Целта на Србија е да почне да користи летечки автомобили во земјата во 2027 година, изјави во Давос претседателот Александар Вучиќ, наведувајќи дека за тоа разговарал со претставници на компанијата „Арчер“ на маргините на Светскиот економски форум. Вучиќ за српските медиуми изјави дека компанијата „Арчер“ е „една од најпознатите компании кои се занимаваат со летечки автомобили, беспилотни авиони и летачки возови“. „Почнавме да преговараме за ...

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Б. – началник во Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „затајување“. „На 12 јануари во Кавадарци, пријавениот физички нападнал едно лице и со службен пиштол неколку пати го удрил по главата. Исто така, на 13 јануари, противправно присвоил една рамка и пет куршуми и не ги вратил, а ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Денеска (вторник (21.1.2025) од југозапад над Македонија ќе помине еден брз влажен и поладен воздушен бран, поладниот воздушен бран секако ќе се спушти од север. Во склоп со овој влажен бран од југозапад, ќе има послаби врнежи кои на пониските места (градовите) ќе бидат од дожд или повремено од дожд и снег, додека на повисоките, планинските места, како и на Скијачките центри ќе има врнежи од снег. Врнежи со малку ...

И премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски присуствуваше на инаугурацијата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп. Како што објави на своите социјални мрежи, тој овој настан го следеше од Вип ложата во Вашингтон. Заедно со него беше и претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли. „Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли, во ВИП ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности,“ ...

Центарот за управување со кризи информираше за уште еден немил настан утрово: По пријавен настан на бројот за итни повици 112, во село Чифлик, општина Делчево за запалена куќа, ТППЕ Делчево интервенираа со 1 ПП возило, 1 теренско возило и 4 пожарникари. Интервенирано е во период од 05.15 часот до 9.30 часот. Во интервенцијата учествувале и 4 лица од месно население. Други учесници се екипа на Итната медицинска помош (ИМП) до Делчево и 5 ...

Одбиено е барањето на Љупчо Палевски-Палчо за изземање на претседателот на судечкиот совет Ивица Стефановски, кој го води судскиот процес за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Ова на почетокот на денешното продолжение на судењето го соопшти судијата Стефановски читајќи го решението на претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев. Палевски, пред крајот на минатото рочиште на 20 декември лани, ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,16 % во однос на одлуката од 17.01.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,747%, кај дизелот за ...

Црна хроникаДеца со мотор излетале од патот, едното е тешко повреденоОбјавено пред 4 минути – 20 јануари, 2025Од Е. Т. / Макфакс Двајца малолетници се повредени во сообраќајна незгода со мотор што се случила вчера напладне. Според информациите од МВР, во селото Криволак, Неготинско, мотоцикл без регистерски ознаки, управуван од малолетник од селото излетал од патот. Тешко повреден е неговиот сопатник од истото село, додека момчето кое управувало ...

Нема настрадани лица во старечкиот дом во Кавадарци, укажуваат првичните информации. Од ЦУК во Кавадарци информираа дека пожарот го гаснат 12 пожарникари со 3 противпожарни возила На терен се и 7 полицајци, возила на Итната медицинска помош и минибуси за транспорт на лицата. Од сместените во домот, пет лица се неподвижни. Градоначалникот на Општина Кавадарци ќе оствари комуникација со Итна медицинска помош Неготино за да испратат едно возило на ...

Научниците ги предупредуваат постарите луѓе да бидат внимателни при честото земање парацетамол поради неговата поврзаност со сериозни состојби како што се внатрешно крварење и хронично заболување на бубрезите. Голема анализа спроведена од експерти од Универзитетот во Нотингем покажа дека постои врска помеѓу употребата на овој лек против болки и проблемите со дигестивниот систем, срцето и бубрезите. Студијата, која го следела здравјето на повеќе ...

Лепа Брена на крајот на минатата година на концерт во Загреб го скрши скочниот зглоб, поради што веднаш ја оперираше ногата. И покрај тоа што не можеше да издржи, таа имаше неколку настапи околу Нова Година, а бидејќи нејзиното закрепнување беше при крај, со сопругот Боб Живојиновиќ и синот Виктор отпатува за Тајланд. View this post on Instagram A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) Тука семејството ужива во шармот на егзотичната ...

