Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди денеска западна Турција, со епицентар во Мраморното Море, на 39 километри оддалеченост од покраината Текирдаг, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот бил почувствуван и во Истанбул, кој е оддалечен околу 100 километри од епицентарот на земјотресот, наведуваат турските медиуми. Според соопштението на EMSC, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри. ...

Грција е подготвена за спроведување на системот за влез и излез ЕЕС и ги исполни сите обврски и на централно и на оперативно ниво, со интегрирани 99 пунктови за пасошка контрола, информираат за МИА од кабинетот на портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис, по добиениот одговор од надлежното Министерство за заштита на граѓаните на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Во однос на тоа колку е Грција подготвена за конкретниот систем што се ...

До крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн. Секој граѓанин ќе има дигитален идентитет, пристап до сите институции преку мобилен телефон. Ќе создадеме генерации со дигитални вештини, ученици кои ќе бидат конкуретни со своите врсници во Европа, ќе градиме систем на сајбербезбедност што ќе гарантира доверба во дигиталното општество, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој се обрати на Дигиталниот самит на Западен ...

Две лица загинаа по напад со автомобил и прободување во синагога во Манчестер. Се верува дека трето лице – за кое се смета дека е осомничениот – е мртво откако било застрелано од полицијата, пренесува Би-би-си. Полицијата вели дека состојбата на осомничениот не може да се потврди поради „сомнителни предмети кај него“, а на местото на настанот има единица за деактивирање бомби „Вратете се назад, има бомба!“ Снимките од местото на настанот ...

Илон Маск стана првата личност чие нето богатство се проценува дека достигна 500 милијарди долари, според американското списание „Форбс“, кое главно се состои од акции во производителот на електрични автомобили „Тесла“ и во авио-вселенската компанија „Спејс-Икс“. „Форбс“ го пресмета богатството на Маск за околу 150 милијарди долари повеќе од ко-основачот на „Оракл“, Лери Елисон. Подоцна списанието малку ја ревидираше проценката надолу на 499,1 ...

Алармантно лоша е состојбата на Клиниката за онкологија: нема терапија, нема реагенси за испитувања, а дел од апаратите за зрачење не работат. Пациенти во животно загрозувачка состојба, се оставени сами на себе, принудени да купуваат лекови од странство и да плаќаат приватно за дијагностички анализи. Додека граѓаните бараат спас, раководството на клиниката признава дека апаратот за гинеколошка брахитерапија не работи поради задоцнет договор за ...

Научниците открија нови видови органски соединенија во мразот што излегува од гејзерите на месечината Енцеладус, еден од најмистериозните светови на Сатурн, зголемувајќи ја веројатноста дека овој океански свет може да има услови погодни за живот. Овие резултати, објавени во списанието Nature Astronomy, се базираат на податоци од летот на вселенското летало Cassini во 2008 година, кое минало низ облаците вода и мраз што излегуваат од пукнатините ...

Министерството за образование на Србија објави дека екипите на Министерството за внатрешни работи извршиле увид во некои од училиштата до кои биле испратени пријави за бомби и дека е утврдено дека сите дојави се лажни. Во соопштението се наведува дека учениците се вратиле на настава. „Поради заштита на учениците и вработените, потребно е училиштата веднаш да ја известат полициската управа и да дејствуваат исклучиво во соработка и координација со ...

ЦИВИЛ –Центар за слобода, во соработка со Вестминистерски сојуз за Украина, Глобална иницијатива за одбрана на демократијата, Нов европски форум на народите и Медија дијалог, ќе биде домаќин на меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“ во Скопје од 8–10 октомври 2025 година. Конференцијата ќе ги истражи дезинформациите, пропагандата и хибридното војување како директни закани за демократските општества, ...

Специјална проекција на дигитално реставрираниот филм „Македонска крвава свадба“, снимен во 1967 година во режија на Трајче Попов, ќе се одржи вечер од 20 часот во Кинотеката на Македонија во рамки на проектот „Сезона на филмски класици“. -Проекцијата на овој класик е посебно значајна, бидејќи на домашната публика ѝ овозможува повторно да го доживее филмот во неговата обновена, дигитално реставрирана верзија, а на младите генерации да се ...

