Шкендија продолжува со европската авантура откако славеше со 3-1 против Браво и обезбеди пласман во третото квалификациско коло од Конференциската лига. Тетовскиот тим одигра квалитетен натпревар и успеа да го наметне посакуваниот ритам, а по завршувањето на средбата тренерот Артим Положани беше задоволен од начинот на кој неговите фудбалери одговорија на предизвикот. „Мислам дека ова беше важен натпревар, а нашите фудбалери одлично го ...

Леброн Џејмс летово направи еден од најголемите трансфери во НБА, а неговиот агент Рич Пол откри дека Филаделфија воопшто не била во плановите сè додека Севентисиксерс не го довеле Џејлен Браун од Бостон. Пол во поткастот „Game Over with Max Kellerman and Rich Paul“ објасни дека трејдот целосно ја променил ситуацијата и ги отворил разговорите меѓу двете страни. „Ако ги слушневте нашите разговори ден пред трејдот и два дена подоцна, ќе ...

Франко Мастантуоно најверојатно нема да добие голема минутажа во Реал Мадрид во претстојната сезона, па во клубот сериозно размислуваат да го испратат на едногодишна позајмица. Иако се споменуваше можност аргентинскиот талент да се врати во Ривер Плејт, во Мадрид сметаат дека за неговиот развој е подобро да остане во Европа и да настапува во посилно првенство. Според информациите, тренерот Жозе Мурињо веќе разговарал со Мастантуоно и му ...

Еден од талентираните млади фудбалери на Милан, Матија Либерали, одлучи кариерата да ја продолжи во Комо, и покрај обидите на „росонерите“ да го вратат на „Сан Сиро“. 19-годишниот офанзивен играч за врска бил привлечен од проектот на Цеск Фабрегас, кој директно разговарал со него и му ја претставил визијата за неговиот развој во Комо. Токму довербата од тренерот и планот за поголема минутажа биле клучни за неговата одлука. Либерали минатата ...

Реал Мадрид се соочи со нов проблем во одбраната, откако Раул Асенсио заработи повреда на десната нога за време на подготовките. По деталните медицински прегледи било утврдено дека станува збор за мускулна повреда, а од клубот не откриваат кога 23-годишниот дефанзивец ќе може повторно да се врати на терените. Според шпанските медиуми, го очекува пауза од неколку недели. За Асенсио ова е уште еден пех, бидејќи и минатата сезона имаше проблеми ...

Англискиот премиерлигаш Фулам е пред реализација на најголемиот трансфер во клупската историја, откако постигна договор со Реал Мадрид за ангажман на младиот напаѓач Гонзало Гарсија. Според шпанските медиуми, премиерлигашот ќе плати дури 70 милиони евра за фудбалерот кој е производ на младинската академија, со што Гарсија ќе стане најскапото засилување во историјата на лондонскиот клуб. Младиот напаѓач минатата сезона одигра 39 натпревари за ...

Екипата на Шкендија го доби ривалот во следното квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Тетовчани ќе играат против Хибернијан од Шкотска. Во двомеч Шкотите го елиминираа тимот на Малишева од Косово. На првиот натпревар тие на гости загубија со 0-2, но во реваншот дома беа убедливи и со 4-0 пројдоа понатаму. Првиот натпревар меѓу Хибернијанс и Шкендија се игра на 6 август во Шкотска, додека реваншот е закажан на 13 август во ...

Германскиот гигант Баерн Минхен официјално го претстави американскиот кошаркар Мајлс Норис како свое ново засилување. 26-годишниот крилен играч потпиша двегодишен договор со баварскиот клуб. Норис пристигнува од Барселона, каде што минатата сезона дебитираше во Евролигата. Во елитното натпреварување просечно бележеше 3,3 поени и 1,9 скока на 34 натпревари, додека во шпанското првенство имаше учинок од 6,8 поени и 3,6 скока, со 37,5 проценти ...

Екипата на Шкендија го продолжи патот во Конференциската лига на УЕФА. Тимот од Тетово на домашен терен го победи Браво со 3-1, ја анулира негативата од еден гол од првиот меч во Словенија и се пласира во третото квалификациско коло каде ќе игра со Хибернијан од Шкотска или Малишева од Албанија. Домашниот состав уште од самиот почеток целосно ја презеде иницијативата и постојано се играше пред голот на словенечкиот тим. И покрај бројните ...

Екипата на Новаци продолжи со пријателските натпревари и забележа победа против ривал од Албанија. Второлигашот се соочи со Орику од Албанија, второлигаш во западниот сосед, а натпреварот на стадионот во Новаци заврши со резултат 2-1, на паузата беше 0-1. Ривалот дојде до позитива во првиот дел по грешка на одбраната. Во второто полувреме Новаци запиша триумф благодарение на головите на Талевски и Стојановски. Екипата на Новаци продолжи со ...

