
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Украина објави алармантно намалување на извозот на жито годинава, а цените на пченицата достигнаа рекордно високо ниво. Извозот на жито од Украина е намален за 64% досега во мај во споредба со истиот временски период минатата година, соопшти во четвртокот Министерството за земјоделство на земјата, објавува Интерфакс. Украина е позната како важна житница која обезбедува значителни количини на храна. Украина учествувала со 10% во глобалниот извоз ...
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи е во дводневна посета на Копенхаген, Кралството Данска со цел промоција на инвестициските поволности во нашата земја, како и средби со нашата бизнис дијаспора во Данска, која може да биде вистински економски поттик за инвестиции во нашата земја. Во текот на денешниот ден вицепремиерот Битиќи оствари неколку билатерални ...
Американски професор, економист и автор Пол Кругман, лауреат на Нобеловата награда, доаѓа во Скопје. Кругман ќе има свое 30-минутно обраќање на отворањето на годинашната конференција на Економскиот и финансиски форум (СЕФФ), платформа за дијалог на економски и финансиски теми, која минатата година ја иницира Министерството за финансии на Република Северна Македонија. Нобеловата награда за економија Кругман ја доби во 2008 година за истражувањето ...
Продолжува успешната соработка на ПроКредит Банка и Европската банка за обнова и развој, со проширување на кредитната линија со грант за дополнителни 2 милиона евра за поддршка на малите и средни претпријатија. ПроКредит Банка, како докажан партнер на бизнисот ќе ги искористи средствата од кредитната линија за своите клиенти, мали и средни претпријатија како поддршка за намалување на негативните ефекти врз бизнисот, предизвикани од Ковид ...
Војната во Украина го намалува економскиот раст и ја зголемува инфлацијата во земјите од Европската унија, покажуваат најновите податоци објавени од Европската комисија. Со оглед на фактот дека македонската економија е силно поврзана со економисијата на ЕУ, пред се со Германија, влошените прогнози и кризата на овие пазари силно ќе се одразат и врз македонската економија, особено врз македонските извозни компании, со оглед дека речиси 80% од ...
Острото забавување на кинеската економија предизвикано од нејзините строги нулта ковид правила и оддалечувањето на Пекинг од традиционалното потпирање на надворешната побарувачка потвораат сомнеж за тоа колку Кина ќе придонесе за идната глобална трговија и инвестиции. Додека Кина имаше неверојатно брзо закрепнување од првичниот пад на економијата за време на пандемијата, благодарение на зголемениот извоз и фабричкото производство, аналитичарите ...
Шокот што го предизвика војната во Украина врз цените на примарните производи на светските берзи придонесе за поголема нагорна корекција на стапката на инфлацијата и кај нас. Aко очекувавме раст на цените на нафтата од 4% во октомври, сега очекувањата за оваа година се околу 50%, кај храната се очекуваше главно стагнација, а сега двоцифрен раст,посочува вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Утрински ...
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,8 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 94,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 96,5 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра ...
Човечките ресурси се еден од главните приоритети на „Алкалоид“ АД Скопје, а компанијата континуирано инвестира и им посветува големо внимание на безбедноста и здравјето при работа за секој еден од над 2.600-те свои вработени. Преку доследно почитување и преку строго придржување до применетиот систем за безбедност и здравје при работа (БЗР), ИСО 45001, компанијата ја осигурува добросостојбата на сите работни места. Признание за ...
На својата редовна 45-та седница Владата на Република Северна Македонија по предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе одлука за распишување на четири јавни огласи за ставање под закуп на државно земјоделско земјиште до 3 хектари. Земјоделското земјиште кое се дава на закуп со овие јавни огласи е со намена за подигнување на долгогодишни насади и оренжерии за период до 30 години, подигнување на долгогодишни ...
