Соединетите Американски Држави, како еден од најважните стратешки партнери на Република Северна Македонија ја поддржува интеграцијата на државата во ЕУ, и двете земји во наредните пет години ќе работат на заеднички проект чија цел е зачувување на финансиските интереси и стабилност на финансискиот систем преку поголема ефикасност на институционалните капацитети во наплатата на приходи, подобрување на услугите и сузбивање на корупцијата. ...

Во текот на 2022 година глобално биле извезени производи во вредност од 24,5 трилиони долари, што е зголемување од 10,6% во споредба со вредноста на извозот остварен во 2021 година, покажуваат податоците од Worldtopexports. Најголеми 10 извозни економии во 2022 година биле Кина, САД, Германија, , Холандија, Јапонија, Италија, Јужна Кореја, Белгија, Хонг Конг и Франција. Заедно, сите овие 10 извозно ориентирани економии создале повеќе од ...

БРАКО го шири производството и гради нови погони со цел да одговори на зголемената побарувачка од светот пред се за возилата за чистење. Новата хала се простира на површина од над 4400 метри квадратни, а со неа дополнително ќе се подобрат условите за работа и ќе се овозможи проширување на производството, како одговор на зголемената побарувачка, пред се на современите машини за чистење во урбани средини од линијата „Грин Машинс“. Вања ...

Светскиот извоз на автомобили од сите земји изнесуваше вкупно 776,5 милијарди долари во 2022 година. Toa e зголемување од 7,5% во споредба со извозот вреден 722,6 милијарди долари во 2021 година. Во 2022 година, автомобилите биле четврти најизвезуван производ во светот, мерено според продажбата во долари. Автомобилите учествуваа со 3,2% од вкупната меѓународна продажба за сите извезени производи. Најголемите светски извозници на автомобили ...

Повеќе од четвртина од работните места во ОЕЦД се потпираат на вештини кои лесно би можеле да се автоматизираат во претстојната револуција на вештачката интелигенција, а работниците стравуваат дека би можеле да ги загубат своите работни места поради вештачката интелигенција, соопшти ОЕЦД. Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) е блок од 38 земји, претежно богати нации, но и некои економии во развој како Мексико и Естонија. Има ...

Германското Министерство за финансии планира да им понуди на компаниите пакет даночни олеснувања од околу 6 милијарди евра (6,61 милијарди долари) годишно во услови на тешка економска средина, велат извори од министерството. Германскиот деловен морал се влошува, што укажува на тоа дека најголемата европска економија ќе се бори да се ослободи од рецесијата. „На економијата и треба стимул – ретко кога ова беше толку итно како сега“, напиша ...

По пауза од шест години на македонскиот пазар на осигурување живот се формира нова осигурителна компанија во која словенечки сопственици ќе вложат 4 милиони евра. Оваа инвестиција е доказ дека актуелниот менаџмент на АСО во соработка со другите финансиски институции активно ја подобрува деловната клима и создава услови за вложувања во осигурителниот бизнис Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) издаде дозвола за работа на нова ...

Геополитичката тензија е најголемиот ризик за профитите на компаниите во моментов, вели професорот по економија на Универзитетот Колумбија, Џефри Сакс во интервју за CNBC. Сакс исто така смета дека мерењето на продуктивноста во САД е застарено поради технолошките подобрувања во современите уреди како компјутерите и паметните телефони. Тој изрази загриженост за напредокот на вештачката интелигенција, нагласувајќи ја потребата од поголема ...

Кина ја пополнува празнината што ја оставија светските производители на автомобили кои излегуваат од пазарот поради инвазијата на Украина. Кинеските производители на автомобили извезоа повеќе возила во Русија отколку каде било на друго место во првите пет месеци од оваа година, пополнувајќи ја празнината што ја оставија светските производители кои излегуваат од пазарот поради инвазијата на Украина, пишува Bloomberg. Кина извезла околу ...

На редовната седница, Владата, на предлог на Министерството за финансии утврди текстови на три предлози на закони, чиишто одредби се усогласуваат со директиви на Европската Унија и европското право. Меѓу нив е и Предлог законот за данок на солидарност, со кој треба да се оданочат компаниите кои оствариле повисок профит во време на енергетската криза. Иако речиси целата бизнис заедница се изјасни дека е против донесувањето на овој Закон, ...

Денеска се одржа тематска седница на Владата на РС Македонија за договорите на компании за државна поддршка по Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Од Владата информираат дека оваа година има рекорден број на апликации од компании, што значи дека расне довербата на бизнисот во институциите. “Оваа година има рекордни 432 апликации за нови инвестициски проекти на исто толку компании. На денешната седница на Владата беше одобрена првата ...