Екипата на Шкендија направи пресврт против Браво (2-1) со погодок кој го постигна во второто полувреме. На стартот на вториот дел, по една долга акција, Фабрис Тамба нафрли од десната страна и даде топка „на тацна“, која новото засилување Алмир Крејзиу ја заби со глава во мрежата на Браво. Скорот на двата тима во двомечот сега е 3-3, откако претходниот меч во Словенија заврши со победа од 2-1 на Браво. Екипата на Шкендија направи пресврт ...

Кошаркарскиот клуб Маџари официјално доби нов претседател, откако Управниот одбор му ја довери функцијата на Боро Атанасовски. Атанасовски ќе го предводи актуелниот вицешампион на Македонија во период во кој клубот има високи амбиции, како на домашната сцена, така и во настапите во АБА2 лигата. Новиот претседател е успешен стопанственик и поранешен фудбалер на ФК Маџари, а со години активно го поддржува спортот и спортските колективи. ...

По огромен притисок во првото полувреме, Шкендија успеа да постигне гол против Браво (1-1) во Конференциската лига на УЕФА и се врати во натпреварот. Имаа тетовчани многу шанси, а падна автогол во 36. минута кога по проигрувања по корнер, Крејзиу се обиде да центрира во казнениот простор, но топката зафати еден од играчите на Браво, Гашпер Јован, кој беше во трк, и заради силината се одби во мрежата на гостинот. Првиот натпревар во Словенија ...

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ги извести своите навивачи дека од 31 јули во 14:00 часот официјално започнува продажбата на сезонските билети за сезоната 2026/27. Продажбата ќе трае до 18 август, а со сезонскиот билет љубителите на ракометот ќе имаат можност да ги следат сите домашни натпревари на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 во текот на сезоната. За цена од 4.000 денари, навивачите ќе добијат пристап до сите домашни натпревари ...

Екипата на Шкендија има негатива на домашен терен против словенечки Браво (0-1) во рамки на второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Наивно примија тетовчани гол откако дозволија на противникот да се „прошета“ низ одбраната. Стрелец беше центарфорот Јован Станковиќ. Првата средба одиграна во Љубљана на двете екипи заврши со победа од 2-1 на словенечкиот тим. Екипата на Шкендија има негатива на домашен терен против ...

Македонскиот репрезентативец Дамјан Робев и во новата сезона ќе го носи дресот на Работнички, откако потпиша нов договор со најтрофејниот македонски кошаркарски клуб. Од таборот на клубот од Градски парк соопштија дека искусниот бек кој има 29 години останува дел од тимот и ќе продолжи да биде еден од лидерите на составот. „Со задоволство ви соопштуваме дека македонскиот репрезентативец Дамјан Робев потпиша нов договор со КК Работнички и ќе ...

Новак Ѓоковиќ повторно ќе биде дел од спектакуларниот егзибициски турнир „Слем на шест кралеви“ во Ријад, каде што за само неколку дена учество, тенисерите можат да заработат огромни суми. Турнирот во Саудиска Арабија ќе се одржи од 21 до 24 октомври, а покрај српскиот ас, настап ќе имаат и најголемите млади ѕвезди на светскиот тенис - Јаник Синер и Карлос Алкараз. Составот ќе го дополнат и Александар Зверев, Тејлор Фриц и Алекс Де Минер. ...

Американскиот кошаркар Џош Ричардсон донесе изненадувачка одлука да се повлече од професионалната кошарка на само 32 години. Искусниот бек преку социјалните мрежи потврди дека ја завршува десетгодишната НБА кариера, во која настапуваше за шест различни тимови. Ричардсон порача дека нема за што да жали и дека секогаш го давал максимумот на теренот. „Секогаш давав сè од себе и поради тоа оваа одлука ја носам без никакво жалење. Благодарен сум ...

Францускиот кошаркарски плејмејкер Силвен Франциско е новото големо засилување за Панатинаикос.Трансферот е комплетиран по ненадејните финансиски проблеми на францускиот тим Асвел Вилербан, кој не успеа да ги обезбеди првичните парични гаранции за неговиот договор. Грчкиот гигант веднаш ја искористи ситуацијата, плати откупна клаузула од 450.000 евра на Асвел и потпиша тригодишен договор со кошаркарот вреден 3,5 милиони евра по сезона. ...

Иако веќе неколкупати се пензионираше, Клаудио Раниери повторно се враќа во италијанскиот фудбал. Искусниот 74-годишен стратег ја прифати функцијата технички директор на италијанската репрезентација, откако Паоло Малдини поднесе оставка само две недели по назначувањето. Покрај работата со сениорската репрезентација, Раниери ќе биде задолжен и за надзор на сите младински селекции, како и за развојот на фудбалските академии низ Италија. Нов ...

Новиот прволигаш Брегалница соопшти дека поставувањето на ВАР-системот на „Градскиот стадион“ во Штип е во завршна фаза. Штипскиот клиб до Фудбалска федерација на Македонија достави барање натпреварот од второто коло во Првата македонска фудбалска лига против Арсими да се одигра во вечерен термин под светлото на рефлектори. Шампионатот овој викенд нема да се игра заради големиот празник Илинден, па второто коло е поместено за 7,8 и 9 август. ...

