Пример, здружението кое ги претставува 19 најголеми производители на лекови во Романија објави дека домашната фармацевтска индустрија може наскоро да прекине со локалното производство на одредени лекови заради високата цена за материјали и енергија. Претставниците на ПРИМЕР велат дека трошоците за производство на одредени лекови се зголемени и до 300% во однос на претходната година. Цените на основните материјали и материјалите што се користат ...

Фабриката за заварени цевки и профили ФЗЦ 11 Октомври А.Д. од Куманово, чии производи во 99% се наменети за извоз веќе два месеци не работи. Поради високите сметки за струја и гас, оваа фабрика го прекина производството, а 70% од вработените се на принуден одмор со 70% плата. На работниот состанок со Кризниот штаб, од страна на менаџерскиот тим на фабриката беше посочено дека во овој период ги поставуваат машините коишто претходно ги набавиле со ...

Индустриското производство во секторот Производство на метали во септември бележи пад од 68,3%, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Производството на метали, во кое се создава 5,16% од вкупното индустриско производство во земјава, бележи пад веќе петти месец по ред, но падот во производството во септември е најголем досега. Главната причина за намаленото производство на метали е скапата енергија, која го направи ...

Конечно оваа недела Самитот на лидерите на ЕУ со Западен Балкан, таканаречен Берлински процес, се враќа во Берлин (3.11.2022 година). Изгубивме седум години вртејќи по европските метрополи, како да не знаеме дека одлуките се носат во Берлин. Затоа, минатата година на 1.11.2021 година, под наслов „ЕУ И НИЕ – БУГАРИЈА И ТИЕ“, јасно истакнавме барање да се врати Берлинскиот процес во Берлин, затоа што, како што беше тргнал, ќе завршеше во Ла Валета ...

Зголемувањето на цените доаѓа откако Русија го прекина учеството во договорот, обвинувајќи ја Украина за нападите врз Црноморската флота Цените на пченицата се зголемуваат откако Русија го објави своето повлекување од договорот за жито во Црното Море, што ја подгрева загриженоста за глобалното снабдување со храна. Фјучерсите на пченицата во Чикаго се зголемија за 5,99% до двонеделниот максимум од 8,78 долари во понеделникот. Цените на пченката, ...

ИНТЕРВЈУ ГЕРАСИМ КУЈУНЏИЕВ, генерален директор на Еуроникел Индустри ДОО “Веќе од 1 јули 2022 година во целост го запревме производството во Еуроникел Индустри, а целокупниот човечки капитал го насочивме кон ремонтни активности во периодот јули и август. Се надевавме и дека по завршување на летниот период ќе има некакви пазарни поместувања во позитивна насока која ќе ни овозможи враќање во нормален режим на работа, меѓутоа тоа не се случи, ...

Побарувачката на челик во Европската унија се очекува да се намали за 3,5% оваа година и да падне за 1,9% во 2023 година, погодена од зголемените цени на енергијата и претстојната рецесија, објави индустриската групација Еурофер. Ова е втор пат оваа година Европската асоцијација за челик да ја намали својата прогноза за побарувачката на челик, која го мери производството на производителите на челик плус нето увозот минус нето извозот. Во ...

Во текот на изминатите два дена, повеќе од дваесет македонски производители од прехранбената индустрија ги претставија своите производи на „Македонскиот корнер“ во рамките на економската конференција во Будва организирана од Стопанската Комора на Црна Гора. Македонските компании имаа можност да остварат средби со претставници на најголемите ланци на маркети во Црна Гора, како и дистрибутери и претставници на ХОРЕКА секторот. „Нашата цел е на ...

По најавите на Министерството за економија за поддршка на прехранбениот сектор и компаниите од месната индустрија и фармите одгледувачи на животни очекуваат да бидат вклучени во тој пакет. При посетите на „Естра Меин“, „Агрија“, земјоделската задруга „Единство“- Челопек, „Везе шари“ и ДПТ„Лецкер“ од страна на Кризниот штаб, формиран од Стопанската комора на Северна Македонија, заеднички став на овие компании е дека и тие треба да добијат ...

Автор: Д-р. Живко Груевски Откако пред неполни три години човештвото се соочи со глобалната пандемиска – здравствена криза што мултиплицирано се зголеми на почетокот од оваа 2022 година со руската воена инвазија во Украина, согласно сите извештаи за реалните состојби, научни анализи и аргументирани предвидувања извесно е дека оваа есен – зима ќе кулминираат економската, енергетската, инфлаторната, ценовната и социјалната криза со епски ...

