Поради недостиг на гас, загрозено е производството на стакло во Европа, кое речиси во целост зависи од рускиот гас. Многу компании и индустриски аналитичари стравуваат дека извесниот недостиг на стакло може да предизвика уште едно нарушување на синџирите на снабдување како оние кои беа предизвикани од пандемијата и војната во Украина. Стаклото наоѓа употреба во многу индустрии, од производство на прозорци, шофершајбни на автомобили, компјутерски ...

Стопанската комора на Северна Македонија, во рамките на Проектот „ЕЕН“ и во соработка со Нордискиот саем за органска храна и со „Еколивинг Скандинавија“, ве покануваат да учествувате на саемот кој ќе се одржи во Малме, Шведска, на 16 и на 17 ноември 2022 година. Овој саем е вистинското место за средба на купувачите и на производителите кои имаат дејност во одржливата и во органската индустрија, бидејќи постои можност за поврзување со ...

Голем дел од германските компании планираат да ги зголемат продажните цени во наредните месеци за да можат да се справат со високите оптоварувања предизвикани од скапата енергија. Според истражувањето на институтот Ifo, секоја втора компанија планира да го преземе овој чекор. Според истражувањето на Handelsblatt, може да се предвидат понатамошни зголемувања на цените, особено кај хемикалиитее, машинството, енергетско интензивните градежни ...

Енергијата се очекува да има највисок пораст на годишно ниво од 38,3%, покажуваат прелиминарните проценки Годишната потрошувачка инфлација во еврозоната скокна на ново рекордно високо ниво од 9,1% во август, покажуваат најновите податоци од Еуростат. Инфлацијата во август е зголемена во споредба со инфлацијата во јули кога изнесуваше 8,9%. Енергијата се очекува да има највисок пораст на годишно ниво од 38,3% во август во споредба со 39,6% во ...

Директорот на нафтениот гигант Шел, Бен ван Берден, предупреди дека Европа може да се соочи со ограничен пристап до енергија повеќе од само една зима. Шефот на најголемата европска нафтена компанија верува дека кризата би можела да трае неколку години, откако цените на бензинот скокнаа на рекордно ниво минатата недела поради натамошно намалување на руските испораки, сигнализирајќи дека целиот континент би можел да западне во длабока рецесија, ...

Пишува: Глигор Цветанов, извршен директор на „Макпрогрес“ ДОО Виница. Темата за цените на енергијата стана пресудна. Прашање е дали компаниите ќе опстанат или не. Пишувам од сопствено искуство, како извршен менаџер на една од поуспешните македонски компании, која 32 години растеше, инвестираше и се развиваше. Напорно работевме сиве овие години развивајќи конкурентни производи и брендови и извезувајќи ги во повеќе од 60 држави низ светот. ...

Енергетската криза сериозно го погодува стопанството, a ценовниот притисок што го предизвикуваат рекордните вредности на електричната струја на берзите преставува закана за опстојувањето на најголем дел од деловните субјекти, истакна претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Трајан Ангелоски на денешната прескоференција, потенцирајќи дека веднаш се потребни конкретни мерки за поддршка на претпријатијата, како и план за ...

Иселувањето на младите луѓе од руралните средини, ниската откупна цена на млекото, се поскапата добиточна храна и големиот раст на трошоците го прават тотално неисплатливо одгледувањето на крави во Македонија, заради што производството на млеко се намалува. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека минатата година во Македонија биле произведени 326.523 илјади литри млеко, што е намалување за 19,4% за една година. Истовремено ...

Во изминатите пет години, преку конкретни мерки креирани во консултации со лозарите и винариите, континурано се вложува во развој на лозарството и на винарството и резултатите се видлливи, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес конференција. „Домашното просечно производство на грозје е стабилизирано на околу 270 илјади тони на годишно ниво. Додека просечното годишно производство на вино е околу 100 милиони литри. Веќе трета година ...

Производителите на млеко во Србија предупредуваат дека заради тешката состојба во која се наоѓа овој сектор како последица на ниската откупна цена и поскапувањето на добиточната храна, производството драстично се намалува, и од септември е можен недостиг на млеко. Како што пренесува српската агенција Бета, поради ова производителите на млеко трпат големи загуби и се одлучуваат да ги продадат кравите, поради што производството паѓа. Недостигот ...

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека трговијата помеѓу Македонија и Украина во првата половина годинава изнесувала 91,6 милиони евра, со дефицит на македонска страна од 33,6 милиони евра. Во периодот од јануари до јуни годинава во Украина биле извезени македонски стоки во вредност од 29 милиони евра, што е речиси пет пати повеќе во споредба со извозот во истиот период лани кој изнесувал само 6,2 милиони евра. Податоците ...

