Намалување на царинските стапки за околу 70 производи, главно репроматеријали и суровини, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска на средба во Стопанската комора. „Во владина процедура е предлог-законско решение со кое ќе се намалат царинските стапки на повеќе производи, со што ќе овозможиме компаниите повеќе да произведуваат и повеќе да извезуваат. Од 1 јули ќе се изврши намалување до 50% од царинските стапки кои ...

Стопанската комора на Северна Македонија ги информира економските субјекти дека согласно известувањето од Амбасадата на Украина, започнувајќи од мај 2025 година Трговско-индустриските комори во Украина воведуваат нов образец на непреференцијални сертификати за потекло на стоката на англиски јазик со логото на Меѓународната трговска комора (Прилог 1). Постоечките обрасци на непреференцијални сертификати за потекло на стоката на англиски јазик ...

Извозот на преработки од зеленчук и овошје од Македонија во првите три месеци годинава изнесувал 22 милиони евра, што е раст од 1% во споредба со истиот период лани. Оваа преработувачка индустрија е една од нето извозните индустрии кои повеќе увезуваат отколку што увезуваат. Колку за споредба, во првите три месеци лани од странство се увезле преработки од овошје и зеленчук во вредност од 14 милиони евра, што значи дека во трговијата со ...

Кинеската CATL најави револуција во камионскиот презвоз Кинеската компанија CATL објави план за револуција на глобалниот пазар на камионски превоз. Целта е половина од сите нови камиони што се продаваат во Кина да бидат електрични до 2028 година. За да се намалат трошоците, батериите ќе бидат достапни за лизинг. Планот го откри Робин Зенг, извршниот директор на компанијата, во интервју за „Фајненшл тајмс“ по повод котирањето на CATL на ...

Во периодот јануари до март годинава помалку стока се превезувала. Пад има кај секој вид на товарен транспорт, и кај патниот, кај железничкиот и воздухопловниот товарен превоз на стоки, покажуваат последните податоци од Држвниот завод за статистика. Во првите три месеци преку товарен патен превоз биле превезени 21,5 милиони тони стока, што е намалување од 12% во споредба со истиот период лани. Поголем дел или 12,3 милиони тони од превезената ...

Царинските спорови и нарушените односи во меѓународните сојузи би можеле, според Европската централна банка (ЕЦБ), да претставуваат ризик за финансиската стабилност во Еврозоната. „Сè поизразените несогласувања околу трговскиот план и поврзаните ризици за економскиот раст влијаат врз изгледите за финансиска стабилност“, рече потпретседателот на ЕЦБ, Луис де Гиндос, сумирајќи ги наодите од полугодишниот извештај на банката за финансиската ...

Во текот на изминатата 2024 година во Германија биле затворени 196.000 компании – ова е блиску до нивото забележано по финансиската криза. Зголемувањето е забележливо и кај поголемите компании. Зголемувањето е особено значајно во една област, пишува Welt. Во Германија, повеќе компании мораа да се затворат во 2024 година отколку во повеќе од една деценија. Според неодамнешната анализа на кредитната агенција „Кредитреформ“ и Центарот за ...

Петнаесет македонски фирми оваа година ќе ги изложат своите производи на 4-тиот Саем на Кина и земјите од Централна и Источна Европа, а официјалната делегација ќе биде предводена од заменик министерот за економија Марјан Ристески. Според најавите, учесници од Северна Македонија ќе има на речиси сите форуми кои се организираат на овој значаен настан. На саемот, според информации од Министерството за економија, ќе учествуваат компаниите ...

По повод 80-годишниот јубилеј на Црвен крст, во Македонскиот народен театар се одржа свечена академија под покровителство на претседателката на државата, н. е. Гордана Сиљановска-Давкова. Под мотото „Осум децении ние гледаме луѓе“ беше одбележан јубилејот на Црвен крст, хуманитарна организација која осум децении им дава помош и поддршка на најзагрозените категории граѓани, промовирајќи хуманост и човечка солидарност. Формиран на 17 март 1945 ...

Царинската управа има значајна улога во спроведување на реформската агенда до полноправно членство во ЕУ, при што за кратко време веќе се видливи резултатите кои се извонредни. Ова е заедничкиот заклучок од денешната средба на заменик-шефот на Мисијата во Амбасадата на САД во Скопје, Никол Варнс и директорот на Царинска управа, Бобан Николовски заедно со тимовите. „Извонредните резултати што ги постигнавте за кратко време се значително ...

Во 2024 година, вредноста на светскиот извоз на стоки се зголеми за 2,3% откако се намали во 2023 година. Глобалниот извоз изнесуваше 24,4 трилиони долари, што е за 474 милијарди долари помалку од вредноста во 2022 година. Уделот на земјите во развој во вкупниот извоз изнесувал 46% во 2024 година, што е постојан пораст од 29% во 2000 година. Уделот на најмалку развиените земји, пак, изнесуваше само 1,1% во 2024 година, што е едвај ...