Во периодот јануари до мај годинава од Македонија било извезено јагнешко месо во вредност од 12,3 милиони евра. Во споредба со истиот период лани, вредноста на извозот бележи пад од 6,5%. Ако се анализираат количините на извезено јагне, тие бележат уште поголем пад годинава од 15%. Односно во периодот од јануари до мај годинава извезени биле 1.640 тони јагнешко месо во странство, додека во истиот период лани извезени биле 300 тони повеќе ...

Македонските винарница во првите пет месеци годинава продале вино на странските пазари во вредност од близу 24 милиони евра. Тоа е за 10,7% повеќе во споредба со истиот период лани. Но, деталните податоци покажуваат дека растот на вредноста на извозот на вино се должи во најголем дел на инфлацијата и повисоките цени, бидејќи количинскиот извоз покажува пад од 8,9%. Во првите пет месеци годинава извзени била околу 250 илјади хекто литри. ...

Колумна на Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Северна Македонија Вчера беше јавно публикувано дека еден од добитниците на овогодишната награда на Стопаснката комора на Северна Македонија за остварување на приоритетите на Комората во наредниот период, што значи и зголемување на извозот и воспостувавување на целосна компатибилност на образованието и бизнисот, е проф. д-р Кочо Анѓушев. Професорот, бизнисмен, општественик, пред се ...

„Кинеска бура“ се наѕира над растечкиот европски сектор за електрични возила (ЕВ), изјави претседателот на Рено, Жан-Доминик Сенар во интервју за Ројтерс, додека Кина ја покажува доминацијата со клучните суровини за производство на батерии за автомобили со нулта емисија на штетни гасови. Неодамнешната одлука на Кина да го ограничи извозот на два метали – галиум и германиум – кои се користат во полупроводници и електричните возила треба да ...

Светската асоцијација на одгледувачи на јаболка (WAPA) објави податоци за залихите на јаболка и круши од 1 јуни 2023 година. Податоците покажуваат дека залихите на јаболка и круши во Европа се намалени во споредба со 2022 година. Заклучно со 1 јуни 2023 година, залихите на јаболка во Европа изнесуваат 712.212 тони, што е за 23,4% помалку од овој датум во 2022 година. Намалувањето главно се должи на намалувањето на залихите на следните сорти: ...

Сопственикот и главен извршен директор на групациите Феро Инвест и Централ Инвест, на компаниите БРАКО, Грин Машинс и РЕС, проф. д-р Кочо Анѓушев е овогодинешниот лауреат на Стопанската комора на Северна Македонија за развој на извозот и за образование на кадарот за потребите на бизнисот. Стопанската комора ја доделува оваа награда во рамките на одбележувањето на 101-та годишнина на комората, што ја прави најдолговечна бизнис асоцијација во ...

Био гасната електрана на Централинвест, ,,Био ентерпрајз”, работи со полн капацитет, со својата инсталирана моќност од 2 мегавати. Обезбедува континуирано производство на електрична енергија во текот на 24 часа во денот и е значаен извор на базна енергија во рамките на портфолиото на ФЕРОИНВЕСТ/Централинвест, во кое има различни електрани на обновливи извори: на вода, сонце и биогас. Во електраната е вградена најсовремена опрема со која ...

Советот на странски инвеститори ја поддржува иницијативата со која се бара запирање на постапката за донесување на предлогот на Законот за данок на солидарност, која на транспарентен начин е поддржана и потпишана од органите на Комората, во која членуваат и компании од странските инвеститори во нашата држава. Како странски инвеститори во нашата држава, со големо влијание врз создавањето на БДП, вработувањата и врз извозот, повикуваме на ...

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ зголемува за 0,50 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 1,00 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 70,50, а на Екстра лесното 70,00 денари за литар. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат. Литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 и натаму ќе се продава за 80,00, а ...

Во завршна фаза се активностите за воспоставување на концептот оне-стоп-шоп на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане со Република Албанија. Воспоставувањето на концептот за гранични контроли со едно застанување ја зголемува соработката помеѓу државите и ја забрзува регионалната интеграција. Ова се главните пораки од денешната средба на директорот на Царинска управа Стефан Богоев со директорот на Царинската управа на Република Албанија Генти ...

Стратешки лоцирана во спој на повеќе европски културни и трговски патишта, Словенија во 2022 година во странство испорачала производи во вредност од 55,5 милијарди американски долари низ целиот свет. Таа сума во долари одразува пораст од 52,1% од 36,5 милијарди долари во 2018 година. На годишно ниво, вкупната вредност на словенечкиот извоз во 2022 година се зголеми за 24,8% во споредба со извозот од 37,5 милијарди долари во 2021 година. ...

