Откако го шокираше светот со својот камбек на 41 година, легендарната Линдзи Вон се соочува со својот најголем кошмар. По бруталниот пад во Италија и пет тешки операции, таа конечно ја покажа вистината – нејзината нога е буквално составена од метални плочки и шрафови. Додека фановите се молат за нејзиното здравје, прашањето останува: Дали овој пат ризикот беше преголем? Линдзи Вон (41) ја преживеа и петтата операција по бруталниот пад на ...

Македонската пејачка Ивона Јовановиќ, позната под сценското име Ивона Јо, стапи во брак со својот партнер Кристијан Тодоров, со што официјално го заокружи љубовното поглавје кое јавноста го следеше изминатиот месец. Венчавката доаѓа кратко по романтичното запросување на почетокот на јануари, кога пејачката ја изненади публиката со објава дека го кажала своето „да“. Веста за бракот двојката ја соопшти преку видео на Инстаграм, проследено со ...

Во најновото издание на поткастот на јутјуберот Марио Арангеловски гостуваше младата и атрактивна пејачка Теа Трајковска, која отворено проговори за можноста да ја претставува Македонија на Евровизија. На прашање од публиката дали би прифатила да настапи на најголемата европска музичка сцена, Теа без двоумење одговори потврдно, нагласувајќи дека тоа би било огромна чест, но и сериозна одговорност. „Секако дека би ја претставувала Македонија ...

Македонската музичка сцена доби прекрасна вест која ги израдува многубројните обожаватели за еден од нејзините најхаризматични и најталентирани изведувачи, Адријан Гаџа. Пејачот кој со години важи за вистински миленик на публиката и препознатливо име на домашната естрада, тивко и достоинствено зачекори во најубавото животно поглавје. Гаџа, кој во изминатиот период свесно се повлече од јавноста и од музичките настапи, одлучил својата љубов да ...

Елена Велевска веќе со години важи за една од нашите најпознати пејачки, но воедно и синоним за женственост и елеганција. Пејачката Елена Велевска која во октомври полни 46 години, од самиот почеток на кариерата важи за дама што остава без здив. Таа е синоним за женственост и елеганција, а непобитен факт е и тоа дека и на овие години изгледа подобро од кога било досега. Имено, Елена деновиве објави фотографија на која изгледа толку убаво што ...

Пејачката речиси гола, „покриена“ само со восок… Младата и поприлично популарна македонска пејачка Мартија Станојковиќ го објави спотот за својата нова песна. Песната го носи името „Не барај ги ангелите“, а Мартија во спотот носи неколку креации со кои никого не остави рамнодушен. Принтскрин/ Јутуб, Мартија Станојковиќ Посебно внимание привлекуваат сцените во кои таа позира речиси гола, додека нејзиното тело е покриено со свеќи и восок. И ...

Пејачот ужива во зимската идила Нашиот познат фолк-пејач Борче Наумовски, познат и како Борче Министерот, ужива во зимските денови во својата Битола. Тој сега сподели неколку фотографии од преубавиот Пелистер, па покажа како го користи убавото време да ги наполни батериите. Фејсбук/ Борче Наумовски Колку и како министерот ужива во зимските спортови кажуваат фотографиите, но и неговиот коментар што го објави. „18 февруари 2026. Продолжуваме ...

Американскиот актер Ерик Дејн, најпознат по улогата на д-р Марк Слоун во популарната серија „Вовед во анатомија“, почина на 53-годишна возраст, помалку од една година по дијагнозата на амиотрофична латерална склероза (АЛС). Неговото семејство во соопштението наведе: „Со тешко срце објавуваме дека Ерик Дејн почина во четврток попладне по храбра борба со АЛС.“ АЛС е тешка и прогресивна невролошка болест која ги зафаќа моторните неврони во ...

Ова речиси никој не го знаеше за него Охриѓанецот Александар Јосифовски се прослави со учеството во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Тој и денес важи за еден од најдобрите рокери што некогаш се појавиле во ова телевизиско шоу, а по освоеното високо второ место доби бројни понуди за соработка и тоа со некои од најголемите балкански ѕвезди. Па така Јосифовски своевремено беше на турнеја низ Америка со Лепа Брена, а наскоро тоа ќе ...

Пејачката Василија Петрова во опуштена атмосфера зборуваше отворено за својот живот од најраното детство, па се до сега. Василија Петрова беше гостинка во новата емисија „Кафе муабети“ во која откри досега не толку познати детали за неа. Таа од многу мала ја сакала музиката, а како дете многу сакала и да танцува, па откри како нејзината мајка наместо современ танц или балет, ја убедила да ја запише на играорна. Принтскрин/ Јутуб, Кафе ...

Ова беше посебен ден за пејачот од Македонија, Никола Станишиќ, кој победи во „Ѕвездите на Гранд“. Имено, Никола го прослави својот роденден, а меѓу првите му го честиташе Цеца Ражнатовиќ, која му беше менторка во шоуто. Балканската фолк-ѕвезда сподели и нивна заедничка фотографија, па со овој гест само го потврди она што сите и го кажуваат за неа – дека е голема пријателка и им дава поддршка на своите кандидати и по завршување на нивното ...

