
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Живовиот лек или тегавец е распространет низ целата земја. Се сретнува низ влажните тревни места, покрај патиштата, околу грмушките, по пасиштата и ливадите. Корисен дел му се листовите кои се сушат на сенка или во машина за сушење на температура до 40 ° С. Во својот хемиски состав содржат слузни материи, горчливи материи, гликозиди, ензими, каротин, витамин Ц и К, калиум, натриумови и силициумски соли, фенолни киселини, флавон, стероидни ...
Аспарагус (Asparagus densiflorus ‘sprengeri’) е растение кое потекнува од Јужно Африканскиот регион. Се нарекува и папрат, поради својот изглед. Ова растение е многу слично со „asparagus officinalis“. Припаѓа на фамилијата „Liliaceae“. Ова е вечно зелено декоративно растение, погодено за балконите, висечките кошници и градините. Има светло зелена боја преку целата година, освен за време летниот период кога добива жолто-зелена боја. Цветаат ...
Кралската кобра е рангирана со своите над 5 метри должина и тежина од 20 килограми, меѓу змиите-гиганти на планетата. “Кралската Кобра” го оправдува целосно своето латинско име Ophiophagus (змиејојадец), бидејќи навистина се храни со други змии. Тие се масленожолти до црно-кафеави, понекогаш со светли шари по грбот. Слично на родот кобри и кралската кобра е позната по својата карактеристична “заканувачки поза”. Кога е надразнета или вознемирена, ...
Во се поголемиот број на сончеви денови и во се помалиот број на дождовни денови, потребата од штедење на вода е неопходна. Постои начин како да се користи водата од дождот преку специјални туби, кои пак ќе овозможат наводнување на градината во секој момент кога е потребно. Сето тоа ќе овозможи избегнување и непотребно трошење на вода и секако овозможување на растенијата вода во секое време, особено за време на летниот период. Тубите се доста ...
Главен причинител за тоа се клетките на кромидот кој голема количина на сулфурни елементи. Кога кромидот започнуваме да го сечеме започнува ослободувањето на сулфурот. Кога тој ќе дојде до мешање со влагата на нашите очи, се одвива хемиска реакција која произведува молекули и ги иритира очите. Како резултат на тоа започнува природна реакција на чивечкиот организам и доаѓа до производство на солзи како потреба да очите се измијат. Се додека ...
На нашите клетки им треба гликоза, а извор за неа се јаглехидратите, кои се разградуваат во процесот на апсорпција. Научниците сфатиле одамна дека ракот ги сака слатките јадења кои содржат рафиниран шеќер и прости јаглехидрати. За жал денешниот цивилизиран начин на хранење ни ја нуди во изобилство “храната на среќата”, кои сепак се полни со рафиниран шеќер. Научниците предлагаат да сопре развојот на ракот со лишување од шеќер. Во далечната 1920 ...
Влезот треба да биде добро нагласен и да создаде чувство на гостопримство. Ова може да се постигне на различни начини. Често архитектите предвидуваат некој архитектонски елементи кои ќе го нагласат влезот. Најчесто сепак за истакнување се прибегнува кон користење на спектакуларна вегетација. Често, покрај уредувањето, конфигурацијата на површините е исто така важна. Обично се користи пристапот преку одреден распоред на зелени површини. Тоа е дел ...
Растенијата навистина ги разубавуваат дворовите, но не секој има време постојано да се грижи за нив. Овој пат ви го презентираме дворот на Боби Ефремовски во Марино. Целиот двор го има дизајнирано и направено самиот тој, за денес да ужива во него. Од растенијата тој вели дека има многу омилени, но најомилена му е спиралата. Во моментов изработува и куќарка за децата, а во иднина има и многу други планови за освежување и разубавување на дворот. ...
Минатата година на 22 октомври официјално беше објавен извештај од Комисијата за исхрана на Американската академија за педијатрија, која дискутираше на прашањето за корисноста од органската храна за децата. Во него лекарите велат дека органската храна не е повеќе корисна за здравјето на децата од здравата храна, произведена на традиционален начин. Најважното нешто за децата во однос на исхраната е да се консумира овошје, зеленчук, цели зрна и ...
Рамбутанот (Nephelium lappaceum) е овошје кое потекнува од семејството „Sapindaceae”. Се одгледува во повеќе земји во Југоисточна Азија и тоа Индонезија, Филипните, Малезија. Ова е вечнозелено дрво кое расте во висина до 20 метри. Плодот е со овален облик и околу 3 до 6см во дијаметар. Внатре е тежок, но има лесна кора. Вкусот е сладок со можна кисела нијанса. Се јаде свежо, но може да се користи и за правење на џемови или конзерви. Претставува ...
