Со Сања Лазаревска од македонскиот бренд хулахопки и чорапи For Lady разговаравме за нивниот најнов хит производ – биоразградливи хулахопки кои се бојат со природни бои и имаат антимикробни својства! Лазаревска е децидна – April22 е создаден за да докаже дека убавината, удобноста и стилот можат да коегзистираат со природата. Ова е приказна која инспирира и дава надеж дека спојот бизнис и наука резултираат со иновации со кои може да освојуваат ...

Словенечкиот парламент усвои уставни измени кои го вклучуваат правото на директно користење на физичка готовина во Уставот, со што Словенија е една од ретките европски земји што уставно ги штити готовината во ерата на забрзана дигитализација на парите. Одлуката е донесена со двотретинско мнозинство, со силна јавна поддршка. Народното собрание го одобри Уставниот закон за измена на третата глава од Уставот со 67 гласа „за“ и еден „против“, врз ...

24 ноември е овогодинешниот Циркуларен понеделник (Circular Monday), кој во Европа и светот се слави деветта година по ред. Иницијативата е започната во Шведска во 2017 година, кога Циркуларниот понеделник беше создаден како реакција на Црниот петок (Black Friday), нудејќи алтернатива на неконтролираната прекумерна потрошувачка на новопроизведени, често неодржливи производи. Она што започна како мала иницијатива во 2017 година, денес е ...

Со Сања Лазаревска од македонскиот бренд хулахопки и чорапи For Lady разговаравме за нивниот најнов хит производ – биоразградливи хулахопки кои се бојат со природни бои и имаат антимикробни својства! Лазаревска е децидна – April22 е создаден за да докаже дека убавината, удобноста и стилот можат да коегзистираат со природата. Ова е приказна која инспирира и дава надеж дека спојот бизнис и наука резултираат со иновации со кои може да освојуваат ...

Основачот на Амазон и моментално третиот најбогат човек во светот, Џеф Безос, влезе во нова фаза од својата деловна кариера и лансираше стартап компанија фокусирана на примена на вештачка интелигенција за инженерство и производство, Проект Прометеј. Веќе на почетокот, има капитал од 6,2 милијарди долари. Амбицијата на проектот е фокусирана на развој на системи што можат да го забрзаат производството, истражувањето и инженерството. На овој ...

Од компанијата на Цукерберг почнаа да испраќаат известувања до дел од корисниците во кои им беше кажано да ја преземат својата дигитална историја од своите платформи и потоа да ги избришат. Иако некои можеби поминале години на Facebook, Instsgram и Themes, наскоро е време да се збогуваме со тие социјални мрежи – барем засега. За среќ на корисниците во Европа и повеќето други пазари, ова известување не се однесува на нив, туку само на млади ...

Пациентите кои сакаат да избегнат болни инјекции во третманот на дебелина и дијабетес тип 2 наскоро може да имаат нов лек во форма на обична таблета. Станува збор за лекот орфорглипрон од американската фармацевтска компанија Eli Lilly, кој делува на истиот хормон GLP-1 (глукагон-сличен пептид 1) како и лекот семаглутид, кој е активна состојка во лековите Вегови и Оземпик. Резултатите од претходните студии покажаа дека возрасните со дебелина, ...

Збор кој постојано се поврзува со биткоинот е волатилноста. Тоа значи дека вредноста на оваа криптовалута може значително да се зголеми за кратко време, но може да заврши и со голем дефицит. Секој што некогаш инвестирал во биткоин и други криптовалути е свесен за ова, а ваквите периоди се неизбежни и јасно е дека крипто не секогаш ќе оди само нагоре. Пред нешто повеќе од еден месец биткоинот ја достигна својата највисока вредност во ...

Uber брзо се подготвува за иднина во која начинот на транспорт, како и доставата, треба радикално да се променат. Компанијата неодамна објави партнерство со Nvidia, благодарение на што дури 100 илјади роботакси, или автомобили што би биле контролирани од компјутери наместо од луѓе, треба да се појават на американските патишта во наредните години. Дивизијата за достава на храна Uber Eats, која е доста популарна на некои пазари, има слични ...

Инцидентите во авион стануваат сè попроблематични, а некои земји одлучија да преземат мерки и да ги казнуваат непослушните патници. Така, Франција презема одлучни и ефикасни мерки за борба против несоодветното однесување на авион, воведувајќи нов сет санкции. Земјата воведе строги мерки против приблемите на летовите, тврдејќи дека таквото однесување претставува „растечка закана за безбедноста на летовите“. Француската влада предупредува дека ...

Хуманоидниот робот А2 од кинеската компанија за роботика AgiBot заврши патување од 106 километри низ покраината, поставувајќи Гинисов светски рекорд. Прошетката започна на 10 ноември од езерото Џинџи во Суџоу, покраината Џангсу во источна Кина, а заврши на брегот во Шангај на 13 ноември. Според AgiBot, роботот А2 поминал 106 километри и 286 метри за време на предизвикот, што го прави рекордер за „најдолго патување од страна на хуманоиден ...

