Министерството за финансии информира дека се обезбeдени потребните средства за реализација на проектот за изградба на интерконективен гасовод меѓу РС Македонија и Грција. Министерот за финансии, Фатмир Бесими и потпретседателката на Европската инвестициска банка, Лилјана Павлова го потпишаа Договорот за гаранција на РС Македонија. Воедно се потпиша и финансискиот договор меѓу Национални енергетски ресурси (НЕР) и ЕИБ. Вкупната инвестициска ...

Министерот за економски развој, Здравко Почивалшек изјави дека Словенија може да го забрани извозот на електрична енергија за да ја заштити економијата од растот на цените на енергијата. „Во Словенија произведуваме 85% од потребната струја. Извезуваме половина од она што го произведуваме. Овде државата може да интервенира – да го забрани извозот на нашата енергија и да ја одреди цената на струјата. Ако треба, ќе го направиме ...

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри кредит во износ од 110 милиони евра за финансирање на изградбата и услугите за супервизија на 10,2 километри автопат од Коридорот 8 на потегот од Букојчани до Кичево, заедно со деталниот нацрт на под-секцијата од 4 километри. Европската Унија го кофинансира проектот со ЕУР 20 милиони инвестициски грант, преку Инвестициската програма за Западен Балкан (ИПЗБ). Со изградба на патната инфраструктура ...

Цената на гасот во европската тргување е заклучена синоќа на ново рекордно ниво на сите времиња, приближувајќи се до цената од 2.200 долари за илјада кубни метри. Според податоците од Лондонската берза ICE, цената на јануарските фјучерси во центарот TTF во Холандија е склучена на 2.190,4 долари за илјада кубни метри, или 187,47 евра за MWh, што е скок од 27% на дневно ниво. Цената на гасот во Европа порасна за 15,5 пати од декември 2019 година, ...

Хаосот предизвикан од недостигот на делови се заканува да ја врати автомобилската индустрија неколку децении наназад, барем кога станува збор за бројот на возила што се произведуваат годишно. Иако некои директори на автомобилски гиганти веруваат дека ќе има подобрувања во оваа област следната година, Volkswagen не дели таков оптимизам. Според германскиот Manager Magazin, Volkswagen не очекува подобрување на ситуацијата следната 2022 година и ...

Произведено комплетно во погоните на „Брако“ во Велес од инженерските тимови на компанијата, неделава пред светот беше презентирано најновото возило од брендот „Green Machines“. Новиот GM400ze е целосно електрично возило со револуционерни функционалности кои што дополнително придонесуваат кон остварување на еколошката агенда на брендот и компанијата. „Деновиве, серијата 400, се збогати со ново, целосно електрично ...

Човечкиот потенцијал има огромно значење за растот и за развојот на „Алкалоид“ АД Скопје, а професионалниот пристап во работењето, просперитетот на компанијата и нејзиниот кредибилитет се должат на децениското инвестирање во компаниското начело „Луѓето пред сѐ“. Во изминативе 15 години бројот на вработени во Групацијата „Алкалоид“ порасна од 1.200 на 2.500. Децениските инвестиции во едукација на македонските ...

Кризата со микрочипови во автомобилската индустрија која ги намалува производството и продажбата на автомобили е далеку од завршена. Aвтoмoбилските пpoизвoдитeли тpебa дa ce пoдгoтват на продолжен глобален недостиг на чипови и полупроводници, бидејќи тој може да потрае со години, заради што треба да се размислува и во насока на употреба на помалку чипови во автомобилите, се посочува во неодамна објавената анализа на консултанстката куќа Roland ...

Се обезбедуваат средства за Гарантен фонд и Фонд за развој во рамки на Развојна банка, коишто имаат за цел да ја зголемат конкурентноста на фирмите и да ги поттикнат извозот, технолошкиот развој и воведувањето нови производи кои ќе дадат додадена вредност во извозот. Оваа недела на Влада беа усвоени Одлуки изготвени од страна на Министерството за финансии, со што се овозможи обезбедување на средствата. Притоа, од Буџетот, 5 милиони евра ...

Владата на Белорусија неодамна воведе забрана за избрани прехранбени производи од ЕУ, Обединетото Кралство, САД и неколку други земји, меѓу кои и Северна Македонија. Увозот на одредени категории на месо, млечни производи, зеленчук, овошје, кондиторски производи и увоз на сол од овие земји е забранет на шест месеци, почнувајќи од 1 јануари 2022 година. Вредноста на овие забранети категории увезени од Белорусија од ЕУ27, Обединетото Кралство, САД ...

