Со формирањето на Советот за унапредување на високо образование и стратешки истражувања во Стопанската комора на Северна Македонија практично започна остварувањето на специфични интереси на приватниот сектор во насока на унапредување на компетенциите и вештините на високообразовните кадри во согласност со потребите на бизнисот. Во 2021 година започнаа со реализација на шест месечните Програма за претприемништво и лидерство и Програма за развој ...

Македонија е меѓу земјите кои се целосно зависни од рускиот гас и во случај на ескалирање на конфликтот во Украина и стопирање на рускиот гас би била меѓу најпогодените држави, пишува порталот Statista. Додека Соединетите Американски Држави и ЕУ работат на стратегија за замена на снабдувањето со природен гас во Европа доколку Русија ја затвори чешмата во судир со западните сили околу Украина, Катар е дециден дека не би можел да ја обезбеди ...

Министерот за транспорт врски, Благој Бочварски денеска потврди дека меѓу комисиите за транспорт и инфрастуруктура на владите на Северна Македонија и Бугарија е разговарано за изградба на интерконтекторот за гас од Петрич до Струмица. -Со министерот за енергетика на Бугарија веќе разговарав и побарав тоа да биде еден од идните приоритети на двете држави. Министерот ме информираше дека ќе се заложи да ги разгледа сите состојби моментално коишто ...

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај за последното тримесечје од 2021 година. Во Извештајот се посочува дека и во последниот квартал беше задржан приспособливиот карактер на монетарната политика. Ваквата монетарна поставеност од почетокот на пандемијата постојано придонесува за поддршка на кредитните текови и одржување на ликвидноста во банкарскиот систем, заради ...

Русија воведе забрана за извоз на амониум нитрат, односно вештачко ѓубриво за два месеци, до 2 април, објави руската новинска агенција Тасс. „Двомесечната забрана за извоз на амониум нитрат ќе стапи на сила од 2 февруари“, соопшти владината прес-служба. „Ова е привремена мерка. Останатите количини може да се извезат по 2 април, кога руските компании ќе се снабдат со соодветни количини амониум нитрат и кога ќе се задоволи ...

Годишната стапка на инфлација во Турција се искачи на 20-годишен максимум од 48,7%, и покрај повеќемесечните уверувања од претседателот Реџеп Таип Ердоган дека зголемените бројки се само привремени и дека неговата влада може да ги стави под контрола растечките трошоци за живот. Цените на стоките за широка потрошувачка се зголемија за 11,1% во јануари во споредба со претходниот месец, според Турскиот статистички институт, што е повисоко од ...

„До 2023 година, предвидуваме намалување на персоналниот данок во ИТ секторот од сегашните 10 отсто на 0 отсто што ќе биде силен стимул за младите што повеќе да се насочат кон овој сектор каде од ден во ден се потребни се повеќе работници“, посочи денеска премиерот Димитар Ковачевски. Премиерот најави дека до 2023 година, се предвидуваат низа стимулативни мерки во ИКТ секторот освен намалување на персоналниот данок од сегашните 10 ...

Трите најголеми банки во македонскиот банкарски систем, Стопанска банка, Комерцијална банка и НЛБ Банка, минатата 2021 година ја завршиле со рекорден профит од 114 милиони евра, покажуваат податоците од нивните финансиски извештаи објавени на Македонската берза. Ланскиот профит на ови три банки е зголемен за 25% во споредба со профитот од 91 милион евра кој го оствариле во претходната 2020 година. Најголем профит оствари Стопанска банка Битола, ...

И оваа година, успешен старт на „Грин Машинс“од Велес. Одржувањето хигиена на најразлични надворешни површини , веќе по дефиниција им припаѓа на возилата од брендот „Грин Машинс“. Овие еколошки се поатрактивни возила ги исполнуваат сите критериуми на системот за управување со квалитет и животна средина. Во светски рамки, „Грин Машинс“ преку овие возила ја промовира програмата за инвестиција во животна ...

Витаминка ги претставува своите производи на саемот ISM 2022 во Келн, Германија, којшто се одржува од 30 јануари до 2 февруари. ISM 2022 е најголемото саемско случување за кондиторски производи и присуството на овој саем е единствена можност за воспоставување нови деловни релации и пробивање на странски пазари. Овој саем важи за најдоброто место каде што една компанија може да се информира за движењата на пазарот и за сопствените компетитивни ...