Дванаесет македонски винарии учествуваат на најголемиот саем за вино во светот ProWein кој се одржува во германскиот град Дизелдорф од 15 до 17 мај 2022 година. На националниот саемски штанд организиран со поддршка на Министерството за земјоделие своите вина ги изложуваат винариите Тиквеш, Стоби, Бовин, Далвина, Попов, Мовино, ГД Тиквеш, Пуклавец, Венец, Камник, Езимит и Имако. “Овој саем е добра можност на нашите винарии да остварат ...
Индија, вториот по големина производител на пченица, го забрани извозот на пченица и одлуката на државата стапи на сила во петокот доцна навечер, соопшти владата во Њу Делхи. Индиската влада соопшти дека ја прекинува продажбата на пченица во странство за да управува со безбедноста на храната и да ја намали цената на домашниот пазар. Ова одлука од страна на Индија предизвика критики од министрите за земјоделство од групата Г7, кои изјавуја дека ...
Цените на природниот гас денеска го продолжија падот по информациите дека Европската комисија се подготвува да изнесе насоки за тоа како енергетските компании можат да вршат плаќања кон Русија без да ги прекршат санкциите и да го одржат протокот на снабдувањето со гас. Референтните фјучерси на гас во Холандија паднаа за цели 3% во понеделникот, на 94 евра за мегават-час, продолжувајќи го петочниот пад од 9,2%. Новиот руски систем за плаќање ...
Фабриката „Брако“ денеска во Велес ги промовираше најновите инвестиции вредни 10 милиони евра во новите еколошки линии за производство на поцинкувана жица, кои значат нов концепт и бројни предности, во изградба на фотоволтаична електрана, како и изградба на нов погон за производство на возилата за одржување хигиена од брендот „Грин Машинс“. Менаџментот на компанијата предводена од извршниот директор и претседател на ...
Во првите четири месеци од годинава извозот од Технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) достигна 1.1 милијарда евра и е највисок споредено со истиот период во изминативе четири години, покажува денеска објавената редовна месечна анализа на Дирекцијата на ТИРЗ. Само во однос на 2021 растот е за 4%, во однос на пандемиската 2020 година за 74 %, додека споредено со истиот период во 2019 и 2018 година извозот е зголемен за 19% односно за 51%. ...
Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, зеде учество на настанот „НЛБ Ден на инвеститори“ („NLB Investor Day“), кој се одржува во Народниот театар во Белград од 11 до 13 мај годинава, на кој присуствуваат финансиски експерти, аналитичари, инвеститори, извршни директори на водечки компании во регионот и претставници на медиумите. Во фокусот на настанот, освен макроекономскиот ...
Американскиот претседател Џо Бајден вчера ги објави јавно плановите и мерките на Белата куќа за зајакнување на домашното производство на храна и намалување на трошоците за храна во САД, како дел од пошироките напори за зголемување на снабдувањето со храна на САД достапно за извоз во деловите од светот кои се соочуваат со недостиг како резултат на војната. Бајден рече дека САД мора да продолжат да инвестираат во американските земјоделци бидејќи ...
Европската централна банка (ЕЦБ) ќе ја заврши својата програма за стимулативен откуп на државни обврзници на почетокот на третиот квартал од оваа година, по што планира да ги зголеми каматните стапки, изјави во средата во Љубљана претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард. Лагард во Љубљана присуствуваше на свечената прослава на 30-годишнината од независната словенечка централна банка, а во својот говор ги коментираше актуелните очекувања во однос ...
Трговската размена со Украина и Русија во првите три месеци годинава бележи зголемување, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Македонскиот извоз во Русија во овој период бележи намалување од 24%, додека извозот во Украина е поголем за три и пол пати споредено со извозот реализиран во истиот период лани. На страна на увозот, во периодот јануари-март 2022 година има зголемување на увозот и од Украина и од Русија. Најновите ...
Владата на Србија денеска одлучи да дозволи слободен извоз на брашно од 15 јули бидејќи е проценето дека тоа нема да ја загрози понудата на домашниот пазар. Извозот на брашно е овозможен со изменување и дополнување на Одлуката за привремено ограничување на извозот на основните земјоделско-прехранбени производи значајни за населението, со која се воведени квантитативни ограничувања на извозот на месечно ниво за одредени земјоделско-прехранбени ...
