Полицијата уапси возач во Скопје кој управувал возило со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила. Според информациите на МВР, вчера во 18:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Л.(46) од Скопје. Тој, околу 15:35 часот на ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје, управувајќи патничко возило „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „хонда“ со скопски ...

Кумановските пожарникари интервенирале на пожар во стан на улицата „Димитрије Туцовиќ“ во центарот на Куманово, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи. Во пожарот нема повредени лица. -Територијалната противпожарна единица интервенирала од 10: 55 часот на пожар во стан на улица. Димитрие Туцовиќ“. Пожарот е успешно локализиран во 12:45 часот, со една екипа и едно противпожарно возило- соопшти РЦУК Куманово ...

Пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска, на вчерашната седница за пратенички прашања, постави прашање до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во однос на намалената откупна цена на оризовата арпа и застојот со откупот. Лукаревска посочи дека оризопроизводителите се соочуваат со доцнење на исплатата на субвенции, а паралелно и со откупна цена од само 18 до 23 денари за килограм арпа. Во обраќањето, ...

Полициски службеници од полициската станица „Стари Град“ синоќа во 22:40 часот добиле пријава дека на платото пред Филозофскиот факултет во Србија се наоѓа женско лице на возраст од околу 25 години, без знаци на живот. По пристигнувањето на местото на настанот, од очевидци било посочено дека на петтиот кат од факултетот дошло до активирање и палење пиротехнички средства, по што младата жена, најверојатно студентка, скокнала од прозор. Според ...

Грчката амбасада во Вашингтон официјално реагираше кон првата дама на САД, Меланија Трамп, откако таа неодамна го употреби името „Македонија“ за да ја опише нашата земја за време на говор на самит. Според објаснувањето од дипломатската мисија, станува збор за „корективна мерка“ со цел да се почитуваат правните обврски утврдени со Преспанскиот договор од 2018 година. За време на истиот настан, на кој присуствуваше и Рози Мицкоска, сопругата на ...

Најновата емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ ја отвори една од најсериозните теми за состојбите во државата – концептот на „заробена држава“, термин кој веќе се појавува и во извештаите на Европската комисија за Македонија. Во гостувањето, Слаѓана Тасева од Transparency International објасни дека ваквата состојба подразбира институции кои не работат во интерес на граѓаните, туку се ставени во функција на политички и бизнис елити. Како што беше ...

Денеска во Собранието на седницата за пратенички прашања по неколку избегнувања конечно се појави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, кој по начинот на кој одговараше на поставените прашања, може слободно да се запрашаме, дали некогаш овој владин функционер ќе ја свати суштината на парламентарната демократија и институтот пратенички прашања? Зошто го поставуваме ова како дилема? Секогаш кога ќе треба да ...

Пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска на денешната седница за пратенички прашања упати прашање до министерот за внатрешни работи, во кое побара одговор за постапувањето на институциите и утврдувањето на одговорноста на службените лица по серијата случаи на семејно насилство. Во обраќањето, Лукаревска посочи дека долга е листата на семејни насилства и порача дека одговорност мора да има. „По трагичниот настан во Тавталиџе, по ужасниот крај на ...

На 25.03.2026 во 12:10 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Н.Б.О.(37) од Турција затоа што при гранични проверки и пасошка контрола е констатирано дека на увид приложил фалсификувана зелена карта за товарното возило „форд“ со полуприколка, кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка. На 25.03.2026 во 11:45 ...

Министерот за земјоделие, наместо да живее и раскажува за минатото, време е да сфати дека не е опозиционер, но раководи со ресорот. Министре, по толку години функции во земјоделието: • Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство (од 2024) • Дополнителен заменик министер за земјоделство (2020 и повторно 2024) • Директор на Државен инспекторат за земјоделство (2015–2017) • Директор на Државна фитосанитарна лабораторија (2006–2008) • ...

Американската телевизиска мрежа „Ејч-Би-О“ (HBO) официјално ја започна промотивната кампања за претстојната серија базирана на популарните романи на авторката Џ. К. Роулинг. На првата објавена фотографија е прикажан младиот волшебник Хари Потер во училиштето Хогвортс, а веќе е промовиран и првиот трејлер за серијата. Новата актерска постава ја предводи Доминик Меклафлин во главната улога, додека Арабела Стентон ја толкува Хермиона Грејнџер, а ...

