Стимулирањето на продуктивноста и зајакнувањето на отпорноста на економијата, се одговорот за побрзо надминување на последиците коишто пандемијата ги нанесе на економијата. Повисока продуктивност може да се постигне преку инвестиции во човечки капитал, иновации и технолошки прогрес, што пак, ќе придонесе за забрзан и одржлив економски раст. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и ...

Министерот за финансии Фатмир Бесими вчера оствари средби со претставници на Стопанската комора на Северна Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и МАСИТ. Средбите се дел од континуираниот дијалог што Министерството за финансии ги има со бизнис секторот во насока на размена на мислења и преземање мерки за создавање подобри деловни услови и забрзан раст. Денеска на средбите беа ...

Рекордно високите цени на природниот гас и електричната енергија ги поттикнуваат некои енергетски интензивни компании да го намалат производството, што дополнително се очекува да создаде притисок и да ги наруши глобалните синџири на снабдување во некои сектори, како што се храната, хемиската индустрија, челичнаата индустрија. Некои компании, вклучително и производители на челик, производители на ѓубрива и производители на стакло, мораа да го ...

Бесник Исаки, директорот на компанијата БЕ-ДА Логистик е добитник на престижната награда Business Elite “40 under 40” за бизнисмен со голема визија и извондреден претприемачки дух на настан кој минатата недела се одржа во Истанбул. Наградени беа 40 успешни претприемачи и менаџери од Југоисточна Европа кои се на возраст до 40 години, кои се визионери и иноватори во областа во која работат и кои преку својата работа даваат назад кон својата ...

Работењето на македонските компании беше под силно влијание на пандемијата минатата година. Компаниите, а особено малите и средните претпријатија, се соочија со голем пад на приходите и силен ликвидносен шок. Тоа го покажува и извештајот за финансиска стабилноста на Народната банка, кој покажува дека минатата година биле намалени приходите и профитабилноста во корпоративниот сектор, но значително бил зголемен и бројот на фирми кои работеле со ...

И покрај сушата, последиците од пандемијата на коронавирус и другите проблеми, земјоделството во Србија бележи добри резултати. Потврда за тоа се реалните показатели, според кои, годинашниот извоз од земјоделството може да се очекува да надмине пет милијарди долари, изјави српскиот министер за земјоделие, Бранислав Недимовиќ за време на Меѓународниот земјоделски саем кој минатата недела се одржа во Нови Сад. Во првите шест месеци годинава ...

Првиот филм за „Алкалоид“ од 1950 година, најстарото кутиче и оригиналното одобрение за производство на лекот „Кафетин“; првите пакувања „Бекутан“, најстарите индустриски машини и голем број други компаниски експонати се поставени во изложбената поставка во Музејот на Град Скопје по повод 85-годишниот јубилеј на „Алкалоид“. „Јубилеите вообичаено ги одбележувавме во поширок состав, бидејќи ‘Алкалоид’ е компанија за сите! Приликите за овој ...

Европа се соочува со енергетски криза предизвикана од зголемените цени на големо за природен гас и електрична енергија, зголемувајќи ги сметките на граѓаните и принудувајќи некои производители да го прекинат производството. Цените на електричната енергија на големо се на највисоко ниво на сите времиња, исто како и цените на природниот гас кој се на највисоко ниво во последните 12 години. Наглите поскапувања на електричната енергија на берзите ...

Недостигот од чипови и нарушувањата во синџирите за снабдување ќе предизвикаат производството на автомобили во светот да се намали за пет милиони годинава, покажува најновиот извештај на аналитичката куќа IHS Markit. Тоа претставува најголемо намалување на изгледите во автомобилската индустрија во последните девет месеци. Повикувајќи се на предизвиците во синџирот на снабдување, IHS објави дека ја намалува прогнозата за производство на лесни ...

Недостигот од чипови и нарушувањата во синџирите за снабдување ќе предизвикаат производството на автомобили во светот да се намали за пет милиони годинава, покажува најновиот извештај на аналитичката куќа IHS Markit. Тоа претставува најголемо намалување на изгледите во автомобилската индустрија во последните девет месеци. Повикувајќи се на предизвиците во синџирот на снабдување, IHS објави дека ја намалува прогнозата за производство на лесни ...

