
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Изминатата 2021 година била лоша за македонските извозници на овошје. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека во текот на изминатата 2021 година од Македонија било извезено овошје во вредност од 47,8 милиони евра, што е за 11 милиони евра помалку во споредба со претходната 2020 година. Тоа е годишен пад на вредноста на извозот на овошје од 18,7%, но кај клучните извозни производи како јаболката, праската, тој пад е многу ...
На 29 март претседателите на српската и македонската стопанска комора Марко Чадеж и Бранко Азески и ќе ги посетат Прешево-Табановце (Србија-Северна Македонија) и Ќафасан-Ќафе Тане (Северна Македонија-Албанија) за да видат лично како функционира регионалната иницијатива Отворен Балкан. На денешната средба во Стопанската комора на Србија, Чадеж и Азески го поздравија поставувањето на таблата Отворен Балкан на граничниот премин Прешево-Табановце, ...
Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за економија Крешник Бектеши остварија средба со раководството и вработените во производните капацитети на нашиот национален бренд „Витаминка“ од Прилеп со традиција од над 60 години постоење. Премиерот Ковачевски по обиколката на производството истакна дека и во услови на криза Владата ги поддржува компаниите кои се охрабрени да инвестираат и да придонесуваат во развојот на ...
Македонската енергетска асоцијација (МЕА), на седницата одржана денеска во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија го избра проф. д-р Кочо Анѓушев, претседател на Управниот одбор и извршен директор на „Фероинвест“ и „Брако“, за нов претседател на МЕА. Енергетската асоцијација е постојано работно тело на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за разгледување прашања од областа на ...
Извозот на Телекомуникациски, компјутерски и информациски (ИКТ) услуги од Македонија во изминатата 2021 година достигна 330,4 милиони евра, што претставува раст од 37% во споредба со 2020 година, покажуваат податоците од Народната банка на Р.С.Македонија. Најголем дел од извозот е остварен од извоз на компјутерски услуги, чиј извоз лани достигнал 295,2 милиони евра. Увозот на ИКТ услуги во земјава минатата година изнесувал 115,5 милиони евра, ...
Романската единица на германскиот добавувач на автомобилски делови Continental денеска објави дека инвестирала 150 милиони евра во 2021 година и планира да инвестира слична сума оваа година. Компанијата има намера да инвестира во проекти за проширување на своите производни објекти и во нова опрема за нејзините инженерски центри, како и во своите фабрики за гуми, електронски компоненти и ContiTech во 2022 година, се вели во соопштението за ...
Популарните бокс – спринг кревети во својата основа имаат жичани јадра кои се произведуваат од специјална жица, која во државава единствено се произведува во „Брако“ од Велес. Се изработува како ладно влечена жица од висококвалитетна суровина со висока и средна содржина на јаглерод. Во процесот на извлекување, жицата е хемиски третирана. Хемискиот состав е според стандардот EN16120-2, а механичките особини според стандардот ...
Федералните резерви на САД во средата ги зголемија каматните стапки за прв пат од 2018 година, што е сигнал за затегнување на монетарната политика во борба против растечката инфлација. Зголемувањето е за четврт процентен поен, односно за 25 базични поени, од 0,25% на 0,5%, со што се зголемува клучниот репер за одредување на останатите стапки што се наплаќаат во економијата, а кои сега беа речиси на нула. Но, уште позначајно, новите проекции на ...
Регистрациите за патнички автомобили во Европската унија се намалени во месец февруари за 6,7% во споредба со истиот месец пред една година, соопшти Европската асоцијација на производители на автомобили, бидејќи нарушувањата во синџирот на снабдување продолжуваат да се зголемуваат и да им создаваат проблеми на производителите на автомобили. Со 719.465 автомобили продадени во ЕУ, ова е најслабиот резултат во однос на обемот за месец февруари ...
Руската инвазија на Украина ќе влијае на целата глобална економија со забавување на растот и зголемување на инфлацијата и би можела суштински да го преобликува глобалниот економски поредок на подолг рок, објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Надвор од човечкото страдање и историските бегалски текови, војната ги зголемува цените на храната и енергијата, ја поттикнува инфлацијата и ја еродира вредноста на приходите, истовремено ја нарушува ...
