
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Се трудиме да ги изгаснеме огновите кои сме ги наследиле и со стратегија да ги подобриме состојбите, а веќе од понеделник ќе се обезбедат сите лекови кои недостигаат за терапија на онколошките пациенти, рече министерот за здравство, Арбен Таравари во одговорот на пратеничкото прашање од Тони Јаревски на денешната собраниска седница кој побара одговорност за состојбите во кои западнало јавното здравство и проблемите во универзитетската клиника за ...
„Внимание“ ги праша граѓаните „Дали големите маркети се главна причина за скапотијата, или нешто друго?“ А, еве што велат тие: „Со тоа што не растат платите, а цените се зголемуваат, тоа предизвикува бунт меѓу народот, да протестираат, да бојкотираат…“, „Стварно се цените кренати многу високо, и на овие примања што ги имаме ние, се неиздржливи, затоа народот и се буни и плаче“. „Мислам дека се големите маркети, и дека се договараат за цените, и ...
По повиците на социјалните мрежи граѓаните на Македонија во петок да не пазаруваат во маркетите поради високите цени како што тоа се случи во Хрватска, а такви акции се најавени и во Босна и Херцеговина и Црна Гора, се разбудија надлежните институции и најавуваат ригорозни контроли во маркетите и трговските објекти и итна реакција на терен. На еднодневен бојкот на продавниците во петок, 31 јануари повикуваат граѓаните на Македонија на ...
Речиси две години по разводот со Кевин Костнер, дизајнерката Кристин Баумгартнер се сврши со Џош Конор – финансиер и поранешен пријател на славниот глумец, пишува „Пипл“ (People). Според западните медиуми, парот се свршил на 26 јануари за време на интимна вечера на празна плажа во Калифорнија. Баумгартнер и Костнер го завршија својот брак во мај 2023. – по 20 години брак, а таа почна врска со Конор истата година. Пред 11 месеци ставија крај и ...
Познатиот „Часовник на судниот ден“ е поставен на 89 секунди до „полноќ“ – што значи дека човештвото е најблиску до самоуништување досега. Имено, научната група околу американското списание „Билтен на атомски научници“, вчера, традиционално, ја објави оваа песимистичка новост, метафорично, но научно оценувајќи колку сме блиску до крајот на светот. – Го поставивме часовникот поблиску до „полноќ“ бидејќи не гледаме позитивен напредок во однос на ...
Неспособната и неодговорна локална власт на ДПМНЕ ги труе граѓаните на Прилеп! Со денови наназад, аерозагадувањето во градот е видливо со голо око. Екстремно загадениот воздух штипи и на очи, и на нос, и на грло. И додека во останатите градови кои ги мачи истиот проблем, градоначалниците бараат решенија за справување со загадениот воздух, на Борче Јовчески такво нешто не му паѓа на крај на памет, на прес-конференција истакна Ивона Кузманович, ...
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел денеска ја критикуваше нејзината партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и лидерот Фридрих Мерц, дека се потпираат на поддршката на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) за да се усвои нивниот предлог во парламентот – барателите на азил да може да се враќаат уште од границата, јави ДПА. -Верувам дека тоа е погрешно, рече Меркел откако предлогот на ЦДУ, со поддршка на ...
Фудбалерот од средниот ред на Лајпциг, Елиф Елмас, му се приклучи на Торино како позајмен играч, објави калчолигашот. Договорот важи до крајот на сезоната 2024/25. Има опција за откуп. Торино ќе има можност летово да го откупи договор на Елмас со Лајпциг за 17 милиони евра. „Чест и задоволство ни е што можеме да објавиме дека го комплетиравме трансферот на Елиф Елмас од Лајпциг, на привремена база со опција за перманентен трансфер“, објави ...
Тренерот на Ал-Итифак, Стивен Џерард, ја напушти функцијата, објави прес-службата на саудискиот клуб. Договорот со 44-годишниот Англичанец беше раскинат со заедничка согласност од двете страни. Џерард е на чело на клубот од Саудиска Арабија од јули 2023 година. Под негово водство, тимот одигра 55 натпревари, од кои 19 победи, 16 пати ремизираше и загуби 20 натпревари. По 17 кола, Ал-Итифак е на 12. место во поредокот на првенството на Саудиска ...
Палестинското движење Хамас во Газа ослободи осум заложници и ги предадоа на Црвениот крст, но размената беше проследена со хаотични сцени пред насобраните палестински граѓани. Во замена, Израел треба да ослободи 110 палестински затвореници. Прва беше ослободена 20-годишната израелска војничка Агaм Бергер, во бегалскиот камп Џабалија во Северна Газа. Потоа следеше предавањето на уште двајца израелски граѓани – Арбел Јехуд (29) и Гади Мозес (80), ...