Управата на Јувентус постигна договор со ПСЖ за нов ангажман на Рандал Коло Муани. Францускиот напаѓач повторно ќе го облече дресот на „бјанконерите“, овојпат како позајмен фудбалер со задолжителен откуп на договорот. Италијанскиот клуб за 27-годишниот голгетер ќе плати сума која се очекува да биде меѓу 40 и 50 милиони евра, а Коло Муани повторно ќе биде важна опција во нападот на тимот од Торино. Јувентус, исто така, работи на уште едно ...

Фудбалската федерација на Македонија се приклучи на ставот на Европската куќа (УЕФА) по однос на потегот на ФИФА за оттуѓување на дел од правата за Светското првенство на трети комерцијални субјекти, целосно поддржувајќи ја заедничката позиција на УЕФА: Светското првенство не е на продажба! „УЕФА и нејзините 55 национални асоцијации стојат обединети. Едногласно и недвосмислено го отфрламе предлогот на ФИФА за пренесување на сопственички удели ...

Тренерите на тетовска Шкендија и словенечкиот Браво, Артим Положани и Алеш Арнол ги „отворија картите“ за реванш дуелот во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Македонскиот претставник ќе „брка“ негатива од еден гол по поразот со 2-1 во Словенија, иако мисијата нема да биде лесна, зашто Браво на првиот меч се покажа како квалитетен противник. Шкендија: Амзаи, Димовски, Мељичи, Исљами, Трумчи, Рафа, Зејнулаи, Криезиу, Спахиу, Тамба, ...

Промените на тренерските позиции во Премиер лигата не се ништо ново, но она што ќе се случи пред сезоната 2026/27 е нешто што досега не било видено во историјата на англискиот фудбал. Дури девет клубови ќе влезат во новата сезона со нов тренер, што претставува рекорд за најсилната англиска и светска лига. Последната промена која ја зголеми бројката беше заминувањето на Еди Хоу од клупата на Њукасл, информација која пристигна неочекувано и ...

Маркус Рашфорд повеќе нема да го носи дресот на Барселона, откако каталонскиот клуб одлучи да не ја активира опцијата за негов целосен трансфер. Англискиот напаѓач по истекот на позајмицата се врати во Манчестер Јунајтед. Рашфорд минатата сезона пристигна на „Камп Ноу“ со желба да ја врати старата форма и имаше солидни настапи за Барса, но раководството на клубот процени дека нема да продолжи со неговиот ангажман. Манчестер Јунајтед сега ...

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, успешно го реши здравствениот проблем поради кој мораше итно да биде опериран. Лапорта имаше нарушување на срцевиот ритам, поради што го откажа патувањето во Англија и наместо тоа заврши во болница во Барселона. Интервенцијата поминала во најдобар ред, а самиот претседател на каталонскиот клуб потврди дека се чувствува добро. „Сè помина одлично. Аритмијата е отстранета и моето срце повторно чука во ...

Новак Ѓоковиќ ќе се врати на тениските терени на Мастерс турнирот во Синсинати, каде ќе го одигра првиот официјален настап по елиминацијата на Вимблдон. Српскиот ас го потврди своето учество на престижниот турнир од серијата АТП 1000, на кој последен пат настапи во 2023 година. Тогаш Ѓоковиќ и Карлос Алкараз одиграа финале кое многумина го сметаат за едно од најдобрите во историјата на Мастерс турнирите. Поради желбата што подобро да се ...

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберл, потврди дека германскиот шампион нема намера да доведува нови фудбалери до крајот на летниот преоден рок. Еберл истакна дека тимот е комплетиран на сите позиции, а доколку се појави потреба од дополнителни решенија, клубот ќе им даде шанса на играчите од сопствената академија. „Со трансферите на Нене Браун од Ајнтрахт и Исмаел Саибари од ПСВ го завршивме нашиот летен преоден рок. Работата ја ...

Европските фудбалски федерации постигнале договор за бојкот на Светските првенства во организација на ФИФА, како реакција на плановите дел од сопственоста на турнирот да биде продадена на приватни инвеститори. Според извори запознаени со состанокот, одлуката била донесена на виртуелен состанок на сите 55 национални федерации кои се членки на УЕФА. Доколку не дојде до промена на ставот на ФИФА за продавање на акции и менување на светскиот ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.84
36%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
2.68
61%
1015
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.84
55%
1014
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.36
41%
1018
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.5
42%
1017
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 20ᴼ
0.97
82%
1015
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
1.34
46%
1014
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.85
59%
1016
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.98
53%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
3.13
59%
1015
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 27ᴼ
0.89
38%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
1.57
100%
1015
Currency

61.52

Currency

53.3836

Currency

71.8674

Currency

37.3567

Currency

38.0037

Currency

65.8747

Currency

7.90563

Currency

0.66388

Currency

0.33961

Currency

0.52362

Currency

1.12294

Currency

0.55998

Злато

130712.08

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Платина

52920.13

Родиум

265243.66

Рутениум

53852.50

Сребро

1873.42

Алуминиум

3.19

Цинк

0.00

Калај

54.92

Бакар

13.13

Паладиум

40863.60