Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Од денес до 30 септември школскиот прибор трговците на мало треба да го продаваат по најмалку за 15% пониски цени од оние кои важеле во јуни, годинава. Владата ја донесе одлуката за намалување на цените на училишниот прибор на денешната седница. „ Трговците на големо се задолжуваат цените на училишниот прибор да ги намалат за најмалку 10%, додека пак трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување од најмалку 15%. Мерката опфаќа ...
Samsung потврди дека наскоро ќе го реши проблемот со екранот на Galaxy S26 Ultra, кој може да изгледа црвеникав во одредени услови. Компанијата претходно изјави дека не станува збор за хардверски дефект, туку за проблем со софтверската калибрација на екранот. Според информациите што им ги даде на корисниците службата за корисници на Samsung во Јужна Кореја, поправката треба да пристигне до крајот на овој месец. Еден корисник објави снимка од ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги отфрли тврдењата на претседателот на Демократската партија (ДС) Срѓан Миливојевиќ дека ќе ја напушти Србија ако ги изгуби изборите. За време на посетата на винаријата Цветковиќ во Стањево во близина на Александровац, Вучиќ рече дека нема причина да избега од земјата и ги пофали резултатите од неговата влада, јавуваат српските медиуми. „Велеа дека ќе избегам, дека ќе се сокријам. Зошто да бегам, ...
Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов денеска оствари средба со Александар Појразов, претседател на Сојузот на Здруженијата на Македонците во Италија, од Пјаченца и директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, Горан Ангелов. На средбата стана збор за проблемите со кои се соочуваат македонските граѓани во остварувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување во Република Италија и во Македонија, како и за ...
Иванка Трамп повторно го привлече вниманието за време на семеен одмор во Костарика, каде што одвои време за сурфање и ги покажа своите спортски вештини на брановите. Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, која има 44 години, во неделата била фотографирана како сурфа на зелена даска, заедно со инструктор. За оваа активност носела бел горен дел од костим за сурфање и црн долен дел, а косата ја собрала во плетенка. На фотографиите ...
Премиерот на Нов Зеланд, Кристофер Луксон, изјави дека неговата партија ќе предложи закон во парламентот за забрана за користење на социјални медиуми за деца под 16 години. Луксон изјави дека платформите на социјалните медиуми ќе бидат предмет на казни до 10 проценти од нивниот глобален приход за непочитување, објави Ројтерс. Законодавството ќе бара од платформите на социјалните медиуми да преземат разумни чекори за да ја потврдат возраста на ...
Септемвриските пензии кои пензионерите ќе ги добијат во октомври, ќе бидат зголемени. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека се во тек пресметките за законското, процентуално усогласување на пензиите. „Тоа ќе биде редовно нивелирање, усогласување согласно закон. Знаете дека постоеја иницијативи од страна на поединци, во позадина охрабрени од политички партии, пред Уставниот суд да покренат тема за линеарното зголемување на пензиите. За да ги ...
Љубителите на рок-музиката од Македонија ќе имаат можност релативно блиску да го проследат еден од поатрактивните рок-спектакли оваа есен. Супергрупата Hollywood Vampires, во која настапуваат Џони Деп, Алис Купер, Џо Пери и Томи Хенриксен, на 3 септември 2026 година ќе одржи концерт во Арена Загреб. Настапот е дел од европската турнеја на групата, која се враќа на сцената по речиси тригодишна пауза. Турнејата започна на 12 август во ...
Netflix наскоро би можел да направи потег што оди во сосема спротивна насока од она што го правеше досега. Според NYT, Netflix ја разгледува можноста за нудење филмови и серии од други стриминг услуги на својата платформа. Компанијата наводно веќе е во преговори со услуги како Peacock и Fox One за евентуалното пристигнување на нивната содржина на Netflix, објавува Android Headlines. Таквиот потег потсетува на Amazon Prime Video, кој им ...
Голем пожар избувна некаде околу пладне меѓу селата Горно и Долно Чичево, Општина Градско. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, од местото информира дека пожарот се проширил и најави дека ќе следи долга битка со огнот. „За жал ја изгубивме почетната конотрола. Се работи за сува трева која зафаќа голема површина. Пожарникарите останаа без вода, овде ќе следи долготрајна битка“, рече Ангелов. Тој најави дека во ...
