Женската ракометна репрезентација на Македонија доживеа пораз од селекцијата на Грција со конечни 25-31 во првиот натпревар на Медитеранските игри кои се одржуваат во Таранто. Нашите девојки прикажаа две сосема различни лица, затоа што имаа предност од четири гола на паузата меѓу двете полувремиња (14-10), но потоа дозволија целосен „кам-бек“ на ривалот, кој во вториот дел постигна 21 гол, наспроти единаесетте на нашиот состав. Леона ...

Шкендија Арачиново со големи амбиции го пречекува Арсими, по одличниот триумф над Тиквеш во Кавадарци. Новиот прволигаш сака со нови три бода да ја продолжи добрата серија и конечно да слави пред своите навивачи на стадионот во Чаир. Искусниот дефанзивец Есмин Личина очекува тежок натпревар, но верува дека домашниот терен ќе биде голема предност за неговата екипа. „Го респектираме Арсими, но се наоѓаме во добра форма и играме пред нашата ...

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, оствари средба со Претседавачот на Бордот на Обединетата македонска дијаспора, Арџи Белио. На состанокот беше договорена соработка која ќе оди во насока на откривање, мапирање и поврзувње на младите фудбалски таленти со македонско потекло ширум светот. Во следниот период ќе се работи на воспоставување соработка со македонските фудбалски клубови и заедници низ дијаспората, ...

Македонскиот суперлигаш Куманово се пофали со нова аквизиција. Во клубот пристигна Американецот Камерон Гуден, кој настапува како плејмејкер. Роден е во 1998 година, а висок е 183 сантиметри. Дипломирал на Универзитетот „Јута Тех“ во 2003 година, а последен ангажман му беше во мексиканскиот клуб Рајос де Хермосиљо. Со неговото доаѓање, Кумановци ги засилуваат надворешните позиции, а претходно потпишаа договор со Ренато Димитриевски, Алек ...

Усаин Болт повторно ќе заигра фудбал, откако официјално стана член на англискиот аматерски клуб Витеншо Ветс. Неговата регистрација е одобрена и од Фудбалската асоцијација на Англија. Иако има 40 години, легендарниот Јамајканец ќе настапува за ветеранската екипа од Манчестер, составена од играчи над 35 години. Тимот се натпреварува во деветтиот ранг на англискиот фудбал. Болт во соблекувалната ќе има друштво од неколку добро познати фудбалски ...

Македонскиот репрезентавиец Ељиф Елмас има нов клуб, а тоа е италијанската Аталанта. Клубот од Бергамо го потврди доаѓањето на нашиот „дијамант“, од кого се очекува да биде одлично засилување за екипата. Елмас летово се поврзуваше со враќање на „чизмата“, но Аталанта не беше споменувана меѓу клубовите што се интересираат за неговите услуги. Нашиот репрезентативец доаѓа како позајмен фудбалер од РБ Лајпциг, а целата зделка била склучена на ...

Екипата на Арсими 1973 со големи амбиции гостува кај Шкендија Арачиново, во обид да стигне до втората победа сезонава. Тимот доаѓа во Скопје со дополнителна самодоверба по триумфот над Башкими во претходното коло. Од друга страна, Шкендија Арачиново исто така е во позитивен момент, откако во Кавадарци го совлада Тиквеш со 1-0. Тоа најавува интересен и неизвесен дуел на Чаир. Фудбалерот на Арсими, Мустафа Суби, вели дека екипата е подготвена ...

Струга Трим Лум продолжува да ја засилува одбраната, а најново име во нејзиниот табор е стоперот Едисон Кола, кој последно настапуваше за екипата на Тирана од Албанија. Се работи за 25-годишен централен дефанзивец, од кого се очекува да ја збогати дефанзивната ротација на тренерот Бледи Шкемби. Кариерата ја започна во Ерготелис, а потоа настапуваше за Јерапетра, АЕЛ од Лариса и Гиухтас. Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во ...

Џејмс Медисон конечно се враќа на фудбалот по тешкиот период со повредата, а воедно признава дека семејството одиграло голема улога додека се опоравувал. Играчот на Тотенхем минатото лето го повреди предниот вкрстен лигамент на коленото, поради што речиси цела сезона беше надвор од терените. Во истиот период неговото семејство доби уште два нови члена, па денес Медисон и партнерката имаат пет деца помали од пет години. „Тоа ми беше позитивно ...

Ситуацијата во ФИФА би можела да достигне кулминација, бидејќи УЕФА, АФЦ и КОНКАКАФ наводно размислуваат за гласање недоверба кон претседателот Џани Инфантино. Доколку дојде до тоа, би станувало збор за преседан во 122-годишната историја на ФИФА. Досега Конгресот никогаш не гласал за недоверба на актуелниот претседател. Инфантино, сепак, не планира да се повлече и има намера на Конгресот во март 2027 година да се кандидира за четврти мандат. ...