Пет македонски компании учествуваат на годинешниот саем ISM Cologne, кој по две годишна пауза, годинава се одржува од 30 јануари до 5 фавруари во германскиот град Келн. Витаминка од Прилеп, Макпрогрес од Виница, Лион од Свети Николе, Макпромет од Штип и Макс од Струмица се компаниите кои годинава ги изложуваат своите производи на саемот ISM, кој важи за водечки и најзначаен во областа на кондиторската индустрија. Станува збор за саем од големо ...

Индустриското производство во декември минатата 2021 година бележи пад од 4,9% во споредба со декември претходната 2020 година. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека најголем пад од 9,1% ималао во преработувачката индустрија, која учествува со околу 80% во вкупното производство на македонската индустрија. Во секторот снабдување со електрична енергија, гас и пареа во декември имало раст од 20,5%, додека во секторот рударство ...

Еуроникел Индустри инсталира соларна постројка чија енергија ќе се користи во финалните фази од производниот процес. Фотоволтаиците се со капацитет од 153Kw на час во пик и постројката ќе го напојува новоинсталираниот систем за сушење на финалниот производ – фероникел гранули. Постројката веќе е приклучена на внатрешната енергетска мрежа. Користењето обновливи извори на енергија во производниот процес е дел од обемните инвестициски планови ...

Автор: Бранко Азески 29 фирми-членки на Стопанската комора на Северна Македонија, преку Коморскиот инвестициски форум ќе добијат грант од 3,4 милиони евра, да го продолжат дуалниот модел на образование со 7 стручни училишта и 1 факултет, со финансиска поддршка од германското Федерално министерство за економска соработка и развој. Станавме линк помеѓу образованието и бизнисот. По една деценија упорна и макотрпна работа на овие сложени процеси ...

По падот во 2020 година, поради пандемијата на коронавирус, економијата на САД минатата година порасна за 5,7 %, што е најсилен раст од 1984 година. Американското Министерство за трговија објави податоци за бруто домашниот производ (БДП) за периодот октомври-декември 2021 година, а резултатите покажаа раст од 6,9 % во последниот квартал од минатата година. Економијата на САД порасна за 5,7% во 2021 година, откако се намали за 3,4% во 2020 ...

Во 80-те години од минатиот век САД била далеку најголем извозник на храна во целиот свет, со извоз од над 42 милијарди долари, двојно повеќе вториот најголем извозник Франција, односно три пати повеќе од третиот извозник Холандија. Четири децении подоцна, САД се и понатаму најголем извозник на храна со извоз вреден над 144 милијарди долари. Втор најголем извозник е Холандија со извоз вреден над 94 милијарди долари. Малата Холандија ...

Придобивките од иницијативата „Отворен Балкан“ се видливи, тоа што е потпишано веќе се спроведува, нема задржување на камионите на граница, се крати времето на чекање, се кратат административните и царинските процедури, за само 24 часа македонските производи, се на српскиот пазар, изјави утрово министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој заедно со министрите за земјоделство на Србија, Албанија и ...

Британското производство на автомобили минатата година падна на најниско ниво од 1956 година, главно поради глобалниот недостиг на полупроводнички чипови што ги натера производителите на автомобили да ги забават или затвораат погоните додека чекаат делови, објави индустриската групација во четвртокот. Здружението на производители и трговци на мотори (SMMT) соопшти дека производството паднало за 6,7% од 2020 година на 859.575 возила и е 34% под ...

“ПроКредит Банка Македонија оваа година ќе биде ексклузивен партнер на Македонско-Германското стопанско здружение”, информираат од Делегацијата на германското стопанство ПроКредит Банка Македонија нуди банкарски услуги како за мали и средни претпријатија, така и за физички лица и е главно активна во Југоисточна и Источна Европа. “Преку одговорно банкарство и услуги, ПроКредит Банка сака да даде придонес за одржлив економски ...

Со имплементирањето на ISO стандардите во производствените процеси, со опсег на сертификација: развој и производство на жичани производи, производи од метал, медицински мебел, машини за чистење надворешни површини, „Брако“ директно одговара на високите критериуми и барања од меѓународната организација за стандардизација (ISO). „Со имплементација на ISO9001:2015, ISO14001:2015 и ISO45001:2018, „Брако“ сигурно и ...

Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) ја намали својата прогноза за глобален раст за оваа година бидејќи зголемениот број случаи на Ковид-19, прекините на синџирот на снабдување и повисоката инфлација го попречуваат економското закрепнување. Во одложениот извештај за глобалната економска прогноза, ММФ рече дека очекува растот на глобалниот бруто-домашен производ да ослаби од 5,9 % во 2021 година на 4,4 отсто во 2022 година. „Глобалната ...

Европската унија има многу што повеќе да изгуби од САД во случај на евентуален конфликт со Русија, бидејќи европската економија е далеу поизложена на Русија од амертиканската. Тоа е едно од објаснувањата зошто зошто западните сојузници имаат тешкотии да се договорат за цврст став околу Украина, пишува Bloomberg. Русија е рангирана како петти најголем трговски партнер на ЕУ, како и нејзин главен снабдувач со енергија, додека за САД, Русија едвај ...

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,84 %. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 78,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 80,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и Екстра лесното масло за горење 1 (ЕЛ-1) по ...

Грција ќе добие уште два терминали за складирање и гасификација за течен природен гас, со што ќе ја зајакне безбедноста на снабдувањето со гас и ќе добие силна улога во транзитот со максимално искористување на својата стратешка локација и нејзините нови коридори за снабдување на Европа и на Балканот, пишува Екатимерини. Грчките енергетски групи сакаат максимално да ја искористат можноста гасот да биде гориво за мост на патот кон чиста енергија ...

Автор: Бранко Азески Харолд Вилсон, британскиот премиер од 70-тите години, ние „коморџиите“ ќе го запаметиме по неговата легендарна изјава во која рекол: „Подобро е Комората да ја имаме како партнер на Владата во конципирањето на законите, отколку како противник во нивната примена“. Но, сѐ уште не е роден лидер кој ќе ја каже формулата за тоа, бидејќи јасно е дека тоа танцување меѓу јавниот и приватниот сектор изгледа ...

Мерките за заклучување, проблеми со синџирот на снабдување – и клиенти кои станаа претпазливи: сето ова и многу повеќе предизвикаа огромен економски пад, според Институтот за германска економија. Последиците од пандемијата на Корона 19 ја чинеа германската економија 350 милијарди евра додадена вредност во последните две години, покажува истражувањето на Германскиот економски институт (IW). Најголем дел од загубата се должи на падот на ...

Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува за три работни дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 28 јануари 2022 година. “Согласно Законот за даночна постапка, во услови на ограничени човечки и временски ресурси и намалени капацитети кај даночните обврзници, поради актуелната состојба со COVID-19, а со цел одбегнување на отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, се ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски со економскиот тим на средбата со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, членовите на Управниот одбор и најистакнатите стопанственици во државата ја истакна важноста од континуираната соработка, партнерски однос со деловната заедница сè со цел постигнување повисоки стапки на економски раст и решавање на предизвиците од ...

Компанијаа Kuehne+Nagel една од водечките логистички и транспортни компании во светот разви нов индикатор The Sea Freight Disruption кој има за цел да ја измери ефикасноста на светските мрежи за транспорт на контејнери The Sea Freight Disruption Indicator или индикаторот за прекини во морскиот товарен транспорт ќе го пресметува кумулативното време на чекање на бродовите според нивниот капацитет. Индикаторот го покажува кумулативното време на ...

По откажувањето на половина од втората смена кон средината на ноември минатата година, словенечкиот производител на автомобили и најголем извозник во земјата, Ревоз, продолжува да го намалува бројот на вработени. Кон средината на април планираат да откажат уште половина од смената и да работат само во една смена. Како резултат на тоа, 450 луѓе ќе останат без работа, наспроти 350 во ноември. Со тоа бројот на вработени ќе се намали од 2.100 на ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
43%
1010
weather icon

Белград

24ᴼ / 21ᴼ
1.54
46%
1010
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
46%
1009
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
4.63
55%
1011
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.17
49%
1011
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 17ᴼ
2.06
77%
1010
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
1.34
61%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
64%
1011
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
5.66
60%
1010
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
2.24
43%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
1.54
52%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.17
32%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52