Ниту еден наставник нема да остане без работа со новата концепција за реформа во гимназиското образование. Целата нацрт-концепција е направена со цел ниту еден наставник да не остане без работа, напротив, тие ќе бидат повеќе ангажирани за нашите ученици на ПИСА тестирањата да одат барем две скалила погоре, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговарајќи на пратеничко прашање на пратеничката Даниела Николова од СДСМ, која ...
Јавното Обвинителство определи мерка притвор од осум дена за хиругот М. С. (64), вработен и на раководна позиција во ЈЗУ Клиничка болница-Битола. Како што е познато М.С. беше упсен поради примање мито од 150 евра во битолската Клиничка болница, случај регистриран од СВР Битола на 28 јануари во просториите на болницата во Битола. Според Обвинителството, сомнението произлегло од фактот дека осомничениот како лице кои вршело работи од јавен ...
ВМРО-ДПМНЕ ја прифати денешната иницијатива на опозициските партии СДСМ и Левица за свикување надзорна расправа во рамки на Собранието, на која би се разговарало за мерките и активностите што би се спровеле во насока на подобрување на состојбата со загадувањето на воздухот. – Ја прифаќаме нивната заедничка иницијатива за надзорна расправа за квалитетот на воздухот. И двете партии се во коалиција исто така и со градоначалничката на Град Скопје, ...
Срамна, дрска и потценувачка е било каква закана за граѓаните да не бараат поголеми плати, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во одговор на новинарско прашање. – Тоа е уште една скандалозна изјава на Трајко Славески. Срамна, дрска и потценувачка е било каква закана за граѓаните да не бараат поголеми плати. Се лаже ДПМНЕ ако мисли дека може некого да замолчи. Граѓаните имаат мака да обезбедат основни потреби за секојдневниот живот и со ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска на брифинг нагласи дека се бараат законски можности во консултација со експерти и институции да се направат законски измени и реформа во правосудството кое што, како рече, ќе биде квалитетно. – Прво да констатираме дека темата е покомплексна и сакаме долгорочно да биде решен проблемот. Во консултации со повеќе експерти и институции и сакаме да дојдеме до решение кое ќе биде одржливо и ќе биде ...
Американската технолошка корпорација Мета се согласи да плати 25 милиони долари во судска спогодба за да ја реши тужбата на Доналд Трамп за укинувањето на неговите профили на платформите на социјалните медиуми на Мета по нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година. Мета потврди дека ќе донира 22 милиони долари на претседателската библиотека на Трамп и ќе плати 3 милиони долари за правни трошоци. Во јули 2021 година, Трамп ги тужеше Мета и ...
окрај Игор Николов кој треба да замине за амбасадор на Франција, предложени се уште тројца нови амбасадори за Украина, Јапонија и Хрватска. Извори од Владата за МИА потврдуваат дека за амбасадор во Украина е предложен Димитар Блажевски, за амбасадор во Јапонија, Андријана Цветковиќ и за амбасадор во Хрватска, Драган Ѓурчевски. На владина седница донесена е и одлука за почнување на постапка за отпвикување на девет актуелни амбасадори. Меѓу нив се ...
Американскиот лизгач Џон Маравила објасни зошто не летал со авионот што се урна во САД. Претходно, Маравиља на социјалните мрежи изјави дека можел да биде во урнатиот авион, но не му било дозволено да се качи во него. – Одговорниот за пријавување ми рече дека моето куче е преголемо за да го носат, иако тоа беше нашиот лет претходно. Затоа решивме да одиме со автомобил, изјави лизгачот. Американецот пријавил и дека на овој лет биле 14 лизгачи. ...
– Врз основа на барањата на граѓаните, на невладините организации и многу експерти коишто работат на зачувување на животната средина, и најважно, врз основа на поразителните резултати коишто доаѓаат за загаденоста на воздухот, покренуваме иницијатива за одржување на Надзорна расправа во Собранието. Да разговараме какви мерки и активности се преземени од страна на владата и на другите надлежни институции. Заради тоа што ова е една од основните ...
Нуркачки тим пронашол една од двете црни кутии од патничкиот авион кој се урна во реката Потомак по судирот со воен хеликоптер во близина на Вашингтон, јави Си-Би-Ес. Нуркачите имале пристап до кабината на авионот, а црната кутија е меѓу предметите што ги пронашле. Потрагата по телата и можните преживеани продолжува. Најмалку 19 лица загинаа кога патнички авион со 64 луѓе се судри со воен хеликоптер Блек Хок со тројца војници и се урна во ...
