Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд ја предупреди Кина дека нејзината доминација над производството ризикува да ги влоши глобалните трговски тензии, повикувајќи го Пекинг да преземе многу поголеми мерки за да ја насочи својата економија кон домашната потрошувачка. „Како втора најголема економија во светот, Кина е едноставно преголема за да генерира голем раст од извозот“, изјави директорката на ММФ, Кристалина Георгиева. Промените во ...

Глобалната трговија со стоки и услуги продолжи да расте во втората половина од 2025 година. Доколку проекциите се одржат, глобалната трговија оваа година ќе надмине 35 трилиони долари за прв пат – зголемување од околу 2,2 трилиони долари, или околу 7%, во споредба со 2024 година. Трговијата со стоки ќе учествува со околу 1,5 трилиони долари од тој пораст, додека услугите се очекува да пораснат за приближно 750 милијарди долари, раст од речиси ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на неговата посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска се сретна со министерот за надворешна трговија, Тани бин Ахмед Ал Зејуди. Двајцата министри ја потврдија одличната билатерална соработка и го истакнаа растечкиот потенцијал за продлабочување на односите, со посебен акцент на економијата, трговијата и инвестициите како приоритетни области. Како што ...

Во време кога автомобилската индустрија е во фаза на транзиција и големо реструктуирање, а европските производители се соочуваат со пад на продажбата и силен притисок од кинеската конкуренција, КОСТАЛ Македонија бележи рекорден раст и извоз од над 230 милиони евра. Костал Македонија е седми најголем извозник од Македонија, а со најновата инвестиција од 30 милиони евра, ќе биде еден од трите најголеми изозници од земјава. Со својот досегашен ...

Во текот на октомрви 2025 година од Македонија биле извезени стоки во вредност од 727 милиони евра, што е раст од 3,45% во однос на истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Увозот во октомрви 2025 година изнесувал 1 милијарда евра, раст од 8,3% во споредба со октомври 2024 година. За периодот јануари-октомври 2025 година вкупниот извоз изнесувал 6,7 милијарди евра, што е раст од 2,17% во однос на ...

Бруто-домашниот производ (БДП) во третото тримесечје годинава бележи раст од 3.8 % во однос на истиот периот лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Најголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 21.0 % и Информации и комуникации од 7.4 %. Во третото тримесечје, бруто инвестициите во основни средства претставуваат главен двигател на порастот на бруто-домашниот производ. Во структурата на БДП, учеството на бруто ...

ИНТЕРВЈУ АЛЕКСАНДАР ГЕЧЕВ, генерален менаџер на ИГМ ТРЕЈД Како најголем извозник од металната индустрија во рангирањето „Топ 100 Извозници“, ИГМ-Трејд се наоѓа на првата линија на удар од новите европски трговски и еколошки регулативи. Воведувањето на CBAM, намалувањето на увозните квоти и зголемувањето на царините за увоз на челик во ЕУ, создаваат сериозни предизвици за македонските производители. Во ексклузивно интервју за едицијата ТОП ...

Американската стопанска комора (AmCham) вчера го одржа своето 25-то генерално собрание, одбележувајќи значаен јубилеј – четвртина век посветена работа за поддршка на развојот на домашната економија, унапредување на деловното опкружување, размена на добри деловни практики и застапување на интересите на своите членки, кои денес надминуваат бројка од 150 субјекти во земјава. Во рамките на овогодишното собрание, за член на Одборот на директори на ...

Собранието на Србија го усвои Законот за данок на емисии на стакленички гасови, со кој се воведува данок за најголемите емитери на стакленички гасови. Според новиот Закон, компаниите во Србија кои произведуваат цемент, железо, челик, алуминиум, вештачко ѓубриво, но и електрична енергија – инаку компании кои се класифицирани како „големи загадувачи“ поради природата на нивната работа – ќе мора да ѝ плаќаат на државата данок на загадување од 1 ...

Речиси 80% од професионалците во европските синџири на снабдување очекуваат нивното работење да биде под влијание на геополитичката динамика и царините во следните една до две години. Според анкета спроведена на 900 европски компании од океанскиот превозник „Маерск“, 50% од испитаниците изразиле „длабока загриженост“ за моменталната геополитичка клима, додека 80% ги препознаа предизвиците во синџирот на снабдување како фактор што влијае на ...

Проектираниот раст на реалниот БДП на Индија од 6,6% повторно ја става земјата на врвот на Г20 – далеку пред големите развиени економии, па дури и ги надминува другите пазари во развој со висок моментум. Графикот за најбрзорастечки економии од групата на 2- најголеми економии Г-20 во 2025 година не е обиен график. Тој ја одразува фундаментална промена на глобалната економска мапа. Овој график кажува неколку работи: 1️⃣ Растот се поместува кон ...

