Тони Паркер направи голема жртва за својот Асвел. Француската кошаркарска легенда прифати драстично намалување на платата за клубот полесно да се справи со финансиските проблеми и да го задржи планираниот стручен штаб. Паркер првично требаше да заработува повеќе од 1,2 милиони евра, но ситуацијата во клубот го натера да направи сериозен финансиски отстап. Како што откри самиот, платата ја намалил дури пет пати, па сега ќе добива околу 240.000 ...

Рафаел Леао може да биде еден од играчите кои ќе ја одбележат самата завршница на летниот преоден рок, но неговата одлука во моментов е повеќе финансиска отколку спортска. Астон Вила не се откажува од Португалецот и е подготвена да испрати подобра понуда до Милан од онаа на Галатасарај. Сепак, најголемата пречка е самиот Леао. Имено, крилниот напаѓач не сака да се пресели на „Вила Парк“, бидејќи Галатасарај му нуди плата која е речиси двојно ...

Македонската репрезентација до 15 години загуби со 0-1 од Украина на натпреварот од третото коло од Развојниот турнир одржан во Струмица. Дефанзивецот на Украина, Данил Росул во 20. минута го постигна голот за победа на гостинската селекција. На денешната пресметка против Украина, нашата селекција пропушти две одлични прилики за позитивен резултат. Хари Папиќ во 11. минута и Муадини во 71. минута ги имаа најдобрите шанси за гол. Папиќ со ...

Ракометарките на Русија и Белорусија ќе настапат на историското прво Светско првенство за селекции до 16 години, кое од 15 до 24 октомври ќе се одржи во Мароко. Двете репрезентации добија специјални покани од Меѓународната ракометна федерација (ИХФ), откако организацијата ги укина санкциите кон нив. Со тоа, младите репрезентации на Русија и Белорусија по пауза од неколку години повторно ќе имаат можност да се натпреваруваат на меѓународна ...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер прикажаа уште едно одлично издание и го надиграа Ловќен со огромни 45-33 во натпреварот од второто коло на Регионалната лига. Битолчани немаа намера да се шегуваат, силно влегоа во мечот и создадоа предност од девет голови по истекот на првите триесет минути (24-15). Второто полувреме исто така беше многу ефикасно, а домаќините беа предводени од капитенот Филип Кузмановски, кој го заврши натпреварот со дури ...

Македонскиот второлигаш Пелистер се пофали со ново име во своите редови, а тоа е дефанзивецот Марко Стојилевски. 20-годишниот десен бек мина кратка етапа во екипата на Смедерево, а претходно ги бранеше боите на Брера од Струмица. Во Пелистер се надеваат дека неговото присуство ќе ја збогати дефанзивната ротација, а тимот ќе се бори за висок пласман, односно експресно враќање во елитното фудбалско друштво. „Зелено-белите“ ја започнаа сезоната ...

Премиерлигашот Тотенхем продолжува со агресивното трошење во летниот преоден рок. Лондонскиот клуб досега потроши околу 354 милиони евра за нови фудбалери, но очигледно сè уште нема намера да запре со засилувања. Во тимот веќе пристигнаа Тонали, Фернандеш, Савињо, Ван Хеке, Робертсон, Сенеси и Дубравка, а следен на списокот е уште еден офанзивец. Иако претходно се споменуваше Коди Гакпо, Тотенхем на крајот се насочил кон напаѓачот на ...

Брегалница доби сериозно засилување во дефанзивната линија, откако во штипските редови се враќа искусниот Виктор Велкоски. 30-годишниот дефанзивец е добро познато име во македонскиот фудбал, а во кариерата настапуваше за Вардар, Љубанци, Пелистер, ФК Скопје, Работнички, Победа и Брегалница. Велкоски има и интернационално искуство, со настапи за Лачи од Албанија, Егиниакос од Грција и Туран од Казахстан. Иако примарно игра како стопер, ...

Атлетико Минеиро мораше рано да го замени стоперот Руан во дербито со Крузеиро во четвртфиналето од Купот на Бразил. Руан уште во првата минута доби силен удар во дуел со Каиo Жорге и падна со главата на тревникот. Иако побара да продолжи, во 17. минута повторно падна, по што беше активиран протоколот за потрес на мозокот и лекарот го убеди да ја напушти играта. Lance muito feio, queda assustadora do Ruan, que teve que sair do jogo. E o ...

Мозес Рајт ѝ се приклучи на македонската кошаркарска репрезентација и веднаш го одработи првиот тренинг со националниот тим во пресрет на гостувањето кај Австрија, кое на 30 август ќе се одигра во Виена. Новиот центар на Олимпија Милано пристигна во Скопје и веднаш му се стави на располагање на селекторот Хозе Мариа Берокал. Иако за првпат работи со поголемиот дел од репрезентативците, Рајт брзо се вклопи во тимот и остави позитивен впечаток ...