– 69% од вкупните продажби на Алкалоид се остварени од извоз и продажба на странски пазари –161 нови вработувања во земјава само во првите девет месеци од 2022 – Најголем пораст кај извозните пазари бележат продажбите остварени во Турција (раст од 169 %), Полска (раст од 161 %), Романија (раст од 138 %), САД (раст од 71 %), Грција (раст од 44 %), Бугарија (раст од 41 %), Германија (раст од 38 %), Ерменија (раст од 37 %), Косово (раст од 14 %), ...

ИНТЕРВЈУ МИЛАН ДАМЧЕВСКИ, член на Управен Одбор во ПроКредит Банка Улогата на банките во периоди на макроекономска неизвесност е од огромно значење за поддршка на бизнисот преку соодветни форми на финансирање, како на потребите за ликвидност, така и за инвестициите кои ќе ја оддржат конкурентноста на компаниите. Сепак, клучно е банката да биде блиску до своите клиенти и преку редовна и квалитетна комуникација да е во можност соодветно и ...

Компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи и се се регистрирани со шифри на дејност 10.41, 10.51, 10.61, 10.71 во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи како и производители на јајца ќе имаат фиксна цена на електрична енергија. Оваа цена на струја која што ќе ја обезбеди Владата ќе биде помала од 100 евра за мегават час, што е двојно пониска од цената на ...

Стопанската комора во рамките на воспоставениот концепт на делување како Комора на иднината ставајќи се во целосна функција на компаниите членки и согласно нивните потреби и услугите што ги креира во интерес на поддршка на бизнисот и економијата за зголемен економски раст, покрај другите започнува со дејствување и на Советот за развој на тренингот и обуките. Проблемот со образованието е еден од топ приоритетите во работата на Комората повеќе ...

Вредноста на извозот на овошје и зеленчук од Турција во периодот јануари-септември 2022 година изнесувала 1,94 милијарди долари. Според статистиката на Медитеранската асоцијација на извозници (AKİB), 34% од овој извоз отпаѓа на рускиот пазар. Според Ферхат Гуруз, шеф на АКИБ, во физичка смисла, турските земјоделски производители испорачале 3,35 милиони тони овошје и зеленчук до странските купувачи. Најизвезувани производи биле доматите, ...

Македонската компанија за производство на месни преработки “Пекабеско” објави дека во првите девет месеци од 2022 година работела со вкупни приходи од продажба од 64,5 милион евра, кои се за 13% поголеми во споредба со истиот период во 2021 година. Најголемиот дел од приходите од продажба на Пекабеско или 86,4% се остварени од продажби на домашниот пазар, кои во првите девет месеци од 2022 година се зголемени за 13% и изнесувале 55,8 милиони ...

Кинеската државна компанија Cosco може да стекне удел од помалку од 25% во контејнерскиот терминал во пристаништето Хамбург. Кинеската државна компанија Cosco може да стекне само удел од помалку до 25% во контејнерскиот терминал, а секое понатамошно стекнување над овој праг е забрането. Cosco првично сакаше да стекне 35% од акциите. Со оваа одлука Германија спречува кинеската државна компанија да се стекне со стратешкиот удел во пристаништето. ...

Српската групација Нелт објави дека официјално ја отворила својата фабрика за бонбони во Специјалната економска зона во Луанда, Ангола, во која е косопственик преку својата компанија Нелт ЛДА На официјалниот настан присуствуваа голем број високи личности од Ангола и Европа, меѓу кои и министерот за индустрија и трговија, Виктор Фернандес, кој заедно со косопствениците симболично ја пресече лентата на новата фабрика. – Инвестициите во новата ...

ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ: Најдоброто од македонската економија Специјализираниот портал ИзвозМК (www.izvoz.mk) го издаде новото екслузивно издание ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2022, што е единствена публикација во земјата во која на едно место се рангирани најголемите 100 извозни компании во Р.С.Македонија, според вредноста на извозот, односно приходите од продажба на странски пазари во изминатата 2021 година. Специјалната едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2022 има за ...

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар по литар, а дизелот поевтинува за 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 88 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 90,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 100,5 денари за ...

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на посетата на Јордан, оствари средба со Министерот за земјоделство, Кхалид Ал Ханифат со кого потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Хашемитското Кралство Јордан за соработка во областа на земјоделството, што претставува прв меѓународен договор меѓу владите двете земји. „Со потпишување на овој документ, создаваме основа за ...

