
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Секој од нас има омилен наставник, учител, професор кој што во вас препознал некаков потенцијал, нели? Затоа денеска одвојте 5 минути од вашето време и заблагодарете им се бидејќи денеска е денот на учителите. Според Благој Гонов, професор по англиски јазик во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ -Скопје да се биде учител е повеќе од професија. Галерија: Започна академската година на УГД во Штип Светскиот ден на учителите беше одбележан и во Факултетот ...
Чесите собраа средства преку приватна кампања за купување на еден борбен тенк Т-72 за Украина, објавија организаторите на иницијативата. За еден месец, кампањата за групно финансирање собра 30 милиони круни (1,2 милиони евра), објавија организаторите. Тенкот Т-72 На иницијативата наречена „Подарок за Путин“, која беше поддржана од чешкото Министерство за одбрана и Украинската амбасада во Прага, се приклучија 11 илјади луѓе. Организаторите ...
Дали висок коефициент на интелигенција е гаранција за успех? Најверојатно не, ако не знаете да си ги контролирате емоциите. Во последно време на социјалните мрежи почна да се шири малку постара објава на поранешниот професор и научник Тони Касталдо, кој одговори на многу едноставно прашање на Quora, кој само на таа платформа беше споделен над милион и двесте илјади пати. Image by upklyak on Freepik Касталдо се осврна на некои вообичаени заблуди ...
Академијата на науките на Шведска ја додели нобеловата награда за физика на Алан Аспект. Џон Клаузер и Антон Зелингер. Тие ја добија наградата „за експерименти со заплеткани фотони, утврдување на прекршувања на Беловите нееднаквости и пионерска квантна информатичка наука“. © Johan Jarnestad/The Royal Swedish Academy of Sciences Ален Аспект, Џон Клаузер и Антон Цајлингер спроведоа револуционерни експерименти користејќи заплеткани квантни ...
Елон Маск даде предлог на Твитер да се запре војната во Украина. Тој објави и анкета во која ги прашува своите следбеници дали се согласуваат со него. Ukraine-Russia Peace: – Redo elections of annexed regions under UN supervision. Russia leaves if that is will of the people. – Crimea formally part of Russia, as it has been since 1783 (until Khrushchev’s mistake). – Water supply to Crimea assured. – Ukraine remains neutral. — Elon Musk ...
Добитник на овогодинешната Нобелова награда за медицина е Швеѓанецот Сванте Пебо (Паабо) за неговата работа на човековата еволуција. Пебо работи во Лајпциг, објави во понеделникот Институтот Каролинска во Стокхолм. Фото: Max-Planc-Geselschaft Сванте Пебо е директор и научник на Институтот за еволутивна антропологија Макс-Планк. Тој беше првиот истражувач кој го секвенционираше геномот на неандерталецот. Најпрестижната награда за медицински лица ...
Универзитетот „Гоце Делчев“ денес им посака добредојде на новите студенти и означи почеток на академската година. Платотo пред Економски во Штип беше преполно, а имаше и забава за сите присутни. „Денес, на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, се одржа првиот академски час „Бруцошка на УГД“, за добредојде на новите студенти и означување на почетокот на новата академска година. Настанот беше организиран со цел да покажеме дека во нашиот фокус се и ...
Здружението Гоу грин Скопје по втор пат собира младински барања за зелени општини, со цел зајакнување на вклученоста на младите во носењето одлуки. Сите млади кои сакаат да бидат дел од зелената еко промена, да поднесат предлог за нивната општина да стане по зелена и по еколошка, апелира здружението Гоу Грин Скопје кое втор пат собира младински барања за зелени општини. -Младите не се застапени во општините и се уште во поголемиот дел не се ...
Иако Златната топка за 2022 година нема да биде доделена до 17 октомври, на интернет наводно се појави листа со конечниот пласман. Фото: Flickr Според таа листа, на прво место е напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, кој според многу мислења е главен фаворит за наградата. Во 2022 година, Бензема го освои шпанското првенство и Лигата на шампионите со Реал Мадрид. Со своите голови го предводеше Реал до двата трофеи. 🚨 Leaked Ballon d’or ...
Покајание, „пеглање“ работи, придобивки… Меган Маркл и принцот Хари сакаат да го променат документарецот што го снимија во соработка со Нетфликс и да го одложат неговото емитување. Принцот Хари и Меган Маркл преземаат драматичен пресврт во нивните претстојни проекти по смртта на кралицата Елизабета Втора, изјавија повеќе извори за Page Six. Војводата и војвотката од Сасекс повеќе од една година работат на документарен филм како дел од ...