Европската Унија денеска донесе одлука за прераспределување на квотите за увоз на челик во ЕУ кои досега беа наменети за Русија и Белорусија, со која се зголемени квотите за македонските извозници за извоз на одделни видови челик европскиот пазар, потврдуваат за ИзвозМК компании оваа индустрија. Според одлуката на ЕУ, за С.Македонија има зголемување на квотите за извоз на цевки за гасоводи и челични профили. Македонската челична индустрија и ...
Американската компанија за производство на чипови Intel објави дека ќе инвестира 33 милијарди евра во производство на чипови и полупроводници во Европа. Одлуката се однесува изградба на 17 милијарди евра вредна најсовремена фабрика за полупроводници во Магдебург, Германија, плус истражувачки центар во Франција, нов капацитет за пакување, веројатно во Италија и зголемување на капацитетот во постојната фабрика во Ирска. Ова е само почеток на ...
Последиците од Украина ставаат во опасност 2,6 милиони возила во 2022 година: S&P Global Mobility Војниот конфликт во Украина уште еднаш потсети колку се кревки светските синџири за снабдување со автомобили. S&P Global Mobility (поранешно IHS Markit) најверојатно ќе ја намали прогнозата за производство на а втомобили за 2022 година за 2,6 милиони единици, на на 81,6 милиони единици. Околу 1 милион автомобили ќе се произведат ...
По падот на продажбите и профитабилноста во пандемиската 2020 година, најголемата македонска винарница Тиквеш ја заврши изминатата 2021 година со значително подобрени резултати во работењето. Финансиските неконсолидирани извештаи објавени на Македонската берза покажуваат дека Тиквеш во 2021 година имала приходи од продажба од 31,6 милиони евра, кои се поголеми за 29% во споредба со претходната 2020 година, но се поголеми и за 7,5% во споредба ...
Македонската компанија за производство на месни преработки “Пекабеско” објави дека во текот на минатата 2021 година работела со вкупни приходи од продажба од 77,8 милиони евра, кои се за 5% поголеми во споредба со 2020 година. Најголемиот дел од приходите од продажба на Пекабеско или 87% се остварени од продажби на домашниот пазар, кои во 2021 година бележат раст од 4% и изнесувале 67,3 милиони евра. Приходите од извоз и продажба на ...
На иницијатива на група компании формирана е ТИМ 40, нова Асоцијација во рамки на најмоќниот бизнис колектив, Стопанската комора на Северна Македонија. Целите и задачите на ТИМ 40 ќе бидат насочени кон обединување на младите претприемачи, во насока на изнаоѓање решенија следејќи ги новите трендови и практики во услови во кои функционираат помладите генерации со различна перспектива на гледање на работите, со потенцијал да внесат свежина и нови ...
Растот на случаи на „Ковид-19“ доведе до блокирање на кинеските производствени центри Шенжен и Чангчун во последните неколку дена, запирајќи го производството во многу фабрики за електроника и автомобили во најновата закана за нарушениот синџир на снабдување во светот. Голем број производители, вклучително и Foxconn Technology Group, главен склопувач на iPhone-и информираа дека ги запираат операциите во Шенжен во согласност со ...
Запирањето на рускиот увоз на енергија може да ја чини Германија до 3% од нејзиниот бруто домашен производ (БДП) на краток рок, покажаа проценките на мрежата EconPol Europe . „Трошоците за запирање на увозот на енергија би биле значајни, имајќи предвид дека пандемијата на коронавирус чинеше околу 4,5% во економското производство“, изјави Андреас Пејхл, раководител на Центарот за макроекономија и анкети на Ифо. Не може да се исклучат ...
Германскиот магазин “Штерн” ги објави резултатите од истражувањето “650 најдобри работодавачи во Германија”. Во истражувањето, направено во соработка со “Статиста”- независен Институт за испитување на мислењето и истражување на пазарот, повеќе од 50.000 испитаници биле замолени да одговорат на повеќе од 50 прашања, во периодот од 24.06 – 09.08.2021 година. Меѓу споменатите прашања, едно од позначајните ...
