„Витаминка“ својот производен асортиман деновиве го изложи во Амстердам каде под мотото „Светот на приватните марки“ (World of Private Label) се одржа годишниот саем посветен на производителите во прехранбената индустрија, развивачи на приватни марки како и продажните ланци, PLMA 2022. Со фокус на развивање на приватни марки, на саемот предоминира прехранбената индустрија, свежа и замрзната храна, суви намирници и пијалаци, но исто така и повеќе ...

Русија го ограничи извозот на скапоцени гасови, вклучително и неонот, како реципрочен одговор на новата рунда санкции што Европската унија и ги воведе на Москва во април, пишува Russia Today. Во владината уредба се наведува дека до 31 декември годинава ќе биде потребна согласност од Владата за извоз на скапоцени и други гасови, по препорака на Министерството за индустрија и трговија. Скапоцените или инертни гасови, како што се неон, аргон, ...

Илон Маск, извршниот директор на Tesla, има „супер лошо чувство“ за економијата и планира да укине околу 10% од работните места во производителот на електрични автомобили, објавува Ројтерс повикувајќи се на електронска пошта која тој вчера им ја пратил на директорите во компанијата. Пораката доaѓа два дена откако најбогатиот човек на светот им порача на вработените да се вратат на работното место или да ја напуштат компанијата. Тесла на крајот ...

Претставниците од стопанските комори кои се дел од Асоцијацијата на балканските комори (АБК) на годишното Генерално Собрание, кое се одржа виртуелно на 31 мај 2022 година, во рамки на претседавањето на Стопанската комора на Кипар со АБК, дискутираа за повеќе теми осврнувајќи се на актуелните случувања во земјите-членки на АБК со акцент на плановите за закрепнување и отпорност на Балканот, потребата за трансформирање на економиите, како и за ...

Инфлацијата во еврозоната достигна рекордни 8,1% во мај поради зголемените трошоци за енергија и храна, делумно поттикнати од руската војна во Украина. Годишната инфлација во 19-те земји кои користат евро валута се искачи над претходниот рекорд од 7,4% постигнат во март и април, покажуваат најновите бројки објавени во вторник од агенцијата за статистика на Европската унија, Евростат. Инфлацијата во еврозоната сега е на највисоко ниво од ...

Кредитна линија од 4 милиони евра поддржана со донаторски грантови за поттикнување на растот и конкурентноста. Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри кредитна линија за Стопанска банка, од која корист ќе имаат малите и средни претпријатија (МСП) во Северна Македонија. Претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо и Генералниот извршен директор и Претседател на Управниот Одбор на Стопанска банка Диомидис Николетопулос, денес, во Скопје, ...

„Ако 20 % од луѓето го напуштиле регионот, тоа значи барем 20 % помалку таленти и вештини, 20 % помалку креативен потенцијал, а на крајот на денот и 20 % помалку традиционални потрошувачи“, истакна Мукаетов на Форумот. Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, е учесник и панелист на Втората годишна меѓународна конференција „Скопски економски и финансиски форум – СЕФФ“, која се одржува во Скопје од 30 до 31 мај ...

Руската влада усвои уредба според која од 1 јуни привремено ќе се применуваат тарифните квоти за извоз на метален отпад и отпад од црни метали. Квотите ќе важат до 31 јули и тоа само за извоз надвор од Евроазиската економска унија. При извоз на метал до 540.000 тони ќе се наплаќа царина од 100 евра за тон, а за секој тон повеќе уште 290 евра, пишува Комерсант. Владата соопшти дека утврдениот обем на тарифната квота до 540.000 тони се разликува ...

По речиси една декада на ниски стапки на инфлација, минатата година светот започна да се соочува со зголемена инфлација, предизвикана од шокови на страната на понудата. Пролонгираното и подисперзираното дејство на овие шокови доведе и до нагорни придвижувања кај инфлациските очекувања. Зголемените инфлациски очекувања, коишто во некои економии беа придружени и со притисоци од побарувачката, доведоа до постепено повлекување на монетарниот ...

Текстилната индустрија е една од најстарите и најважните индустрии во светот. Таа е исто така една од најглобализираните, со производство и потрошувачка што се случуваат насекаде низ светот. Глобалната текстилна индустрија вреди околу 1,3 трилиони американски долари и вработува над 60 милиони луѓе ширум светот. Се предвидува дека индустријата ќе расте со стапка од 3-4% годишно во следните неколку години. Текстилната индустрија минува низ фаза ...

