На 17 март, со потпишувањето на два договори за купопродажба на акции меѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата на Светската банка, се постави основата за промена на составот на главната акционерска база на ProCredit Holding AG & Co. KGaA (ПроКредит Холдинг). Според договорите за купопродажба, ЕБОР ќе купи од ИФЦ 9,9 проценти од акциите во ProCredit General Partner ...

Македонската Влада донесе одлука за замрзнување на цените на јајцата и оризот, а заради непречено снабдување на домашниот пазар е ограничен и извозот на јајца до 30 април. „Донесовме одлука за понатамошно замрзнување на цените на основните прехранбени производи, меѓу кои, јајцата од кокошка и оризот, со што нивните највисоки цени ќе останат на нивото на цените кои се применувале на 15 март 2023 година со важност до 30 април 2023 година“, ...

Производните компании во Полска се повеќе се вртат кон автоматизација на процесите и воведување на роботи со цел да се справат со предизвиците кои ги носат стареењето на населението и иселувањето. Недостатокот на работници е еден од најголемите проблеми денеска во Полска. Многу тешко се наоѓаат луѓе за работа дури и за да се надоместат одливите по основ на заминувањето во пензија. Токму заради тоа, полските бизнисмени се повеќе почнуваат да ...

Продажбите на автомобили во ЕУ растат веќе седми месец по ред, благодарение на зголемените продажби на најголемите пазари, како и заради олеснувањето на проблемите во синџирите на снабдување. Иако автомобилите на бензин имаат и понатаму најголемо учество, продажбата на електрични возила на батерии во февруари бележи раст од 39,7% во споредба со истиот месец од 2022 година. Во февруари 2023 година, пазарот на патнички автомобили во ЕУ продолжи ...

ФЕРО ИНВЕСТ учествуваше на конференцијата и саемот за производители и изведувачи на хидроелектрани, кој се одржа во Куала Лумпур и кој на едно место собра 65 светски познати енергетски компании, чијашто примарна цел се хидроелектраните, од: САД, Обединетото Кралство, Кина, Јапонија, Германија, Франција, Норвешка, Италија, Швајцарија, Австрија, Холандија Турција, Индија, Австралија и други земји. Тодор Анѓушев, директор на фирмите ЕМС и „Мали ...

Нема успешна економија без извозна ориентација. Конкуренцијата е главниот двигател на отворениот пазар. Македонската економија има потенцијал, но потребна е регионална интеграција и силна државна поддршка во услови на глобална енергетска нестабилност и неизвесност. Автор: Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија Основата и суштината на бизнисот е да биде конкурентен на пазарот, да има фер услови, квалитет и да ...

ИНТЕРВЈУ ДАРКО ЛАЗАРОВ, претседател на Клуб на извозници при Стопанската комора на С.Македонија –Од пред неколку месеци сте назначен за претседател на Клубот на извозници при Стопанската комора на Р.С.Македонија. Кој е новиот концепт на Клубот на извозници и кои се активностите на кои ќе фокусира ова тело во следниот период? Лазаров: Стопанската Комора на Македонија во своите идни правци на делување го стави извозот како едно од клучните ...

Македонската компанија за производство на месни преработки “Пекабеско” изминатата 2022 година ја заврши со раст на продажбите и поголема профитабилноста. Според неревидираните консолидирани извештаи објавени на Македонската берза компанијата Пекабеско во 2022 година работела со вкупни приходи од продажба од 85,9 милион евра, кои се за 10% поголеми во споредба со 2022 година. Најголемиот дел од приходите од продажба на Пекабеско или 87% се ...

Најновите податоци покажуваат дека западните санкции кон Русија ја доведоа Кина во победничка позиција да може да обезбеди многу поевтина руска нафта за својата економија, додека европската економија е оставена да плаќа многу поскапи енергенси. Според податоците на кинеската влада, Русија ја престигна Саудиска Арабија како најголем добавувач на нафта во Кина во првите два месеци од 2023 година, бидејќи купувала руска нафта со голем попуст ...

Производителот на автомобили Stellantis ќе потроши повеќе од 200 милиони евра за производство на четири модели на автомобили од брендот Fiat во Алжир. Изградбата на фабриката ќе биде завршена до август годинава со производство на првиот Fiat 500 Hybrid што се очекува до крајот на годината, се вели во соопштението. До 2026 година фабриката ќе отвори речиси 2.000 локални работни места и ќе има производствен капацитет од 90.000 возила годишно. ...