Почнувајќи од јуни, Бугарија ќе добива течен природен гас од САД по цени пониски од оние на руската енергетска компанија “Гаспром”. Ова било договорено за време на неодамнешната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на САД, објавува Investor.bg. Петков разговарал со потпретседателката на САД, Камала Харис, а главните теми на разговор биле поврзани со војната во Украина и енергетската сигурност на Европа. Случувањата во Европа се ...
Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на седницата одржана вчера ја зголеми каматната стапка за 0,25 процентни поени, на нов од 1,75%. Ова е второ последователно зголемување на референтната каматна стапка одстрана на Народната банка, откако во април таа беше зголемена од 1,25% на 1,5%. “При донесувањето на ваквата одлука, беа земени предвид најновите движења кај инфлацијата, којашто и во април забрза, како и ...
Украина објави дека го запира протокот на гас преку транзитниот нафтовод преку кој се превезува околу една третина од извозот на руски гас во Европа Цените на природниот гас во Европа скокнаа денеска, откако Украина рече дека ќе го намали протокот од Русија низ нејзината територија. Фјучерсите за природниот гас во Холандија, европскиот репер за гориво што се користи во греењето на домовите, индустриските процеси и производството на електрична ...
Владата на денешната седница донесе одлука да престане важноста на одлуката за ограничување на извозот на масло од сончоглед, информира владината прес-служба. Одлуката била донесена врз основа на констатираната состојба дека тековното домашно производство на масло од сончоглед редовно го снабдува домашниот пазар за потребите за широка потрошувачка односно за сервисирање на граѓаните, оти постоечките количини позитивно влијаат на стабилната ...
Во март годинава од Македонија се извезени стоки вредни 723 милиони евра, што е за 22,8% воспоредба со извозот во март минатата 2021 година. Во истиот месец, во земјава биле увезени стоки во во вредност од 1 милијарда и 44 милиони евра, што е раст од 27,3% во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. Трговскиот дефицит во март надминал 321 милион евра, а покриеноста на увозот со извоз ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88 % во однос на одлуката од 4.05.2022 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 денари за литар и ќе се продаваат по цена од 90,50 денари, односно 92,50 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ ...
Трговијата на Кина со остатокот од светот се намали во април, бидејќи карантините заради ширењето на Ковид 19 ги затвори фабриките и ги поремети синџирите на снабдување, предизвикувајќи широко забавување на втората по големина економија во светот. Кинескиот извоз во април се зголеми за само 3,9% во однос на април минатата година, покажаа податоците на кинеското царинско биро во понеделникот, што е значително помалку од растот од 14,7% во ...
Според Меѓународната организација за вино (Organization for Wine -OIV), Светската трговија со вино, мерена преку вкупниот извоз, пораснала во вредност од 16% во 2021 година на 34,3 милијарди евра и за 4% во обем на 111,6 милиони хектолитри, покажуваат податоците на Меѓународната организација за вино (Organization for Wine -OIV). И двата показатели се на највисоко ниво во историјата. (Еден хектолитар е еквивалентен на 133 стандардни шишиња од ...
Германското индустриско производство во март падна за 3,9% на месечна основа, што е повеќе од очекуваното, покажуваат податоците на германските статистички власти. Ова е втор најголем пад на производството во германската индустрија, од почетокот на пандемијата на коронавирус, откако во март 2020 година индустриското производство се намали за 18,1%. Во однос на март 2021 година, индустриското производство во Германија во март годинава бележи пад ...
Компанијата за производство на железо, челик и феролегури Либерти (поранешен Арчелор Митал ЦРМ), објави дека во првите три месеци годинава остварила приходи од продажба од 50,6 милиони евра, кои се поголеми за 60% во однос на приходите остварени во првите три месеци минатата 2021 година. Раст бележат и приходите од продажба на странски пазари и продажбите на домашен пазар. Околу 82% од вкупните приходи на Либерти се остварени од извоз, кој во ...