Делегација на Германската амбасада во Скопје, предводена од Нејзината екселенција, амбасадорката Анке Холштајн, оствари работна посета на „Алкалоид“. За време на посетата, амбасадорката Холштајн, чиј домаќин беше работна група на компанијата, предводена од Генералниот директор и Претседател на УО, г. Живко Мукаетов, беше запознаена со резултатите од работењето на компанијата, деловните активности, нејзините пласмани и со производственото ...

Јапонската автомобилска компанија Honda Motor денеска соопшти дека ќе го намали производство до 40% во Јапонија на почетокот на септември поради постојаните проблеми во синџирите на снабдување и логистичките проблеми. Фабриката за склопување во Саитама, северно од Токио, ќе го намали производството за околу 40% на почетокот на следниот месец. Две линии во фабриката Сузука во западна Јапонија ќе ги намалат плановите за производство за околу 30% ...

Од Македонија ќе учествуваат 42 винарии и 3 дестилерии кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии и повеќе од 10 производители на храна кои ќе ја претстават автентичната македонска кујна.Под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија, а како дел од иницијативата „Отворен Балкан“, почнува Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, кој ќе се одржи ...

Скоро една од четири европски компании во Кина размислува да ги префрли своите инвестиции надвор од земјата бидејќи нулта Ковид стратегијата на Кина ја затемнува перспективата за втората по големина економија во светот, покажа истражувањето на Стопанската комора на Европската унија во Кина. Околу 23% од бизнисите што одговориле на истражувањето размислуваат да ги преселат своите тековни или планирани инвестиции подалеку од Кина. Истражувањето ...

Цените на нафтата продолжија да растат денеска утрово, откако вчера пораснаа за околу 4% , откако Саудиска Арабија наговести намалување на производството на нафта во рамките на групата земји ОПЕК +. Цената на нафтата од типот Брент повторно се искачи над психолошката граница од 100 долари за барел, на околу 101,52 долари, додека американската сурова нафта WTI ја надмина цената од 94,80 долари за барел. ОПЕК + е подготвен да го намали ...

Економското влијание врз Германија од руската инвазија на Украина ќе трае со години, вели за Ројтерс економистот Марсел Фрацшер од германскиот Институт за економски истражувања, додавајќи дека тоа може да чини 3 процентни поени од растот оваа година. Фрацшер, чиј Институт ја советува владата на најголемата европска економија за макроекономската политика, смета дека влијанието може да трае до 2025 година кога Германија очекува да се ослободи од ...

Македонската Влада на денешната седница ја усвои Информацијата во која Министерството за транспорт и врски на Република С.Македонија и Министерството за инфраструктура на Украина се договорија превозниците од двете земји превозот на стока во патниот транспорт, во билатерала и транзит да го вршат без дозволи. Договорениот транспорт без дозволи ќе трае до крајот на годината, по принципот на реципроцитет за двете земји. “Во време на воена состојба ...

Извозот на клучните украински земјоделски производи е намален за речиси половина од почетокот на руската инвазија претходно оваа година во споредба со истиот период во 2021 година, покажаа податоците на Министерството за земјоделство доцна во понеделникот. Русија го започна нападот врз Украина во февруари. 24, нарекувајќи ја „специјална воена операција“, а како резултат на борбите, украинските поморски пристаништа беа блокирани, оставајќи ...

Откупната цена на грозјето годинава бележи најголем пораст од 30%. Оваа година грозјето од сортата смедеревка ќе се откупува по 13 денари за килограм, а откупната цена на вранецот ќе биде 15 денари за килограм, што е за 3 денари повеќе во споредба со ланските откупни цени на грозјето, се вели во соопштението од Владата. Зголемувањето на откупната цена на грозјето е резултат на договорот постигнат по исцрпните консултации на Министерството за ...

„Пред мене имам конкретни податоци за сметката за струја на една компанија членка на Комората. Иако во јули годинава компанијата потрошила помалку струја од јули минатата година, сметката за струја годинава ѝ е речиси шестпати поголема во однос на јули минатата година. Лани за јули платила околу 1 милион денари, а годинава за јули – 6 милиони денари. Кој бизнис-сектор ќе го издржи ова и до кога?“, вели м-р Зоран Јовановски, потпретседател на ...