Новата женска фудбалска лига се наоѓа пред самиот почеток. Женскиот фудбалски клуб Каменица Саса гради тим со кој ќе сака да ја врати шампионската титула во Македонска Каменица. По промоцијата на бугарската репрезентативка Антонина Шопска која е повратник во тимот од Македонска Каменица и промоцијата на Црнагорката Анџела Савовиќ, во тимот на Саса пристигна и турската интернационалка Селин Туркоглу. Станува збор за 24-годишна фудбалерка која ...

Френсис Тиафо избори место меѓу четирите најдобри на Мастерсот во Синсинати, откако во четвртфиналето го совлада Италијанецот Лоренцо Мусети со 2-0 во сетови, 7-6/2 и 7-5. Американецот имаше тешка задача, но успеа да го надигра ривалот за два часа и 19 минути. Победата над Мусети на Тиафо му носи дуел со сонародникот Брендон Накашима, против кого ќе се бори за место во големото финале. Во второто полуфинале ќе се соочат Артур Фис од Франција ...

Фудбалерот на Челзи, Жоао Педро, наскоро ќе стави потпис на нов договор со клубот, кој ќе важи до 2032 година, со опција за продолжување на уште две сезони. Бразилскиот напаѓач пристигна на „Стемфорд Бриџ“ минатото лето од Брајтон за 55 милиони фунти, плус пет милиони во бонуси. Иако Челзи тогаш објави дека договорот е до 2033 година, „Би-Би-Си“ наведува дека реално важи до 2032, со можност за продолжување. Новиот договор ќе донесе и подобри ...

Масимилијано Алегри ја започнува новата авантура на клупата на Наполи, откако по успешните периоди во Милан и Јувентус реши да прифати нов предизвик. За искусниот тренер ова ќе биде 23. сезона во тренерската кариера. Наполи во сабота од 20:45 часот гостува кај Џенова, а Алегри очекува тежок натпревар и добар старт на сезоната. „И по 23 години како тренер, возбудата е иста. Почнува нова сезона во клуб со голема традиција и страст. Со екипата ...

Штип веќе го зафати еуфорија по втората домашна победа во сезоната и добрите изданија на домашен тѕрен. Победен е Башкими со 3-0, а покрај резултатот - радува и играта на „сините“. Од другата страна, тренерот на Башкими, Сулејман Шабан, беше задоволен само од првото полувреме. „Презадоволен сум од првото полувреме и од моите фудбалери кои се залагаа максимално. Не сум задоволен од второто полувреме, каде што фудбалерите не покажаа карактер и ...

Брегалница полесно од очекуваното стигна до трите бода во пресметката со Башкими, кој и по четири кола во елитата на домашниот фудбал сè уште не успева да постигне гол. Глигоров со два гола и Калпачки, донесоа нови три бода за Брегалница (3-0). „Десната рака“ на Кузманов, асистентот Димитар Маџунаров, не го криеше задоволството од трите бода и играта на штипските „сини“. „Многу значајна победа против екипата на Башкими, која се прикажа во ...

Репрезентацијата на САД го објави списокот за продолжението на квалификациите за Светското првенство, а на него се најде и добро познато име за следачите на регионалната кошарка. Џејмс Нанели, миленикот на навивачите на Партизан, минатата сезона блескаше во дресот на АЕК, што му донесе и повик во репрезентацијата на САД. Нанели ќе биде дел од тимот кој ќе настапи против Чиле и Колумбија во августовскиот квалификациски прозорец. Покрај Нанели, ...

Иако е најмалку важен домашен трофеј, веќе три децении нема позначаен натпревар во германскиот фудбал од оној меѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен. Пресметката за Суперкупот на Германија, односно за трофејот „Франц Бекенбауер“, ја отвора фудбалската сезона во која Баварците, како и секогаш, влегуваат како апсолутни фаворити на сите три фронта. Од исходот во сабота на „Вестфален“ нема многу да зависи кога е во прашање трката за титулата, но ...

Реал Бетис го совлада Реал Сосиедад со 1-0 во натпреварот од второто коло од шпанската Примера .Единствениот погодок на натпреварот го постигна Родриго Рикелме во 62. минута од средбата на стадионот „Естадио де Ла Картуха“. Родриго Рикелме погоди на асистенција на Кучо Хернандез и ги собра аплаузите од домашните навивачи. Сепак, главен херој беше голманот на Реал Бетис, Алваро Ваљес, кој забележа одлична партија со четири клучни одбрани и ...

Здравствените проблеми на Џамал Мусиала се најдоа во центарот на вниманието пред важниот натпревар на Баерн Минхен против Борусија Дортмунд во германскиот Суперкуп. Мусиала предизвика загриженост со онесвестувањата на пријателските натпревари против РБ Лајпциг и Хајденхајм, па затоа на прес-конференцијата спортскиот директор Макс Еберл и тренерот Винсан Компани беа прашани за неговата состојба. Еберл откри дека клубот е запознаен со проблемот ...