Витаминка, најголемиот производител од прехранбената индустрија во земјава ја изложи својата производна програма на Food Expo 2023, што викендов се одржа во Атина, Грција. На една од најпознатите изложби за храна и пијалаци во Југоисточна Европа, Витаминка ги покажа своите производи пред илјадници професионалци од трговија на мало, големо и угостителство од Грција и странство. Беше претставена благата програма, намази, сосови, масло за ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,60 % во однос на одлуката од 17.3.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,541%, кај дизелот за 1,152%, кај екстра лесното масло за 1,318% и кај мазутот има намалување за ...

Цените на нафтата паднаа денеска на најниско ниво во последните 15 месеци поради загриженоста дека ризиците во глобалниот банкарски сектор и потенцијалното зголемување на каматните стапки во САД може да предизвикаат рецесија што ќе ја намали побарувачката за гориво. Во нестабилното тргување, фјучерсите на суровата нафта Брент за мај паднаа за 2,07 долари, или 2,8%, на 70,90 долари, осум долари помалку од пред пет дена, а дури 30 долари ...

Осигурениците и осигурителните компании лани склучија над 1,71 милиони договори за осигурување вредни над 10,5 милијарди денари или 170 милиони евра. Во вкупната продажба на полиси за осигурување лани „Триглав осигурување“ учествува со 14,4%, „Уника„ со 10,9%, „Еуролинк“ со 10,7%, „Сава осигурување“ со 10,2%, а АДОР „Македонија ВИГ“ со 9,5%. Следува „Винер ВИГ“ со 9,3%, „Евроинс осигурување“ со 9,2%и „Кроација осигурување – неживот“ со 9%, ...

Делегација од 30 лица од организации и институции од областа на енергетиката, енергетската ефикасност, енергетската транзиција, зелената енергија и зачувувањето на животната средина од Франција, Австрија, Швајцарија, Словенија, Романија, Бугарија, Украина и неколку општини од нашата земја, посетија дел од фабриките и електраните на групацијата ФЕРО ИНВЕСТ, како лидер во енергетската транзиција кај нас. Присутните се запознаа со енергетски ...

Германската економија сака да инвестира повеќе во САД и да гради на нови локации, бидејќи таму администрацијата на Бајден мами со големи субвенции. Дојче Веле анализира кои се последиците за Германија како деловна локација? Компаниите од Германија ја сакаат Америка: Според Германско-американската стопанска комора, околу 5.600 германски компании инвестираат на американскиот пазар. Ова одговара на обемот на инвестиции од речиси 650 милијарди ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, потпиша 17 решенија на производители на преспанско јаболко, кои успешно ја поминаа верификацијата и ќе може непречено да го користат заштитениот географски назив „преспанско јаболко“. Со заштитата на географскиот назив „преспанско јаболко“, тој се заштитува од имитација, злоупотреба и лажно декларирање. Всушност, се заштитуваат угледот и автентичноста на овој производ. ...

Европската централна банка (ЕЦБ) по шести пат ги зголеми каматните стапки за 50 базични поени, или 0,5%, на 3,5%. Сега каматните стапки на девизните средства ќе изнесуваат 3%, на операциите за главно рефинансирање 3,5 % и на маргиналните кредитни капацитети 3,75 % Порастот на клучните каматни стапки на ЕЦБ се одразува и на трошоците за задолжување. Имено, поради оваа одлука ќе се зголемат стапките на Еурибор, што автоматски влијае на ...

Западните санкции за руската и иранската нафта го насочија евтиното гориво кон Азија и ја намалија разликата во цените што досега „работеше“ за Европа, а најголеми добитници во оваа промена се Кина и Индија, според аналитичарите и податоците на Refinitiv Eicon. Со децении, азиските увозници плаќаа повеќе за нафта од големите извозници, како што се членовите на Организацијата на земјите извознички на нафта, што го доведе до името „азиски ...

Индустриското производство во еврозоната и ЕУ се стабилизираше на почетокот на годината, покажуваат најновите податоци на Европскиот завод за статистика. Според Евростат, индустриското производство во еврозоната е зголемено за 0,7% во јануари во однос на декември, кога имаше пад од 1,3%, покажуваат сезонски приспособените податоци. Индустриското производство, пак, во ЕУ во јануари е зголемено за 0,3% во однос на крајот на минатата година ...

Германска економска делегација, составена од претставници на Министерството за економија на СР Германија и на германски компании, од потпретседателот на групацијата „BASF Централна и Југоисточна Европа“ и од високи претставници на Aмбасадата на СР Германија во Скопје, оствари работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје. На средбата претставниците на германската економска делегација, чиј домаќин беше Генералниот директор и Претседател на УО на ...