Војната во Украина има големо индиректно влијание врз производствените процеси на компаниите од автомобилската индустрија во земјава, поради проблемот со испораката на компонентите и репроматеријалите кон клиентите во Европа, оцени претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство, Виктор Мизо. Токму кризата во Украина, како што посочи за МИА, е причината и за намалување на обемот на работа или запирање на ...
Имајќи ги во предвид усложнетите економски движења на глобално ниво, што воедно предизвикува и драстично зголемување на цените на нафтените деривати, во услови на несоодветната методологија за пресметка која се применува во Северна Македонија, компаниите членки на Комората од редот на трговците со нафта и нафтени деривати, апелираат за наоѓање на заедничко решение со Регулаторната комисија за енергетика, бидејќи тие во овој момент работат со ...
Владата на Република Северна Македонија на својата 26-та седница донесе Одлука за ограничување на извозот на одделни стоки. Според оваа одлука се ограничува извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед. Владата на Северна Македонија одлуката за ограничување на извозот на овие стоки ја донесе како превентива за да се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и ...
САД, заедно со земјите од Г7 групата и Европската унија денеска ќе преземат мерки за да го отповикаат статусот на Русија „најповластена нација“ поради нејзината инвазија на Украина, објавува Ројтерс повикувајќи се на информации од повеќе луѓе запознаени со ситуацијата. Одземањето на статусот на Русија на најповластена нација во рамки на членството на во СТО (Светската трговска организација) го отвора патот на западните земји да ...
Значителен раст на бројот на вработени од 4% и над 30% раст на извозот во февруари е регистриран кај компаниите во зоните, покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ. Извозот во февруари достигнал 340 милиони евра што е и за 30% повеќе од истиот период во 2021 и за над 36% повеќе во однос на јануари годинава. И кај увозот во февруари е регистриран пораст од 23% во однос на февруари 2021 година, Увозот кај компаниите во зоните во вториот месец од ...
Руската економија ќе има 15% пад во 2022 година заради острите санкции воведени заради нејзината воена инвазија во Украина. Анализата на Институтот за Меѓународни финансии (IIF) ги намали проценките за раст на БДП на Русија во 2022 година за 18 процентни поени, од претходната проценка за раст од 3%. “Понатамошна ескалација на војната може да донесе бојкот на руската енергија, што драстично ќе ја намали способноста на Русија да извезува ...
Херберт Дис, извршниот директор на Volkswagen во изјава за Financial Times вели дека Европа се соочува со огромна закана од повисока инфлација од продолжениот воен конфликт во Украина Според првиот човек на Volkswagen, најголемиот европски производител на автомобили, продолжената војна во Украина ризикува да биде „многу полоша“ за економијата во регионот отколку пандемијата на коронавирус. Прекинот на глобалните синџири на ...
Изминатата 2021 година била успешна за најголемата македонска прехранбена компанија, Витаминка од Прилеп, со раст на продажбите дома и во странство, со нови инвестиции и поголема профитабилност во работењето, Објавените финансиски извештаи на компанијата објавени на Македонската берза покажуваат дека Витаминка изминатата 2021 година година остварила приходи од продажба од 48,5 милиони евра, што е раст од 20% во споредба со претходната 2020 ...
Директорот на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Патрик Мартенс, во денешната Утринска телеграма, предупредува дека во следниот период ќе мора да се соочиме со неочекувани удари кои ќе ја погодат економијата заради војната во Украина. „Сите сме шокирани од војната која започна против Украина и страдањата кои му се нанесуваат на украинскиот народ. Отсега мора да се соочиме со неочекуваните удари кои ќе ја погодат ...
На денешната седница Владата донесе одлука за ограничување на извозот на масло од сончоглед. Од Владата велат дека мерката е донесена поради сериозни нарушувања на домашниот пазар и почнувајќи од денеска, забраната ќе важи до 31 мај. Оваа одлука е донесена врз основа на Законот за трговијата, кој предвидува дека по предлог на Министерството за економија, Владата може да го ограничи извозот или увозот на одделни стоки или да пропише посебни ...
Претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, со министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши, и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ги презентираа мерките за заштита на животен стандард и ликвидност на компаниите. ...