Глобалниот пазар на масло од канабис порасна со експоненцијален раст од 69,2% во периодот од 2016 до 2020 година. Во 2021 година, пазарот на масло од канабис порасна за 35,9% на годишно ниво, главно поради зголемената продажба на храна и пијалоци кои содржат канабис, како и големата побарувачка за лекови против болки и несоница. Се предвидува дека пазарот на масло од канабис ќе порасне за 3,97 милијарди долари во периодот 2022-2026 година, со ...

Албанската Влада денеска одлучи да ги укине царините за стоки со потекло од С. Македонија, Србија и од Косово, кои минуваат преку албанските гранични премини, пренесува Јуроњуз Албанија. Како што се наведува во извештајот, оваа одлука е донесена врз основа на решеноста на земјата да учествува во иницијативата Отворен Балкан и одлучната помош што земјите-членки мора да си ја пружат меѓусебно во кризата на високите цени. Се додава дека Албанија во ...

ИНТЕРВЈУ ЉУПЧО ПРЕНТОСКИ, директор на Жичано производство во “БРАКО” И покрај големите предизвици кои ги донесе пандемијата на Ковид 19, а сега и војната во Украина, благодарение на големиот инвестициски циклус и реорганизациските активности со кои се подобри ефективноста и конкурентноста на компанијата, „Брако“ е сега уште посилна компанија, пораснавме во 2020 година, а 2021 година беше рекордна во физичкиот и во финансискиот обем, вели Љупчо ...

Се повеќе контејнерски бродови чекаат да бидат расчистени пред пристаништата во Северното Море. Ова има сериозни последици за прекуокеанската трговија на ЕУ и Германија. Според Килскиот институт за светска економија (IfW), сообраќајниот метеж на контејнерските бродови во Северното Море има тенденција да се зголемува. „Повеќе од два отсто од глобалниот товарен капацитет е заглавен таму и не може ниту да се товари ниту истовари“, рече експертот ...

Албанскиот премиер Еди Рама најави дека се надева дека наскоро ќе може да излезе во јавноста со повеќе детали за многу важното откритие на гас и нафта во Албанија, што „ќе влијае на иднината на земјата и на енергетската иднина на Европа“. „Се надеваме дека наскоро ќе можеме да споделиме со нашата јавност, регионално и пошироко, едно многу важно откритие што го направи холандската компанија „Shell“ во нашата земја. Во моментов не сакаат да ...

Во мај, Германија забележа месечен трговски дефицит за прв пат од 1991 година поради високата инфлација и прекините во синџирите на снабдување што ја оптоваруваат индустријата на најголемата европска економија. Податоците на Федералниот завод за статистика Дестатис покажуваат дека зголемувањето на вредноста на увозот и падот на извозот ја турнаа најголемата европска економија во трговски дефицит од една милијарда евра во мај, пренесува ...

Свето Пивара, Нако Кожара, Страшо Гранит, Штерјо, Минчо, Симе Пашата, Туџар, Џобе ….Во монографијата на Стопанската комора на Македонија се опфатени околу 500 личности кои биле или се`уште се значајни за коморското организирање и работење. Од нив, околу 270 личности се наведени со име, презиме и компанија, а околу 230 личности и со фотографија на 209 страни. Стопанската комора на Северна Македонија оваа година слави 100 години од своето ...

Превозот со контејнери и глобалните синџири на вредност се нарушени и многу земји мораа да бараат други подалечни добавувачи на нафта, гас и жито. Конференцијата на ОН за трговија и развој (УНКТАД) вели дека војната во Украина ја задушува трговијата и логистиката на земјата и регионот на Црното Море, зголемувајќи ја глобалната побарувачка на бродови и трошоците за испорака низ целиот свет. Во извештајот насловен „Поморската трговија нарушена: ...

Владата на Србија, односно Министерството за труд, вработување, ветерани и социјални работи, е во процес на склучување договор со Бангладеш, Виетнам и Гватемала, кој би го олеснил доаѓањето на работниците од овие земји во Србија, објавува српскиот весник Данас. За ова наводно се разговарало на меѓуресорската средба минатата недела, кога меѓу другото, министерот за надворешни работи побарал од Министерството за труд список на области во кои ...

Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека индустриското производство во мај 2022 година бележи раст од 8,5% во споредба со истиот месец лани. Во првите пет месеци годинава индустриското производство е повисоко за 2,9% во однос на истиот период од 2021 година. Податоците покажуваат дека најголемо зголемување во мај имало индустриското производство во секторот снабдување со електрична енергија, гас и пареа од 66%. Во секторот ...