Музичарот Стинг е во брак со Труди Стајлер од 1992 година. Во раните 90-ти, тој зборуваше во медиумите за нивните „седумчасовни секс маратони“. Сега откри дека тоа е лага и дека само се шегувал. „Седум часа вклучува вечера, филм и пет часа молење“, рече тој во интервју за „Тајмс“. Иако тоа дури сега го призна, неговата сопруга уште во 2011 година рече дека изјавата за седумчасовен секс е „пијано фалење“ и се пошегува дека „тоа го прават цел ...

Кривичниот суд Скопје го прифати барањето на Обвинителството и одреди 30-дневен притвор за Раде Трајковски – Штекли и уште девет лица од групата што ја предводел, по нивното апсење во акција на МВР. Определен е притвор и за двете лица кои се во бегство. „Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за ...

Третиот понеделник во јануари се смета за најдепресивен ден во годината. Иако нема научни докази за да го поткрепат ова тврдење, таканаречениот „Син понеделник“ стана популарна тема во медиумите, а многумина се согласуваат дека овој ден носи одредени предизвици. Концептот на „Синиот понеделник“ го создал британскиот психолог Клиф Арнал во 2005 година, користејќи формула која вклучува различни фактори како што се временските услови, долговите ...

„Покрај кредитот од Унгарија од 500 милиони евра, за кој веќе тече камата а парите не се реализирани, владата на Мицкоски и ДПМНЕ се задолжува интензивно на сите страни“, соопшти СДСМ. „Нови над 200 милиони евра долгови власта натовари на грбот на граѓаните за само неколку месеци. Пред само десетина дена власта се задолжи со 128 милиони евра преку државни записи и обврзници. Претходно кон крајот на октомври 2024 година кај домашните кредитори ...

По неговите стапки, сопругата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Меланија, лансираше сопствен мемекоин. Криптовалутата на сопругата на избраниот американски претседател е именувана како $MELANIA по аналогија со мемекоинот $TRUMP. Меланија Трамп го објави лансирањето на криптовалутата на социјалната мрежа на нејзиниот сопруг Truth Social. Според CoinMarketCap, еден мемекоин на Меланија сега може да се купи за 0,03 долари. Во ...

Празниците се време на радост, релаксација и вкусна храна, но често оставаат чувство на тежина. Претерувањето со храна, слатки, алкохол и нередовно спиење може да доведе до надуеност, замор и лошо расположение. „По празнична детоксикација“ е одличен начин да ја вратите рамнотежата на вашето тело и да ја вратите енергијата. Еве пет совети кои ќе ви помогнат да заздравите и да се чувствувате силни и освежени по празничната сезона: 1. Вратете ја ...

Лошата исхрана богата со заситени масти, шеќер и преработена храна може да го зголеми ризикот од еректилна дисфункција (ЕД), додека здравата исхрана богата со овошје, зеленчук, житарки и протеини се покажа дека ги одржува здравите крвни садови и го подобрува ЕД. Сега една нова студија ги разгледа спецификите за тоа што да се консумира. Конзумирањето сок од црвено грозје може да биде алтернатива на вијаграта – со дополнителна придобивка од ...

Осум лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што утрово околу 4 часот и 30 минути избувна во дом за стари лица во Велики Борак, во белградската општина Бараево, објави РТС. Пожарот е изгаснат, а во гаснењето учествувале голем број пожарникари и противпожарни возила. Др. Виолета Николиќ од Итната медицинска помош за РТС изјави дека добиле повик од пожарникари за избувнување на пожар во дом за стари лица во Велики Борак. Таа наведе дека ...

Директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Александар Кржаловски, вели дека она што ВМРО-ДПМНЕ го промовираше за време на парламентарните избори во врска со преговорите со Европската Унија, измената на преговарачката рамка за членство на земјава во Европската унија, не се случи. „Не се дозволи одложено дејство на уставните измени, ниту измена на преговарачката рамка, ниту пак, Бугарија покажа добра воља со, да речеме ...

Новите податоци за регистрација од Федералната управа за моторен транспорт (KBA) откриваат многу за актуелните трендови на германскиот пазар на автомобили. Нивната листа ги покажува најпопуларните модели на автомобили. VW Group е добро претставена бидејќи само три возила во топ 10 не се од империјата на Волфсбург. Листата покажува дека 2024 година не им беше наклонета на електричните автомобили бидејќи нема ни едно електрично возило на листата. ...