Денеска во ТИРЗ 1 беше промовирана новата фабрика YFA Automotiv, заедничка инвестиција на кинеската Јангфенг и американската АРЦ Аутомотив, во која ќе се произведуваат воздушни перничиња за автомобили. Инвестицијата вредна 30 милиони евра ќе овозможи над 100 нови вработувања, а производите ќе се извезуваат на европскиот пазар. „Денес не е лесно да се привлече инвестиција, особено после пандемијата со КОВИД-19 и посебно во време на војна која се ...

Жито Пром – Гевгелија ги претстави кроасаните и колачите 4U на саемот СИАЛ во Париз, еден од најпознатите светски настани од прехранбената индустрија, што се одржа од 15 до 19 октомври. Со повеќе од 7000 излагачи од 126 земји во 10 павилјони, СИАЛ е една од најголемите изложби, но и места на кои се следат и диктираат светските трендови во производството на храна и пијалаци, па учеството таму е голем предизвик: СИАЛ се одржува секоја втора ...

Вредноста на извозот на 15-те најголеми извозници во Србија од јануари до крајот на септември годинава изнесува 5,4 милијарди евра, а најголеми извозници се три кинески компании – Зиџин Мајнинг од Брестовац, која е сопственик на рудникот во околината на Бор, сопственикот на смедеревската железарница ХБИС групацијата и Зиџин Бор копер, соопшти Министерството за финансии на Србија. Извозот на Зиџин рударство за девет месеци изнесува 769,5 милиони ...

Ова е „единствен“ начин Германија да обезбеди енергетски суверенитет на краток рок, „повторно да ја зголеми геополитичката отпорност“, вели директорот на студијата. Ако Германија не ја намали потрошувачката на енергија за 30%, снабдувањето со енергија на земјата нема да биде безбедно, а нејзината цел за климатска неутралност до 2045 година исто така ќе биде загрозена, се вели во студијата на проектот „Коперник Аријадна“ финансиран од владата. ...

По законот за градење, итно да се ратификува панеуро медитеранската конвенција заради намалување на трошоците за извоз за поголема конкурентноста на компаниите во регионот и за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ – Скопје преку заем од100 милиони евра, за да се обезбеди редовно снабдувањето со електрична енергија, што е клучен проблем во моментов. Делегација на Стопанската комора на Северна Македонија предводена од претседателот Бранко Азески ...

Велешката фабрика БРАКО инвестира 250 илјади евра за целосна реконструкција и отворање нов објект во фабриката, во кој ќе се централизираат и поедностават завршните процеси на обработка на металните конструкции и елементи, пред тие да бидат вградени во крајниот производ. Целта на поставувањето на новиот комплекс е значително да се намали вкупното време потребно за добивање на финален производ, на тој начин што ќе се скрати времето на изведување ...

Бизнис-лидери од регионот, меѓу кои и Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, зедоа учество на Форумот на менаџери, кој се одржа на 18 октомври годинава во Белград. Во рамките на овој еминентен бизнис-настан во организација на Српската асоцијација на менаџери – „САМ“, регионалните бизнис-лидери имаа свои излагања на теми од областа на економијата, енергетиката и прехранбената индустрија, трендовите во делот на ...

Една од најголемите независни светски рејтинг агенции, Fitch Ratings, и оваа година ја оцени ПроКредит Банка со највисок можен инвестициски рејтинг во земјата. Тоа е потврда дека работењето на ПроКредит Банка е стабилно, а анализираните ризици се соодветно менаџирани и се на ниско ниво. ПроКредит Банка е првата и единствена банка во земјата која на годишна основа е оценувана од меѓународната кредитна агенција Fitch Ratings, уште од 2005 година. ...

И директните средби со компаниите, кои Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ) интензивно ги имаше деновиве, покажуваат дека енергетската криза има силно влијание врз конкурентноста на македонската економија и со тоа компаниите тешко ја одржуваат ценовната конкурентност на своите производи и услуги на странските, но и на домашниот пазар. За да се одржат домашната економија и конкурентноста на домашните производи и услуги, и дома и во ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
5.14
28%
1006
weather icon

Белград

33ᴼ / 32ᴼ
2.06
29%
1002
weather icon

Загреб

24ᴼ / 23ᴼ
2.06
74%
1004
weather icon

Софија

34ᴼ / 30ᴼ
4.63
32%
1009
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
4.92
18%
1005
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 21ᴼ
1.54
78%
1004
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
4.12
53%
1011
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
4.63
48%
1010
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
5.66
45%
1009
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
2.68
29%
1008
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.09
88%
1005
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
5.66
28%
1011
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641