Познатата фолк-пејачка Стојне Николова раскажа приказна за тоа како мажите ја гледааат на настап и рече дека таа не е парче месо. Во гостувањето во подкастот „Ништо лично“ на „Курир“ отворено зборуваше за односот на публиката кон пејачките и начинот на кој таа ја гради својата кариера. Во разговор на тема за тоа како јавноста ги гледа пејачките, Николова рече дека ставот на околината зависи од самите нив. View this post on Instagram A post ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 21-годишник, вечерта на 24 март во Марино, управувал автомобил „КИА“ без да поседува возачка дозвола и под дејство на алкохол со концентрација од 0,94% во крвта. Брзината на движење на ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против 45-годишен охриѓанец, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 24 март во семејниот дом во Охрид, физички го нападнал и телесно го ...

СДСМ ја одржа својата партиска трансформација со серија значајни промени и новитети во раководството. Претседателот Венко Филипче ги претстави основите на новата предлог Платформа на партијата, која ќе послужи како темел за идната програма на СДСМ. Во рамки на реорганизацијата, нови членови влегуваат во Централниот и Извршниот одбор: Соња Стаменкова, Слободен Чокревски, Богданка Кузеска, Тања Илијовска и Рубин Земон добија доверба да ја водат ...

Вчера во 17:40 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишија од слобода 72-годишен жител на Валандово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 68-годишна сопруга и ѝ нанел повреди на телото. При преземање на службени дејствија, лицето агресивно се однесувало и кон полициските службеници, при што нападнал еден од нив. Лицето е задржано во Полициска ...

Ниту 600 евра сега не се доволно за граѓаните да ја надминат оваа криза, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во емисијата „Топ-тема“ на телевизијата „Телма“. Филипче укажа дека од сегашните ценовни шокови особено се погодени социјално ранливите категории граѓани, најниско платените работници, пензионерите со најниски пензии, многудетните семејства, се вели во соопштението на СДСМ. „Треба да се најде механизам да им се помогне на ...

Можете да заштедите пари и истовремено да ја заштитите околината ако се придржувате на неколку едноставни правила при возење на бензинско или дизел возило. Еве што е потребно: Секој пат кога седнувате зад воланот на вашето бензин или дизел возило, имате можност да заштедите – едноставно возејќи економично, објави 4news.mk Примената на неколку совети може да ви заштеди стотици евра годишно. Помалата потрошувачка на гориво не е добра само за ...

Легендарната пејачка Зорица Брунцлик веќе со недели води тешка битка со здравјето, а нејзиното отсуство од јавноста ги вознемири колегите и бројните обожаватели. Зорица последен пат беше видена на 2 февруари на снимањето на „Пинкови ѕвезди“, по што нејзината состојба се влошила. Според извори за „Србија Данас“, пејачката првично била хоспитализирана во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“, каде ѝ била извршена медицинска интервенција – цистоскопија. Сепак, ...

Сирени се огласија низ Израел по четврти пат во четврток. Најновиот бран напади беше насочен кон Ерусалим, каде што беа активирани сирените. Според информациите, пет лица се полесно повредени кога иранска бомба го погоди Кафр Касим, објави 4news.mk Маген Дејвид Адом рече дека пет лица биле погодени од касетна бомба и однесени во болница. Две лица се убиени во напад врз Абу Даби. Властите соопштија дека остатоци паднале на улицата Свејан по ...

Македонија денеска ќе биде под влијание на променливо облачно време, а кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд. Главна карактеристика на денот ќе биде умерениот до засилен јужен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 60 km/h. Температурите ќе се движат од минимални 0 до максимални 21 степен. Во Скопје времето ќе биде слично, со умерен до засилен јужен ветер и температура до 20 степени. Според УХМР, нестабилното време ...