Кошаркарскиот клуб Работнички официјално го потврди ангажманот на Атанасиј Трајанов, 20-годишниот македонски младински репрезентативец кој во Градски парк пристигнува од Партизан Водно Санс. Трајанов зад себе има настапи за младинските национални селекции, а во 2024 година беше дел од генерацијата до 18 години која го освои златниот медал на Европското првенство од Дивизија Б во Скопје. На турнирот просечно бележеше 6,5 поени и 6,5 скока за ...

Македонската репрезентација до 20 години со убедлив пораз го заврши настапот во групната фаза на Медитеранските игри во Таранто. Нашите млади фудбалери загубија со 5-1 од Мароко во последниот натпревар од групата. Мароко поведе уште во 43. секунда преку Есади, но Македонија брзо возврати и во петтата минута израмни со голот на Тасев. До крајот на првото полувреме, сепак, Мароканците повторно дојдоа до предност. Во 36. минута Зенеби Талби ...

Битола се прости од уште едно име кое остави длабока трага во спортската историја на градот. На 76-годишна возраст, на 25 август, почина Никола Богоевски – Бизонот, поранешен фудбалер на Пелистер и еден од најпознатите спортисти од постарите битолски генерации. Богоевски бил човек со исклучителна спортска широчина. Во младоста се занимавал со гимнастика и атлетика, а неговиот талент бил препознаен и на пошироко ниво, па како младинец станал ...

Ливерпул нема да може да биде домаќин на Реал Мадрид во лигашката фаза од Лигата на шампионите оваа сезона. Причината е новото правило на УЕФА со кое се избегнува истата пресметка со ист домаќин да се повтори три сезони по ред. „Црвените“ во изминатите две сезони го пречекаа Реал на „Енфилд“ во лигашката фаза. Тоа значи дека според правилата на европската централа тоа нема да биде возможно и третпат. Сепак, Ливерпул може да му гостува на Реал ...

Брегалница го официјализираше враќањето на Иван Николов, кој повторно ќе го носи дресот на својот матичен клуб. Искусниот играч за врска беше промовиран како ново засилување на „сините“, а презентацијата ја направи градоначалникот на Штип, Иван Јорданов. Николов во Брегалница се враќа по интернационални епизоди и настапи за Вардар, данскиот Сондерјиске и Радник Бјелина од Босна и Херцеговина. Новиот фудбалер на штипјани веднаш ќе биде во ...

МЗТ Скопје Аеродром ги одработува последните подготовки пред стартот на новата сезона, а еден од играчите од кои се очекува да имаат значајна улога е американскиот бек Ноа Фарахан. Новото засилување веќе се адаптира на тимот и животот во Скопје, а по првите десетина дена од подготовките ги сподели своите впечатоци. „Скопје е навистина убав град, особено Аеродром каде што минувам најголем дел од времето, а луѓето се прекрасни и ме пречекаа со ...

Томас Милер, Матс Хумелс и Јан Зомер од фудбалски ѕвезди станаа – сопственици на клуб! Тројцата поранешни фудбалери на Баерн Минхен, заедно со Лукас Ернандез и меѓународен инвестициски конзорциум, влегоа во сопственичката структура на португалскиот прволигаш Естрела Амадора. Групата официјално презеде 90% од акциите на професионалниот фудбалски дел на клубот, во трансакција која според информациите на португалските медиуми вреди околу 40 ...

Манчестер Сити го комплетираше трансферот на еден од најталентираните млади фудбалери во Европа. „Граѓаните“ официјално го договорија Ајуб Буади од Лил за вкупен пакет од 100 милиони евра. Англискиот гигант ќе плати фиксни 95 милиони евра, додека дополнителни пет милиони евра се предвидени преку бонуси. Буади веќе го потпиша договорот со Сити, кој ќе важи до јуни 2031 година. Welcome to City, @BouaddiAyyoub pic.twitter.com/iKi1XxAFSi — ...

Клеј Томпсон официјално започнува ново поглавје во кариерата, откако потпиша двегодишен договор со Мајами Хит, вреден околу 11,5 милиони долари. Искусниот кошаркар откри дека токму амбициозната средина во Мајами била една од главните причини поради кои ја избрал оваа екипа. „Знам дека овде има високи барања и токму тоа ме привлече. Веќе сум почувствувал како изгледа да се победува и нема ништо слично на тоа. Можноста повторно да се борам за ...

Литванија можеби не е земја со голема фудбалска традиција, но токму од таму доаѓа една од најнеобичните приказни во европскиот фудбал. Во главната улога е Валдан Дамбраускас, човек кој пред 25 години бил само студент и голем љубител на фудбалот, а денес го предводи Сабах до историски успех. Азербејџанскиот Сабах во вторникот преку Хапоел обезбеди место во Лигата на шампионите, што претставува најголемиот успех во историјата на клубот. Зад ...

