Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Манчестер Јунајтед го потврди трансферот на камерунскиот репрезентативец Карлос Балеба, кој од денеска и официјално го стави потписот на договорот со англискиот гигант. Долго најавуваниот трансфер конечно доби официјална потврда, па 22-годишниот играч од средниот ред се пресели на „Олд Трафорд“ по три сезони поминати во дресот на Брајтон. Балеба во новата средина пристигнува како најскапото засилување на Јунајтед во летниот преоден рок. ...
Освојувачот на австриската Бундеслига, ЛАСК Линц направи епски пресврт и по продолженија го елиминира шкотскиот Селтик од плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите. Иако Селтик победи на првиот натпревар во Глазгов со 3-0 и поведе со 0-1 во реваншот, домаќините славеа со неверојатни 5-1 по 120 минути игра (вкупен резултат 5-4). Калум Мекгрегор постигна гол за Селтик во 21. минута и донесе огромна предност од 4-0 во вкупниот резултат. ...
Спектакуларен пресврт на Сабах во Баку и убедлив триумф на Бодо/Глимт ги дадоа последните две екипи кои обезбедија место во лигашката фаза на Лигата на шампионите. Сабах на домашен терен го совлада Хапоел Бер Шева со 5-2 по продолженијата и со вкупни 6-4 направи историски успех, откако во првиот натпревар загуби со 1-2. Израелците двапати имаа предност, но азербејџанскиот тим не се предаде. Игор Златановиќ погоди во 10. минута, а Кристијан ...
Валенсија со пораз на „Местаља“ ја отвори новата сезона во Примера, откако во заостанатиот натпревар од првото коло загуби од Реал Бетис со минимални 0-1. Во заостанатиот натпревар од воведното коло, „лилјаците“ одиграа под очекувањата и долго не успеваа да најдат решение за дефанзивно добро поставениот гостински тим. Кога се чинеше дека средбата ќе заврши без голови, Пабло Гарсија во 83. минута го пронајде патот до мрежата и му донесе вредни ...
Шкендија Арачиново продолжува да го гради својот тим за дебитантската сезона во ПМФЛ која веќе започна. Клубот денеска официјализираше две нови засилувања со сериозно прволигашко искуство. Нов член на тимот е Ремзифак Селмани и треба да биде дополнителна опција во нападот. Станува збор за искусен офанзивец кој во досегашната кариера има богато искуство. Покрај настапите за Шкендија, Ренова, Гостивар и Арсими, тој играше и во странство, ...
Пелистер промовира големо засилување за офанзивниот дел за настапот во Втората македонска фудбалска лига, а ново име во составот на битолчани е искусниот Иван Ивановски. 31-годишниот офанзивец носи сериозно искуство и треба да биде важна опција за тимот во битката за висок пласман. Ивановски најчесто игра на десната крилна позиција, но може да покрива и други места во нападот. Ивановски најголемиот дел од кариерата го помина во македонскиот ...
Ељиф Елмас и официјално беше претставен како нов фудбалер на Аталанта, а македонскиот репрезентативец не криеше задоволство од трансферот во клубот од Бергамо. На прес-конференцијата по повод неговото претставување, Елмас им се заблагодари на клупското раководство за довербата и откри дека не се двоумел кога се појавила можноста да заигра за Аталанта. „Прво би сакал да им се заблагодарам на Лука Перкаси и на спортскиот директор за довербата ...
Чави Хернандез денеска и официјално беше промовиран како нов селектор на холандската репрезентација, но на прес-конференцијата во центарот на вниманието беше интересното откритие на директорот на Фудбалскиот сојуз на Холандија, Најџел де Јонг. Тој откри дека Чави не бил првиот избор за наследник на Роналд Куман. Првично Холанѓаните сакале да го ангажираат Пеп Гвардиола, но тој планирал едногодишна пауза. Втората опција бил тренерот на ...
Селекторот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте, не го криеше разочарувањето поради реакцијата на дел од навивачите на Атлетик Билбао кон тројца фудбалери на клубот. Пред натпреварот против Севиља, на теренот беа претставени светските шампиони Ајмерик Лапорт, Унаи Симон и Нико Вилијамс, но нивното појавување со трофејот не беше поздравено само со аплаузи. Дел од најжестоките баскиски навивачи ги пречекаа и со свирежи, што предизвика ...
Поранешниот капитен на Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ во новата сезона ќе има необична, но интересна задача. Поранешниот капитен на црногорската репрезентација ќе продолжи да настапува за Будуќност, но истовремено ќе добие и ангажман во стручниот штаб на женскиот клуб од Подгорица. Радовиќ зад себе има богата играчка кариера, а сега ќе започне да го гради и тренерскиот пат. Тој поседува тренерско образование, а веќе има искуство во работата ...
Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, смета дека Винициус Жуниор често е неправедно во центарот на вниманието, но истовремено верува дека Бразилецот мора подобро да реагира на провокациите. Винициус повторно се вмеша во неколку инциденти со противнички фудбалери и навивачи на првиот натпревар во Примера против Еспањол. „Постои разлика меѓу случувањата на теренот и оние надвор од него. Кога станува збор за навреди од навивачите, доколку не се ...
Барселона на најдобар можен начин ја започна новата сезона во Примера. Иако летово тимот остана без Роберт Левандовски и Феран Торес, Каталонците веднаш покажаа дека и понатаму имаат доволно квалитет во нападот, откако на гостувањето кај Елче славеа убедливо со 5-0. Новите лица во тимот веднаш оставија трага. Карим Адејеми го постигна својот прв гол за Барселона на дебито, додека Ентони Гордон, кој влезе од клупата, имаше одлично влијание врз ...
Тетовска Шкендија продолжува со промените во клубот, а раководството направи неколку измени во менаџментот и спортскиот сектор со цел да се подобри функционирањето на организацијата. Валдрин Ука е назначен за нов генерален менаџер и ќе има поголеми ингеренции во секојдневното управување и извршното раководење со клубот. Промени има и во спортскиот сегмент. Ерхан Селими, кој досега беше директор на фудбалската академија, ја презема функцијата ...
Тренерот на Еурофарм Пелистер, Лино Червар, изјави дека тимот мора да остане понизен и фокусиран на следните предизвици, без оглед на победата над Партизан во Регионалната лига. Битолчани имаа одличен натпревар, на кој блескаше капитенот Филип Кузмановски со 15 голови, но Червар вели дека пелистерци имаат уште многу работа и квалитетни противници пред себе. „Не сакам да се залетуваме со прогнози за крајот на сезоната. Потребно да е останеме ...
Премиерлигашот Сандерленд продолжува да гради тим за иднината, а клубот денеска потврди дека Ромен Мандл стави потпис на нов договор кој ќе го задржи на „Стадионот на светлината“ до 2030 година. 23-годишниот Мандл пристигна во Сандерленд во 2024 година од Стандард Лиеж и досега забележа 52 настапи за англискиот клуб. „Навистина сум благодарен. Прекрасно чувство е да се биде дел од овој клуб. Сакам да се докажувам, постојано да напредувам и да ...
Ветеранот Станислас Вавринка нема да добие можност за уште едно збогување со публиката во Њујорк. Организаторите на УС Опен не му доделија вајлд-карта за главниот турнир, иако искусниот Швајцарец наскоро ќе ја заврши професионалната кариера. Вавринка не се пријави за квалификациите, па единствениот начин да стигне до главниот ждреб беше преку специјална покана. Таа сепак не стигна до трикратниот Грен слем шампион. Разочарувањето во неговиот ...
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата според Професионалната асоцијација на фудбалери (ПФА) за сезоната 2025/26. Португалецот со ова ја заокружи фантастичната сезона, во која веќе освои неколку индивидуални признанија. Фернандеш зад себе има извонредна сезона во дресот на „црвените ѓаволи“. Тој постигна девет гола и запиша 21 асистенција во Премиер лигата, со што постави нов рекорд ...
Екипата на Борнмут доби засилување меѓу стативите, откако англискиот клуб потврди дека Микеле Ди Грегорио ќе го носи нивниот дрес до крајот на сезоната како позајмен фудбалер од Јувентус. Финансиските детали од договорот не се објавени, но италијанските медиуми пренесуваат дека Борнмут ќе има можност по завршувањето на сезоната да го откупи неговиот договор за сума од околу 14 милиони евра. 29-годишниот голман во Јувентус пристигна во јули ...
Фудбалската федерација на Ирак и селекторот Грахам Арнолд ја продолжија соработката, но засега само на краток период. Австралискиот тренер потпиша нов договор кој ќе важи до Азискиот куп во 2027 година. Иако Ирачаните му понудиле долгорочен, четиригодишен договор, Арнолд се одлучил за продолжување за само шест месеци. „Го обновив договорот на шест месеци и верувам дека ова е одлука која е најдобра и за мене и за репрезентацијата на Ирак“, ...
Роберт Просинечки и Киргистан ја завршија соработката по само неколку месеци. Хрватскиот стратег повеќе нема да ја предводи репрезентацијата, откако двете страни постигнаа договор за спогодбен раскин на договорот. Од Фудбалската федерација на Киргистан потврдија дека соработката е прекината, а воедно му се заблагодарија на Просинечки за неговиот ангажман и професионалниот однос. Според информациите на тамошните медиуми, причината за ...