Според последните податоци од Државниот завод за статистика, просечната исплатена нето плата во Македонија во јуни годинава достигна 28.744, што е за 7% повисока во споредба со истиот месец минатата година. Но, иако просечната плата расте, таа е се уште недостижна за многу вработени кои работат во сектори во кои доминираат компании со приватна сопственост и кои вработуваат најголем дел од вработените. Статистичките податоци покажуваат дека во ...

Во јули годинава македонските компании извезле стоки во вредност од 587 милиони евра, што е за 13% повеќе во споредба со извозот остварен во јули минатата 2020 година, a за 3,5% повисок во споредба со јуни 2019 година пред да почне пандемијата. Увозот, пак, во јули годинава изнесувал 800 милиони евра, што е за 15% повеќе во споредба со јули 2020 година. Ако се анализираат првите седум месеци годинава македонските компании извезле стоки во ...

Специјализираниот портал ИзвозМК (www.izvoz.mk) ја најавува втората годишна специјална публикација ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2021, која има за цел да ги идентификува најдобрите извозни компании, да ги промовира нивните извозни успеси и добри практики кои придонесуваат за повисока додадена вредност во македонската економија. Во едицијата ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ ќе биде објавено рангирање на 100-те најголеми извозни компании според вредноста на извозот, односно ...

На почеток, производителите на автомобили мислеа дека најлошото од недостатокот на чипови ќе биде во првата половина од годинава. Потоа дојде третиот квартал. Сега, според лидерите на најголемите германски производители, овој врв може да дојде во наредните години. „Можеби ќе имаме недостиг во наредните месеци, па дури и години, бидејќи полупроводниците се во голема побарувачка“, изјави извршниот директор на Volkswagen, Херберт Дис за Bloomberg. ...

Со поддшка на фармацевтската компанија “Алкалоид” денеска се отвори првата парцијално-дуална паралелка со назив “Фармацевстки техничар во фармацевтската индустрија” во средното стручно училиште СМУГС ,,д-р Панче Караѓозов“ Скопје. Претставникот на АД Алколоид и координаторот на проектот Никола Ефтимов истакна дека претставува голема чест за компанијата да се учествува во една ваква иницијатива за развој на млади кадри и додаде дека за учениците ...

Креаторите на политиките, претставниците на меѓународните институции, на граѓанското општество, академици, експерти, деловната заедница, како и сите засегнати страни што можат да делуваат врз подобрување на политичкиот дијалог за економски и финансиски теми од национален и регионален интерес ги собра на едно место првата Годишна конференција на Министерството за финансии, што се одржува денеска и утре во Скопје. Конференцијата, што има за цел да ...

Македонскиот Бруто домашниот производ (БДП), односно вредноста на сите произведени стоки и ускуги во второто тримесечје годинава бележи раст од 13,1%, објави Државниот завод за статистика. За споредба, во вториот квартал минатата 2020 година година македонскиот БДП, како последица на пандемијата на Ковид 19, имаше пад од 14,9%. Најголем раст од 46% е остварен во секторот трговија на големо и мало, транспорт и скалдирање, објекти за сместување и ...

Цените на шеќерот се зголемија најмногу минатиот месец, за речиси 10 проценти во споредба со јули Цените на храната нагло пораснаа во август, за првпат ова лето, поттикнати од наглото зголемување на цената на шеќерот, растителните масла и некои житни култури, објави Агенцијата за храна на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на ФАО за кошница за храна се зголеми за 3,9 поени во август од ревидираната вредност во јули на просечни 127,4 ...

Турските извозници ја постигнаа својата најдобра августовска продажба досега, додека 12-месечната продажба во странство исто така достигна ново највисоко ниво на сите времиња, објави во четвртокот министерот за трговија Мехмет Муш. Извозот во август се зголеми за 52% во споредба со август минатата година, на 18,9 милијарди долари „Со овој силен импулс постигнат во нашиот извоз, ги надминавме перформансите пред пандемијата“, рече Муш на ...

Со новите мерки за заштита од корона вирус, најпогоден можеби е туристичко-угостителскиот сектор, од каде со денови се жалат дека прометот им е намален до 40 отсто, со оглед на тоа што во трговски центри и ресторани може да се влезе само со сертификат за вакцинација. – Здравјето на граѓаните пред сѐ. Ако треба да се прави компромис меѓу мерка за угостители и здравјето на граѓаните и борбата за заштита на граѓаните, здравјето на граѓаните е прес ...