Доминик Ливаковиќ од Фенербахче се сели во Барселона, но хрватскиот голман нема долго да се задржи на „Ноу Камп“. Каталонските медиуми, објавија дека Барселона ќе плати два милиони евра и уште толку преку одредени бонуси за Ливаковиќ. Планот на челниците, на актуелниот шпански шампион е веднаш да го испратат Ливаковиќ на едногодишна позајмица, бидејќи сезонава Полјакот, Војчех Шчесни е планиран да му биде резерва на Џоан Гарсија. Од ...
Хејли Бибер повторно покажа како изгледа нејзината препознатлива комбинација од спортски и луксузен стил, откако на една од последните фотографии на социјалните мрежи носеше спортски градник од 68 долари со дијамантски обетки чија цена достигнува 4.750 долари. Основачката на Rhode минатата недела објави серија селфи-фотографии, а вниманието го привлече кадарот на кој носи V-Neck Bra од брендот Form, еден од нејзините омилени брендови за ...
Сите го правиме тоа од мрзеливост, но може ли премногу моќен полнач да ја „испржи“ батеријата на вашиот паметен телефон? Веројатно ви се случило барем еднаш: седите на вашето биро, вашиот лаптоп е на полначот и батеријата е 100% полна, додека вашиот паметен телефон опасно влегува во „црвената зона“. Наместо да барате друг приклучок, едноставно исклучете го кабелот од вашиот лаптоп и приклучете го во вашиот телефон. И двата уреди користат ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, преку видео повика на мобилизација за, како што вели, да се спречи Мицкоски да ја жртвува водата и струјата за профити од дата-центри. „Веќе еден месец предупредуваме што прави Владата на Мицкоски. Ненародната влада не може да обезбеди чиста вода за граѓаните, во над 50 населени места, увезува скапа струја ама по секоја цена сака да ја жртвува и водата и струјата за профити. Во Пехчево на мала врата денеска се ...
Челзи ја отвори новата сезона во Премиер лигата со победа од 3:2 против Фулам, во натпреварот обележан со две големи грешки на голманот Роберт Санчез, што предизвика гнев кај навивачите. И покрај огромните инвестиции во тимот во текот на летото, во кое Морган Роџерс стана најскапиот играч во историјата на клубот, тренерот Чаби Алонсо во својот прв официјален натпревар се соочи со сериозен проблем на голманската позиција. Санчез, кој останува ...
Холандската кралица Максима уште еднаш покажа дека и едноставните модни парчиња можат да изгледаат исклучително елегантно кога се внимателно комбинирани. Кралицата присуствуваше на трката за Големата награда на Холандија во Формула 1, која се одржа во Зандворт, а за оваа пригода избра лесна летна комбинација во нежни беж и бели тонови. Нејзиниот стајлинг веднаш привлече внимание бидејќи на прв поглед изгледаше едноставно, но беше составен од ...
Откако Левица ја обзнани иницијативата за дата-центар во Панчарево и ја отвори темата што локалната власт очигледно сакаше да ја истурка без каква било дебата, денес точката беше повлечена од дневниот ред на Советот на Општина Пехчево. Притисокот вроди со плод, велат од партијата. „Градоначалникот Александар Китански беше видно вознемирен што Левица, иако нема советник во Пехчево, дознала што се подготвува и ја алармирала јавноста, па ...
Томас Милер, Матс Хумелс и Јан Зомер станаа мнозински сопственик на португалскиот прволигаш, Естрела Амадора. Германска инвестициска група купи 90 проценти од клубот за 40 милиони евра. Меѓу инвеститорите се познатите фудбалери Томас Милер, Матс Хумелс и Јан Зомер, додека функцијата претседател ќе ја преземе Јоханес Моцманг, поранешен член на одборот на Баерн. Сега веќе поранешниот сопственик Пауло Лопо ја презеде Естрела во 2020 година за ...
Веројатно сте слушнале за ставање мокар телефон во ориз, но ако вашиот телефон се намокри, овој метод може да направи повеќе штета отколку корист. Експертите предупредуваат дека оризот не е магично решение и дека ако вашиот телефон се намокри, важно е да дејствувате брзо. Не обидувајте се да го вклучите за да видите дали сè уште работи. Ако веќе е вклучен, веднаш исклучете го и тргнете го од полначот. Идејата зад методот со ориз изгледа ...
Македонија во јули произведе 460,8 GWh електрична енергија, со што биле покриени 94,7 отсто од вкупните потреби за електрична енергија во земјата, информираше министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Според неа, позитивен тренд е и зголемувањето на уделот на другите домашни производители во вкупното производство на електрична енергија. Во јули тие учествувале со 55,3 отсто, додека ЕСМ имал удел од 44,7 ...
