Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Возачот на Ред Бул ги сподели своите совети до младите возачи кои се стремат да стигнат до Формула 1. – Сè зависи од начинот на размислување како возач, бидејќи ако сте фокусирани на Формула 1 и не сакате да ја промените таа перцепција, тоа е како да разговарате со ѕид. Некои возачи со кои тесно соработувам сонуваат да стигнат до Формула 1. Секогаш ги советувам да останат отворени за други опции во случај да не успее со Формула 1, бидејќи не ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер го денес го победи Австралиецот Алекс Де Минаур со 6:3, 4:6 и 6:2 во полуфиналето на турнирот во Пекинг. Натпреварот траеше 2 часа и 22 минути. Дваесет и четиригодишниот Италијанец постигна седум аса и реализираше три од седум брејк топки. Во финалето, Синер ќе се соочи со победникот од натпреварот меѓу Данил Медведев (Русија) и Тинг Лернер (САД). Наградниот фонд на турнирот во кинескиот главен град изнесува ...
Иницијативата за создавање на „Ѕид на дронови“ е навремена и неопходна, затоа што треба да го заштитиме нашето небо и мора да го чуваме безбедно, изјави претпладнево генералниот секретар на НАТО, Марк Руте при пристигнувањето на седницата на Европската комисија посветена на одбранбени и безбедносни прашања. – Во последните неколку недели видовме што се случи со беспилотните летала во Полска, со (авионите) МиГ-31 во Естонија, но и она што се ...
Филмот е скапа уметничка форма и бара големи вложувања, но е важно да се инвестира во уметноста и во младите сили, вели во интервју за МИА, композиторот Кирил Џајковски, годинешен добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ што се доделува на ИФФК „Браќа Манаки“ и која како што изјави, за него е награда што ќе има посебно место не само на неговите витрини, туку и во неговото срце. -Во однос на соработката, за да имаме успешен ...
Во организација на Културно информативниот центар – Скопје, книгоиздателство „Макавеј“ и уметничкиот кружок „Кино Дирижабл“ вечер во Салон 19:19 ќе се одржи промоција на книгата „Проникнување“ на Епископ Давид (Нинов) и Синоличка Трпкова. Промотори на книгата се епископ хераклејски Климент, Академик Катица Ќулавкова, Сашо Гигов Гиш. На промоцијата учествуваат членовите на Кино Дирижабл“: Драган Ампов, Сашо Гигов Гиш, Марко Димовски , Кирил ...
Прелиминарните наоди и заклучоци на ОБСЕ/ОДИХР укажуваат дека парламентарните избори во Молдавија беа конкурентни, нудеа јасни политички алтернативи и беа добро организирани според јасна законска рамка, се наведува во писмената изјава на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во врска со изборите во земјата одржани во неделата. – Граѓаните на Република Молдавија го искористија своето демократско право ...
Палестинската управа (ПУ) го поздрави мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека сеопфатен договор за завршување на војната во Газа, исто така, може да отвори пат за решение со две држави, пренесува МИА. Израел досега го отфрлаше решението со две држави, тврдејќи дека палестинска држава би го загрозила неговото постоење. ПУ, која управува со делови од Западниот Брег, ја потврди својата посветеност на реформи, ...
На 25-ти септември во македонскиот Културно информативен центар во Тирана со одржа отворањето на изложбата на големиот македонски сликар Кирил Гегоски. Оваа изложба се реализира во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија, под кураторство на Горанчо Ѓоргиевски и е поддржана од Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија. На свеченото отварање зборуваа ВД Амбасадорот на Република Северна Македонија ...
Во свет полн со прави линии и предвидливи форми, постои клавир што смело ги крши правилата и се свиткува кон иднината. Запознајте го Schimmel Pegasus — ремек-дело каде што дизајнот, изработката и музичкото наследство се спојуваат во еден извонредно луксузен инструмент. Создаден од визионерскиот ум на легендарниот дизајнер Луиџи Колани, а оживеан од германската пијано-компанија Schimmel, Pegasus не е само инструмент — тој е уметнички објект. Со ...
Младите од осум земји учесници на 13. „Џифони Македонија“ имаа богат викенд исполнет со проекции на филмови, ги започнаа своите работилници, а и дискутираа за филмовите што ги гледаа. Програмата на фестивалот се реализира во Кинотеката, каде што работат јуниорите, односно основците од шесто до деветто одделение, додека во Младинскиот културен центар се средношколците, кадети и сениори, се наведува во оопштението од „Џифони Македонија“, што МИА ...
