Скопје
-4ᴼ /
-4ᴼ
Телескопот Џејмс Веб на НАСА за првпат директно ги измери хемиските и физичките својства на можен диск за формирање месечини околу голема егзопланета. Станува збор за јаглеродно богат диск кој ја опкружува планетата CT Cha b, оддалечена 625 светлосни години од Земјата. Иако досега не се откриени месечини во податоците, научниците веруваат дека токму вакви структури претставуваат „градежни дворови“ на идни сателити. Резултатите се објавени во ...
Праведно Скопје, кое ќе се развива подеднакво во сите општини. Скопје, чисто, дигитализирано, зелено, модерно, кое ќе биде на сите и со кое ќе се гордеат сите, вети кандидатот за градоначалник на Град Скопје Скендер Реџепи од Националната алијанса за интеграција. За таа цел, рече тој, доколу биде избран на функцијата ќе работи на средување на урбаниот хаос, за намалување на загадувањето на воздухот, нефункционалниот транспорт, на подобрување на ...
За кажувањата на Филипче имаме само еден коментар, ем шуто ем боде, се наведува во пишаната реакција на ВМРО-ДПМНЕ. „Ги слушнавме навредите на Филипче и перењето од она што не се пере, тоа е вината за состојбите во судството. Имаме само еден коментар: ем шуто, ем боде“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Претходно денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче праша: На ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, до кога Венко Филипче и СДСМ ќе им бидат криви ...
– Додека Мицкоски продолжува да ги убедува граѓаните дека треба да имаме многудетни семејства, неговата Влада прави сè за да не им го овозможи тоа. Мицкоски, кој доаѓа од високата класа и има часовници од 60.000 евра и бизнис од 10 милиони евра, не може да разбере дека за одгледување на повеќе деца се потребни пари и услови, реагираат од СДСМ на денешното излагање на премиерот Христијан Мицкоски кој на настанот Демографски трендови – Заедничка ...
Обвинетиот за убиството на десничарскиот политички активист Чарли Кирк се појави пред судот вчера, а неговиот нов адвокатски тим потврди дека ќе побара прелиминарно сослушување на кое ќе се утврди дали има доволно докази за започнување судски процес. Дваесет и двегодишниот Тајлер Робинсон е обвинет дека го испукал истрелот со кој на 10 септември беше убиен Кирк, кој беше близок сојузник на претседателот на САД, Доналд Трамп. Робинсон беше уапсен ...
Варшава продолжува да го финансира комуникацискиот систем Старлинк во Украина, по потпишувањето на релевантното законодавство од страна на полскиот претседател Карол Навроцки, објави украинскиот министер за дигитална трансформација, Михајло Федоров, на 29 септември, пренесува Кијив Индипендент. „За време на војната, оваа технологија е од клучно значење – за да се одржат поврзани болниците, училиштата, критичната инфраструктура и регионите на ...
Неидентификуван дрон е забележан како лета над гасното поле Шлајпнер, управувано од Еквинор, во Северното Море вечерта на 29 септември, според норвешката полиција, како што објави локалниот медиум VG, пренесува Кијив Индипендент. – Вечерва добивме извештај дека е забележан дрон. Го забележале вработените, потврдува менаџерот за операции Роџер Литлатун за ВГ. Во последните недели имаше неколку појави на дронови на норвешките аеродроми, што доведе ...
Српската полиција уапси 11 лица, обвинувајќи ги за „поттикнување омраза“ во Франција и Германија, како и за нивно поврзување со дела што вклучуваат поставување свински глави во близина на џамии и уништување на еврејски места, соопшти во понеделникот Министерството за внатрешни работи на Србијап, пренесува Гардијан. Апсењата се случија неколку дена откако француските обвинители изјавија дека странското мешање веројатно е виновно за низата ...
Стадионот „Сан Сиро“ ќе им биде продаден на Милан и Интер и ќе биде срушен. Градскиот совет на Милано ја одобри продажбата на стадионот и околниот простор на клубовите за 197 милиони евра. Дваесет и четири члена на советот гласаа „за“, 20 беа „против“, а двајца не учествуваа во гласањето. Се очекува договорот да биде завршен до 10 ноември, кога вториот ред на „Сан Сиро“ ќе биде доволно стар за да се квалификува за заштитен статус како историско ...