Се очекува пазарот на замрзната храна во Европската Унија да порасне од 74,6 милијарди долари во 2025 година на приближно 125,5 милијарди долари во 2035 година, регистрирајќи апсолутен раст од 50,9 милијарди долари во овој период. Ова е еквивалентно на вкупно зголемување од 68,2 %, при што се очекува пазарот да се прошири со сложена годишна стапка на раст од 5,3%, според извештајот на Future Market Insights. Агенцијата за аналитика очекува ...

Глобалната економија ги издржува трговските царини на Доналд Трамп подобро од очекуваното, бидејќи активноста добива поттик од силните инвестиции во вештачка интелигенција и поддржувачките фискални и монетарни политики, соопшти ОЕЦД. Организацијата со седиште во Париз ги зголеми своите прогнози за раст на САД и еврозоната за оваа и следната година и направи мали прилагодувања нагоре за другите големи економии во своите најнови прогнози. ...

Осумнаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2025/2026 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека нема добри вести во врска со НИС и дека Србија не добила позитивна одлука од САД. “Немаме проблеми со горивото, отворивме нови канали за увоз, она со што имаме проблем е логистиката, додаде тој и рече дека ќе имаме доволно гориво и нафтени производи до крајот на јануари. Ќе одржуваме состаноци на дневна основа и ќе добивате информации на секои два дена. До 15 јануари дефинитивно ќе го ...

Пазарот на храна за бебиња силно порасна во последните години. Од 52,62 милијарди долари во 2024 година се очекува да порасне на 56,21 милијарди долари во 2025 година со годишна стапка на раст (CAGR) од 6,8%, покажува извештајот на Тhe business research company Се очекува големината на пазарот на храна за бебиња да забележи силен раст во следните неколку години. Ќе порасне на 72,91 милијарди долари во 2029 година со годишна стапка на раст од ...

По успешната реализација на низа едукативни работилници, настани за вмрежување и лансирањето на ПроКредит бизнис академијата, кои во изминатите години им помогнаа на претприемачите да ги развијат своите знаења и управувачки вештини, ПроКредит продолжува со нова нефинансиска иницијатива – ProConnect, дигитална платформа за деловно вмрежување што обединува компании од 12 земји од Балканот и Југоисточна Европа. Со оваа иновација, ПроКредит уште ...

Компанијата МСЦ Скопје, дел од најголемата бродарска компанија во светот — The Mediterranean Shipping Company (MSC), го прослави јубилејот од 20 години успешно работење во РС Македонија. На свечениот прием организиран во Македонската филхармонија, извршната директорка на МСЦ Скопје, Сања Радовановиќ, им се заблагодари на присутните клиенти, партнери, пријатели и колеги за долгогодишната соработка, довербата и посветеноста. „Пред две децении ...

. Хрватската влада значително ги прошири своите мерки за ограничување на цените, зголемувајќи ја листата на ограничени производи од 70 на 100 артикли и категории на производи во малопродажбата во земјата. Оваа одлука, која стапува на сила на 1 декември 2025 година, има за цел да ги заштити најранливите сегменти од населението од инфлаторните притисоци и да ги направи основните стоки подостапни, особено за време на претстојната празнична ...

Италијанскиот органски пазар (вклучувајќи малопродажба, угостителство и извоз) вредеше 10,4 милијарди евра во 2024 година – зголемување од 6% во однос на претходната година, според извештајот на Focus Bio Bank за 2025 година. Додека вкупната продажба на храна во малопродажба порасна за само 0,7% во вредност (и се намали за 0,4% во обем), продажбата на органска храна во малопродажба забележа силен раст од 6%. Продажбата во органските ...

Volkswagen изјави дека може да произведе електрично возило целосно произведено во Кина за половина од цената за производство на друго место, додека се бори да го врати својот удел на најголемиот пазар во светот. Најголемиот европски производител на автомобили во вторникот изјави дека, по серија инвестиции во земјата, за прв пат може да развива нови автомобили надвор од Германија, вклучително и тестирање и имплементирање нови технологии како ...

„Климатските промени сè поинтензивно влијаат врз економиите и финансиските системи, а ризиците поврзани со климатските промени претставуваат значаен фактор кој влијае врз ценовната и финансиската стабилност. Поради тоа, централните банки веќе ги интегрираат овие ризици во аналитичките и супервизорските рамки. Пристапот на Народната банка ги следи меѓународните практики. Планираните активности од усвоениот Среднорочен план на активности за ...

