Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Роберт Левандовски ги постигна своите први голови во МЛС и му донесе победа на Чикаго Фајер над Шарлот со 2-1, во првиот домашен настап во дресот на новиот клуб. Гостите први поведоа преку Пеп Биел, но полскиот голгетер брзо возврати. Во 20. минута Левандовски погоди со одличен удар од далечина за израмнување, а во второто полувреме уште еднаш ја затресе мрежата со прецизен удар во долниот агол и го комплетира пресвртот. Со двата погодоци ...
Ракометната репрезентација на Македонија за играчи до 18 години ја заврши групната фаза на Европското првенство со три порази. Немаа избраниците на Горан Кузманоски среќа при ждрепката, па налетаа на силни ривали како Франција, Словенија и Шведска против која беа најблизу до изненадување. Сега кадетите продолжуваат во разигрувањето за пласман. Македонија ќе игра во првата група на овој дел од турнирот, а ќе одигра две пресметки против ...
Македонскиот фудбалски стратег Зекирија Рамадани доби отказ од позицијата шеф на стручниот штаб на косовскиот шампион Дрита. Одлуката за прекин на соработката дојде неочекувано на почетокот на месецов, веднаш на стартот од новата сезона. Рамадани, кој претходната сезона беше прогласен за најдобар тренер во косовскиот шампионат, ја потврди веста во изјава за медиумите во оваа земја, Рамадани го предводеше клубот Дрита од ноември 2023 година до ...
Порто го освои португалскиот Суперкуп, откако во минимално го совлада тимот на Торенсе со 1-0. Натпреварот донесе нов пехар во витрините на португалскиот гигант, кој ја потврди фаворитската улога пред почетокот на новата првенствена сезона во Португалија. Порто стана најтрофејниот клуб во својата земја. Освоениот трофеј е 88-ми во колекцијата на „змејовите“, што е за еден повеќе од ривалот Бенфика. Порто 31 пат бил првак на Португалија, а по ...
Мамаду Сангаре официјално потпиша за Брентфорд, комплетирајќи го трансферот од францускиот прволигаш Ленс. Англискиот премиерлигаш плати рекордна клупска сума од 48 милиони евра за да ги осигура неговите услуги. Сангаре потпиша петгодишен договор со Брентфорд (до јуни 2031 година), со опција за продолжување на уште една дополнителна година. Овој трансфер го собори досегашниот клупски рекорд на Брентфорд. Сангаре пристигнува во тимот на ...
Милан Илоски кој има македонски корени игра во врвна форма во МЛС. Напаѓачот го инспирираше лудиот пресврт на Филаделфија Јунион од 0-2 до 3-2 во завршните минути од домашниот дуел, откако постигна мајсторски гол и ја продолжи неверојатната серија. По една уфрлена топка во шеснаесетникот Илоски неочекувано за голманот само ја префрли топката преку него играјќи со пета на многу атрактивен начин. Во продолжението неговиот тим даде уште два гола ...
Големото дерби меѓу Вардар и Шкендија во рамките на второто коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе се одигра в недела, на 9 август 2026 година, со почеток во 17:00 часот. Натпреварот е закажан на Националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) веќе ги официјализираше сите детали и сатници за ова коло. Дербито доаѓа на самиот почеток на новата сезона 2026/27, каде што Вардар ја брани ...
Лионел Меси се врати на терените по настапот во финалето на Светското првенство, но неговото враќање не беше крунисано со победа, откако Интер Мајами одигра 2-2 против Колумбус Кру во натпревар од МЛС. Аргентинскиот капитен доби шанса од клупата за резерви и влезе во игра во 53. минута, кога беше поздравен со големи овации од домашните навивачи. Само три минути подоцна беше блиску да го постигне првиот гол по враќањето, но по додавањето на ...
Финансиските проблеми продолжуваат да го тресат кошаркарскиот клуб Монако. Откако остана без место во Евролигата и се раздели со најголемите ѕвезди, францускиот клуб доби уште еден тежок удар. Жалбеното тело на Француската кошаркарска федерација (ФФББ) ја потврди одлуката со која на Монако му е одбиено учеството во елитната француска лига за сезоната 2026/27. Од клубот веднаш реагираа со официјално соопштение, во кое најавија дека ќе поднесат ...
Некогашниот освојувач на „Златната топка“ и светски шампион со Бразил, Ривалдо, повторно е во центарот на вниманието, но овојпат поради судски спор со својот поранешен клуб Бунјодкор. Бразилецот настапуваше за узбекистанскиот клуб од 2008 до 2010 година, а според тамошните медиуми, побарал исплата на целиот договор, иако дел од парите наводно веќе ги добил во готово, без официјална евиденција. ФИФА пресуди во корист на Ривалдо и му наложи на ...