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Роџер Федерер, повторно се појави на теренот во Њујорк и ја воодушеви публиката пред почетокот на УС Опен. Во егзибицискиот меч насловен „Иконата се враќа во Њујорк“, Федерер се сретна со поранешниот американски тенисер Енди Родик и славеше со 6-3. Неговото враќање на „Артур Еш“ беше проследено со големи овации од трибините. Федерер ја заврши професионалната кариера во септември 2022 година, а зад ...

Во пресрет на петочиот натпревар од петтото коло во ПМФЛ, голманот на Брегалница, Амир Јашар, зборуваше за неговиот престој во Штип, адаптацијата и очекувањата за натпреварот и сезоната воопшто. „Фудбалот е тимска игра, а јас од првиот ден во Брегалница се чувствувам како дел од едно големо семејство. Пред сè, сакам да му се заблагодарам на клубот што ме прими со раширени раце. Се чувствувам одлично и имам голема поддршка и доверба од ...

Старо-новиот член на битолски Пелистер, Иван Сапунџиев, изјави дека младата екипа на „зелено-белите“ ќе има голем глад за докажување на домашната сцена. Повратникот во Битола смета дека тимот има нова енергија и очекува голема борба на теренот, на сите натпревари во домашната Суперлига. „Имаме прилично помлада екипа од досегашните. Верувам дека ќе биде „погладна“ за докажување. Сигурен сум дека сите играчи се спремни да остават печат во ...

Новак Ѓоковиќ неочекувано кратко остана на теренот за време на тренингот со Белгиецот Зизу Бергс во Њујорк. Српскиот ас и Бергс спарингуваа само 40 минути, а во моментот кога тренингот беше прекинат, Белгиецот имаше предност од 3-0. Тренингот дојде по обврските на Ѓоковиќ во мешани двојки, каде што настапи заедно со Арина Сабаленка. Тие во првото коло загубија со 1-4, 4-2, 10-2, во меч кој траеше 54 минути. Шпанскиот портал „Пунто де Брејк“, ...

Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, жестоко го критикуваше капитенот Бруно Фернандеш по поразот од Хал (2-0) на стартот од новата сезона. Фернандеш по натпреварот ги критикуваше своите соиграчи и предупреди дека Јунајтед повторно ги повторува грешките од минатата сезона. „Повторно истите грешки како минатата сезона. На секое гостување премногу му ја препуштаме топката на противникот. Мораме повеќе да притискаме, да бидеме поагресивни ...

На првиот ден на Медитренаските игри во Таранто македонските тенисери се поразени. Во првата рунда Дејвис куп репрезентативецот на Македонија Кристијан Јанев загуби од Андреас Тимини од Кипар со 2-0 во сетови (6-2, 6-2). Противникот и во двата сет успеваше до обезбеди предност која на крај му овозможи освојување на сетовите. Во вечерната програма Сара Митевска и Јанев настапија во конкуренција на мешани двојки и го загубија мечот од ...

Шпанецот Алберт Риера одлично го започна мандатот на клупата на Црвена Звезда и за кратко време успеа да ја придобие довербата на навивачите. Белграѓани најпрво убедливо ја совладаа Викторија Плзењ со 3-0 во првиот плеј-оф меч за пласман во Лига Европа, а потоа со комбиниран состав го декласираа Чукарички со 4-0 во домашното првенство. По пристигнувањето на „Маракана“, Риера откри дека негов фудбалски идол бил поранешниот играч на Црвена ...

Легендарниот холандски фудбалер, Весли Снајдер, откри како едно од најтешките искуства во кариерата на крајот се претворило во најубав спомен. Холанѓанецот се присети на заминувањето од Реал Мадрид и на повикот кој подоцна му го променил текот на животот. „Најлошиот момент во кариерата ми беше заминувањето од Реал Мадрид. Се чувствував понижено кога пристигнав на стадионот и видов дека моето шкафче е празно, а сите мои работи беа тргнати на ...

Селекторот на македонската ракометна репрезентација и тренер на Алкалоид, Кирил Лазаров, со силна порака зборуваше за својата посветеност кон македонскиот ракомет и работата што ја презел во изминатите години. Лазаров потенцира дека неговото враќање во Македонија и преземањето на репрезентативниот проект не било од финансиски или лични причини, туку пред сè поради љубовта кон земјата и македонскиот ракомет. „Јас да не сум Македонец, немаше да ...

Барселона сè уште не го затвора летниот преоден рок. Каталонскиот гигант продолжува да работи на пазарот, а до самиот крај се очекуваат уште неколку заминувања, но и најмалку едно ново засилување. Според информациите од Каталонија, Хектор Форт, Марк Касадо и Алехандро Балде се меѓу играчите кои би можеле да го напуштат клубот, додека неизвесна е и иднината на Жил Кунде. Французинот на почетокот на подготовките добил јасен сигнал од Ханси Флик ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
61%
1026
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
68%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1027
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
82%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
61%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
45%
1022
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
67%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
72%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25