· ЕБОР ќе обезбеди ЕУР 167,6 милиони кредит за 10 км автопат од Скопје до надвозникот кај Блаце · ЕУ ќе додели ЕУР 29,6 милиони преку Инвестициска Програма за Западен Балкан · Новиот автопат ќе ја поттикне трговијата и поврзаноста на регионот Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) финансираат нов дел од автопатот во Северна Македонија, од главниот град Скопје до надвозникот кај Блаце, во близина на границата со ...

Шведскиот производител на луксузни возила Volvo Cars планира да изгради нова европска фабрика во источна Словачка вредна 1,2 милијарда евра, објави денеска словачкиот министер за економија, Ричард Сулик. Третата европска фабрика на Volva ќе биде лоцирана во Кошице, вториот по големина град во Словачка“, изјави министерот за економија Сулик. “Многу сум задоволен што Словачка успеа на натпреварот за оваа мега инвестиција која ќе донесе развој и ...

Во наредните два месеца, во јули и во август, лица вработени во Стопанската комора на Северна Македонија ќе бидат присутни на граничниот премин „Табановце/Прешево“, односно на најфреквентниот граничен премин во нашата држава, со цел спроведување на проектот „Следење на протокот на стоки на граничниот премин ’Табановце’“. Во работните денови од јули и од август, од 9:00 до 15:00 часот, на конкретниот граничен премин ќе се прибираат изворни ...

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот со поддршка на економскиот советник за Полска, Амбасадорот Илија Псалтиров, a во соработка со стопанските комори од земјата и Македонската асоцијација на преработувачи МАП, Агенцијата за инвестиции и трговија од Полска и Полско-балканската трговска комора вчера организираше “Македонско-Полски Б2Б настан” во Варшава, Полска. На отварањето на настанот се обрати директорот на Агенцијата, ...

Секогаш кога има криза, а во моментов се неколку истовремено, по правило постои голема неизвесност за иднината, а тоа многу го отежнува работењето на фирмите. За да му се помогне на приватниот бизнис-сектор и за да можат фирмите подобро да ги планираат своите активности за излез и за спас од кризата, треба да се обезбеди колку што е можно поголема предвидливост на условите за работење. Имајќи го предвид сето ова, како и важната улога на ...

Новиот магацин за фармацевтски суровини и за примарна амбалажа, на чија изведба се работеше околу 15 месеци, е дел од дваесетгодишниот инвестициски план за развој на ПЦ Фармација, кој се реализира со интензивно темпо и во услови на криза. Најновата инвестиција на „Алкалоид АД“ Скопје во магацински простор за фармацевтски суровини и за примарна амбалажа претставува современо и безбедно складишно решение, изведено согласност препораките за добра ...

Целосното запирање на рускиот извоз на природен гас ќе ја чини Германија 12,7 % од економските перформанси во втората половина на 2022 година, покажуваат податоците презентирани од Асоцијацијата на индустријата vbw на покраината Баварија. Руски Гаспром ја намали испораката на гас за Германија преку гасоводот Северен тек 1 за 60% поради, како што тврдат, доцнењето на опремата што ја испратија до Сименс на ремонт. Поради загриженоста за ...

Заради тешката економска состојба во која ќе се најде државата во периодот што следува, потребни се и практични, прагматични мерки, кои на нашата економија ќе ѝ дадат можност да го преживее периодот што следува, велат од Стопанската комора на С.Македонија. “Две од тие мерки се однесуваат, првенствено, на активната употреба на механизмот за јавни набавки, во која државата, како најголем учесник во делот за создавање на побарувачката во државата, ...

Германската фармацевтска компанија „Гересхајмер“ отвора нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2 во која ќе вложи над 126 милиони евра, што претставува рекорден износ на инвестиција од основањето на Технолошко-индустриските Развојни Зони (ТИРЗ). Одлуката за инвестицијата на компанијата ја соопшти потпретседателот на „Гересхајмер“, Оливер Бургел на средбата со премиерот Димитар Ковачевски и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски. Премиерот Ковачевски искажа ...

Во „Брако“ е во тек реализирањето на феријална практична настава за повеќе наставни програми во рамките на проектот Дуално образование. Учениците од овој модел на образование се идниот обучен кадар подготвен за вклучување во производствените технолошки процеси. Современата технологија, машините и опремата во кои „Брако“ во континуитет инвестира, овозможува беспрекорно реализирање на ова стручно образование по германски модел каде во ...