Одржувањето на градината не е лесна работа. Тоа бара континуитет и редовност, но доколку се има желба тогаш не постои никаква пречка за тоа. Овој пат ви го претставуваме дворчето на Ана Павиќ Стефанова која живее и работи во Кенија, Африка. Сите растенија и цвеќиња се насадени од неа, а проектот го почнала пред една година во Најроби. Местото е на 2000 метри надморска височина, така што има умерена клима со две дождливи сезони. Поради нејзините ...
Каранфилот Dianthus е моќен имуностимуланс и антиоксидант. Со приближувањето на зимата имуниот систем често е единствената пречка за тоа да бидеме здрави или болни. Затоа е добро да знаеме дека не само специфични и ретки растенија, но и некои од зачините кои ги имаме во својот дом, може да ни го зајакнат имунолошкиот систем, и воедно да не заштитат од различни инфекции и болести. На прво место е дефинитивно лукот, но нема да запреме детално врз ...
Платанот (Platanus Orientalis) од Охрид, кај луѓето познат како чинарот според народните преданија и легендите, расте уште од времето на Св.Климент Охридски за кого уште се вели дека лично го засадил (прва половина на IX век). Се наоѓа во центарот на Охрид. Легендите и преданијата велат дека охридскиот чинар е стар 11 века, а стручните лица велат дека неговата старост е околу 6 века. Претставува вечна инспирација за охриѓани, а особено за ...
Денес среда 15.11 ни доаѓа вистинска промена на временската состојба кај нас и тоа во попладневните и во вечерните часови кога се очекуваат нови врнежи од дожд, но од локален карактер, додека провејување на снег ќе има само на највисоките планини. Најпрвин ќе дува умерен до засилен ветер од западен и од југозападен, а потоа од северен и од северозападен правец, известува Метеоаларм. Појава на дожд ќе има и во делови од Скопскиот регион и ...
Кога во нашето тело не одат доволно витамини со храната или се добива вишок на витамини и минерали, има веројатност да се развие хиповитаминоза, која се одвива на различен начин во зависност од тоа кој точно е витамин во доволни количини во телото. Во сите случаи, сепак имаме нарушување во размената на материите кои можат да бидат прилагодени со екстра прифаќање на витамините било во готов вид, форма на фармацевтски препарати, било во форма на ...
Најголемиот европски дрогериски ланец dm дрогерие маркт втора година по ред успешно го реализира големиот национален проект за поздрава животна средина „Пошумуваме заедно за позелено утре“. Проектот кој започна минатата година, во чии рамки беа засадени 27.000 садници на територијата на с. Миладиновци во Скопје и модернизација на опремата на ЈП Национални шуми, оваа година се реализира во три етапи. Истиот започна во месец октомври, со ...
Десетти месец по ред Светската организација за храна на месечно и на годишно ниво регистрира пад на цените на храната, на годишно ниво најголем кај млечните производи и маслото за јадење, пишува Порталб.мк. Дома октомвриската инфлација на годишно ниво изнесува 3,5% , една од најниските стапки во изминатиот период. Што очекуваат економистите, дали ценовниот притисок ќе “попушти“ ? Паралела: Цени на храната на светскиот и на домашниот пазар .. Во ...
Неплодноста е се почест проблем на денешницата. Таа се јавува заради хормонален дисбаланс, несоодветна исхрана и стресен живот. Но, природата нуди лек кој помага при решавањето на овој проблем. Станува збор за чајот од валеријана. Според традиционалната медицина овој чај ги лекува проблемите со неполодност. Неговиот хемиски состав го стабилизира лачењето на хормонот кој е предуслов за стабилен менструален циклус, а тоа пак е предуслов за ...
Од досегашното наше присувство во поголем дел од Скопската котлина и од разговорот со неколку стотици луѓе кои живеат во таа област констатиравме дека Амбарскиот був е на граница на истребување , иако со закон заштитен (со највисок степен на заштита) тој е загрозен. Причини за ситуацијата во која се наоѓа овој вид има повеќе но главна е секако – човекот . -Агресивната дератизација која се спроведува во последните 8-9 години и неконтролираното ...
Цибетката е навистина чудно суштество кое не е ниту куче, ниту мачка, ниту лисица, а наликува по малку на сите нив. Цибетката исто како и кучињата сака да ја обележува својата територија со секрет, кој пак претставува важна состојка на скапите парфеми. Претставникот на ова семејство од Источна Јава, Индонезија, е “производител” на најскапото кафе во светот. Кафето “копија Лувак” се прави од изметот на азиската цибетка. Таа се храни со водоземци, ...