Легендата на шпанската кошарка Хуан Карлос Наваро останува дел од Барселона, но повеќе нема да ја извршува функцијата генерален менаџер на кошаркарската секција. Каталонскиот клуб официјално потврди дека Наваро ќе добие нова улога и во иднина ќе биде амбасадор на Барселона, како и ментор на младинските категории. Во последните месеци, 45-годишниот поранешен капитен не учествувал во креирањето на тимот за сезоната 2026/27, а спортскиот ...
Францускиот првак Париз продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во ростерот е американскиот кошаркар Ализе Џонсон. 30-годишниот крилен играч првпат во кариерата ќе настапува во Европа, откако клубот го потврди неговиот ангажман. Џонсон зад себе има 60 натпревари во НБА лигата, а професионалната кариера ја започна по настапите за Универзитетот Мисури. Покрај НБА, најголем дел од кариерата го мина во Развојната лига, а играше ...
За време на паузата од новата сезона во ПМФЛ, екипата на Арсими одигра пријателски натпревар против екипата на Тетекс и на домашен терен славеше убедлива победа од 4-1. Домаќините уште во 5. минута поведоа преку Ибрахим Олаосебикан, а предноста ја удвои Албин Рамадани, кој погоди во судиското продолжение од првото полувреме за 2-0. Само пет минути по паузата, Мухједин Дардишта зголеми на 3-0 и практично ги реши сите дилеми околу победникот. ...
Патиштата во фудбалот знаат да бидат непредвидливи, а најнов доказ за тоа е трансферот на Дени Велбек, кој и официјално стана нов фудбалер на Челзи. Искусниот англиски напаѓач, кој има 36 години, доаѓа на „Стемфорд Бриџ“ како неочекувано засилување, особено ако се земе предвид дека Челзи во последните години беше препознатлив по политиката да ангажира млади и перспективни фудбалери, избегнувајќи ветерани. Сепак, новата ера во лондонскиот клуб ...
На терените на ТК Југ со денешните финални мечеви во поединечна конкуренција заврши првиот од петте турнири во младинска конкуренција што се одржуваат во Скопје, Македонија. Ова беше единствениот турнир за тенисери и тенисерки до 16 години, додека сите следни (четири) ќе бидат за тенисери и тенисерки до 18 години. Турнирот беше од категорија 3. Кај момчињата најуспешен беше Виктор Вишниќ од Србија, кој во финалето го победи Николај Петерсен ...
Македонските јуниорки го претрпеа и вториот пораз на Европското првенство од Дивизијата Б, откако во натпреварот од второто коло во групата Д загубија од фаворитот Грција со 73-42. Избраничките на Виктор Петровски долго време му парираа на противникот, но Гркинките со серија во финишот на првото полувреме создадоа двоцифрена предност (40-20), која ја задржаа до крајот на натпреварот. Најефикасна во македонскиот тим беше Пислевска со 13 поени, ...
По повеќенеделни преговори, сагата околу иднината на Бруно Гимараеш е завршена. Според информациите на „ЕСПН“, капитенот на Њукасл ќе ја продолжи кариерата во Арсенал. „Топџиите“ постигнале договор со Њукасл за трансфер вреден 70 милиони фунти, плус дополнителни 10 милиони преку лесно остварливи бонуси. Преговорите меѓу двата клуба траеле уште од елиминацијата на Бразил од Светското првенство. Њукасл претходно одбил понуди од 50 и 60 милиони ...
Екипата на Камјани забележа победа од 0-1 на гостувањето кај Башкими во пријателски натпревар одигран како дел од подготовките за новата сезона. Херој на гостите беше Бесарт Реџепи, кој го постигна единствениот погодок на средбата и му ја донесе победата на својот тим. Иако стануваше збор за контролен натпревар, двете екипи одиграа цврст и борбен меч, а Камјани успеа подобро да ги искористи своите шанси и на крајот да слави со минимални 1-0. ...
Ракометарите на Вардар направија уште еден чекор во подготовките за новата сезона, но овојпат надвор од теренот. Денешниот ден беше резервиран за официјалната фото-сесија на „црвено-црните“, која ќе биде основа за визуелниот идентитет на клубот во текот на сезоната. Пред објективот на Денис Дуковски продефилираа сите првотимци и членовите на стручниот штаб, а беа изработени нови официјални фотографии и промотивни материјали кои клубот ќе ги ...
Македонскиот фудбалер Џејмс Николовски има нов клуб во својата кариера, откако официјално потпиша договор со гибралтарскиот прволигаш Лајонс Гибралтар. 24-годишниот централен дефанзивец пристигнува во Гибралтар од Австралија, каде што стекна професионално искуство во редовите на Бризбејн Роар. Николовски го потпиша својот прв професионален договор со клубот од А-лигата и настапуваше за сениорскиот тим во првенствените и куп-натпреварувањата. ...