Руско ударно беспилотно летало „Шахед“ удри во висока станбена зграда во Суми во текот на ноќта, при што загинаа четири лица, а девет други беа повредени, меѓу кои и едно дете, соопшти регионалната воена управа на Суми на Телеграм, пренесува Укринформ. „Од 08:00 часот, непријателски Шахед удри во висока станбена зграда во Суми, што резултираше со четири жртви и девет повредени, вклучително и едно дете“, се вели во објавата. Спасувачките операции ...
Пишува: ИДА ПРОТУГЕР Читам ФБ дискусија околу одлуката на Трамп за отстранување на можноста за родова определба и признавање само на два пола, дадени при раѓање. „Фала богу да се знае ред“, „цврсто, машки“, „се претера со слободите“…. Човековата потреба за сигурност е силен двигател на нашето однесување. Проф. Јеротиќ во својата книга „Човекот и неговиот идентитет“ пишува дека „промените го плашат човекот и ги активираат кај него одбранбените ...
Премиерот Христијан Мицкоски има 17 надворешни советници чии имиња се јавно објавени. Меѓу нив, се и поранешниот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски, поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески и поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски. Пешевски е советник за стратешки прашања од областа на економијата, а Ставрески за финансии и банкарство. Поранешниот претседател на Собранието е советник за собраниски, ...
Тешка катастрофа е инкриминирани лица да бидат советници на премиерот, тоа значи уште поголемо влијание од сегашното на Груевски. Ние имавме многу прилики да видиме, да слушнеме од бомбите што тие луѓе правеа, така што, си продолжуваат по старите режимски навики, истакна потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска, за емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24. Чупеска нагласи дека тоа се луѓе коишто директно работеа со Груевски и потсети на дел од работите ...
Американскиот претседател Доналд Трамп нареди изградба на објект за притвор за мигранти во заливот Гвантанамо во кој рече дека ќе има околу 30.000 луѓе, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа. Тој рече дека во објектот во базата на американската морнарица на Куба, која ќе биде одвоена од нејзиниот воен затвор со високо обезбедување, ќе бидат сместени „најлошите криминални илегални имигранти кои му се закануваат на американскиот народ“. Заливот ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на американските федерални агенции да ги избришат референците за „родовата идеологија“ од договорите, описот на работните места и профилите на социјалните мрежи во согласност со извршната наредба со која владата се принудува да признае само два пола. Во меморандум испратен од Канцеларијата за управување со персонал на САД се бара да се спроведе наредбата на Трамп со која од ...
Буџетската канцеларија на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа ја повлече извршната наредба за замрзнување на финансирањето на федералните грантови во Америка – само два дена откако посеа конфузија низ целата земја и покрена тужби, соопштија две лица известени за одлуката. Регулативата донесена во понеделникот вечерта ја фрли неизвесноста во рацете на клучниот лост за финансирање на државите, училиштата и организациите кои зависат од ...
Денеска стапи во сила одлуката на израелските власти за забрана на работата на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) на територијата на Источен Ерусалим и Израел. Забраната, која израелскиот парламент ја усвои пред три месеци, стапи во сила откако израелскиот Врховен суд го одби барањето за суспендирање на забраната, пишува Скај Њуз. Израел ја обвини УНРВА дека е поврзана со Хамас во Појасот Газа, што ...
Оркестарот на Македонската филхармонија, денеска и утре, со почеток во 12 часот ќе одржи два концерти за деца со наслов „Имате ли ритам?“ преку организирана училишта посета. Диригент е маестро Виктор Митревски, а аниматор е актерот Мартин Јорданоски, кој ќе ги воведе децата во тајните на ритамот и неговата разновидност. Посетителите ќе имаат можност да слушнат композиции од класичната, но и од модерната музичка литература, во кои акцент е ставен ...
Екипата на Милан вечерва загуби на гостувањето кај Динамо Загреб со 2:1 и пропушти шанса да обезбеди директен пласман во осминафиналето на фудбалската Лига на шампиони. Динамо и покрај победата не успеа да влезе во плејофот. Осмото коло го одбележа и првиот пораз на Ливерпул, кој сепак остана на првата позиција, бидејќи Барселона не го задржа водството над Аталанта и на крајот ремизира. Постигнати резултати на натпреварите од 8.коло во Лигата ...