Во очи на Светскиот ден на дијабетесот, и генерално во месецот ноември секоја година во светот интензивно се зборува за дијабетесот, како една од најраспростанетите здравствени состојби помеѓу светската популација со цел постојано да се подигнува свеста за сериозноста на состојбата на луѓето афектирани од дијабетес, за ризикот од развивање на тип 2 дијабетес, а најголем акцент се дава на превенцијата. Накратко, во светски рамки изразено во ...
По краткотрајната стабилизација на времето која пристигна во Македонија, во среда во попладневните и во вечерните часови повторно од северозапад облачноста ќе се зголеми и ќе има нови врнежи од дожд од локален карактер, а ќе започне да дува и умерен до засилен ветер од северен правец, информира Метеоаларм. Потоа во четврток повторно следува краткотрајна стабилизација на времето. Веќе од петок попладне, како и за време на викендот под влијание на ...
Чубриката или чубрица (Satureja) е род на ароматични растенија од фамилијата Усноцветни (Lamiaceae), сродни на рузмаринот и мајчината душичка. Постојат околу 30 видови, од кои најважни се градинарската и планинската чубрика. Растенијата потекнуваат од топлите умерени подрачја и може да бидат едногодишни или повеќегодишни. Се јавуваат во облик на ниски билки и полугрмушки, со висина од 15–50 см. Градинарската и планинската чубрика се користат ...
Под влијание на серија на влажни и постудени воздушни маси од северозапад, во текот на новата седмица која што ни следува во Македонија ќе имаме многу променливо време. Првиот и вториот ден од новата работна седмица (понеделник и вторник) ни носат постабилно и релативно суво време. Веќе нови врнежи од дожд, локално и обилни ќе имаме во среда попладне и во вечерните часови. Потоа во четврток повторно ќе имаме краткотрајна стабилизација на ...
Градините Чанива (Chaniwa Gardens) се изградени за одржување на церемонии за чај. Во овие градини се вметнати посебен тип на куќарки во кои се случуваат церемониите на кој се служат чаевите. Во овие градини најчесто застапени се водните елементи како фонтаните, малите езерца, камењата, дрвjата, грмушките итн. За прв пат оваа церемонија се појавува во Јапонија уште во 14тиот век. Атмосферата овде е мирна и и одлична за уживање особено кога сте ...
Индијките секогаш се импресивни со своите долги, здрави коса, дури и на поголема возраст. Тие имаат мазни лица и ечат со својата убавина. И како нема да е така, кога татковината им поседува многу уникатни растенија. Брахмите се растенија кои се користат како додаток во исхраната, и поседуваат тонизирачка акција. Во форма на прав, во козметиката, тие го заздравуваат коренот на косата; помагаат при губење на косата, разредување итн. Брахмите ...
Косата е венецот на убавината на секој човек. Како да се грижиме за косата? Може ли народната козметика да ни помогне во оваа задача? Ако косата е сува Избегнувајте да ја миете често. Пред да ја измиете, пак, масирајте го внимателно коренот на косата со масло од растително потекло, на пример рициново или авокадо. Потоа за часа избришете ја косата со крпа. Може да ја масирате и масло од репа масло. 40 г свежи мелени корени од репа се ставаат во ...
Прилепско макало од компири со суви пиперки и лук 1. Се мијат компирите и пиперките и заедно се варат во тенџере. 2. Откако убаво ќе се сварат се оставаат малце да се изладат. 3. Во лучница се толчи лукот со малце сол. 4. На пиперките со вилушка или лажица им се вади месото, а лушпата и семето се отстранува. Со вилушка се гмечи за се иситни месестиот дел од пиперката. 5. Компирите се лупат и еден по еден се толчат во лучницата за да нема ...
Жен шенот расте во листопадни и четинари шуми. Пренесен е од Кина и Северна Кореја. Корисен дел на растението се корените. Во својот хемиски состав содржат тритерпенови гликозиди, етерични масла, сесквитерпени, виши масни киселини, глицерин и др. Жен шенот го отстранува заморот и ја зголемува физичката и менталната работоспособност. Ја стимулира функцијата на надбубрежните жлезди и ја зголемува активноста на тироидната жлезда. За добивање на ...
Постојат неколку зачини кои ја стимулираат мозочната активност и ја подобруваат меморијата. Освен тоа народните средства ќе донесат и дополнителни бенефиции за нашето здравје. Еве и кои се зачините кои можеме да ги користиме: Рузмарин – Антиинфламаторните и антиоксидантните својства во рузмаринот се “справуваат со штетата”, кои ги предизвикуваат слободните радикали на мозокот. Во билката се содржи карнозна киселина, која всушност го штити ...