Согласно информации од комплексот клиники “Мајка Тереза” за жал и покрај максималните напори на медицинските тимови, животот го загуби 17 годишниот пациент, со изгореници и тешки телесни повреди. Пациентот беше примен преку Ургентниот центар, во четвртокот попладне, а третиран мултидисциплинарно од специјалисти од пластична и торакална хирургија во единицата на интензивна нега, а во комуникација со реномирани странски центри од соодветната ...

По тринеделен зимски распуст, денеска за основците и за средношколците почнува второто полугодие од учебната 2024/2025 година. Учебната година ќе заврши на 10 јуни за сите ученици, освен за матурантите, кои според календарот за организација на учебната година во јавните средни училишта, ќе учат до 16 мај. Учебната година нема да биде продолжена како минатата година бидејќи ќе нема пролетен распуст кој беше воведен лани. За оваа одлука, ...

„Пуштањето во употреба на железничката пруга Куманово-Бељаковце иститoчниот дел од Коридорот 8, е уште еден значаен стратешки инфраструктурен проект кој е потврда за правилните политики на СДСМ. 90% од изградбата на пругата Куманово-Бељаковце е завршена во периодот на Владата на СДСМ и горди сме што денеска се пушта во употреба. Денешното возење на Мицкоски и половина ДПМНЕ во воз по пругата Куманово-Бељаковце е уште едно признание за се она што ...

Вчера беше пронајдено телото на 42-годишната жителка на Подгорица Ивона Савиќевиќ, која исчезна на 13 јануари, информираа од Управата на црногорската полиција, а пренесоа црногорските медиуми. Исчезнувањето во полиција било пријавено пред четири дена, а телото било пронајдено вчера. Во потрагата биле вклучени дронови и хеликоптер на црногорската полиција. Според првичните информации, полицијата не констатирала траги на насилство, но причината за ...

Скоро една четвртина од младите покажуваат однесување кое се смета за зависност од паметните телефони, открива истражување на лондонскиот Кингс Колеџ, пренесено од BBC. Зависноста се манифестира како паника при недостапност на уредите и неможност за контрола врз времето поминато на нив, со сериозни последици врз менталното здравје. Однесување кое алармира Истражувањето, кое опфатило 42.000 млади лица низ 41 студија, покажува дека 23% од ...

Прилепската болница денеска информира дека бебињата близнаци, кои вчера починаа а беа стари само 20 дена, биле пронајдени премрзнати. Оттаму додаваат дека по приемот на женското новороденче, веднаш е преземена интензивна медицинска интервенција. „На 30.12.2024 година, во нашата установа, мајка родена во 2001 година, во својата четврта бременост (близначка), се породи спонтано. Близначињата се недоносени, родени во 34-та гестациска недела. Првото ...

Неделава јавноста ја потресе трагична вест за уште еден згаснат детски живот на Клиниката за детски болести. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со голема загриженост ги следи информациите за случајот со смртта на 9-годишното дете на скопската детска Клиника, истакна Белкиса Зеќири – членка на Извршниот одбор на СДСМ. „Она што засега е познато, се информациите во јавноста дека детето од болницата од Штип е донесено на скопската Клиника за ...

Критична е состојбата на момчето од Волково, кое вчера качено на цистерна-вагон доживеало струен удар, изјавија попладнево за МИА од Ургентниот центар. – Пациентот примен преку Ургентниот центар вчера со изгореници е во критична состојба и хоспитализиран на интензивна нега. Медицинските тимови ја пружаат потребната здравствена заштита, согласно медицинските протоколи и прават максимални напори за спасување на неговиот живот, појаснија од ...

Вработените во неколку министерства и државни институции кои денес, четврти ден по ред излегоа, на протест за 30 отсто поголема плата и потпишување колективен договор се подготвени на дијалог со Владата, но размислуваат и за штрајк и за тужби за државата доколку нема дијалог. Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на вработените во управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) рече дека со излегувањето на протести на минусни ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
76%
1015
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
85%
1014
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
0.0
82%
1015
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
87%
1013
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
2.73
91%
1014
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1014
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
64%
1012
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
1016
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1016
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
5.81
88%
1013
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
0.45
92%
1014
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
3.09
87%
1011
Currency

61.525

Currency

54.0881

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.35

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52