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс изјави дека Владата на САД ќе престане да функционира поради недостиг на договор помеѓу републиканците и демократите. – Мислам дека се движиме кон запирање на работата, бидејќи демократите нема да постапат правилно. Се надевам дека ќе го сменат мислењето, но ќе видиме, посочи Венс. Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер изјави дека за време на состанокот, демократските пратеници му ги презентирале на ...
Најмалку 19 лица загинаа, 13 се водат како исчезнати, а 88 се повредени при налет на тајфунот Буалој во Виетнам, објави виетнамското Министерство за земјоделство и животна средина. Тајфунот го погоди северниот и централниот дел на Виетнам при што оштети над 105.000 куќи, од кои 79.000 во провинцијата Ха Тин и 20.000 домови во провинцијата Нге Ан, додека 3.400 куќи се поплавени. Под вода е и голема земјоделска површина. Премиерот на Виетнам, Фам ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп потпиша декрет со кој се воведува царина од 10 проценти за увоз на дрвена граѓа, додека царината за тоалетни и кујнски елементи и тапацирани дрвени производи ќе изнесува 25 проценти, соопшти Белата куќа. Царините за дрвената граѓа и производи од дрво ќе стапат во сила на 14 октомври. Од 1 јануари, царините ќе бидат дополнително зголемени на 30 проценти за тапацирани дрвени производи и на 50 проценти за кујнски ...
Спасувачите во Источна Јава, Индонезија, се обидуваат да пронајдат 38 лица за кои се верува дека се заробени во урнатините на училишна зграда што се урна во понеделник, пренесува Би-би-си. Тројца ученици загинаа, а 101 други се однесени во болница, некои од нив со критични повреди, велат официјални лица, додавајќи дека бројот на жртви може да се зголеми Многу од оние што се заробени се тинејџери кои се собрале на молитва кога зградата се урна ...
Претседателот на САД Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа во Белата куќа изјавија дека се согласиле околу план за ставање крај на војната во Појасот Газа, но не е јасно дали тие услови ќе ги прифати другата страна – палестинскиот Хамас. Трамп претстави план од 20 точки за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас и за воспоставување повоена управа во Појасот Газа. На заедничката прес-конференција со Нетанјаху, на која ...
Министерството за образование и наука ги известува сите корисници на правото на студенстка стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за негово продолжување, дека рокот за аплицирање почнува од утре, 1 октомври, и трае до 30 октомври 2025. -Корисникот на стипендија треба на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk да прикачи потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање, ...
Европа не е во војна, но „веќе не е ниту во мир“ со Русија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц.. – Ќе го кажам со една фраза што можеби ќе звучи шокантно: ние не сме во војна, но веќе не сме ниту во мир, рече Мерц на медиумски настан во Диселдорф. Тој оцени дека војната што ја води Русија е „војна против нашата демократија и против нашата слобода“ и дека целта на Москва е да го подрие единството на Европската Унија. Мерц потсети дека ...
Украинските вооружени сили за време на контраофанзивната операција во реонот на Добропиља ослободија повеќе од 174 квадратни километри територија и нанесоа загуби од речиси 3.200 руски војници, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вечерно видеообраќање. – Разговаравме одделно со военото раководство за оперативната состојба, а главниот командант го поднесе својот извештај. Контраофанзивната операција во Добропиља ...
Време за решавање на сообраќајниот хаос и проблемите со паркирањето, за решавање на проблемот со чистотата, за нови градинки и воведување едносменска и целодневна настава во училиштата низ Чаир. Сега е време за културни фестивали, жива Чаршија, отворено културно скопско Кале. Сега е време за Чаир како студентски, образован и културен центар за Албанците, порача Изет Меџити денес на прес-конференција за претставување на својата кампања како ...
„ВМРО-ДПМНЕ не само што ја покажа својата неспособност туку го покажа најгрдото лице за секој еден граѓанин кој живее во државата“, порача вечерва од Крушево, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој заедно со коалицијата оттаму го започнаа караванот за локалните избори. „Ветија правда, а донесоа неправда. Видовме како ги штителе функционерите за пожарот во дискотеката ‘Пулс’. Да не бевме ние со нашите прес-конференции сите ќе останеа ...