Американскиот кошаркар Кенет Фарид е нов играч на Басконија. 36-годишниот центар потпиша едногодишен договор со клубот од Виторија. Фарид минатата сезона настапуваше за Панатинаикос, а летово играше и во Порторико за Кангрехерос де Сантурс. Во својата кариера има настапувано и за НБА екипите Денвер, Бруклин и Хјустон, како и за московска ЦСКА. Во минатата сезона во Евролигата, Фарид одигра 35 натпревари, на кои просечно постигнуваше 5,8 поени ...
Македонската сениорска репрезентација го одработи првиот собир во „Т Арена“ во Скопје, со што и официјално започна краткиот подготвителен период за гостувањето кај Австрија во рамките на втората рунда од претквалификациите за Евробаскет 2029. Селекторот Хозе Мариа Берокал на располагање има речиси комплетен состав, а токму ростерот со кој Македонија ќе настапи во Виена беше една од темите на разговор со предводникот на националниот тим. ...
Германскиот кошаркар Јоханес Фојтман одлучи да стави крај на репрезентативната кариера по 11 години поминати во националниот тим. Одлуката ја потврди и Германската кошаркарска федерација. 33-годишниот Фојтман дебитираше за Германија во 2014 година, а во дресот на националниот тим запиша 128 настапи. Со репрезентацијата ги достигна најголемите успеси во историјата на германската кошарка. Тој беше дел од тимот кој во 2023 година ја освои ...
Легендарниот Роџер Федерер стави крај на шпекулациите дека би можел да се врати на професионалниот тенис, истакнувајќи дека нема да го следи примерот на Американката Серена Вилијамс. На прашањето дали планира евентуален „кам-бек“, Швајцарецот кратко одговори: „Не, не, не, не. Воопшто не. Активното играње за мене е минато. Секоја чест за Серена, но јас имам сосема други планови“, рече Швајцарецот. Иако нема да се вртати во професионалниот ...
Бразилскиот крилен напаѓач Савињо и официјално го комплетираше трансферот од Манчестер Сити во Тотенхем, а по пристигнувањето во Лондон не го криеше задоволството од новиот предизвик. „Преговорите траеја подолго, но многу сум среќен што сум тука. Ова е прекрасна можност во одличен клуб, со еден од најдобрите тренери во светот“, изјави Савињо. Бразилецот откри дека разговорот со новиот тренер Роберто Де Зерби бил клучен за неговата одлука да ...
Челзи ја започна новата сезона со победа над Фулам од 3-2, но во центарот на вниманието по натпреварот повторно се најде Роберт Санчез. Шпанскиот голман направи две сериозни грешки, поради кои навивачите на лондонскиот клуб бараат раководството да реагира пред истекот на преодниот рок. „Сините“ експресно дојдоа до предност. Жоао Педро уште во првата минута го искористи лошото поставување на Бернд Лено и со одличен лоб го совлада голманот на ...
Портланд Треил Блејзерси доживеаја сериозен удар пред почетокот на новата сезона, бидејќи Шејдон Шарпи заработи тешка повреда на десното колено и ќе биде надвор од терените околу шест месеци. 23-годишниот бек го скина менискусот на десното колено на еден од последните тренинзи пред стартот на сезоната, поради што ќе пропушти значаен дел од сезоната 2026/27. Шарп минатата сезона беше еден од најважните играчи на Портланд и просечно реализираше ...
Американскиот плејмејкер Најџел Вилијамс-Гос ја продолжува соработката со Жалгирис, иако актуелниот договор му истекува во 2027 година. Според информациите, литванскиот гигант сака да му понуди нов договор со важност до 2029 година, со вклучена клаузула за откуп доколку во иднина добие интересна понуда од друг клуб. Вилијамс-Гос, кој во минатото го носеше дресот на Партизан, Олимпијакос, Јута Џез, Локомотив Кубан и Реал Мадрид, летово бил ...
Во организација на Кошаркарската федерација на Македонија, на 24 и 25 август во Скопје се одржа тренерската клиника, која на едно место обедини реномирани кошаркарски стручњаци, тренери од македонските клубови, како и голем број љубители на кошарката. Клиниката се одржа во култната сала на Работнички, која со гордост го носи името на еден од најпознатите и најпризнати македонски кошаркарски стручњаци, нашиот покоен Лазар Лечиќ - човек кој ...
Џед Јорк, еден од сопствениците на Лидс и Сан Франциско 49ерс е уапсен во сојузната држава Охајо поради плаќање за сексуални услуги. Според судските документи, Јорк контактирал жена преку интернет-страница за проституција и се договорил да плати 140 долари за сексуални услуги. По договорот отпатувал во камп со мобилни куќи, каде што бил приведен. Првичната пријава поврзана со проституција била изменета во поблага пријава за нарушување на ...