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) на 19. редовно годишно Собрание избра ново раководство. За претседател е назначен Илија Господинов од компанијата „Ендава“, а претседател на Управниот одбор е Јордан Димитровски од „Аитоникс“. Мандатот на новото раководство е за периодот 2025 – 2028 година. Членови на Управниот одбор на МАСИТ покрај Димитровски се Благој Христов од Македонски Телеком, Драган Чепујноски од ...

Извозот на ИКТ услуги од Србија во првите три месеци годинава надмина една милијарда евра, изјави директорот на Канцеларијата за ИТ и е-влада, Михаило Јовановиќ, додавајќи дека секторот на информатичко-комуникациски технологии (ИКТ) продолжува силно да расте. Јовановиќ истакна дека само во март оваа година, извозот на ИКТ услуги од Србија достигнал рекордни 385 милиони евра, што претставува раст од 25% во споредба со март претходната година, ...

Компанијата “Даути Комерц” доби дозвола за извоз на производи од животинско потекло на пазарот на Европската Унија (ЕУ). Овој посебен статус ѝ овозможува на компанијата не само да ги извезува своите производи, туку и да понуди поддршка за други компании кои сакаат да влезат или се прошират на европските пазари. Согласно членовите 17 и 51 од Законот за безбедност на храна и член 6 од Правилникот за формата и содржината на регистарот на ...

Нашата земја ги гледа мигрантите не само како работна сила, туку како носители на знаење, искуство, културна размена и економски потенцијал. Регулираното вклучување на странски работници придонесува кон подигнување на продуктивноста, развојот на трудоинтензивни индустрии и стабилизирање на вработеноста, изјави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на регионалната конференција за трудова миграција што се одржува во Будва, во ...

На 12 јуни во Скопје, за првпат ќе се одржи Германско-македонскиот бизнис самит, кој претставува нова платформа за зајакнување на економската соработка меѓу Македонија и Германија. „Преку овој самит создаваме простор за размена, партнерство и визија за иднината на македонско-германските економски односи. Овој значаен настан претставува клучен момент во прославата на 25-годишнината од AHK Северна Македонија и Германско-Македонската бизнис ...

Извозот на компјутерски услуги од Македонија во 2024 година изнесувал 558 милиони евра, што претставува годишен раст од 11,6% во споредба со 2023 година, кога приходите од овој сектор биле околу 500 милиони евра, покажуваат податоците од Народната банка на Република Северна Македонија. Во истата година, земјата увезла компјутерски услуги во вредност од 156 милиони евра (годишен раст од 17,5%), што значи дека Македонија имала трговски вишок во ...

Сите дванаесет комерцијални банки во земјава интензивно работат на изготвување апликации и технички решенија потребни за нивното вклучување во платежната шема за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Една системски значајна банка веќе ја поднесе апликацијата до Европскиот совет за плаќања (ЕПС), девет банки имаат направено избор на странска банка преку која ќе ги извршуваат плаќањата, коешто е предуслов за ...

Пазарот на храна за бебиња силно порасна во последните години. Од 52,62 милијарди долари во 2024 година се очекува да порасне на 56,21 милијарди долари во 2025 година со годишна стапка на раст (CAGR) од 6,8%. Се очекува големината на пазарот на храна за бебиња да забележи силен раст во следните неколку години. Ќе порасне на 72,91 милијарди долари во 2029 година со годишна стапка на раст од 6,7%. Тоа е раст од околу 40% за период од пет ...

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, ќе учествува како главен панелист на престижната 9. Регионална конференција – Еден Регион Еден Пазар – Чекор кон Единствениот пазар на ЕУ што се одржува денеска, 13 мај 2025 година, во Нови Сад. Настанот со наслов „Иднината на растот предводен од иновации 2025“ има цел да ги обедини водечките деловни лидери, креаторите на политики и претставниците на меѓународната ...

Стратешко созревање – каде сме и каде одиме? Вториот панел од Самитот „Македонија 2025“ во фокусот ги имаше историјата на организацијата, скромните почетоци и големите чекори кои ги прави со една цел – градење на посилна нација! „Ним не им треба претставување. Тие се врвни бизнис-лидери, патриоти со длабока посветеност и искрена страст за придонес кон напредокот на нашата татковина“, гласеше заедничкиот содржател со кој модераторот Боријан ...

Во периодот од јанаури до март годинава било извезени македонско вино во вредност од 13,8 милиони евра, што е за 6,6% помалку во споредба со истиот период лани. Продадените количини на странските пазари, пак, во првите три месеци годинава изнесуваат околу 10 илјади литри и бележат пад од 14,5% во споредба со истиот период лани. Најголем извоз на вино околу 3,5 илјади литри во првите три месеци годинава е остварен во Србија во вредност од ...