Цените на бакарот, калајот и другите метали драстично паднаа минатата недела како што растат стравувањата од рецесија. Индустриските метали се на пат за најлошото тримесечје од финансиската криза во 2008 година, бидејќи цените паѓаат заради грижите за рецесија. Тоа е драматичен пресврт во однос на изминатите две години, кога металите поскапија по бранот на оптимизам по укинувањето на карантините. Сега, инфлацијата е тука, а залихите се сè уште ...

“Македонската економија се наоѓа пред едно од најголемите иксушенија од осамостојувањето. Многумина ќе кажат дека економската криза во која се наоѓаме не е ништо ново за нашата држава и дека ние сме немале период во кој државата од осамостојувањето не била во криза. Да тоа е така, но и не е така. Изминатиов период, годините што изминаа беа исполнети со големи искушенија заради тоа што поминувавме од криза во криза, почнувајќи од кризата со ...

Француската осигурителна компанија Кофас го намали кредитниот рејтинг за 16 европски земји поради влошените економски изгледи. Француската осигурителна компанија Coface, една од водечките светски осигурителни компании за кредитен ризик, го намали кредитниот рејтинг на дури 16 европски земји, вклучувајќи ги Франција, Германија, Обединетото Кралство, Шпанија, Чешка и Полска, поради влошените економски изгледи и зголемени ризици. Аналитичарите ...

На 21 и 22 јули во Охрид ќе се разговара за односите со Отворен Балкан и другите регионални иницијативи Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и претседателот на Стопанската комора на Србија Марко Чадеж, беа реизбрани да го раководат Коморскиот инвестициски форум (КИФ) за нов мандат од четири години, на денешната седница на Управниот одбор на КИФ, која беше одржана во онлајн формат. На 21 и 22 јули во Охрид ќе ...

Германската влада нема да се согласи со плановите на Европската унија за ефикасна забрана на продажба на нови автомобили со мотори на согорување од 2035 година, изјави министерот за финансии Кристијан Линднер. Во својот обид да ги намали емисиите на штетни гасови за 55% до 2030 година во однос на нивоата од 1990 година, Европската комисија предложи 100% намалување на емисиите на CO2 од новите автомобили до 2035 година. Тоа значи дека би било ...

Бранислав Недимовиќ, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија изјави дека се пронаоѓаат нови рути за извоз на српските производи во Русија. Српски производи ќе бидат испорачувани на рускиот пазар преку Турција и некои балтички земји. „Отворивме нови пунктови, одиме преку Турција, низ балтичките земји и се работи многу подобро отколку во март и април. Отстранет е и проблемот со извозот на јаболка во Русија, но проблемот е ...

„Брако“ од Велес од денес ја претстави Програмата за жица и жичани производи во Диселдорф, на водечкиот саем од областа на жичаната индустрија во светски рамки, „Wire Dusseldorf“ 2022 . Жичаното производство е една од првите производствени програми во „Брако“, која континуирано се развива со низа инвестициски активности во технолошки и просторни капацитети. Со најновите инвестиции оваа производствена програма се збогати со нова еколошка линија ...

На последниот самит „Отворен Балкан“ во Охрид договорено е да се воспостави единствен систем за електронска наплата (ЕНП) во три земји – Србија, Македонија и Албанија. “Возачите наскоро патарината ќе ја плаќаат електронски, со уникатен ТАГ уред, што треба да биде уште едно олеснување кое е иницирано во рамки на оваа иницијатива. Имплементацијата на новиот систем се очекува до крајот на летната сезона”, информираат од Асоцијацијата на ...

Прехранбениот гигант Danone ја намалува разновидноста на производите кои ги произведува за да ги скрати трошоците на работење, изјави врвен извршен директор за Reuters. Супермаркетите и производителите на пакувана храна се борат да се изборат со зголемените трошоци, при што производите кои се движат од сурова нафта до хартиена амбалажа стануваат поскапи поради долготрајната транспортната криза поттикната од пандемијата и руската инвазија на ...

Откако се соочија со тесните грла за снабдување предизвикани од пандемијата, производителите на чипови се соочуваат со нова главоболка: Русија, еден од најголемите светски добавувачи на гасови што се користат за производство на полупроводници, почна да го ограничува извозот. Москва почна да го ограничува извозот на инертни или „благородни“ гасови, вклучително неон, аргон и хелиум во „непријателските“ земји на крајот на мај, според извештајот на ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
4.63
37%
1008
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
5.48
35%
1004
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
88%
1004
weather icon

Софија

27ᴼ / 26ᴼ
5.66
35%
1008
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
5.85
30%
1005
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.51
93%
1005
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.54
51%
1011
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
65%
1010
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
5.14
65%
1011
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
2.24
46%
1008
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
3.09
90%
1005
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.17
50%
1012
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641