Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Американската Федерална управа за воздухопловство (FAA) покрена истрага откако патнички авион се доближил на помалку од 2,5 километри до претседателскиот хеликоптер „Марин Ван“, во кој се наоѓал претседателот Доналд Трамп. Инцидентот се случил во вторникот попладне, непосредно по полетувањето на хеликоптерот од јужниот тревник на Белата куќа, додека воздушниот сообраќај на аеродромот „Вашингтон Нешнал“ сè уште не бил привремено запрен. ...
Меѓународната еколошка организација Гринпис предупреди дека поради климатските промени до 2100 година би можеле да исчезнат околу 40 отсто од плажите во Португалија, пренесува Еуроњуз. Во извештајот се наведува дека покачувањето на нивото на морето, ерозијата на брегот и екстремните временски услови веќе предизвикуваат повлекување на плажите, кое на некои места достигнува и до 40 метри. Според Гринпис, Португалија е особено ранлива поради ...
Фудбалски натпревар во Тајланд заврши со трагедија откако гром удри на теренот, при што загина 24-годишниот фудбалер Сафван Авае, а уште 12 играчи се здобија со повреди и изгореници. Снимките од натпреварот го покажуваат моментот кога силен блесок го осветлува теренот додека двете екипи играат на силен дожд. По ударот на громот настанале пламен и чад, а играчите и гледачите во паника почнале да бегаат. Авае останал без свест по ударот. ...
Македонскиот пејач Стефан Величковски го претстави своето најново музичко издание насловено „Карта“, кое од 3 август е достапно на YouTube и на музичките платформи. Величковски веќе неколку години е активен на домашната музичка сцена, а пошироката јавност го запозна и како учесник во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Новата песна носи современ музички звук и емотивен текст, а зад нејзината реализација стои авторски тим составен ...
Општина Чаир продолжува со уредувањето на јавните простори, поставувајќи 20 нови клупи на повеќе локации низ општината, со цел да обезбеди подобри услови за одмор и престој на граѓаните. „Клупите се поставени во Топаана, Гази Баба, на улицата „Емин Дураку“, зад Чаирската џамија, како и во близина на маркетот „Сарај“ во Чаир, со што се збогатува урбаната опрема и се подобрува функционалноста на јавните простори. Поставувањето на урбаната ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека САД ја интензивираат борбата против мексиканскиот нарко-картел Картел де Халиско Нуева Генерасион (CJNG), оценет како една од најголемите закани за меѓународната безбедност. Стејт департментот нуди награди во вкупен износ од над 100 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење или осуда на водачите и нивните соработници. Покрај тоа, САД воведуваат визни ограничувања за 65 лица ...
5 август 2026, Скопје – Приходите во Буџетот од почетокот на годината се прибираат согласно планот и со раст во споредба со претходната година. Истовремено и на расходната страна се исплаќаат обврските согласно планираното. Податоците за реализација на Буџетот за 2026 година на заклучно со 31 јули 2026 година покажуваат дека вкупните приходи се реализирани во износ од 204,553 милијарди денари што е 53,9% од планираното и бележат раст од 9,3% ...
Кина воведе нови економски контрамерки против Соединетите Американски Држави, меѓу кои се контрола на извозот на дронови и санкции за шест американски компании, како одговор на неодамнешните американски трговски ограничувања, пренесува Euronews. Кинеското Министерство за трговија соопшти дека мерките се реакција на американската забрана за увоз на кинески дронови и на одлуката на Вашингтон да стави 43 кинески компании на листата на ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја следи состојбата во регионот и во Европа, како и домашните хидролошки показатели. Според расположливите податоци, состојбата во Македонија е стабилна и во моментов не постојат индикации дека ниските водостои во Европа претставуваат ризик за сигурноста на домашното производство на електрична енергија. Министерството, заедно со АД ЕСМ, АД МЕПСО и останатите надлежни ...
