Цените на нафтата паднаа денеска на најниско ниво во последните 15 месеци поради загриженоста дека ризиците во глобалниот банкарски сектор и потенцијалното зголемување на каматните стапки во САД може да предизвикаат рецесија што ќе ја намали побарувачката за гориво. Во нестабилното тргување, фјучерсите на суровата нафта Брент за мај паднаа за 2,07 долари, или 2,8%, на 70,90 долари, осум долари помалку од пред пет дена, а дури 30 долари помалку ...

Цената на златото моментално е блиску до највисокото ниво на сите времиња, со цена над 1.980 долари за унца. Ова доаѓа во период кога банкарскиот сектор е загрозен и неколку банки веќе банкротираа. Трендот на инвестирање во злато постојано се зголемува. Податоците на Светскиот совет за злато покажуваат дека од 2000 година до денес, тој тренд е зголемен за 12 отсто годишно. Златото вообичаено постигнува повисоки вредности во време на рецесија, ...

Цената на европскиот природен гас денеска се намали под прагот од 40 евра (43 долари) за мегават час (MWh), што е најниска цена од јули 2021 година. Како што јави германската агенција ДПА, во утринските часови, индексот на ТТФ берзата во Холандија за договори за испорака за еден месец се намали на 39,65 евра. Цените на природниот гас драматично се зголемија во текот на минатата година поради руската инвазија врз Украина. Цените достигнаа и ...