Со денешните седум натпревари стартува новата 26.та сезона од кошаркарската Евролига. „Први“ на теренот ќе се појават екипите на Дубаи и Партизан, а во исто време е почетокот и на дуелот Хапоел – Барселона. Екипите на Дубаи и Хапоел се дебитанти во најквалитетното кошаркарско натпреварување Започнува новото, дваесет и шесто издание на Евролигата, а Дубаи и Партизан имаат чест да ја отворат новата сезона (18:00 часот). Во исто време кога се игра ...
На денешната прес-конференција кај Заполшки мост во Прилеп, канидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Дејан Проданоски најави решавање на проблемот со сообраќајниот хаос во центарот на прилеп и обиколници „Исток“ и „Запад“ како капитални проекти. -Обиколницата ,,Исток“ во должина од 1,6 километри, и профил од 5,5 метри ќе биде директна артерија што ќе ги насочи тешките товарни возила, надвор од срцето на градот. Таа ќе се протега ...
Наместо за локални прашања, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на централниот митинг во Скопје најмногу зборуваше за „судбината на Македонија“, национални теми и политички пресметки со СДСМ, ДУИ и Левица, наместо на локалните проблеми со кои се соочуваат скопјани. Тој изборите ги претстави како „финална битка“ за државата, критикувајќи ја резолуцијата на Венко Филипче и најавувајќи реформи во правосудството. Во говорот главно се ...
Граѓаните сфатија дека ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт со лажна кампања и празни ветувања, ниту платите се покачија, ниту животот им е подобрен, рече денеска претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. „Граѓаните сфаќаат дека ВМРО ДПМНЕ дојдоа на власт со лага и празни ветувања. Имаме катастрофална состојба во економијата. Имаме трет месец поред намалување на платите во државата. Ова ...
Од 15 октомври официјално започнува грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ. Согласно регулативата, грејната сезона може да започне и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден изнесува 12˚С или пониско, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи. На веб-страницата на ЕСМ Снабдување ...
Јавно ги прашувам ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, до кога Венко Филипче и СДСМ ќе им бидат криви што не можат да спроведат ништо, ниту една реформа, ВМРО-ДПМНЕ веќе е очајно кога зборува за судството“, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче. „Година и пол наназад поставуваат свои судии, свои обвинители и само го партизираат судството. Нема ништо суштински од спроведувањето на реформите. Јас бев тој којшто ...
Оскаровката Никол Кидман и нејзиниот сопруг, кантри-музичарот и добитник на „Греми“ Кит Урбан, се разделиле по речиси две децении брак, јавува CNN. Двојката, која се венча во 2006 година, повеќе не живее заедно. Тие имаат две ќерки – 17-годишната Сандеј Роуз и 14-годишната Фејт Маргарет. Кидман и Урбан живееја во Нешвил, Тенеси, а актерката дури и пред една недела го нарече градот свој дом во објава на Инстаграм. Веста првично ја објави TMZ, а ...
Властите на Северна Македонија вложуваат значителни напори, но земјата се уште не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе. Владата покажа генерално зголемени напори во споредба со претходниот период на известување, затоа Северна Македонија остана на Ниво 2, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департментот за трговијата со луѓе во светот за 2025 година. – Овие напори вклучуваа истрага на повеќе ...
Мојот план е Скопје без диви депонии и конечно е дојдено време отпадот да го третираме како ресурс. Вардариште е само една од локациите како дива депонија, покрај тоа што е и претоварна станица, којашто во овие четири години сериозно беше запуштена и не беа направени никакви интервенции за да се затвори како дива депонија за да ја добие намената којашто треба да ја има и ја имала со годините наназад-тоа е претоварна станица, изјави денеска ...
Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, денеска информираше дека од следната година сите ученици кои посетуваат целодневна настава ќе добиваат бесплатен и здрав оброк, со што родителите ќе се ослободат од трошоците за исхрана во училиште кои моментално изнесуваат 2.500 денари месечно. Тој, рече дека Центар е општината која најмногу вложува во образованието, а сите осум училишта се целосно ...
Од трибината во Куманово, заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска упати јасна порака, време е за промена, време е Куманово да добие нова енергија и вистинско раководство. „Куманово заслужува многу повеќе. Време е да го поддржиме човекот кој има визија, искуство и искрена посветеност, Мартин Костовски,“ изјави Каранфилова-Пановска, истакнувајќи дека кандидатот на СДСМ е единствениот што нуди реални решенија за вистинските ...