Претседателот на Стелантис, Џон Елкан предупреди дека европската автомобилска индустрија ризикува „неповратен пад“ ако Европската унија не го омекне својот став за намалување на емисиите на јаглерод за да им даде на производителите на автомобили поголема флексибилност. Европската комисија треба да презентира пакет предлози за закажаниот преглед на регулативата на ЕУ за емисиите на јаглерод за автомобилската индустрија на 10 декември. ...

На 20 ноември 2025 година, во Скопје се одржа редовното Собрание на Советот на странски инвеститори, на кое компаниите-членки дискутираа за приоритетите во унапредувањето на инвестициската клима во државата и соработката со институциите. Еден од централните моменти на Собранието беше изборот на новиот Управен одбор, во кој влегоа претставници од различни индустрии, држави и компании лоцирани и внатре и надвор од технолошко-индустриските ...

Според податоците од TGM Research секое второ семејство во Европа има домашно милениче. А овој тренд бележи нагорна линија во последните години. Србија е една од земјите кои успеаа да го искористат и да заработат од овој тренд. Србија извезува храна за домашни миленици во 55 земји Пред четиринаесет години, Србија произведувала само 255 тони храна за кучиња и мачки. Минатата 2024 година , производството изнесувало 97.545 тони, или 382 пати ...

САД се залагаат за помеко спроведување на дигиталните правила во замена за олеснување на царините за Европејците по состанокот во Брисел со Грир и Лутник. Американскиот министер за трговија Хауард Лутник изјави дека Вашингтон може да ги намали царините за челик и алуминиум од ЕУ, но само ако Европејците се согласат да го олеснат спроведувањето на дигиталните правила по состанокот во Брисел во понеделникoт. Лутник, кој е близок сојузник на ...

ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2025: Извозни шампиони: Компаниите кои ја менуват македонската економија Со задоволство ве информираме дека излезе новата специјална годишна едиција „ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2025“– единствената публикација која ги рангира најголемите и најуспешни извозни компании во Северна Македонија. Едицијата ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ, која ја издава специјализираниот портал ИзвозМК (www.izvoz.mk), е посветена на најголемите извозни компании и ...

„Мојата почит спрема Стопанската комора е на највисоко ниво затоа што во неа членуваат компаниите кои го движат македонскиот извоз, компаниите кои го полнат нашиот буџет, компаниите кои нѐ водат напред. Комората е гласот на бизнисот – од дизајнирање и носење политики до детектирање проблеми и барање нивно решение“, изјави д-р Никица Мојсоска-Блажевски, потпретседател на Управниот одбор на Стопанската комора и главен извршен директор на ...

Вработеноста во германскиот автомобилски сектор, кој се соочува со тешкотии, е на најниско ниво во повеќе од една деценија, објави федералниот завод за статистика на земјата, Дестатис. Вработеноста во германскиот автомобилски сектор, кој се соочува со тешкотии, е на најниско ниво во повеќе од една деценија, по елиминацијата на десетици илјади работни места, соопшти федералниот завод за статистика Дестатис. Автомобилската индустрија, ...

Семејниот инвестициски холдинг на претприемачот и инвеститор Андреј Јовановиќ, AJFH, како водечки инвеститор, заедно со Бојан Радун, еден од најистакнатите менаџери во регионот и сегашен генерален директор на Имлек, потпишаа договор за заедничко купување на регионалниот млечен гигант “Имлек” од фондот MidEuropa, објави Имлек. Компанијата Имлек, со седиште во Падинска Скела во Белград, ја поседува најголемата млекарница во Македонија, ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1009
weather icon

Белград

-5ᴼ / -5ᴼ
2.06
93%
1007
weather icon

Загреб

-2ᴼ / -3ᴼ
0.51
81%
1007
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
2.06
65%
1010
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
0.71
90%
1011
weather icon

Љубљана

-4ᴼ / -5ᴼ
0.51
82%
1007
weather icon

Атина

9ᴼ / 7ᴼ
4.12
94%
1006
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1003
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
100%
1004
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
3.09
89%
1011
weather icon

Будимпешта

-4ᴼ / -4ᴼ
2.06
93%
1008
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
4.12
53%
1011
Currency

61.62

Currency

52.5721

Currency

70.6951

Currency

35.3735

Currency

37.974

Currency

66.6166

Currency

7.55216

Currency

0.67318

Currency

0.33234

Currency

0.52404

Currency

1.21351

Currency

0.57292

Платина

74080.83

Бакар

11.75

Родиум

324722.54

Калај

49.66

Алуминиум

3.13

Злато

147776.72

Сребро

2897.70

Рутениум

45750.51

Паладиум

57453.38

Иридиум

198077.91

Кобалт

62.83

Цинк

3.20