Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
За две недели почнуваат натпреварите за бодови во Втората фудбалска лига (ВМФЛ). Клубовите од вториот по квалитет ранг продолжуваат со одигрување на пријателски натпревари низ која ја проверуваат формата. Тетекс беше подобар на тестот со ланскиот прволигаш Брера Струмица, откако „штофарите“ триумфираа со резултат од 0-2. Следен контролен натпревар за Брера Струмица ќе биде против Кожуф, меч кој ќе се одигра викендов на СЦ „Пандев“ во ...
Фудбалската федерација на Чешка го избра Санти Дениа за нов предводник на националниот тим. Шпанскиот тренер влегува во историјата како прв селектор од странство кој ќе седне на клупата на чешката репрезентација. Дениа и Чешката федерација договорија двегодишна соработка, со опција таа да биде продолжена во иднина. На неговото претставување, 52-годишниот стратег не го криеше задоволството од новата функција. „Пресреќен сум што сум дел од овој ...
Светската фудбалска федерација (ФИФА) наскоро би можела да донесе одлука за уште една промена на форматот на Светското првенство. Според информациите на повеќе медиуми, се разгледува можност турнирот во иднина да се прошири од сегашните 48 на дури 64 национални селекции. Одлуката за можната промена се очекува да биде позната до 14 август, а ФИФА веќе започнала процес на консултации и анализа на идејата. Се планира ангажирање независна ...
Поранешниот француски репрезентативец Бенџамин Менди одлучи да се раздели со еден од највредните сувенири од својата кариера - репликата од трофејот освоен на Светското првенство во Русија во 2018 година. Репликата беше понудена на аукција преку куќата „Goldin“, со почетна цена од 50.000 евра, а на крајот беше продадена за 54.000 евра. Иако трофејот има неколку видливи оштетувања, неговата автентичност е потврдена со официјален сертификат. ...
Македонските млади тенисери до 18 години го загубија денешниот меч од Хрватска за пласман на петтото место на „Summer cup“ што се играше во Анкара. Во изедначен меч противникот победи со 2-1 откако во решавачкиот дуел во двојки Кристијан Јанев и Ерион Незири загубија од Георге Гњидиќ и Хрвоје Јутреша со 2-1 во сетови. Во решавачкиот дуел македонскиот дубл го доби првиот сет со 6-4 во гемови, но противниците го добија вториот сет со 6-3 и ...
Македонскиот фудбалер Тодор Тодороски и официјално ја продолжи соработката со албански Фљамуртари. Клубот потврди дека Тодороски потпишал нов двегодишен договор, со што ќе продолжи да ги брани боите на тимот и во наредните две сезони. „Со големо задоволство објавуваме дека Тодор Тодороски го обнови договорот со клубот на уште две години и ќе продолжи да биде дел од црвено-црното семејство“, соопштија од Фљамуртари. Десниот бек се поврзуваше ...
Украинскиот репрезентативец Михајло Мудрик повторно ќе може да игра фудбал, откако неговата суспензија поради допинг беше укината по речиси две години неизвесност. Крилниот напаѓач на Челзи беше суспендиран од декември 2024 година, откако во примерок даден за време на настап со украинската репрезентација беше пронајден мелдониум – супстанца која во тој период се наоѓаше на листата на забранети средства. На Мудрик првично му беше изречена ...
Отпорот против контроверзниот план на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, продолжува да расте. По УЕФА и КОНКАКАФ, сега и Азиска фудбалска конфедерација јавно се спротивстави на идејата дел од комерцијалните права на Светското првенство да им бидат продадени на приватни инвеститори. Претседателот на АФЦ, Шеик Салман бин Ибрахим Ал Калифа, испратил писмо до сите 47 членки на конфедерацијата во кое нагласува дека ФИФА воопшто не ги ...
Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Омер Мехмедовиќ, ги изнесе очекувањата од новата сезона, во која тој како ново засилување сака да даде голем придонес за успешни резултати. Мехмедовиќ игра на позицијата среден бек и се очекува да биде големо засилување за тимот кој годинава ќе настапува во Европската лига на ЕХФ. „Ви благодарам за топлото гостопримство. Првите впечатоци се навистина прекрасни. Градот Битола е преубав и многу жив, особено во ...
Македонскиот фудбалер Бесар Гуџуфи повеќе не е член на албански Партизани, откако предвреме го раскина договорот со клубот од Тирана. Иако неговиот договор важеше до летото 2029 година, двете страни постигнаа договор за прекин на соработката, па офанзивецот сега е слободен играч и ќе може без обештетување да избере нова средина. Гуџуфи во Партизани пристигна во јануари 2025 година од редовите на Шкупи, а во изминатиот период го носеше дресот ...