Формирањето семејство, формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина, без разлика на етничката припадност, на верската припадност. Многудетното семејство значи иднина. Ако сакаме да имаме иднина, ако сакаме да имаме држава, богата држава која ќе се развива и по нас тогаш семејството е одговорот на овој предизвик, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на настанот Демографски трендови – ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, заедно со генералот Горанчо Котевски, носител на советничката листа за Град Скопје на движењето, денес го промовираа проектот „Сјајна Патека“ во Дебар Маало, иницијатива од младите активисти и љубители на Водно од Скопје, се наведува во соопштението од ЗНАМ. „Младите се движечка сила на градот. Наша обврска е да создадеме услови каде ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп депортирала околу 100 ирански државјани од земјата, јави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на американски официјални претставници. Според информациите, Иранците биле качени во авион изнајмен од американските власти, кој полетал од сојузната држава Луизијана во текот на вчерашната вечер по локално време. Летот се очекува денеска да пристигне во Иран, со меѓуслетување во Катар. Подетални ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во емисијата „360 степени“, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ се директно одговорни за системското блокирање на функционирањето на Градот Скопје и за загадувањето на воздухот. Тој посочи дека Мицкоски и неговата партија не може да се амнестираат од градоначалничката Данела Арсовска, бидејќи токму тие ја промовираа како најдобра менџерка и ја донесоа на ...
Реџепи обвинува за лошо управување и ветува поништување на концесијата за јавното осветлување, додека Касами го брани проектот како ефикасен и корисен. Во Чаир, Меџити и Османи се судираат за мобилноста, чистотата и урбаниот развој Кампањата за локалните избори започна со жестоки полемики во Тетово и амбициозни ветувања во општина Чаир. Кандидатот за градоначалник на Тетово од коалицијата Национален сојуз за интеграција (ДУИ), Бајрам Реџепи, ја ...
Јутјуб се согласи да плати 24,5 милиони долари за да ја реши тужбата поради суспендирањето на профилот на американскиот претседател Доналд Трамп по нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, покажуваат судските документи објавени синоќа. Од сумата, 22 милиони долари ќе бидат наменети за изградба на сала за балови во Белата куќа промовирана од Трамп, додека остатокот ќе биде распределен меѓу неколку ко-тужители. Јутјуб, како и други платформи ...
Кандидатката за градоначалничка на Општина Карпош од редовите на СДСМ, Маја Мијовска Мојсова, на почетокот на кампањата за локалните избори 2025 се обрати до граѓаните, најавувајќи дека нејзината изборна трка ќе биде „едноставна, чесна и без навреди“. „Ниту еден политичар не треба да ја очекува вашата поддршка во замена за кафе, сендвич или ‘комшиски’ појадок. Од мене тоа нема да го добиете, бидејќи нема да се обидам да ве поткупам со мали ...
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, истакна дека е мотивиран од неговата желба да настапи што е можно подобро за Скудерија. Според Леклер, тој се обидува да ги прилагоди своите цели врз основа на моменталната ситуација и моментално има амбиција да победи барем на една трка до крајот на сезоната. – Отсекогаш сум го сакал Ферари – оттаму ја црпам мојата мотивација. Затоа што сакам да му помогнам на Ферари да се врати на врвот, без разлика колку време ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху негираше дека го прифатил принципот на палестинска држава денеска откако претседателот Доналд Трамп го откри својот мировен план за Појасот Газа. „Воопшто не, и тоа не е напишано во договорот“, рече Нетанјаху во видео објавено на неговиот профил на Телеграм, одговарајќи на прашање дали „прифатил палестинска држава“. -Едно нешто беше јасно ставено до знаење (во разговорот со Трамп): ние цврсто ќе се ...
Возачот на Ред Бул ги сподели своите совети до младите возачи кои се стремат да стигнат до Формула 1. – Сè зависи од начинот на размислување како возач, бидејќи ако сте фокусирани на Формула 1 и не сакате да ја промените таа перцепција, тоа е како да разговарате со ѕид. Некои возачи со кои тесно соработувам сонуваат да стигнат до Формула 1. Секогаш ги советувам да останат отворени за други опции во случај да не успее со Формула 1, бидејќи не ...