Глобалниот долг минатата година се искачи на 226 трилиони долари, што е најголем скок во една година од Втората светска војна и ќе биде изложен на ризик доколку глобалните каматни стапки се зголемат побрзо од очекуваното и растот закочи, објави денеска Меѓународниот монетарен фонд. Од ММФ сметаат дека пандемијата со Ковид 19 предизвикала долгот да достигне 256% од глобалниот БДП во 2020 година, што претставува зголемување од 28 процентни поени. ...

Владата на вчерашната седница го усвои Предлог-законот за изменување на Законот за царинска тарифа, изготвен од страна на Министерството за финансии, со кој трајно се намалуваат или укинуваат царинските стапки на 258 суровини и репроматеријали за индустриско производство коешто е претежно наменето за извоз. Со ова се излезе во пресрет на барањата на компаниите за намалување на царинските стапки а воедно се врши и усогласување на истите со ...

Денеска, УСАИД одржа регионална конференција за зајакнување на прекуграничната соработка во регионот на Западен Балкан и на ЦЕФТА, во рамки на ЦЕФТА Неделата 2021 година, во партнерство со ЦЕФТА, Транспортната заедница, Групацијата на Светска банка и Министерството за економија на Северна Македонија. Учесниците од земјите на Западен Балкан и ЦЕФТА разговараа за напорите за подобрување на регионалното економско интегрирање како начин за ...

Унапредувањето на трговските односи помеѓу Северна Турција, Македонија и Косово, подобрување на инфраструктурната поврзаност и можностите за реализација на инвестиции со кои би се подобрила конкурентноста на земјите и на регионот на Западен Балкан, беа дел од темите кои се дискутираа на денешниот трилатерален состанок „Придонес за развој на социо-економските односи помеѓу Република Турција, Република Северна Македонија и Република ...

Интервју на г. Живко Мукаетов, Генерален директор/Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје, за емисијата „Стадион“ на Радио „Канал 77“ Стопанската комора последните месеци, последните денови покажува една засилена проактивност, една офанзива. Што и недостигаше на Kомората досега: не беше доволно активна, политиката диктираше повеќе наместо обратно да биде? Па јас не би рекол дека Комората не ...

“На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за проширување на листата на производи за кои ќе важат цените кои се применувале на 1 декември 2021 година во трговијата на мало и на големо. Листата се проширува со три нови основни прехранбени производи: ориз, јајца и тестенини“, напиша на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши. Според министерот, оваа одлука е со цел да ...

Русија се соочува со сериозен недостиг на еден од најконзумираниот зеленчук-белата зелка, а како резултат на тоа цените на зелката веќе ги соборија рекордите за овој период од годината и продолжуваат да растат, пишува специјализираниот портал EastFruit. Вообичаено, цените на зелката во Русија се многу ниски во овој период од годината и имаат тенденција да опаѓаат до средината на декември. Сепак, во 2021 година, зелката во Русија почна да расте ...

Производните цени во Германија во ноември пораснаа најсилно од 1962 година, со убедливо најголем пораст на цените на нафтата, покажува најновиот извештај на Дестатис . Во однос на ноември минатата година тие се зголемени за 16,6 %, откако во октомври се зголемија за 15,2%, објави Заводот за статистика. Поттикнати од наглиот пораст на цените на суровините и на репроматеријалите, цените на производителите во најголемата европска економија ...

Додека за многу бизниси вклучени во меѓународнатра трговија изминатава година беше хаотуична и преполна со пречки и енормен раст на трошоците за транспорт, за големите контејнерски превозници 2021 година ќе биде дефинитивно година на рекордни резултати. Според анализите на Alphaliner, 10-те најголеми контејнерски поморски превозници во светот годинава ќе ја завршат со рекорден профит 120 милијарди долари (EBIT –заработка пред камати и ...

Денеска во Скопје започнува CEFTA Week 2021. Годишниот настан е одлична можност да се сумираат резултатите и достигнувањата од едногодишното претседавање со ЦЕФТА кое во текот на 2021 година го имаше Северна Македонија. Скопје во следните четири дена ќе биде домаќин на високи функционери од ЦЕФТА страните, деловни претставници, дипломати и претставници на ЕУ и други меѓународни организации. Помеѓу говорниците на CEFTA Week 2021 конференцијата 15 ...

Стопанската комора на Северна Македонија, како најголема бизнис асоцијација во Република Северна Македонија во функција на застапување на интересите на членовите веќе еден месец и половина, со две иницијативи упатени до Македонска берза АД Скопје укажува, бара и посочува на неодложната потреба од одложување на примена на Одлуката за измени и дополнувања на Правилата за котација на Македонска берза и на Кодексот за корпоративно управување на ...