Зоран Трифуновски од Скопје е нов организациски секретар на СДСМ, откако од оваа позиција се повлече Мартин Костовски, кој претходно беше кандидат на партијата за градоначалник на Куманово.. Промената доаѓа по локалните избори, на кои Костовски не успеа да обезбеди пласман во вториот круг во трката за градоначалник на Куманово. По изборниот резултат, тој се дистанцираше од партиските активности во СДСМ. Со назначувањето на Трифуновски, СДСМ ...

Шест волови од Македонија ја преминале границата со Бугарија во близина на селото Ѓуешево кај Ќустендил и предизвикале административен и институционален проблем, пренесе Бугарското национално радио. Животните биле забележани на територијата на селото, по што случајот бил пријавен од страна на градоначалничката. Тие биле заловени и транспортирани во привремен објект за сточарство, каде што моментално се задржани. Бугарските институции, во ...

Претседателот Филипче ја презентираше новата предлог Платформа на СДСМ од која ќе произлезе новата програма на партијата. СДСМ избра нови членови на раководните тела на партијата. За членови на Централниот и Извршниот одбор се избрани Соња Стаменкова, Слободен Чокревски, Богданка Кузеска, Тања Илијовска и Рубин Земон. За меѓународен секретар на партијата е именуван Андреј Жерновски, додека за втор организациски секретар е избран Зоран ...

На 24.03.2026 во 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон на зграда паднал К.А.Е.(19) од Република Турција. Тој, со тешки телесни повреди е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 24.03.2026 во 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон на ...

На 24.03.2026 во 15:43 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ферид Мурати“ во Скопје, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишната А.М. од Скопје, удрило во 12-годишник од с.Страхојадица, општина Зелениково. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство ...

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 59-годишен кумановец, осомничен дека при вршење семејно насилство тешко ја повредил сопругата. Како што информира ОЈО, на 20 март во семејната куќа сопружниците имале вербална расправија, а осомничениот физички ја нападнал жената, удирајќи ја со тупаници и клоци по целото тело, при што и предизвикал сериски фрактури на три ребра. -Тој е осомничен за кривично дело – Тешка телесна ...

„СДСМ бара од Основното јавно обвинителство (ОЈО) да отвори предмет и да го испита непостапувањето на Трајко Славески во законскиot рок за избор на вицегувернери во Народната банка. Станува збор за сериозни индиции за прекршување на законот и свесно блокирање на институционалниот процес од страна на гувернерот Славески“, велат од СДСМ. Постои основано сомнение за незаконито непостапување на гувернерот, институцијата функционира во спорен ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за утврдување на почетокот и завршувањето на летното сметање на времето во 2026 година, објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 58 од 19 март 2026 година. Летното сметање на времето почнува ноќта од сабота кон недела во 2 часот кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден ...

Маж од Струга е уапсен во Србија под сомнение дека вчера прегазил пешак во Лесковац, кој починал на лице место. Стружанецот Н.К. (33) е приведен по налог на Основното јавно обвинителство во Лесковац, по сомнение дека синоќа управувајќи камион „Волво“ го прегазил пешакот Г.П. (57) од Грделица. Несреќата се случила на автопатот Врање – Лесковац, кај исклучувањето за Грделица, а пешакот починал веднаш на местото на несреќата. Според ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
6.69
76%
1020
weather icon

Белград

10ᴼ / 7ᴼ
5.14
47%
1025
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
7.2
39%
1029
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
4.63
93%
1019
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
6.6
94%
1022
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
2.24
48%
1028
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
1.34
48%
1015
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
55%
1016
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
63%
1019
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
11.32
87%
1023
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
5.14
42%
1028
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
7.2
63%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.7767

Currency

71.1449

Currency

37.5335

Currency

38.5584

Currency

66.7275

Currency

7.72322

Currency

0.70654

Currency

0.32919

Currency

0.52513

Currency

1.17186

Currency

0.55633

Платина

61536.53

Цинк

0.00

Рутениум

52984.43

Кобалт

45.39

Бакар

11.85

Алуминиум

3.48

Родиум

321507.47

Иридиум

253540.09

Злато

146933.90

Сребро

2336.99

Калај

49.98

Паладиум

46779.34