Германската индустрија предупреди дека Европа мора да стане посамостојна во потрагата по суровини потребни за почисти и дигитални економии, откако Кина предизвика тревога со објавување на ограничувања за некои метали што се користат за полупроводници. Кинеското Министерство за трговија во понеделникот соопшти дека ќе бара извозни дозволи за осум производи од галиум и шест производи од германиум од 1 август за да се заштити националната ...

Годишната инфлација во Грција во месец јуни дополнително се намалила и изнесува 1,8%, наспроти 2,8% во мај, меѓутоа цените на прехранбените производи остануваат високи, согласно официјалните податоците од грчката служба за статистика. Намалувањето на инфлацијата во главно се должи на падот на цените на нафтата, природниот гас и електричната енергија. За една година, од јуни 2022 до јуни 2023 година цената на природниот гас се намалила за 54,7 ...

Државниот завод за статистика објави дека инфлацијата во земјава во јуни се намали на 9,3%, што е за прв пат после подолго време едноцифрена инфлација. Од октомври минатата година инфлацијата забавува, но се уште е многу повисока од инфлацијата во земјите од регионот. Но, се освен транспортот, во јуни годинава били поскапо во споредба со јуни минатата гоидна Кога станува збор за храната, инфлацијата и понатаму е двоцифрена и изнесува 12,1% ...

Се намалуваат индексите на шеќерот, растителните масла, житариците, млечните производи, додека индексот на цените на месото останува непроменет, соопшти агенцијата на ОН Глобалните цени на храната продолжија да паѓаат во јуни, предводени од намалувањето на цените на шеќерот, растителните масла, житариците и млечните производи, објави денескаа Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО). Индексот на цените на храната на ФАО во јуни во ...

Во трговијата со храна со светот имаме 200 милиони евра дефицит само во првите пет месеци и покриеност на увозот со извозот на храна од ниски 48,8%. Минатата 2022 година увозот на храна достигна близу 900 милиони евра, а дефицитот надмина рекордни 443 милиони евра. Во првите пет месеци годинава во земјава е увезена храна во вредност од 190,7 милиони евра. Во истиот период сме увезле храна од странство во вредност од 390 милиони евра. Тоа ...

Македонија од денеска го презема претседавањето со Транспортната заедница и во следната година ќе биде домаќин на активности и настани кои ќе придонесат за усогласување со транспортните политики на земјите од Западен Балкан и Европската Унија. Министерот Бочварски и заменик претседателот на Владата на Црна Гора и министер за капитални инвестиции Ерван Ибрахимовиќ, во присуство на Матеј Закоњшек, претседателот на Секретаријатот на ...

Во мај годинава македонските компании оствариле извоз на производи на странските пазари во вредност од 770 милиони евра, што е за 4,9% повеќе во споредба со истиот месец лани. Растот на извозот се должи пред се на растот на цените, бидејќи обемот на продадени стоки на странските пазари во мај е намален за 5,6%. Вкупниот извоз од Македонија во петте месеци годинава, пак, изнесувал 3,6 милијарди евра, вредност поголема за 6% во споредба со ...

Досега, Toyota се сметаше дека заостанува зад своите конкуренти на пазарот на електрични возила, но компанијата има амбициозен план. Компанијата Toyota објави дека направила голем технолошки пробив, благодарение на кој ќе може да прави батерии за електрични автомобили кои ќе бидат половина од големината и поевтини од порано, пишува Guardian. Вториот по големина производител на автомобили во светот веќе го претстави планот за воведување ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.06
81%
1017
weather icon

Белград

20ᴼ / 17ᴼ
2.68
84%
1016
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.16
72%
1018
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.13
94%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.9
93%
1017
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.58
95%
1019
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
1.34
48%
1013
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.37
70%
1014
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
3.21
65%
1015
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
4.47
90%
1015
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
1.79
60%
1018
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 20ᴼ
2.46
100%
1015
Currency

61.6417

Currency

54.1603

Currency

71.4282

Currency

37.4417

Currency

38.1416

Currency

66.9235

Currency

7.98014

Currency

0.72738

Currency

0.33541

Currency

0.52504

Currency

1.16545

Currency

0.57161

Паладиум

39095.31

Рутениум

48965.59

Бакар

12.43

Калај

55.25

Иридиум

236307.99

Платина

52277.11

Сребро

1995.66

Цинк

0.00

Алуминиум

3.25

Злато

132213.94

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97