Цените на памукот како суровина се зголемија на глобално ниво за 30% од почетокот на годината и се највисоки од 2011 година, објавува Блумберг. Причина е намалувањето на годинешниот род на памук кој беше погоден од екстремните временски услови, суша и обилни врнежи. Најголемиот дел од новиот род памук е продаден, па земјоделците ќе се обидат да се изборат за повисоки цени на памукот во наредната 2023 година. Индија, која е еден од најголемите ...

Цената на гасот во Европа продолжи да расте и во моментов е над 3.000 долари за илјада кубни метри, што е зголемена за 20% од почетокот на денешното тргување. Во фјучерсите на холандската TTF сурова нафта, цената на гасот за испорака во септември скокна на 3.024 долари за 1.000 кубни метри, или 292,4 евра за мегават-час (MWh) по тековниот девизен курс од евро во долар. Ова е прв пат од 8 март цената да го надмине нивото од 3.000 долари, а ...

Единаесет месеци после мојот текст дека – „КОМЕТА МОЖЕ И ДА НÉ ПРОМАШИ, НО СТРУЈАТА „ЌЕ НÉ ДРМА, ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД“, можеме да констатираме дека и Кометата се`уште прети а струјата не дрма како да во рацете држиме отворен спроводник со висока волтажа. Во овие 11 месеци издадовме стотици соопштенија, напишавме 10-тици колумни, одржавме уште толку средби и разговори со Владата и денеска се наоѓаме пред неделата во која мораме да ги знаеме ...

БРУТАЛНА ИСКРЕНОСТ И ТРАНСПАРЕНТНОСТ, НАПУШТАЊЕ НА ПОЗИЦИЈАТА НА “НОРМАЛНОСТ” И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПОЕФТИНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА КОМПАНИИТЕ, А СО ТОА СПАС НА ЕКОНОМИЈА И ДРЖАВАТА 2. Владата да ја врати Уредбата која беше во функција во услови на прогласена кризна состојба со која целокупната произведена енергија од обновливи избори беше насочена само за индустријата. Тоа беше и единствена мерка за поддршка на индустријата во делот на набавка на ...

За увоз на електрична енергија и гас Македонија потрошиле 533 милиони евра само во првата половина годинава, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Заради драстичниот раст на цената на електричната енергија и гасот, сумата платена за увоз на овие два енергенси е за три и пол пати поголема во споредба со истиот период минатата година кога биле платени вкупно 156 милиони евра за увоз на струја и гас. Само за увоз на електрична ...

Цените на енергијата ја поттикнуваат инфлацијата, а трошоците за храна и услуги се зголемуваат особено брзо. Балтичките држави се најтешко погодени. Инфлацијата во еврозоната продолжи да се забрзува од високото ниво во јули, достигнувајќи рекордно високо ниво. Во споредба со истиот месец лани, потрошувачките цени се зголемени за 8,9%, покажуваат податоците на статистичкиот завод Евростат. Ова е највисока стапка од воведувањето на еврото како во ...

ШАМПИОНИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА Специјализираниот портал ИзвозМК (www.izvoz.mk) ја најавува третата по ред годишна специјална публикација ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2022. Во едицијата ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ ќе биде објавено рангирање на 100-те најголеми извозни компании според вредноста на извозот, односно приходите од продажба на производи на странски пазари реализирани во 2021 година. Едицијата ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ има за цел да ги идентификува најдобрите ...

Кинеската провинција Сечуан нареди сите фабрики да се затворат на шест дена за да се олесни недостигот на електрична енергија во регионот како последица на жешкиот топлотен бран ја зафати целата земја. Провинцијата Сечуан ја рационализираше потрошувачката на индустриска електрична енергија за време на нејзиниот најголем топлотен бран во последните 60 години, што ги натера производителите на ѓубрива, литиум и други метали да ги затворат погоните ...

Руската државна гасна компанија Газпром соопшти дека цената на европскиот гас може да се зголеми за 60% до повеќе од 4.000 долари за 1.000 кубни метри оваа зима, наведувајќи го како причина намаленото производство и извоз на компанијата поради санкциите на Западот. Протокот на гас од Русија, главниот европски снабдувач, течат со многу намалено ниво оваа година, откако една рута беше затворена со почетокот на војниот конфликт, но и проблемот со ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
4.12
37%
1007
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
2.68
49%
1003
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.0
83%
1004
weather icon

Софија

29ᴼ / 28ᴼ
5.14
32%
1008
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
6.54
25%
1005
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
1.03
89%
1005
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
4.12
56%
1011
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
57%
1010
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
4.63
65%
1010
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
1.03
38%
1007
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
2.57
89%
1005
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
4.63
53%
1012
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641