Венко Филипче како прв човек на СДС, а поставен на тоа место од неговиот другар Зоран Заев, кога станува збор посебно за здравството треба да молчи. Неговите кажувања дека обвинителството не покренало обвинение против него, покажуваат само дека обвинителот Ислам Абази е слеп пред доказите, истакна на прес-конференција Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, непокренувањето на обвинение е се, само не е доказ дека ...
Фудбалскиот клуб Тотенхем денес потврди дека потпишал договор со поранешниот играч на Манчестер Сити, Савињо. Според британските медиуми, трансферот е вреден 75 милиони фунти (речиси 99 милиони евра), со дополнителни десет милиони фунти во бонуси. Sávio is Spurs pic.twitter.com/5n24JoUHLU — Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) August 25, 2026 Савињо пристигнува во Тотенхем по две сезони поминати во Сити, со кого ја освои Лигата и ФА Купот. Тој ...
Трансфер-сагата околу Хулијан Алварес добива нов пресврт во последните денови од преодниот рок. Покрај Барселона и Арсенал, сега и Челзи го испитува теренот за евентуален трансфер на аргентинскиот напаѓач на Атлетико Мадрид. Според трансфер-инсајдерот Николо Скира, претставници на Челзи минатиот четврток во Лондон разговарале со луѓе од Атлетико Мадрид и се распрашале под кои услови би можел да биде реализиран трансфер на Алварес. Средбата ...
Југот на Франција беше погоден од исклучително силна бура проследена со разорно торнадо кое предизвика хаос во градот Помас, во близина на Каркасон. Според информациите од локалните власти, најмалку 26 лица се повредени, а нема смртни случаи. Разорното торнадо се формирало доцна попладне како дел од исклучително силна бура што се движела помеѓу Каркасон и Лиму во департманот Од. Scary footage shows the intensity of the tornado that ripped ...
Кога СДС нема што да каже, ете ги, ќе најдат некој да излезе на прес-конференција за да заплашува народ и да шири апокалиптични сценарија. Уште од пред околу две години кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт зборуваа дека државата ќе банкротира, па после само уште не банкротирала, дека мигранти ќе доаѓале, дека цените на производите многу ќе поскапеле, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, по прес-конференцијата на СДСМ на која беше посочено дека следува криза и ...
Македонскиот првак Вардар го засили својот состав со Сирики Дијабате. 23-годишниот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска настапува на позицијата централен дефанзивец. Со своите 192 сантиметри и физичките предиспозиции, Диабате ќе биде нова опција во одбранбената линија на црвено-црните. Вардар го донесе Дијабате, како замена за Дарко Велковски кој се пресели во Бахреин. Дијабате во кариерата има настапувано во Бугарија, во Ботев Пловдив и ...
Наследството на Коби Брајант добива нова медиумска форма преку подкастот „Cult of Kobe“, кој стартува оваа недела и во секоја епизода ќе носи разговор со позната личност која била инспирирана од животот, кариерата и менталитетот на легендарниот кошаркар. Организаторите за прв гостин направиле особено интересен избор – тренерот на Бостон Селтикс, Џо Мазула. Изборот има дополнителна симболика ако се знае колку големо значење имаше ривалството ...
Од Општина Бутел информираат дека и оваа година продолжуваат со поддршка за најмладите ученици и нивните семејства. На 1 септември, секое прваче во општинските основни училишта ќе добие висококвалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор, како и училишна униформа. Целта на оваа мерка, како што е соопштено, е на сите првачиња да им се обезбедат потребните услови за непречен и успешен почеток на учебната година, а истовремено да им се ...
Евентуалното заминување на Енцо Фернандез од Челзи, ќе предизвика мал домино ефект на фудбалскиот пазар, односно преселба на Едуардо камавинга на „Стенфорд Бриџ“. Финансиските барања на Челзи во врска со Енцо се јасни, 140 милиони евра, а како што стојат работите „граѓаните“ се подготвени да ги исполнат. Ако се случи трансферот, менаџерот на „сините“, Чаби Алонсо, знае каде ќе потроши половина од тие пари. Негова цел е Едуардо Камавинга, кој ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја сподели пораката што му ја испрати американскиот претседател Доналд Трамп по повод Денот на независноста на Украина. Зеленски објави на социјалната мрежа X дека добил „топла и охрабрувачка“ честитка од Трамп по повод 35-годишнината од враќањето на украинската независност. „Почитуван господине претседателе, во име на американскиот народ, ви честитам вам и на народот на Украина за Денот на ...