Шкендија и официјално потврди дека младиот дефанзивец Имран Фетаи ја напушта екипата и кариерата ќе ја продолжи во романскиот прволигаш Динамо Букурешт. Од тетовскиот клуб соопштија дека Динамо ја активирал откупната клаузула предвидена во договорот на фудбалерот, по што трансферот е реализиран. „Имран Фетаи повеќе не е дел од Шкендија, откако романскиот клуб ја исплати откупната клаузула. По комплетирањето на целокупната документација, ...
Поранешниот македонски репрезентативец Артим Шаќири во опширно интервју за „Тема Спорт“ од Бугарија се наврати на еден од најнезаборавните моменти во својата кариера, легендарниот гол директно од корнер против Англија, но зборуваше и за предизвиците со кои се соочува како тренер. Шаќири откри дека погодокот против Дејвид Симан не бил случајност, туку резултат на долгогодишна работа и искуство. „Такви голови не се постигнуваат секој натпревар. ...
Екипата на Брегалница Штип договори ново име за продолжението на сезоната и потпиша договор со десниот бек кој добро се снаоѓа и офанзивно, Методи Максимов. 23-годишниот кочанчанец се враќа во македонскиот фудбал за првпат по 2024 година. Додека беше во странство, играше за првиот и вториот тим на ЛАСК од Австрија, а исто така беше дел и од норвешки Алесунд. Во македонскиот фудбал, Максимов како младинец беше дел од Брегалница, а настапуваше ...
Македонскиот кошаркарски стратег Никола Велев има нов ангажман во кариерата, откако официјално стана дел од стручниот штаб на романскиот клуб Рапид Букурешт како помошен тренер на машкиот сениорски тим. 36-годишниот Велев зад себе има богато меѓународно искуство, а во изминатите две сезони, од 2024 до 2026 година, ја извршуваше функцијата главен тренер на романскиот прволигаш ЦСУ Трговиште. Неговата кариера е тесно поврзана и со македонската ...
Еден од најблиските советници на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, поднесе оставка поради несогласување со идејата приватни инвеститори да добијат удел во комерцијалните права поврзани со Светското првенство. Карлос Кордеиро, поранешен претседател на Фудбалската федерација на САД и советник во структурите поврзани со организацијата на Мундијалот, јавно се спротивстави на предлогот, оценувајќи дека тој може да му наштети на иднината на ...
Валенсија активно работи на ангажман на нов голман кој ќе се бори за местото меѓу стативите со македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски. Според „Трибуна Депортива“, информација која ја потврдува и „АС“, прв избор на шпанскиот клуб е 22-годишниот украински голман Олександр Сапутин. Чуварот на мрежата, висок 197 сантиметри, веќе подолг период е следен од скаутската служба на Валенсија и целосно се вклопува во профилот на голман што ...
Црногорскиот клупски фудбал доживеа вистински дебакл во европските натпреварувања ова лето, откако сите четири претставници ги завршија своите настапи уште во квалификациите, со неверојатен биланс од десет порази на десет одиграни натпревари. Последна од Европа се прости Сутјеска, која и во реваншот загуби од белорускиот Витебск со 2-1. Бидејќи на првиот натпревар беше поразена со убедливи 3-0, тимот од Никшиќ беше елиминиран со вкупни 5-1. ...
Реал Мадрид и официјално го комплетираше трансферот на Карлос Еспи, еден од најталентираните млади напаѓачи во шпанскиот фудбал. 21-годишниот фудбалер пристигнува од Леванте и се обврза на шестгодишна соработка со „кралскиот клуб“, до летото 2031 година. Според информациите од Шпанија, мадридскиот гигант за неговите услуги издвоил околу 25 милиони евра. Од Леванте не ја потврдија сумата, но истакнаа дека станува збор за најскап трансфер на ...
Итаијанскиот Интер го комплетираше трансферот на англискиот дефанзивец Џон Стоунс, кој кариерата ќе ја продолжи во дресот на шампионот на Серија А. Искусниот стопер пристигнува од Манчестер Сити, каде што помина девет сезони и освои бројни трофеи, меѓу кои и Лигата на шампионите, Премиер лигата и ФА Купот. Стоунс важи за еден исклучително квалитетен дефанзивец, а со неговото доаѓање Интер добива дополнителна сигурност во одбраната и големо ...
Новото засилување на Еурофарм Пелистер, Алекса Колаковиќ, ги изнесе првите впечатоци по доаѓањето во Битола, најавувајќи добра сезона и одлични резултати на „зелено-белите“. Средниот бек првпат ќе игра во македонската Суперлига, а воедно изјави дека е среќен што ќе биде дел од клуб со голема и славна историја. „Многу сум среќен што дојдов во клуб и град со голема историја и традиција. Задоволство е да се работи со легенда како Лино Червар и ...