Чешката авантуристка Кејт редовно ги документира своите патувања низ Европа на Инстаграм, каде што ја следат голем број луѓе. За време на неодамнешната посета на црногорското крајбрежје, решила да провери колку чини изнајмувањето лежалки и чадори за сонце на некои од најпознатите плажи во Милочер и на Свети Стефан. Цените што ги затекнала прилично ја изненадиле. Најпрво ја посетила плажата во Милочер, каде што дознала дека користењето ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 05.08.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.211,87 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 23,20 поени, односно за 0,25%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...
Четворица мажи се избодени денеска во лондонската населба Ковент Гарден, а полицијата приведе жена на возраст од околу 40 години, јави „Скај њуз“. Жената е уапсена под сомнение за напад и недозволено поседување оружје. Повредените добиле прва помош на местото на настанот, по што биле пренесени во трауматолошки центар во близина на центарот на Лондон. Засега не се соопштени информации за тежината на нивните повреди. Лондонската полиција ...
Како општествено одговорна компанија на која здравјето и квалитетот на животот на нашите сограѓани од цела Македонија ни се приоритет пред профитот, со индигнација ги отфрламе безочните манипулации на опозициската СДСМ, реагира компанијата „Кожувчанка“. „Во име на вистината тврдиме дека учествувавме на јавниот повик на службите на Владата, за набавка на флаширана вода за потребите на Општина Гостивар, при што нашата компанија Кожувчанка од ...
Холивудската ѕвезда Мет Дејмон уште еднаш покажа дека семејството му е најголемата поддршка. На премиерата на новиот филм „The Odyssey“ во режија на Кристофер Нолан, која се одржа во Сеул, Јужна Кореја, актерот се појави во придружба на сопругата Лучијана Баросо и нивните две помлади ќерки, Џиа и Стела, кои ретко се појавуваат во јавноста. Промотивната турнеја за долгоочекуваниот филм Дејмон ја претвори во вистинска семејна авантура, а токму ...
Двајцата членови на екипажот на авионот „Цесна 182“, кој пред два дена исчезна за време на патролирање над шумските пожари во руската Иркутска област, се пронајдени живи, соопштија регионалните служби за вонредни состојби. Гувернерот на Иркутската област, Игор Кобзев, изјави дека пилотите успеале да се искачат на височина, од каде преку импровизирана радиостаница ги испратиле своите координати. Тие се наоѓале на околу 90 километри од градот ...
СДСМ обвини дека здравствениот систем во Гостивар не располага со доволно капацитети за справување со епидемијата предизвикана од загадената вода и дека во болницата дежура само еден специјалист инфектолог, четворица специјализанти и дерматолози. Од партијата тврдат дека поради состојбата пациентите од Гостивар се префрлаат на лекување во Тетово и ја обвинуваат Владата за несоодветно справување со кризата. Во соопштението се наведува дека ...
РБ Лајпциг ја доби сакната сума за Јан Диоманде. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе стане најскапото засилување во историјата на Реал Мадрид. „Атлетик“, објави дека сите детали околу трансферот се договорени, се чека само тој да биде официјализиран. Според овој извор, но и според новинарот на „Скај Спорт“, Патрик Бергер, трансферот треба да вреди помеѓу 130 и 140 милиони евра. Диоманде го привлече вниманието на најголемите ...
Македонско друштво “Илинден“–Тирана упати официјално барање до градоначалникот на Општина Пустец, претседателот на Општинскиот совет и членовите на Советот, со кое бара официјалната веб-страница на Општината, покрај на албански, да биде достапна и на македонски јазик. Иницијативата се темели на Законот бр. 96/2017 „За заштита на националните малцинства во Република Албанија“, кој ги гарантира правата на националните малцинства, вклучително и ...
Времето утре сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. ...
Легендарниот португалски фудбалер Луис Фиго го повика претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да ја напушти функцијата и во авторска колумна за „Дејли мејл“ упати низа сериозни обвинувања против првиот човек на светската куќа на фудбалот. Фиго, кој во минатото требаше да биде противник на Инфантино на претседателските избори на ФИФА во 2016 година, но подоцна се откажа, верува дека сегашниот претседател го изгубил кредибилитетот и повеќе не ...