Пејачот Арман Моранкиќ, кој пред две години привлече големо внимание во „Никогаш не е доцна“, го закопа својот син. Неговиот живот се претвори во најголема тага откако неговиот 23. годишен син загина во страшната несреќа во Сараево. Младиот Ердоан беше прегазен од трамвајот во центарот на градот кој излета од шините и заврши на станицата. Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна По страшниот настан во јавноста беа изнесени и неточни наводи, ...

Работни договори, стабилни плати, уреден систем, сигурна иднина за децата. Долго време тоа беше сликата што ја следеше Германија во очите на многумина од Македонија. Денес, приказната е посложена. И повеќе не се раскажува со истата леснотија. Печалбарите што заминаа во последниот бран, по 2015 година, веќе не зборуваат со онаа еуфорија што се чувствуваше на почетокот. „Тешко е, ама барем се плаќа редовно“, велат некои. Други, пак, тивко ...

Освен основните хемиски елементи како јаглеродот и кислородот, нашето тело зависи од супстанции присутни во трагови, но со огромно биолошко значење. Меѓу нив се издвојува селенот, микроелемент без кој нормалното функционирање на клетките и органите е едноставно невозможно. Селенот е еден од најважните минерали за нашето здравје, кој во телото доаѓа исклучиво преку храната. Тој е клучен за заштита на клетките од оштетување (антиоксиданс) и ...

27 годишната струмичанка Љутвие Демирова, млада мајка на четири деца, се соочува со најголемиот предизвик во својот живот. Нејзиниот свет се сруши со една дијагноза која бара итна, прецизна и скапа медицинска интервенција за да може таа да продолжи да ги гледа своите дечиња како растат. Медицинските извештаи се немилосрдни. Кај Љутвие е дијагностициран интравентрикуларен тумор лоциран во четвртата мозочна комора. Овој тумор врши значителна ...

Елена Ристеска отворено проговори за бракот, љубовта и личните разочарувања во подкастот „Смисла“, каде гостуваше кај Отец Бобан и Сестра Ефимија. Во разговор исполнет со духовна и интимна нота, пејачката зборуваше за тоа што, според неа, недостасува во современите партнерства. „Затоа не траат браковите, заради тоа што помеѓу себе партнерите не се пред сè другари, а потоа љубовници, родители, сопруг и сопруга и така натаму. Јас искрено тоа ...

Македонскиот кантавтор Владо Јаневски ретко зборува за приватниот живот, но јавноста сè уште ја памети жената која со години беше покрај него – и приватно и професионално. Станува збор за Вера Велевска, неговата поранешна партнерка и менаџерка, која долги години се грижеше за неговата кариера. Нивната љубовна приказна траеше значаен период, а заеднички настапуваа и на јавни настани. Една фотографија стара 21 година, објавена на ...

Фолк-пејачот Миле Кузмановски повторно проговори за најтешките животни одлуки, но и за новата љубов која му донела мир по долг период на болка и борба. Во емисијата „Никој да не знае“ на ТВ Телма, водена од Катерина Тодевска-Спасиќ, тој искрено раскажа како изгледал неговиот живот по загубата на сопругата Верче, која почина од канцер во 2012 година, и како по неколку години повторно се осмелил да му даде шанса на срцето. Шест години по ...

На 19.02.2026 година во 04:50 часот во СВР Битола, 37-годишна жителка на Битола пријавила дека била физички нападната од својот вереник А.И.(42), исто така од Битола. Според пријавата, при инцидентот бил употребен метален предмет, при што жената се здобила со повреди. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по пријавата биле преземени соодветни мерки и активности за расчистување на случајот. Полициските службеници ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против четири лица од Тетово – З.Д.(27), В.М.(28), Е.Д.(26) и Ј.Т.(21), поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Според информациите од полицијата, настанот се случил на 15 декември минатата година пред угостителски објект во Тетово. Инцидентот следувал по претходни недоразбирања на социјална мрежа, кои ескалирале во физички напад врз С.Р.(33) и Р.У.(18). Надлежните институции го документирале ...

Што се откри пејачката Василија Петрова дознајте вечерва од 22.15 часот, само во емисијата „Кафе муабети“ со Виолета П. Периќ. Пејачката Василија Петрова ја сподели својата животна приказна во емисијата „Кафе муабети“ која ќе се емитува вечерва, од 22.15 часот. Позборувавме и за најемотивните моменти од нејзиниот живот, од проблемите со кои се соочува во Бугарија заради тоа што се има изјаснето дека е Македонка, па се до нејзината голема ...