Секоја продавница што ќе се отвори во чаршија ќе биде субвенционирана од Општината. Секој мајстор кој ќе обучи чирак, ќе има стипендија од Општината, најави меѓу другото, кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Бујар Османи, на денешното претставување на неговата програма за претстојните локални избори. – Прашањето на Чаршијата е многу важно. Јас сум рекол дека Чаир нема море, но, ја има Чаршијата. Што би посакал секој град да го има? На ...
Американската компанија за развој на вештачка интелигенција Опен АИ (Open AI) денеска воведе мерки за безбедноста на тинејџерите кои ја користат алатката ЧетЏиПиТи (ChatGPT). Новите опции им овозможуваат на родителите да го поврзат својот профил со профилот на своето дете и да ги прилагодат поставките за побезбедно корисничко искуство. Тие ќе можат да поставуваат временски ограничувања за користење на алатката, да го исклучуваат гласовниот режим ...
Маж смртно ја застрела својата партнерка и двете деца во германскиот град Олденбург, во северозападниот дел на земјата, пред да си го одземе животот, соопшти денеска локалната полиција. Истражителите првично не дадоа повеќе детали за идентитетот на жртвите. Инцидентот се случил утрово во станбена зграда во населбата Остенбург. Откако биле алармирани од сведоци, полицајците пронашле четири тела и оружјето кое се сомневаат дека било користено, ...
Двесте војници на Националната гарда на САД ќе бидат распоредени во Портланд, Орегон, објави денеска Пентагон, пренесоа француските медиуми. Медиумите забележуваат дека ова е дел од кампањата против криминалот во големите градови управувани од демократите, преземена од американскиот претседател Доналд Трамп. Војниците „ќе бидат повикани да служат на федерално ниво во период од 60 дена за да ги заштитат службениците за имиграција и царинска ...
САД ќе воведат 100-процентна царина за сите филмови направени надвор од земјата, објави денеска американскиот претседател Доналд Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social. „Нашата филмска индустрија е киднапирана од други земји, исто како што крадат слатки од децата. Калифорнија, со својот слаб и некомпетентен гувернер, е особено силно погодена! Затоа, за да го решам овој долгогодишен и бесконечен проблем, ќе воведам 100-процентна царина ...
Ние ќе водиме позитивна кампања, ќе ги промовираме сите позитивни работи, проекти коишто се имплементирани од страна на нашите градоначалници, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција во Општина Центар, каде што одговараше на новинарски прашања каква кампања очекува. Но, Филипче посочи дека силно ќе ги критикуваат и тоа аргументирано лошите политики и работата на градоначалниците од другите партии а како што ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на состанок на Работниот комитет за спроведување на Националната развојна стратегија 2024-2044 година истакна дека изградбата на „сигурно, безбедно и отпорно општество во време на глобални предизвици е од приоритетно значење за нас.“ Како што информира Министерството за одбрана, Мисајловски се осврна на развојот на одбранбениот систем и инвестирањето во одбраната кое овозможува интензивно ...
Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова денеска заедно со кандидатот за градоначалник за Општина Центар од СДСМ, Горан Герасимовски и претседателот на партијата Венко Филипче на првиот ден од кампањата за Локалните избори го посетија депото во Општина Центар, каде што се возилата со кои се собира сметот во оваа општина. Шукова истакна дека граѓаните треба да се потсетат оти четири години ВМРО ДПМНЕ управуваше со градот ...
Најмалку 33 лица се убиени во израелски напади во Појасот Газа од утрово, соопштија болнички палестински извори. Според нив, 24 од загинатите се во градот Газа, каде Израел продолжува со воздушната и копнената офанзива против милитантната група Хамас. Израелската војска соопшти дека и понатаму ги таргетира милитантите низ целиот Појас Газа и дека ја интензивирала офанзивата во градот Газа, кој го опишува како последното упориште на Хамас. ...
Проевропска Партија за акција и солидарност (ПАС), предводена од претседателката Маја Санду, победи на клучните парламентарни избори во Молдавија, во услови на растечка загриженост за потенцијално руско мешање. Со преброени 99,91% од гласачките ливчиња, ПАС обезбеди 50,16% од гласовите, што ѝ дава јасна предност и ја потврдува јавната поддршка за напорите на Санду кон европска интеграција. Опозицискиот Патриотски изборен блок, предводен од ...