Шпанија ќе ја реновира својата мрежа на брзи возови помеѓу Мадрид и Барселона, така што возовите ќе можат да достигнат максимална брзина од 350 километри на час, изјави денес шпанскиот министер за транспорт, Оскар Пуенте. „Доколку се постигне целта, овие промени би го скратиле времето на патување помеѓу двата града, кое го заработуваат околу 15 милиони луѓе годишно, од три на помалку од два часа“, рече Пуенте, според Ројтерс. Тендер од 2,3 ...

Цената на биткоинот бележи нагол пад, повлекувајќи го целокупниот криптопазар со себе. По период на релативна стабилност, најпознатата криптовалута утрово забележа остар пад на вредноста, што кај инвеститорите повторно предизвика загриженост и несигурност. Аналитичарите наведуваат дека причините може да се поврзани со зголемениот притисок од регулаторни мерки, намален апетит за ризик и потенцијални распродажби од големи институционални ...

Во опширно интервју за BBC, извршниот директор на Google, Сундар Пичаи, рече дека вештачката интелигенција напредува толку брзо што во следните 12 месеци би можела да извршува сложени задачи, да дејствува како агент во име на корисниците – па дури и да ги замени извршните директори на големи компании. Сепак, тој предупредува дека пазарот на трудот ќе помине низ сериозни промени и луѓето ќе мора да се прилагодат „Тука работите стануваат ...

ТИТАН УСЈЕ годинава го прославува својот 70-годишен јубилеј, обележувајќи седум децении од своите почетоци во 1955 година. Од своето основање, компанијата растеше паралелно со развојот на земјата, поддржувајќи изградба на домови, училишта, болници, патишта, мостови и друга суштинска инфраструктура која го обликува современото општество. Во текот на децениите, ТИТАН УСЈЕ инвестираше повеќе од 200 милиони евра во модернизација и технолошки ...

Најголемиот крузер во светот е опремен со професионални телевизори и паметни дисплеи на Samsung, поставени во гостинските кабини, просторите за екипажот и заедничките зони. Во текот на 21-годишното партнерство, Samsung има испорачано повеќе од 200.000 дисплеи низ глобалната флота на Royal Caribbean, зацврстувајќи ја својата улога како водечки добавувач на дисплеј-технологии за овој крузерски бренд. Samsung Electronics Co., Ltd. денес објави ...

Microsoft, NVIDIA и Anthropic објавија нови стратешки партнерства. Anthropic го зголемува својот брзорастечки модел на вештачка интелигенција Claude на Microsoft Azure, управуван од NVIDIA, што ќе го прошири пристапот до Claude и ќе им обезбеди на претпријатијата на Azure проширен избор на модели и нови можности, како што можете да видите во ова видео. Anthropic се обврза да купи 30 милијарди долари во капацитет за пресметување на Azure и да ...

Често ја слушаме фразата: „Пушам само неколку цигари, со кафе, не е толку лошо…“ Сепак, нова голема студија објавена во престижниот магазин PLOS Medicine покажува дека дури и најмалите количини чад од тутун носат сериозен здравствен ризик – многу поголем отколку што мислат повеќето луѓе. Научниците од Универзитетот Џонс Хопкинс ги следеле здравствените навики на повеќе од 300.000 возрасни лица речиси 20 години и дошле до алармантен заклучок: ...

Истражувачки тим предводен од професорот Ванг Чининг од Факултетот за напредно производство и роботика на Универзитетот во Пекинг го разви првиот подводен егзоскелет во светот кој им помага на нуркачите да се движат, значително намалувајќи ја потрошувачката на воздух и мускулниот напор за време на нуркањето. Наодите, објавени во списанието IEEE Transactions on Robotics, отвораат нови можности за подобрување на човечките перформанси во ...

Користејќи глувци, минијатурни свињи и примероци од човечка кожа одгледувани во лабораторија, научници демонстрираа топикален третман со инсулин, подвиг за кој долго време се сметаше дека е невозможен поради голематата на молекулите на инсулин и нивната силна привлечност кон водата, што ги спречува да поминат низ масните надворешни слоеви на кожата. „Полимер пропустлив за кожата би можел да овозможи неинвазивна трансдермална испорака на ...

Велика Британија би можела да ја забрани употребата на имињата „бургер“ и „колбас“ за вегетаријански производи врз основа на трговски договор со Европската Унија. Лабуристичката влада претходно оваа година обезбеди нов санитарен и фитосанитарен (SPS) договор со ЕУ, дозволувајќи им на британските бизниси да продаваат производи, вклучително и некои бургери и колбаси, во Европската Унија за прв пат по Брегзит. Сепак, договорот ја поврзува Велика ...

