставаат впечаток дека нема гориво, изјавија за МИА од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). – На тој начин си прават „залиха“, која би ја продавале по нови цени што на некој начин во услови на криза е воено профитерство, посочуваат од РКЕ. Од ...
По силниот удар кој ги нанесе пандемијата на Ковид 19, војната во Украина сега повторно ги погодуваат силно германската автомобилска индустрија, за која е врзан речиси 50% од македонскиот извоз. Соработката со Русија е прекината, а се повеќе фабрики имаат проблеми во производството заради недостиг на делови. „Воените дејствија на Русија доведуваат до прекин на синџирите на снабдување. Транспортот е ограничен, производството кај ...
Годишната инфлација во Турција се зголеми повеќе од очекуваното на 54,44% во февруари, покажаат официјалните податоци на Турскиот статистички институт објавува Daily Sabah. Ова е највисоко ниво во последните две децении што беше поттикнато од падот на турската лира кон крајот на минатата година и повисоките цени на суровините. На месечно ниво, индексот на потрошувачките цени (CPI) се зголеми за 4,81%. Индексот на цените на производителите се ...
Цените на пченицата го продолжија брзиот раст искачувајќи се над 11 долари за бушел, највисоко ниво во последните 14 години, бидејќи руската инвазија на Украина доведе до блокада на извозот од Украина, која е петти најголем извозник на пченица во светот. Војната и последиците од опсежните санкции на САД и Европа врз Русија ги ограничија испораките од Црното Море во време кога глобалните залихи се веќе на ниско ниво. Украина и Русија учествуваат ...
Денарот и банкарскиот сектор се стабилни. Денарот е сидрото на стабилноста на нашата економија и нема потреба од девалвација, впрочем Народната банка располага со широк инструментариум за одбрана на стабилноста на денарот, од кој најважни се високото и стабилно ниво на девизни резерви. Банкарскиот сектор е стабилен и нема знаци на повлекување на депозитите во контекст на руско-украинската криза, напротив тие растат, посочува вицегувернерката на ...
Цените на нафтата денеска се зголемија за околу 9% , достигнувајќи цена од 106,7 долари по стравувањата дека се можни прекини во снабдуввањето по руската ивазива во Украина и санкциите на Западот кон руската економија. Фјучерсите на брент поскапеа за 8,80 долари, или 9%, на 106,77 долари за барел, што е најголем дневен процентен пораст од март 2021 година. Американската сурова нафта West Texas Intermediate (WTI) порасна за 9,89 долари, или ...
Двете најголеми контејнерски линии во светот привремено ги прекинаа товарниот транспорт до и од Русија како одговор на западните санкции кон Москва по нејзината инвазија на Украина, како дополнителен удар за трговијата со земјата. MSC, најголемата светска компанија за транспорт на контејнери по капацитет со седиште во Швајцарија, во известувањето за клиентите потврдува дека од 1 март воведува „привремено запирање на сите карго резервации ...
Минатата недела американската филијала на „Грин Машинс“ од Велес, активно учествуваше на конференцијата организирана од најголемата северно-американска асоцијација од областа на „свипинг“ индустријата, NAPSA (North American Power Sweeping Association), фокусирана на најсовремените производствени решенија на возила наменети за одржување на хигиена на надворешни површини. „Грин Машинс“ беше застапена преку ...
Фармацевтската компанија Алкалоид ги објави резултатите од работењето во изминатата 2021 година кои покажуваат продолжување на трендот на раст и позитивни финансиски резултати, зголемување на извозот на странски пазари, нови инвестиции и вработувања. Oбјавените извештаи на компанијата на Македонската берза покажуваат дека најсупешната домашна компанија изминатата 2021 година, кога одбележа и 85 години постоење, ја завршила со консолидирани ...
„Курсот на денарот е стабилен, девизните резерви се на исклучително солидно ниво и имаме капацитет и простор да ја одржуваме стабилноста на девизниот курс“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска во вчерашното гостување во емисијата „Топ тема“. „Денарот е стабилен. Јас само би напоменала дека со оглед на режимот на девизен курс што го имаме, она што е за нас клучно е девизниот пазар и девизните ...
Руската инвазија ги затвори фабриките за автомобили, ги погоди резервите на челик и ги прекина транспортните патишта. Цените на суровините растат за сончогледовото масло, природниот гас и пченицата. Руската инвазија на Украина натрупува нови неволји на веќе нарушените светски синџири на снабдување. Борбите ги затворија фабриките за автомобили во Германија кои се потпираат на компоненти произведени во Украина и ги погодија залихите за челичната ...
Руската валута падна за повеќе од 28% на рекордно ниско ниво во почетокот на тргувањето во понеделникот, откако новата рунда на западни санкции го зголеми притисокот врз финансискиот систем на Русија како одговор на нејзината инвазија на Украина. Рубљата падна на речиси 118 во однос на американскиот долар, според податоците на Блумберг, по викендот кога рускиот претседател Владимир Путин ги стави своите нуклеарни сили во состојба на готовност, а ...
Во петокот (25.2.2022 година) во Стопанската комора на Северна Македонија претседателот Бранко Азески потпишуваше посвети на својата најнова книга „Што ни се случува?“, која излезе од печат деновиве. Граѓаните имаа можност да добијат бесплатен примерок во кој се изнесени јавните настапи (интервјуа, колумни, говори) и ставови на органите и на телата на Комората за клучните прашања од економскиот живот на државата. Насловот на книгата ...
Светските лидери постигнаа согасност за воведување на најстроги санкции кон Русија и исклучување на одделни руски банки од системот SWIFT со што ќе се усложни извозот и увозот со Русија. за САД и лидepитe нa Eвpoпската Унија, Фpaнција, Гepмaнија, Итaлија, како и Oбeдинетото Кралство и Kaнaдa постигнаа согласност одделни руски банки дa бидaт исклучени од cиcтeмот ЅWІFТ, со што ќе се остават надвор од меѓународниот финансиски систем и ќе им се ...
Подготвени сме да носиме мерки и политики во интерес на граѓаните, првенствено за заштита на најранливите категории на граѓани, како и за поддршка на економијата, пишува во својата колумна посветена на руско-украинската криза, министерот за финансии, Фатмир Бесими. „Во вакви кризи, од големо значење е темелна анализа, земање во предвид на сите параметри, дури и оние кои се чинат во моментот мали и неважни, за да се дојде до што попрецизни ...
Како што кризата во Украина ескалира и западните земји воведуваат нови санкции насочени кон руската економија, автомобилската индустрија може да има значителна колатерална штета, вклучувајќи ги производителите на автомобили и добавувачите на делови во САД, Европа и Азија. Сите санкции наметнати од САД и нејзините сојузници во Русија за нејзините акции во Украина би можеле најмногу да влијаат на Renault Group, Volkswagen Group и Stellantis. Сите ...