Неверојатна приказна од Италија – добитен лотариски билет вреден еден милион евра бил фрлен во отпад, но благодарение на брзата реакција на комуналните работници и упорноста на сопственичката, наградата сепак била спасена. Жената отишла во локална продавница за да го провери билетот, но автоматот покажал дека наградата не може да се исплати во тој објект, бидејќи помалите продавници имаат ограничување за исплата на поголеми добивки. Погрешно ...
Полска води разговори со Соединетите Американски Држави за отворање постојани американски воени бази на својата територија, изјави заменик-министерот за одбрана Павел Залевски, кој ги предводи преговорите. Во моментов во Полска се распоредени околу 10.000 американски војници – главно на ротациска основа. Според Залевски, Варшава и Вашингтон веќе разменуваат предлози за постепена трансформација на постојните бази во трајни воени објекти. ...
ЈП „Водовод и канализација“ информира дека во четврток (6 август) поради санација на улични дефекти ќе има прекин на водоснабдувањето на две локации во Скопје. Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на улицата „Драчевска“ во близина на црквата, без вода од 8:30 часот ќе останат корисниците во Драчево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на санацијата. Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 80 ...
Речиси три децении по едно од најпознатите нерасветлени убиства во музичката историја, во Лас Вегас започнува судскиот процес против Двејн „Кифи Ди“ Дејвис, човекот обвинет дека ја организирал ликвидацијата на легендарниот рапер Тупак Шакур. Шеесет и тригодишниот Дејвис се соочува со обвиненија за убиство со употреба на смртоносно оружје и за дејствување во корист на криминална група. Тој е во притвор од крајот на 2023 година и од самиот ...
Поранешни високи функционери од Велика Британија, Франција и Германија во јули одржале тајна средба во Виена со поранешен претставник на Кремљ, на која разговарале за можните услови за мировни преговори за Украина, објави „Блумберг“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите. Според информациите, станува збор за неформален дипломатски канал без официјален мандат, кој служи за разгледување можни решенија што подоцна можат да им бидат ...
Грижата за здравјето на граѓаните во услови на летните високи температури, е во фокусот на заедничкиот проект „Топлотен бран“, кој Општина Кисела Вода го реализира во соработка со Општинската организација на Црвен крст-Кисела Вода. Проектот се реализира преку Секторот за месна самоуправа при општината. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со претставници од општинската администрација, тимови на Црвениот крст и медицинско ...
Иако нивниот развод официјално заврши кон крајот на 2024 година, правната битка меѓу холивудските ѕвезди Бред Пит и Анџелина Џоли продолжува со несмален интензитет. Во центарот на новиот спор повторно е францускиот имот и винарија „Шато Миравал“, а актерот сега бара судот да ја задолжи неговата поранешна сопруга да достави детална финансиска документација за своите приходи. Според најновите судски документи, Пит бара увид во приходите што ...
Во текот на ноќта, Русија изврши еден од најсмртоносните напади врз Киев и неговата околина оваа година. Најмалку 21 лице беше убиено во нападот со балистички ракети и дронови, а десетици беа повредени. Украинските власти објавија дека едно лице загинало во самиот Киев, додека уште 16 лица се убиени во поширокиот регион на Киев. Најмалку 44 лица се повредени, а спасувачите ги пребаруваат урнатините бидејќи се плашат дека под нив има останато ...
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК води кривична постапка против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Од досега прибавените докази ...
Општина Битола продолжува со реализација на проекти за подобрување на сообраќајната инфраструктура и обезбедување нови паркинг места за граѓаните. Денеска беше извршено асфалтирање на новиот паркинг простор во поранешната касарна, на локацијата СТУ9 АРМ Четврт 3. Новиот паркинг зафаќа површина од 1.550 квадратни метри и ќе обезбеди дополнителни места за паркирање во овој дел од градот. Проектот, реализиран преку вториот владин повик на ...