Цената на гасот во Европа го проби нивото од 590 долари за 1.000 кубни метри за време на денешното тргување на Лондонската Интерконтинентална берза Европа (ICE). Конкретно, цената на октомвриските фјучерси на гас на холандскиот ТТФ центар достигна 592 долари утрово на почетокот на тргувањето, а малку подоцна се намали на околу 586 долари за 1.000 кубни метри. Цената на гасот во Европа прво го достигна и го надмина нивото од 580 долари за 1.000 ...

Во првата половина годинава македонските компании извезле во Италија производи вредни 98,6 милиони евра, што е раст од 58,5% или за 36,4 милиони евра повеќе во споредба со првите шест месеци од минатата 2020 година. Трговијата со Италија, која е седми најголем трговски партнер за македонските компании, забележа голем пад во првата половина минатата година со оглед дека Италија беше една од најсилно погодените земји од корона вирусот на почетокот ...

Еуроникел Индустри со нова вредна донација за основното училиште Страшо Пинџур во село Возарци. За компанијата оваа донација преставува начин да влијае на подобрување на условите на основците од Возарци и за зголемување на безбедноста во школскиот двор. „Грижата за непосредната околина и за условите во кои младите генерации растат и се развиваат е приоритет во нашата стратегија за општествена одговорност. Тоа е дел од нашите секојдневни обврски ...

Од Асоцијацијата на работодавачи на превозните компании Макам Транс информираат дека Владата не го прифатила нивното барањето за иземање на професиолните возачи кои управуваат товарни моторни возила од воспоставените нови мерки за влез во земјава кои треба да почнат да важат од 1 септември. За македонските граѓани кои ќе се враќаат во земјата после 1 септември, а немаат ПЦР тест, или потврди за примена вакцина или за прележан КОВИД-19, ќе се ...

Министерот за економија, Крешник Бектеши, се сретна со новоименуваниот амбасадор на Јапонија Хиронори Савада. На средбата беше констатирано дека има позитивен развој на билатералните односи помеѓу двете држави, за што се констатирани и можности за натамошно унапредување. Во таа насока министерот Бектеши ја нагласи важноста од продолжување и интензивирање на заемната соработка на сите полиња, особено зајакнувањето на билатералната трговија и ...

Економскиот раст во Германија може да биде послаб оваа година отколку што беше предвидено, бидејќи економијата неочекувано може да биде оптоварена од новиот бран на Ковид 19 оваа есен, предупреди вчера германската Бундесбанк. Се очекува најголемата европска економија да порасне 3,7%оваа година и 5,2% во 2022 година. Економијата, најверојатно, ќе порасне силно во летните месеци, бидејќи на секторот услуги му помогна ублажувањето на корона мерките ...

Во секторот транспорт и складирање минатата 2020 година работеле 5.625 фирми во кои биле вработени 41.258 лица, со што оваа дејност е меѓу петте најважни сектори во македонската економија. Во 2020 година во Македонија работеле вкупно 73.061 компании, од кои најмногу биле микро компании – 66.013 (90,4%), потоа малите – 5.405 (7,4%), средни – 1.410 (1,9%) и 233 големи компании (0,3% ), покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. ...

Заменикoт на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Фонд за иновации и технолошки развој Коста Петров, денеска на заедничка прес конференција го презентираа јавниот повик за ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации, за кој се обезбедени 8 милиони евра за македонските компании кои ќе аплицираат со проекти за комерцијализација на ...

ПроКредит Групацијата, која е воглавно активна во Југоисточна и Источна Европа, објави цврсти резултати за првата половина на 2021 година. Кредитното портфолио за клиенти порасна за 402 милиони евра или 7,7%, што повторно ги одразува цврстите стапки на раст забележани во изминатиот период (H1 2020: +255 милиони евра или 5,3%). Консолидираниот резултат се зголеми за 68% до 36,4 милиони евра (Н1 2020: 21,7 милиони евра), што претставува ...

Делегација предводена од менаџментот на глобално реномираните компании „Дура аутомотив системс” и „Алмак“ одржаа работна средба со премиерот Зоран Заев, на која беше презентиран нивниот нов инвестициски проект во земјава. Средбата е во пресрет на утрешното официјално стартување со инвестициските активности на двете компании кои донесоа одлука за заедничка инвестиција во Технолошо-индустриската развојна зона – Скопје 2. Станува збор за нова ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1012
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
3.6
75%
1011
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
1011
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
87%
1013
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
0.55
79%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
89%
1014
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
1.34
72%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
82%
1012
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
88%
1012
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
75%
1012
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
0.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
71%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52