Цените на литиумот, металoт во срцето на глобалната промена кон електричните автомобили, за една година се зголемени за речиси 500% со побарувачка која ја надминува понудата, пишува Bloomberg. Тоа може да го загрози преминот на автомобили на електрична енергија и напорите на светот да го намали глобалното затоплување. поред Benchmark Mineral Intelligence, сегашните цени на литиум може да додадат до 1.000 долари на цената на новото возило. Ако на ...

„Одржување на растот во времиња на неизвесност и потоа“ е темата на годинашниот Скопски економски и финансиски форум – СЕФФ, што се одржува денеска и утре, во организација на Министерството за финансии. Дискусијата можете да ги следите на следниот линк. Главен говорник на СЕФФ 2022 ќе биде добитникот на Нобелова награда за економија, американскиот професор Пол Кругман. Неговото учество е обезбедено во соработка со Американската стопанска комора ...

Предизвиците со синџирот на снабдување продолжуваат да се влошуваат како последица на големите застои во пристаништата и доцнењата во испораките на пристаништата во Шангај и на други места во Кина поради строгите анти Ковид ограничувања. Овие фактори заедно со тековниот метеж во пристаништата на други места во светот, повторно ја зголемува побарувачката за контејнери далеку над капацитетот. Метежот на кинеските пристаништа се зголеми во март и ...

Во тек се последните подготовки пред утрешниот старт на саемското претставување на “Грин Машинс” на престижниот саем за еколошки напредни технологии, IFAT во Минхен, Германија. На најиновативниот штанд ,подготвен и дизајниран во согласност со мисијата и визијата на компанијата, ќе бидат претставени најновите револуционерни решенија имплементирани во единствените “грин машинс” возила и машини за чистење надворешни површини со специфични и ...

Извозот на македонски производи во земјите од Западен Балкан (Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) во првите три месеци годинава изнесувал 212 милиони евра, што е за 33% или за 53 милиони евра повеќе во споредба со истиот период. Увозот од земјите од Западен Балкан во истиот период растел побрзо, односно е поголем за 38,6% или за 71 милион евра, надминувајќи вредност од 256 милиони евра. Косово е втор најголем трговски ...

Споредено со земјите од Западен Балкан, Северна Македонија е после Србија и Косово, а пред Босна и Херцеговина и Црна Гора во процент на население кое купува онлајн. Споредено со соседните земји, Косово е на прво место во Европа или 77% од онлајн купувачите купуваат облека онлајн, потоа Црна Гора со 71%, додека под европскиот просек се С. Македонија со 57%, БиХ со 56% и Србија со 52%. Данокот на добивка како процент од комерцијалната добивка е ...

За да се справат со влошените проблеми со водата, експертите во средата основаа нова глобална комисија за проучување на вредноста на водата во светот и изнаоѓање начини за обезбедување на снабдувањето. Работата на Глобалната комисија за економија на водата има за цел да понуди совети за управување со водите ширум светот, бидејќи климатските промени и уништувањето на шумите земаат сè поголем данок на резервите на вода и врнежи, изјави ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој презеде дополнителна моќ оваа недела со воведувањето на вонредна состојба, изјави дека големите компании, почнувајќи од енергетиката до авиокомпаниите, ќе мора да го префрлат својот „екстра профит“ за да го зајакнат државниот буџет. Банкарството, осигурувањето, енергетиката, трговските синџири, телекомуникациите и авиокомпаниите, се секторите во кои доминираат мултинационални фирми, а кои ќе ...

Индија одлучи да ја ограничи продажбата на шеќер на меѓународните пазари, само неколку дена откако го забрани извозот на пченица. Во соопштението објавено во средата, индиската влада рече дека ќе го ограничи извозот на шеќер на 10 милиони тони за сезоната што ќе трае до септември за да ги задржи цените на домашниот пазар под контрола. Од продавачите, исто така, беше побарано да побараат „конкретна дозвола“ од властите за каков било ...

Повеќекратните закани за глобалната економија се на врвот на грижите на годинешните средби кои Светскиот економски форум (СЕФ) ги организира секоја година во Давос. Политичките и деловните лидери се среќаваат во услови на висока инфлација, која е на рекордно ниво во последните неколку декади и во услови на многу висок ризик од светска економска рецесија. Рекордните поскапувања ја поткопаа довербата на потрошувачите и ги разнишаа светските ...

Во првите три месеци годинава, извозот на германската машинска индустрија достигна 43,6 милијарди евра. Номинално, тој е поголем за само 0,4% во однос на првиот квартал од 2021 година, покажуваат податоците на Германското здружение VDMA. Додека извозно ориентираната германска машинска индустрија, една од клучните индустрии во земјата, порасна за 4,8% во првите два месеци од 2022 година, додека извозот падна за -6,2% во март. Деловните очекувања ...