Кошаркарската федерација на Македонија со особено задоволство ја поздравува официјалната одлука на КК Арис од Солун, со која клубот потврдува дека нема никакви пречки Ненад Димитријевиќ да биде на располагање на македонската репрезентација од 16 август 2026 година и му посакува успех на нашиот национален тим. Оваа порака претставува значаен гест на спортска коректност и почит кон националните селекции, за што искрено му благодариме на ...
Голема бура се крена во светскиот фудбал по најавата на ФИФА дека планира да вклучи приватен партнер во проект поврзан со Светското првенство. Според информациите, УЕФА и КОНКАКАФ остро се спротивставиле на идејата, а европските репрезентации би можеле да го бојкотираат Светското првенство во 2030 година доколку претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, го реализира планот. Сличен став имаат и федерациите од Северна и Централна Америка. Од ФИФА, ...
Американскиот кошаркар Лесли Ворнер е најновото засилување на МЗТ Скопје, откако денеска официјално стави потпис на договорот со нашиот клуб. Станува збор за искусен крилен кошаркар, кој зад себе има богато европско искуство. По четирите години минати на Универзитетот Рио Гранде, првиот ангажман на Стариот континент го имаше во австриски Грац во сезоната 2021/22, која ја заврши во редовите на британски Њукасл. Потоа настапуваше за Капфенберг ...
Колку голем фудбалер беше Франко Барези можеби најдобро зборуваат зборовите на легендарниот Диего Армандо Марадона, човекот кој кон крајот на осумдесеттите години беше еден од неговите најголеми ривали на италијанските терени. Марадона тогаш беше лидер на Наполи, додека Барези ја предводеше одбраната на Милан. Нивните пресметки беа дел од големото ривалство меѓу двата клуба во периодот кога Серија А беше дом на некои од најдобрите фудбалери ...
КК Маџари го реши тренерското прашање за сезоната 2026/27. Нов предводник на екипата ќе биде искусниот македонски стратег Марјан Илиевски, кој во минатото ја извршуваше и функцијата селектор на сениорската репрезентација на Македонија. За Илиевски ова практично претставува враќање дома, бидејќи е еден од коосновачите на Маџари и еден од идеолозите на проектот. Сега ќе ја преземе одговорноста да го води тимот во домашното првенство, но и во ...
Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со формирањето на ростерот за новата сезона, а четврто ново име во битолскиот состав е Иван Сапунџиев. Искусниот бек се договори за кам-бек во Битола и повторно ќе го облече „зелено-белиот“ дрес. Сапунџиев претходно беше дел од Пелистер во периодот од 2022 до 2024 година, кога настапуваше со битолчани во домашниот шампионат и во АБА2 лигата. Станува збор за 31-годишен кошаркар, висок 197 сантиметри, кој ...
Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер имаше вечер за паметење во дресот на Панатинаикос. Напаѓачот го постигна својот прв погодок за грчкиот гигант, и тоа во важен момент, помагајќи му на својот тим да обезбеди пласман во следната рунда од квалификациите за Конференциската лига. Растодер не го криеше задоволството по првенецот, посебно затоа што го постигна пред домашната публика, иако призна дека имал можност вечерта да ја заврши со ...
Светскиот фудбал остана без една од најголемите дефанзивни икони. На 66-годишна возраст почина легендарниот Франко Барези, човекот кој остави неизбришлива трага во Милан, италијанската репрезентација и европскиот фудбал. Веста за смртта на славниот Италијанец ја потврди и миланскиот гигант. Барези практично целиот свој фудбалски живот го врза за Милан. Во дресот на „росонерите“ ја мина комплетната професионална кариера, долги години ја носеше ...
Кошаркарскиот клуб Работнички продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а од Градски парк пристигна потврда за продолжување на соработката со Дамјан Робев. Македонскиот репрезентативец потпиша нов договор и ќе продолжи да го носи дресот на најтрофејниот македонски кошаркарски колектив и во следната сезона. Искусниот бек беше еден од важните играчи во составот на Работнички, а раководството одлучи да го задржи и за новите ...
Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер беше еден од хероите на Панатинаикос во пласманот во третото квалификациско коло од Конференциската лига. Грчкиот гигант одигра 2-2 против Пакси, а Растодер се најде во центарот на вниманието во самиот финиш. Македонскиот фудбалер постигна прекрасен погодок за израмнување и со него го потврди продолжувањето на европската авантура на Панатинаикос. За Растодер овој погодок има посебно значење, бидејќи ...