На осумнаесеттото издание на Скопскиот Виз Ер маратон, победник во машка конкуренција е Онесмус Киплимо Киплагат од Етиопија со време од 02:18:19. Второто место го освои Дарио Ивановски со време од 02:23:07, а на пиедесталот се искачи и Никола Илиевски со време од 02:43:28. Во женска категорија прва до целта стигна Кетрин Черотич со време од 02:38:48, второпласирана заврши Билјана Кираџиева со време од 03:04:49 и третото место го освои Тамара ...
Шефот на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, Кирил Буданов, изјави дека е убеден оти рускиот претседател Владимир Путин има двојници кои се појавуваат наместо него на одредени настани. Буданов во интервју за украинските медиуми изјави дека експертите кои работат во украинската разузнавачка служба проценуваат дека Владимир Путин има најмалку три вакви двојници. Владимир Путин „Имаме специјалисти за вакви работи. ...
Џеф Безос го загуби статусот на втор најбогат човек во светот, падна на третото место, додека индискиот бизнис магнат Гаутам Адани забрзано се искачува на рангирањето на индексот на милијардери на Блумберг. Гуатам Адани Илон Маск и понатаму е најбогатиот човек на светот со 260 милијарди долари, пишува biznisz.info На Адани му требаа помалку од 10 месеци за да стигне до второто место откако годината ја започна на 14-то место. Ова е прв пат Азиец ...
Во петокот во Краснодар, Русија, се самоуби рускиот рапер и уметник Иван Петунин, кој настапуваше под уметничкото име Воки(Walkie), јавува рускиот сервис на Радио Слободна Европа. Иван Петунин – Walkie Тој остави видео порака во која вели дека не е подготвен да оди во војна и да убива луѓе. Воки скокна од прозорецот на неговиот стан. Во видеото кое го снимил пред самоубиството, Воки вели дека фаталната одлука ја донел поради најавата за ...
Француските медиуми објавија дека приватниот авион на Лионел Меси извршил 52 лета во последните три месеци, предизвикувајќи ослободување на јаглерод диоксид еквивалентно на количината на воздушни патувања што просечниот човек го прави во текот на 150 години. Меси за своите патувања користи луксузен авион вреден 15 милиони евра, а често го позајмува на семејството и пријателите. Сепак, угледниот L’Equipe го обвини дека дополнително го загадува ...
Сојузот на средношколци преку законски измени ќе бара подобрување на средношколска демократија и средношколското организирање. Image by freepic.diller on Freepik Од Сојузот велат дека овој Законот за средното образование, кој е донесен во 1995 година, е менуван и дополнуван 32 пати. До овој момент никогаш не биле спомнати средношколското организирање и демократија. Затоа Сојузот на средношколци се реши со овој предлог закон да го врачи ...
Конечно беа претставени првите монети со ликот на кралот Чарлс. Новиот монарх ќе ја замени својата мајка и ќе стане првиот крал на британските монети од 1952 година. Британците ќе можат да го видат новиот изглед на монетите од декември, кога постепено ќе стапи во оптек монетата од 50 пени. Фото: Твитер Крис Баркер од музејот на Кралската ковачница рече дека портретот на Чарлс користен на монетите е „достоинствен и грациозен, како одраз на ...
Доаѓа викенд, а викендите младите ги користат за консумирање на алкохолни пијалоци, особено пиво. Меѓутоа не сите смеат да пијат пиво. Лекарите сметаат дека луѓето кои имаат одредени здравствени проблеми не треба да консумираат пиво бидејќи постои ризик од бројни компликации. Photo by Gerrie van der Walt on Unsplash Во интервју за списанието Eat This, Not That, гастроентерологот Џонатан Кунг изјави дека не би им препорачал на луѓето со дијабетес ...
Социјалната мрежа TikTok отстрани повеќе од 113 милиони клипови помеѓу април и јуни оваа година, според кварталниот извештај на компанијата. Бројни клипови се отстранети поради прекршување на условите за користење, но ова е само мал процент во споредба со количината на содржина што е објавена на TikTok. Поточно, 113 милиони клипови претставуваат само 1 процент од вкупниот број објавени во текот на трите месеци. Најчеста причина за отстранување ...
Улиците во Италија вчера преполни со маршови за заштита на правото на правото на абортус. Според американсите медиуми, над илјада лица биле присутни на маршовите во Рим и Милано носејќи натписи „Мое тело – мој избор“ и „Безбедно за сите.“ Photo by:pbs.org Италијанците стравуваат дека правото за абортус ќе биде нарушено од десничарските партии кои се очекува да ја формираат новата италијанска Влада. Со оваа постапка која била спроведена низ ...