Најновите ковид карантини и ограничувања во Кина имаат поголемо влијание врз глобалните синџири на снабдување отколку војната во Украина и ќе се почувствуваат дури и откако ќе бидат укинати, смета шефот на товарниот бизнис на Deutsche Post DHL Group. Кина ги обнови заклучувањата за Ковид-19 во главните центри во март и април, погодувајќи го производството и потрошувачката и зголемувајќи ги ризиците за делови од глобалната економија кои силно ...

Синоќа, како тема на денот, на телевизијата Euro news Србија, гостуваше претседателот Азески, заедно со Ненад Ѓурѓевиќ, советник на претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), кадешто се анализираше вчерашната расправа на „Open Balkan“ форум Ние со 18,5 милиони жители, шест земји од Западен Балкан, пред почетокот на пандемијата имавме 111 милијарди БДП. Чешка со 10,7 милиони жители има 215 милијарди. Што сакаме повеќе како ...

Претседателот на СКСМ Бранко Азески, денеска (24.5.2022 година) во Белград ќе биде панелист на централниот панел на првиот „Open Balkan Forum“, кој ќе се одржи во хотелот Хилтон. Останати учесници на главниот панел ќе бидат српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Томислав Момировиќ, советничката на албанскиот премиер Еди Рама, Одета Барбулуши и претставници на Стопанските комори на Србија и Албанија. Целта на ...

Започна со работа првата лабораторијата за производство и прототипирање ИНО ФАБ ЛАБ, лоцирана на Технолошко-металуршки факултет (ТМФ) во Скопје. Во неа, под менторство на академски професори и стручни лица од реалниот сектор, младите на возраст од 15 до 29 години ќе развиваат и тестираат иновативни идеи до создавање продукт-прототип. Клучната цел на оваа лабораторија е да се зајакне иновативната инфраструктура во земјава и да се подобрат ...

Меѓународната заедница треба да ги намали трговските бариери, за да се бори со инфлацијата. Оваа препорака ја има во заедничката статија, објавена денеска од извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, нејзиниот прв заменик Гита Гопинат и директорката на Одделот на стратегија, политика и анализа на ММФ, Џејла Пазарбасиоглу. Авторите повикаа на „враќање на довербата во глобалниот систем, заснован на ...

Вкупната продажба на возила во Кина, најголемиот светски пазар на автомобили, во април падна за речиси 48% во однос на претходната година, бидејќи големите затворања и ограничуваења заради ширењето на Ковид 19 ги погодија фабриките и изложбените салони. Но, податоците покажуваат дека продажбата на електрични возила се зголемила, а кинеските брендови земаат поголем пазарен удел од светските ривали. Месечниот обем на продажби беше најнизок за ...

Германската фармацевтска индустрија предупредува дека ЕУ мора повторно да стане поатрактивна за фармацевтските компании бидејќи зголемената зависност од земји како Кина и Индија предизвикува проблеми. Во дебатата за тесните грла и тензичните синџири на снабдување со лекови, германската фармацевтска индустрија предупредува на растечката зависност од Кина и Индија. Активните состојки за иновативни биофармацевтски препарати, на пример, за терапии ...

Нови, дополнителни 76 милиони евра во случај да се потребни нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка за фирмите, дополнителни 52 милиони евра за земјоделците, покачување на пензиите и платите на наставниците, како и субвенции за покачување на минималната плата. Ова се обезбедува со ребалансот на Буџетот, усвоен од Владата, а кој го презентираше во јавноста министерот за финансии Фатмир Бесими. Вкупните приходи со Ребалансот се ...

“Фирмите во сопственост на Кочо Анѓушев и Кочо Анѓушев лично, не се сопственици на проектот Фотонапонска електроцентрала во Осломеј. Фирмата РЕС на Кочо Анѓушев се занимава со трговија со струја и нема никаков сопственички удел, ниту целосен ниту делумен, во ФЕЦ Осломеј”, се вели во писмениот демант од компанијата Фероинвест испратен до јавноста по повод лажните информациите објавени од ИРЛ. “Повеќе фирми во Р. Северна ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
4.63
37%
1008
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
5.48
35%
1004
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
88%
1004
weather icon

Софија

27ᴼ / 26ᴼ
5.66
35%
1008
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
5.85
30%
1005
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.51
93%
1005
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.54
51%
1011
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
65%
1010
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
5.14
65%
1011
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
2.24
46%
1008
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
3.09
90%
1005
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.17
50%
1012
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641