Кина најави формирање на нова гигантска државна Кинеска логистичка групација (China Logistics Group -CLG), која има за цел да ја зајакне својата позиција во меѓународните синџири на снабдување преку развивање меѓународни трговски врски и товарни услуги, како и прекугранична е-трговија, пишува Transinfo. Новата државна компанија, која ќе биде додаток на карго товарниот пазар, во моментов опфаќа 30 кинески провинции, има присуство на пет ...

Нарушувањата на глобалните синџири на снабдување може да продолжат до втората половина на следната година, велат од осигурителот на трговските кредити Euler Hermes во извештајот објавен денеска. Euler Hermes ги наведе обновените епидемии на вируси, политиката на Кина за нулта ковид и очекуваната нестабилност во трговијата за време на кинеската Нова Година. Мерките за ограничување на „Ковид-19“ може да влијаат на производствените и ...

Солунското пристаниште е првото грчко пристаниште кое воведе блокчејн технологија преку интеграција со TradeLens, дигитална логистичка платформа поддржана од пет од шесте најголеми океански превозници на глобално ниво. Целта е да се постигне трансформација на Солунското пристаниште во „паметно пристаниште“ преку паметни технологии за дигитализација на системи, за да обезбеди иновативни и врвни услуги со поедноставени процедури, ...

“Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво”, потенцираат од Народната банка по објавите на некои медиуми дека курсот на денарот надминал 62 денари. “Средниот курс на еврото според курсната листа на Народната банка изнесува 61,69 денари и истиот е непроменет во однос на лани. Во ова може секој да се увери доколку ја посети веб-страницата на Народната банка, каде секој ден се објавуваат овие податоци ...

– Секретаријатот на ЦЕФТА во соработка со Коморскиот инвестициски форум и Стопанската комора на Северна Македонија, организираа работилница за ЦЕФТА Дополнителниот протокол 6 за трговија со услуги , со акцент на тоа какви придобивки носи протоколот за македонската економија и за регионот и како може да придонесе за поуспешно создавање на заеднички регионален пазар на Западен Балкан. Дополнителниот протокол 6 обезбедува сеопфатна рамка за ...

Автор: Амбасадор д-р ИЛИЈА ПСАЛТИРОВ, eкономски советник за Полска, Чешка, Словачка и Унгарија Новиот концепт на економска дипломатија со испраќање економски советници во внимателно одбрани земји, ќе даде нова димензија во сегментот на соодветно и стручно покривање на економските аспекти од дипломатското претставување на нашата земја во странство. Македонската економија, а со тоа и главните носители на економскиот живот, а тоа се компаниите, ...

„Северна Македонија ќе добие соларен парк, кој ќе биде еден од најголемите во Европа со капацитет за производство на електрична енергија од 360 до 400 мегавати (MW). Станува збор за директна француска гринфилд инвестиција најголема во овој домен, за македонската економија. Соларниот парк „Стипион“ ќе се гради во текот на 2022 година на локацијата која беше предвидена за изградба на карго аеродромот во Штип на површина од 452 ...

Соседна Србија полека станува лидер кога е во прашање извозот на храна за кучиња и мачки. Само од почетокот на оваа година, продажбата во странство е зголемена за околу 53,2 % во однос на изминатата 2020 година. Се очекува вредноста на извозот годинава да надмине 100 милиони евра, пишува српски Новости. Истовремено, расте и увозот на храна за мачки и кучиња, па годинава тој е за 46% поголем од лани. Србија извезува храна за кучиња и мачки во 44 ...

На планетава може да се произведе доволно храна за сите а, има доволно земја за секого, но проблемот е како ние ја користиме таа земја и каква храна правиме, изјави Само Логин, основач и сопственик на Логин ЕКО, кој купи повеќе од 4.000 хектари земја во Војводина, каде што планира да се занимава со органско производство. “Наша задача е здравата храна да ја направиме достапна за секого. Денеска често е привилегија, а мислам дека не треба ...

weather icon

Белград

3ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1022
weather icon

Загреб

2ᴼ / -1ᴼ
1.03
86%
1021
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
70%
1023
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.06
87%
1022
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
87%
1022
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.09
79%
1021
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
87%
1021
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
93%
1021
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1020
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
95%
1022
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1022
weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1022
Currency

61.525

Currency

53.0457

Currency

70.1569

Currency

34.6746

Currency

37.9141

Currency

65.9323

Currency

7.4921

Currency

0.682

Currency

0.34103

Currency

0.52443

Currency

1.24727

Currency

0.5921

Бакар

10.60

Рутениум

29192.88

Никел

471217.42

Платина

53335.15

Сребро

1861.11

Иридиум

145787.60

Злато

136226.64

Кобалт

55.67

Калај

39.30

Цинк

3.25

Алуминиум

2.86

Родиум

258009.74