Светлана Црноркак го прослави својот 50. роденден Поранешната манекенка и сопственичка на модно студио, Светлана Црнокрак, имаше убава причина за славење. Таа го прослави својот јубилеен 50. роденден, така што доби бројни честитки од пријателите и фановите. Инстаграм/ Светлана Црнокрак Секако меѓу првите и честитаа нејзините ќерки, но и сопругот кој сподели и една нивна стара заедничка фотографија. Светлана потоа сподели и една фотографија ...

Познатиот фолк-пејач од Македонија, Кире Науновски, кој победи во „Никогаш не е доцна“ сподели среќна вест. Кире кој триумфираше во популарното шоу сега на својот профил на социјалните мрежи откри детаљ од својот приватен живот. Имено, победникот сподели дека овој ден е посебен за него и неговата сопруга која му е најголема поддршка. Фејсбук/ Кире Науновски Тој откри дека слават 18 години брак, откривајќи дека се заедно од 2008 година и ...

Додека официјалните реакции од банкарскиот сектор изостануваат, најновите податоци покажуваат значајни поместувања кај кредитирањето во Македонија. Според објавените статистики на Народна банка на Република Северна Македонија, растот на вкупните кредити продолжува, но со променета динамика меѓу домаќинствата и компаниите. 📊 Граѓаните земаат повеќе потрошувачки кредити Во изминатиот период се забележува зголемен интерес за потрошувачки и ...

Пејачката Лидија Кочовска деновиве ја врати јавноста три децении наназад, споделувајќи фотографија со својата сестра Тања од 1992 година – период кога двете активно настапуваа на домашните музички фестивали и беа дел од тогашната поп-сцена. Сликата, објавена на нејзината инстаграм-приказна, Лидија ја придружи со песната „Вистина или лага“, хит на Тања Кочовска од 1999 година. Со тоа, носталгичната објава доби дополнителна симболика – ...

Само два месеци по објавата, „Г-ѓа Сара“ на Слаткаристика ја надмина границата од еден милион прегледи на Јутјуб, бројка што ја потврдува неговата позиција како еден од најмоќните, најавтентичните и највлијателните артисти на македонската музичка сцена. Ова не е обична песна, туку уникатна музичка исповед што ја продолжува култната приказна за Сара, но низ призма на зрелост, животно искуство и емоција што погодува право во срце. Песната ...

Бранислав Миленковиќ (24), кој беше брутално претепан во белградската населба Врачар на 21 ноември 2025 година, по 85 дена борба за живот почина во болница, јавуваат белградските медиуми. Според неговиот татко, Ненад Миленковиќ, осомничениот М.П. наводно го удрил Бранислав одзади по кратка расправија пред супермаркет на улицата Макензијева во Врачар. – Тоа беше денот на нашата семејна слава, Аранѓеловден (Свети Архангел Михаил). Тој отишол ...

Професионалното портфолио на Ана Михајлов е нераскинливо поврзано со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, каде во изминатите 15 години поминува низ сите клучни сектори на институцијата. Од раководител на одделението за човечки ресурси до менаџирање со мобилностите во стручното и училишното образование, нејзиниот пат до позицијата прв човек на Агенцијата е изграден врз темелна експертиза и познавање на европските ...

Новинарот на Канал 5, Александар Видиновски, објави дека започна реновирањето на спортската сала кај Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по долг период на запоставеност и пропаѓање на објектот. Во своето најново видео, Видиновски со видлива емоција ја сподели веста со јавноста, нагласувајќи дека станува збор за победа од големо значење за студентите и за целата академска заедница. -По многу репортажи и апели, конечно можеме да ...

Кафе муабети со Ирена Спасовска Ирена Спасовска беше гостинка во емисијата „Кафе муабети“ во која призна дали повторно би застанала на лудиот камен. Таа во емисијата најави дека се крчка нова песна, но и дека наскоро не планира повторно да застане на лудиот камен, иако секогаш е отворена за љубов и не се откажува од неа. Инстаграм/ Ирена Спасовска „Немам размислуванo на таа тема бидејќи сметам дека човек и да најде партнер не мора да живее ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
87%
1019
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
69%
1018
weather icon

Загреб

12ᴼ / 6ᴼ
1.54
67%
1019
weather icon

Софија

12ᴼ / 5ᴼ
1.54
43%
1019
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
0.93
78%
1019
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
83%
1019
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
5.66
51%
1016
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
76%
1017
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
67%
1017
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 7ᴼ
2.24
64%
1019
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
2.24
59%
1021
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
66%
1019
Currency

61.6417

Currency

52.5834

Currency

71.17

Currency

37.8

Currency

38.587

Currency

66.9558

Currency

7.70703

Currency

0.70233

Currency

0.32993

Currency

0.52528

Currency

1.16806

Currency

0.55853

Кобалт

45.39

Платина

64944.51

Родиум

323115.00

Злато

151548.67

Цинк

0.00

Алуминиум

3.60

Паладиум

47550.95

Сребро

2439.04

Калај

50.46

Рутениум

53788.20

Иридиум

253540.09

Бакар

12.12