НБ: Банкарскиот сектор е стабилен, пропаѓањето на СВБ нема директни ефекти Пропаѓањето на американската Банка на Силиконската долина (СВБ) нема никакви директни последици за нашиот банкарски систем, имајќи ја предвид малата изложеност кон нерезидентите, но и традиционалниот деловен модел заснован врз кредитирање на фирмите и граѓаните при стабилни извори на финансирање. Билансите на нашите банки се исклучително солидни, високо капитализирани ...

Volkswagen планира да инвестира 180 милијарди евра во текот на следните пет години во производство на батерии и набавка на суровини, во обид да ги намали трошоците за електричните возила и да го заштити својот удел на пазарот, соопштија денеска од Volkswagen. Над две третини од петгодишниот инвестициски буџет на компанијата е наменет за електрификација и дигитализација, вклучително и за батерии и суровини. Volkswagen, најголемиот европски ...

За сите германски фирми тука, Северна Македонија е одлично место за производство. Руската агресија доведе до тоа да се префрли производството на други места. Северна Македонија е преферирано место за префрлање на производството, а една од причините е што е членка на НАТО и има одредена предност во однос на безбедноста, порача Граф по средбата на германската бизнис делегација со вицепремиерот Фатмир Битиќи во Владата. Германските компании ја ...

Раководителот на Секторот за истражување и развој во БРАКО, Никола Маркоски, единствен од Северна Македонија и регионот учествуваше на Конференцијата за електрични и батериски системи за непатнички возила и машини, која што се одржа во Дизелдорф. Маркоски ги запозна присутните со предизвиците со кои се соочи тимот на БРАКО при преминот од електрично возило кон возило на водород, како и иновативните инженерски и технички решенија кои беа ...

„Почнувајќи од тековниот месец, минималната плата во Северна Македонија ќе биде повисока за 2.175 денари и ќе изнесува 20.175 денари“, изјави Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, кој заедно со ресорните министри ја информираше јавноста за усвојувањето на новиот износ на минималната плата кој денеска беше усвоен на седница на Економско социјалниот совет. Премиерот Ковачевски во изјавата за медиуми после ...

Групацијата Hudong-Zhonghua Shipbuilding со седиште во Шангај го изгради и го испорача најголемиот контејнерски брод во светот на Mediterranean Shipping Company (MSC). MSC Tessa има капацитет на на носивост од 24.116 стандардни TEU контејнери или товар од над 240 илјади тони и е првиот од четирите контејнерски бродови со иста големина купени од најголемата компанија за контејнерски транспорт во светот. Мега контејнерскиот брод е со должина ...

Најголемата македонска прехранбена компанија, Витаминка од Прилеп, изминатата 2022 година ја заврши со раст на продажбите дома и во странство, но и со големо намалување на профитабилноста заради високите трошоци во работењето. Објавените финансиски неконсолидирани извештаи на компанијата објавени на Македонската берза покажуваат дека Витаминка изминатата 2022 година година остварила вкупни приходи од продажба од 61,4 милиони евра, што е раст ...

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денес ја посети компанијата „СОКО Горица” ДООЕЛ Скопје. При посетата,вицепремиерот Битиќи рече дека е горд за средбата со госпоѓа Горица која е сопственичка на компанијата која успешно работи веќе скоро три децении, и претставува инспирација и мотив за сите жени претприемачки во нашата земја. „Соко Горица е ...

Македонското индустриско производство во јануари годинава бележи пад од 2,3%, во споредба со јануари 2022 година покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. Ова е петти месец по ред како индустриското производство во Македонија се намалува, што само ја одразува тешката ситуација во која се наоѓа индустријата и целото стопанство. Во декември 2022 година македонската индустрија забележа пад од 1,3%, во ноември 3,7%, во ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
2.38
39%
1015
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
3.13
59%
1017
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
2.9
42%
1018
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.43
50%
1017
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.02
63%
1017
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
0.45
63%
1019
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
2.24
39%
1014
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
2.28
44%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.52
38%
1015
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
1.87
58%
1016
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 28ᴼ
0.89
46%
1018
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 24ᴼ
6.74
52%
1015
Currency

61.6417

Currency

54.1603

Currency

71.4282

Currency

37.4417

Currency

38.1416

Currency

66.9235

Currency

7.98014

Currency

0.72738

Currency

0.33541

Currency

0.52504

Currency

1.16545

Currency

0.57161

Родиум

255598.44

Паладиум

38613.05

Злато

131223.80

Платина

52534.32

Кобалт

45.39

Рутениум

49029.89

Цинк

0.00

Алуминиум

3.21

Бакар

12.33

Иридиум

234700.45

Калај

52.14

Сребро

1971.82