Потрошувачката на вино во Европската Унија во 2024 година e за 5,2 % пониска од петгодишниот просек, додека производството на вино во ЕУ минатата година беше за 3,5 % пониско отколку во 2023 година, покажува извештајот на Меѓународната организација за вино (OIV) за состојбата на светскиот сектор во 2024 година. Во 2024 година, ЕУ претставуваше пазар на вино од 103,6 милиони хектолитри (mhl), што претставува 48% од светската потрошувачка. ...

Нулта толеранција на корупцијата, пет отсто економски раст годишно, пристап до ЕУ и ефикасна јавна администрација, е визијата на Македонија 2025 за домашната економија. Како што рече извршната директорка Никица Мојсоска Блажески во воведното обраќање на Самитот што се одржува во Скопје, корупцијата е најголем проблем во државата, но земјава се уште нема консензус каква економија сака. Бизнисмените и натаму се перцепираат како профитери, а ...

Претседателот на Владата на Република С. Македонија Христијан Мицкоски на денешниот Самит во организација на „Македонија 2025“ истакна дека во изминатите 10 месеци од формирањето на Владата фокусот бил ставен на стабилизација на државата, затоа што државата била во слободно паѓање. “И затоа нашата стратегија беше ајде да го запреме слободното паѓање, па потоа да се обидеме да дојдеме до состојба нула, па дури потоа да почнеме да размислуваме ...

САД и Кина се согласија да ги намалат високите казнени царини за стоките, што претставува големо затоплување на трговските односи што го ресетира тонот меѓу двете најголеми економии во светот од отворен конфликт до конструктивен ангажман. По разговорите за време на викендот во Женева договорено е „реципрочната“ царина на претседателот Трамп за Кина да падне на 10% од 125%. Посебната царина од 20% што претседателот Трамп ја воведе поради она ...

Извозните компании од Македонија во март годиинава на странските пазари продале стоки вредни 700 милиони евра, што е намалување од 3,09% во однос на истиот период лани. Увозот, пак, во истиот период се намалил за 5,5% и изнесувал 938 милиони евра, со што покриеноста на увозот со извоз изнесувала 74,5%. Во периодот јануари март годинава на странските пазари биле продадени стоки вредни 1,93 милијарди евра, што е речиси на исто ниво како истиот ...

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна, денеска престојуваше во Комората во Скопје на разговори околу проблемите со подолго задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи. На заедничката средба со претседателот на Стопанската комора и ...

Турската компанија Џагатај Кабло која веќе подолго време работи во рамките на ТИРЗ Скопје 1 ќе инвестира 6 милиони евра во проширување на своето производство со изградба на нов објект од околу 10.000 квадрати, што ќе донесе нови 200 вработувања. Oд Дирекцијата за технолошки индустриски зони ТИРЗ информираат дека новата фабрика ќе биде двојно поголема од постоечката и освен што ќе отвори нови работни места, истата ќе донесе и нови технологии. ...

Велика Британија и Индија постигнаа трговски договор што ќе им го олесни извозот на виски, автомобили и други производи на британските извозници во Индија и ќе ги намали даноците за извозот на облека и обувки од Индија. Договорот доаѓа по три години преговори. Владата на Велика Британија соопшти дека не вклучува никаква промена во политиката за имиграција, вклучително и кон индиските студенти кои студираат во Велика Британија. Премиерот Сер ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1008
weather icon

Белград

-6ᴼ / -6ᴼ
1.54
93%
1006
weather icon

Загреб

-2ᴼ / -4ᴼ
0.51
82%
1006
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
2.06
65%
1009
weather icon

Сараево

-2ᴼ / -2ᴼ
1.5
97%
1010
weather icon

Љубљана

-4ᴼ / -6ᴼ
1.03
83%
1006
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
2.24
95%
1005
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
87%
1002
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
100%
1003
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
3.6
89%
1009
weather icon

Будимпешта

-3ᴼ / -3ᴼ
1.54
86%
1006
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
49%
1011
Currency

61.62

Currency

52.5721

Currency

70.6951

Currency

35.3735

Currency

37.974

Currency

66.6166

Currency

7.55216

Currency

0.67318

Currency

0.33234

Currency

0.52404

Currency

1.21351

Currency

0.57292

Сребро

2897.70

Родиум

324722.54

Паладиум

57453.38

Алуминиум

3.13

Бакар

11.75

Иридиум

198077.91

Цинк

3.20

Кобалт

62.83

Платина

74080.83

Рутениум

45750.51

Злато

147776.72

Калај

49.66