Викторија Плзењ остана без тренерот Мартин Хиски, откако чешкиот клуб реши да му врачи отказ само еден ден по убедливиот пораз од Црвена Звезда во плеј-офот за пласман во Лига Европа (3-0). Хиски заминува по поразот во Белград, а заедно со него клубот го напуштаат и неговите асистенти Петр Хејни, Радим Грусман, Томаш Пупкај, како и тренерот на голманите Вацлав Винтер. Одлуката била донесена веднаш по враќањето на тимот од Белград. „Не ја ...

Михајло Мудрик би можел да добие нова шанса во Премиер лигата, но во дресот на друг клуб. Според информациите на британски „Скај Спортс“, Лидс Јунајтед покажал сериозен интерес за украинскиот крилен напаѓач на Челзи, а тренерот Даниел Фарке сака да ја зголеми конкуренцијата во офанзивната линија. Позицијата лево крило е една од приоритетните за Лидс во завршницата од преодниот рок, а токму Мудрик се најде на листата на желби на англискиот ...

Актуелниот шампион Арсенал со победа ја започна одбраната на титулата во Премиер лигата. „Топџиите“ на свој терен убедливо го совладаа новиот премиерлигаш Ковентри со 3-0 и уште на стартот испратија сериозна порака до конкуренцијата. Избраниците на Микел Артета уште од самиот почеток имаа контролата врз натпреварот, а отпорот на гостите беше скршен во 15. минута. Каи Хаверц се најде на вистинското место и донесе водство за домашниот тим. Само ...

Олимпик Марсеј со убедлива победа ја започна новата сезона во Лига 1. На „Велодром“, тимот на Бруно Женесио славеше над Стразбур со убедливи 4-0. Клучниот момент дојде веднаш по паузата, кога Амин Гуири за само една минута постигна два гола и практично го реши натпреварот. Стразбур дополнително си ја отежна ситуацијата откако Самир Ел Мурабет доби директен црвен картон, по што гостите останаа со десетмина. До крајот Марсеј продолжи да напаѓа, ...

Ракометарите на Охрид ќе ја имаат таа можност да го одбранат трофејот на меморијалниот турнир „Крсте Андоноски“, откако по невидена драма избегна пораз и ремизираше во клучниот натпревар со Загреб. Конечниот резултат од последниот натпревар од групата фаза беше 30-30, со што двете екипи застанаа на делба на првата позиција. Но, во големото финале патуваат „гладијаторите“ поради подобрата гол-разлика во претходните два натпревари во групата. ...

Кертис Џонс е нов фудбалер на Интер, потврди италијанскиот клуб. Англискиот играч за врска по целиот свој досегашен фудбалски пат во Ливерпул заминува од „Енфилд“ и за првпат во кариерата ќе игра надвор од Англија. Џонс е продукт на академијата на Ливерпул, во која пристигна како шестгодишник, а за првиот тим дебитираше во 2019 година. Во седум сезони собра 228 настапи и 22 гола, освојувајќи две титули во Премиер лигата, ФА Куп, два Лига ...

Фудбалската неизвесност во Прилеп добива нова димензија, а како светло на крајот од тунелот се појави иницијатива за враќање на оригиналната ФК Победа во натпреварувачкиот фудбал. Иницијативата официјално ја потврди својата намера, со најава дека ќе бидат преземени конкретни чекори за обновување на историскиот клуб, неговиот идентитет и фудбалското наследство. „Сакаме пред прилепската и македонска спортска јавност и официјално да ја потврдиме ...

Каи Хаверц најавува голгетерска сезона. Германскиот ас по само 15 минути игра од отворањето на новата сезона во Премиер лигата ја затресе мрежата на Ковентри Сити и на шампионот Арсенал му донесе предност од 1-0. По една грешка на гостинската одбрана, Калафиори го проигра Хаверц, а овој со шут со лева нога го совлада Рашфорд и го постигна првиот го во новиот англиски шампионат. KAI HAVERTZ OPENS THE SCORING FOR ARSENAL! Arsenal 1-0 ...

Премиер лигата повторно покажува зошто е финансиски најмоќната фудбалска лига во светот. Иако летниот преоден рок сè уште не е завршен, англиските клубови веќе потрошија неверојатни 2,7 милијарди евра на нови играчи. Сумата е поголема од онаа што во истиот период минатото лето ја потрошиле премиерлигашите, а до затворањето на преодниот рок на 1 септември се очекуваат уште големи трансфери. На врвот на листата е Челзи, кој досега потроши околу ...

Екипата на Брегалница им се врати на победите во ПМФЛ, откако во вториот натпревар од четвртото коло од домашниот шампионат пред својата публика во Штип со сигурни 3-0 го совлада Башкими. За штипјани ова е втор триумф сезонава, додека Башкими останува на „нула“, односно четири порази од исто толку одиграни натпревари. Брегалница беше поактивна на стартот, уште од првата минута наметна силно темпо и го натера гостинот да се брани во првата ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
61%
1026
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
68%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1027
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
82%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
61%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
45%
1022
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
67%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
72%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35