Секоја година од срцеви заболувања умираат над 17 милиони луѓе. Светската федерација за срце го одбрала 29 септември како светски ден на срцето, како начин на борба против ова. Image by Freepik Светскиот ден на срцето се одбележува и слави секоја година на 29 септември, со цел да се зголеми свеста за кардиоваскуларните болести и како да се контролираат за да се намали нивното глобално влијание. Меѓународниот празник е воспоставен од Светската ...
Данска ќе игра во „заматени“ дресови на Светското првенство кое во ноември и декември годинава ќе се одржи во Катар, со цел да протестира против, како што велат, непочитувањето на човековите права и односот кон имигрантите вработени во тоа земја на Арапскиот Полуостров. Хумел, производителот на опремата на данскиот тим, направи и трет комплет дресови, кои ќе бидат целосно црни и ќе ја претставуваат „бојата на жалоста“. Од компанијата велат дека ...
Од денеска до понеделник (3 октомври) во Крушево се одржува Меѓународната младинска конференција „Европски вредности за иднината на земјите во Југоисточна Европа“. Ова е 20-то, јубилејно издание на конференцијата која ја организира Младински Сојуз Крушево. Над 80 млади луѓе, активисти и идни лидери од 19 држави (Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Италија, Романија, Србија, ...
Поранешната вила на Јосип Броз Тито во Њујорк, која Југославија ја купила во 1946 година, била продадена, а Македонија од продажбата добива околу 4 милиони долари. Вилата е продадена за вкупна цена од 50 милиони долари, а 8 отсто отишле во Македонија. Инаку, вилата била во сопственост на Југославија, а по распадот им припаѓала на Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Србија и Словенија. Фото: Google Maps Земјите од поранешна ...
Дали сте слушнале за Генерација З и Генерација Алфа? Тоа се деца кои растат на сосема поинаков начин од нивните родители. Тие не се забавуваат играјќи надвор, качувајќи се на дрвја или играјќи со џамлии и џамлии, тие имаат сосема поинаков – дигитален свет во кој растат, но тоа не ги прави помалку способни или помалку креативни. Image by rawpixel.com on Freepik Генерацијата Z ги вклучува сите родени помеѓу 1995 и 2010 година. Генерација Алфа, ...
Нема тестови за корона, нема маски, нема растојание. Инаку, правилата за корона во многу земји главно се укинати. „Никогаш не сме биле во подобра позиција да ставиме крај на пандемијата“, рече Тедрос Аданом Гебрејесус, шеф на Светската здравствена организација, во средината на септември. Неколку дена подоцна, американскиот претседател Џо Бајден дури изјави дека пандемијата Ковид 19 е завршена. Photo by Edwin Hooper on Unsplash Научните дефиниции ...
Абортусот да биде безбеден, легален и пристапен за сите жени, без стигма и дискриминација. Ова е барањето што денеска, на Меѓународниот ден на безбедниот абортус, 28 септември го испраќаат поборниците за репродуктивна слобода до своите влади. Image by serhii_bobyk on Freepik По тој повод, Платформата за родова еднаквост нагласува дека пристапот до услуги за репродуктивно здравје мора да биде гарантиран, дури и во услови на криза. Ова е особено ...
„Малиот принц“ со 10-то, јубилејно издание се одржува од 1. до 10. октомври во Штип. Мотото на ова издание е „За секое дете – за секој цвет и за оној чија отсутност мириса“. Комплетната програма ќе се реализира на големата сцена при Домот на културата “Ацо Шопов” Штип. Најавата за отворањето на Фестивалот е на 30. септември (петок) со промоција на креативен перформанс во кој ќе учествуваат: магионичари, жонглери, принцови и принцези, живи ...
На 1 октомври по 18 пат во Скопје ќе се одржи културната манифестација „Бела ноќ“. Содржините ќе се реализираат на повеќе локации – Кинотека, КИЦ, Национална галерија, МКЦ, музеи…. Фото: FB profil Univerzalna sala Bela nokj Настаните во рамки на Културно информативниот центар – Скопје (КИЦ) се насловени „КИЦ Артленд“, а ќе започнат во 19 часот. Настанот ќе биде заокружен со голема изложба на државната манифестација „Денови на македонска ...
Фудбалската федерација на Македонија го заборави Горан Пандев (намерно или случајно, проценете сами). Синоќа на арената „Тоше Проески“ беше вистински момент, на еден резултатски не толку важен, но од многу други аспекти значаен натпревар за Македонија , да му се оддаде благодарност и почит на играчот кој во репрезентацијата и во македонскиот фудбал остави печат кој ќе остане засекогаш меѓу врвните и најдобрите. За фудбалската вредност и големина ...