Кина повторно ги престигна САД и стана најважниот трговски партнер на Германија. Прометот во надворешната трговија со Кина малку се зголеми за 0,6 проценти на 185,9 милијарди евра од јануари до септември, благодарение на големиот увоз од Народна Република. Во исто време, обемот на трговијата со САД се намали за 3,9 проценти во споредба со истиот период минатата година, на 184,7 милијарди евра, објави Федералното биро за статистика во среда. ...

Црн петок е најпрометниот ден во годината за е-трговија, но и идеален момент за оние кои сакаат да ја искористат брзината и лековерноста на другите. Додека клиентите бараат попусти, измамниците бараат клиенти. А стапиците се сè пософистицирани: од лажни страници и попусти што не постојат, до манипулација со цени и маркетиншки трикови што се претставуваат како „неповторливи понуди“. Една од најчестите измами се страниците со двојници – копии ...

Градот Крајова, шестиот по големина град во Романија, оваа година официјално отвори божиќен пазар, кој се простира на повеќе од 280.000 квадратни метри. Овој пазар, според податоците од порталот European Best Destinations, е рангиран меѓу најголемите празнични настани во Европа. Настанот се одржува од 14 ноември 2025 година до 4 јануари 2026 година и опфаќа четири централни плоштади и неколку клучни улици во центарот на градот. Иако Крајова ...

Астероидот е карпест остаток од формирањето на Сончевиот систем пред повеќе од четири милијарди години. Повеќето од нив орбитираат околу сонцето помеѓу Марс и Јупитер. Астероид близу Земјата (NEA) е оној чија орбита го доведува на околу 45 милиони километри од Земјината орбита, доволно блиску за тимовите за планетарна одбрана да го следат внимателно. Првиот NEA, Ерос, беше откриен во 1898 година. Со децении, откритијата беа бавни, сè додека ...

Целосно е завршен процесот на промена на сопствеништвото во трговското друштво за инженеринг и услуги во прометот М-6 ДОО Скопје. По сопственичката промена, мнозински сопственик на М-6 ДОО е семејството Јаневски, а покрај нив, дел од сопственичката структура на компанијата остануваат и членови на семејството Ивановски. Со финалната уплата на 12 милиони евра се исполнети сите договорни обврски поврзани со преносот на уделите, со што е ...

За време на празниците, ТВ содржини без дополнителен надомест, празнични цени на одбрани уреди и на сите филмови од MagentaTV видеотеката и други изненадувања за сите корисници Минатата година Телеком ја отвори темата за рушење на бариерите и за вистинско поврзување. Оваа година, компанијата ја продолжува истата приказна, фокусирајќи се на една универзална бариера со која се соочуваме сите — прекинатите врски со луѓето што ги сакаме. Сите го ...

Просечната возраст кога младите во Србија изнајмуваат стан е 31 година, а причините за осамостојување на таа возраст најчесто се финансиски пречки, несигурност при работа и високи трошоци за домување. Дури 31,85 проценти од српските граѓани на возраст меѓу 30 и 34 години делат простор за живеење со своите родители, овој просек е значително повисок во споредба со остатокот од Европа, каде што просекот е околу 26,3 години, пишува Танјуг, ...

Сараевскиот ќебап е официјално заштитен како бренд со ознака на географско потекло во Босна и Херцеговина. Тој процес беше завршен минатата година, а беше најавена и заштитата на сараевскиот сомун, но здружението на ќебапчии од тој град не запира тука. Како што е најавено, тие ќе ја започнат постапката овој специјалитет да добие ист третман во Европската Унија. Во согласност со одредбите од Регулативата за системи за квалитет на прехранбени ...

Компанијата Imlek, водечки производител на млечни производи на Балканот, стои пред значајна промена во сопственичката структура. Во рамките на групацијата Imlek работи и Бимилк, како еден од клучните и најсовремени регионални капацитети во оваа групација. Бимилк останува составен дел од Imlek и продолжува да работи непроменето, согласно највисоките стандарди за квалитет. За купопродажбата постигнато е финансиско и оперативно согласување со ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
53%
1028
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
7.72
54%
1027
weather icon

Загреб

13ᴼ / 8ᴼ
2.06
55%
1024
weather icon

Софија

7ᴼ / 3ᴼ
4.63
51%
1031
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
3.69
71%
1031
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
73%
1025
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
6.17
64%
1027
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
71%
1025
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
66%
1026
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 5ᴼ
3.13
66%
1033
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
4.47
56%
1027
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
9.26
74%
1031
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Сребро

2696.16

Родиум

374556.20

Рутениум

47358.05

Бакар

11.57

Паладиум

52052.06

Злато

164352.04

Алуминиум

3.42

Платина

68931.20

Калај

50.61

Цинк

3.24

Кобалт

66.14

Иридиум

231355.22