Жозе Мурињо го имаше своето деби на клупата на Реал Мадрид по враќањето во клубот, но не успеа да стартува со победа. „Кралскиот клуб“ одигра 2-2 против Фиорентина во пријателски натпревар одигран во австриски Клагенфурт. Реал одлично го отвори натпреварот и поведе во 12. минута преку Ендрик, а само дванаесет минути подоцна Алексис Сирија ја удвои предноста на шпанскиот гигант. Италијанскиот тим успеа да се врати уште пред паузата. Пиколи ...
По двата порази на стартот од подготовките, битолски Пелистер конечно се израдува на првиот триумф пред почетокот на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. „Зелено-белите“ славеа со минимални 0-1 на гостувањето кај Шкендија Арачиново, реванширајќи ѝ се на екипата која во мај годинава ги елиминираше во баражот за опстанок во Првата лига. Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 59. минута, кога искусниот стопер Кире ...
Шкендија доби охрабрувачки вести од лекарскиот тим пред претстојните натпревари, откако деталните медицински прегледи покажаа дека Фабрис Тамба и Бојан Димоски не заработиле сериозни повреди. Двајцата фудбалери се повредија на реванш-натпреварот против словенечки Браво во второто квалификациско коло од Конференциската лига, но резултатите од прегледите се позитивни. Тамба, кој во финишот на натпреварот доби силен удар во ногата, беше подложен ...
РК Илинден продолжува со комплетирањето на стручниот штаб за новата сезона, а ново име во клубот е поранешниот македонски репрезентативец Дејан Пецаковски, кој ќе ја извршува функцијата помошник тренер. Пецаковски зад себе има богата играчка кариера, настапувајќи за сите најдобри македонски клубови, меѓу кои Пелистер, Металург, Вардар, Зомимак, Еурофарм Работник и Пролет, а интернационално искуство стекна и во редовите на тунискиот Клуб ...
Тотенхем го совлада Челзи со 2-1 во пријателскиот натпревар одигран во Сиднеј, а победничкиот гол го постигна Ричарлисон длабоко во судиското продолжение, иако „петлите“ цело второ полувреме играа со фудбалер помалку. Екипата на Роберто Де Зерби поведе уште во првиот дел преку новото засилување Сандро Тонали, кој ја затресе мрежата по удар што заврши зад грбот на голманот на Челзи. „Сините“ брзо се вратија во игра, а израмнувањето го донесе ...
Европската куќа на фудбалот УЕФА ги одреди официјалните лица за првиот натпревар од третото квалификациско коло во Конференциската лига меѓу Хиберниан и Шкендија. Главен судија ќе биде Менелаос Андониу од Кипар, а негови помошници ќе бидат Павлос Георгиу и Ираклис Комодромос, исто така од Кипар. Улогата на четврти судија ќе ја извршува Јоанис Христодулу, додека во ВАР-собата ќе бидат Димитрис Солому како главен видео-судија и Андреас Техрани ...
Машката јуниорска репрезентација на Македонија ќе игра за 13. место на Европското првенство од Дивизијата „Б“, откако во разигрувањето славеше против Исланд (86-74). Македонските јуниори покажаа карактер и го одиграа еден од најдобрите натпревари на шампионатот во Хрватска. Иако по само десет минути игра имаа негатива од 16 поени, избраниците на селекторот Миодраг Тодоровиќ направија голем пресврт и заслужено изборија натпревар за 13. место. ...
Финалистите од Лигата на шампионите во 2023 година, Интер и Манчестер Сити, одиграа контролен натпревар во Хонг Конг во рамките на подготовките за новата сезона, а победата по изведувањето пенали им припадна на италијанците. Во регуларните 90 минути резултатот беше 1-1, додека Интер беше поуспешен во пенал-рулетот со 3-1. Манчестер Сити поведе во 15. минута, кога Семењо продре по левата страна и испрати употреблива топка до Мубама, кој од ...
Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед славеше со 2-1 против Атлетико Мадрид во пријателски натпревар одигран во Стокхолм, откако англискиот тим направи пресврт во второто полувреме. Шпанскиот состав поведе уште во петтата минута. По изведен корнер, Ортиз ја прими топката на левата страна и се обиде да нафрли во шеснаесетникот, но топката ги прелета сите играчи и заврши зад грбот на изненадениот Том Хитон за водство од 1-0. Херој на ...
Македонскиот интернационалец Константин Чешмеџиев има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во Италија, каде ќе настапува во Серија Д. 30-годишниот фудбалер од дефанзивата беше дел од исландски Вестри, но си замина од клубот. Следна станица ќе му биде „чизмата“, каде потпиша за екипата на Санремезе, во чии редови директор е легендата Кристијан Карамбе, освојувач на Мундијалот со Франција и на Лигата на шампионите со Реал Мадрид. Чешмеџиев во ...