Израелското Министерство за надворешни работи oбјави снимка од пресретнувањето на која се гледа Тунберг како седи на палубата на брод, каде што ѝ дава вода и јакна припадник на израелската војска, пренесува Би-би-си. Групата тврди дека еден брод во флотилата бил „намерно удрен во морето“ и рече дека дополнителни бродови биле погодени од водни топови. Тие го опишаа пресретнувањето како „нелегално“ и „не чин на одбрана“, туку „дрзок чин на очај“. ...

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ денеска ќе биде соопштена и доделена наградата „Драги 2025“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик. Финалисти за наградата се пет преведувачи: Ермис Лафазановски за преводот од романски јазик на „Летото во кое мама имаше зелени очи“ од Татјана Цибуљак, издание на Три, 2024 година; Јасминка Марковска за преводот од норвешки јазик на „Утро и вечер“ од Јун Фосе, издание на Артконект, 2024 година, ...

Македонските средношколци – информатичари на 32-та Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2025), која од 25-ти септември до 1-ви октомври се одржува во Удине, Италија, освоија еден златен, два бронзени медали и една олимписка пофалба, соопшти Здружението на информатичарите на Македонија. Македонскиот тим на овој престижен меѓународен натпревар во програмирање, го сочинуваа учениците Дамјан Давков од Штип, Леонид Цуклев од Гевгелија, Виктор ...

Натамошен раст на електронските плаќања, при што сè поочигледно е дека граѓаните почесто ги избираат мобилните апликации и платежните картички за извршување на плаќањата отколку шалтерите, покажуваат најновите податоци од платежната статистика на Народната банка (НБ) за вториот квартал од 2025 година. -Во споредба со истиот период минатата година, електронските плаќања со платни налози бележат раст за 9 отсто по број и за 20,9 проценти по ...

Под превезот на градинка и училиште е донесен криминален детален урбанистички план во Ѓорче Петров кој вклучува дваесеткатници и хемиски фабрики, истакна во гостување во „Студио 10“ на ТВ24 кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски. – Каде е основното училиште за населбата „Александрија“? Под превезот на градинка и училиште донесоа криминален ДУП. По две мислења од Град Скопје, од два различни градоначалници, едното ...

Денес кога Европа се соочува со напади со дронови, Украина, која има релевантно големо, а можеби и најголемо искуство во справувањето со нив, нема да стои настрана и секако ќе им пружи поддршка на своите вистински пријатели, како што е Данска, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски при пристигнувањето на при пристигнувањето на состанокот на Европската политичка заедница во Копенхаген. Зеленски и се заблагодари на Данска за, ...

Од утре почнува грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ. – Грејната сезона официјално започнува на 15 октомври, но согласно регулативата може да почне и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12˚С. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, за 2 октомври е ...

Судијата Арун Субраманијан го одби барањето на американскиот рапер Шон „Диди“ Комбс да ја поништи пресудата против него, пред изрекувањето казна закажано за в петок, објави „Еј-би-си њуз“ (ABC News). Обвинителите, инаку, сметаат дека „децениите неконтролирано насилство“ на Комбс и психолошката, емоционалната и физичката штета што им ја нанел на своите жртви се доволна основа за строга казна, според документите. Меѓу доказите има снимки од ...

Американската вселенска агенција НАСА денеска испрати околу 15.000 од своите 18.218 цивилни вработени на неплатен одмор и ги суспендираше повеќето од своите активности, откако американската федерална влада беше блокирана поради неуспехот да се донесе буџет во Конгресот. Според планот за континуитет на работењето на НАСА, агенцијата ќе ги затвори сите небитни системи, ќе ги обезбеди објектите и ќе издаде формални наредби за неплатен одмор на ...

На граѓанската трибината „ Се бориме за нашиот дом“, во Македонски Брод, претседателот на СДСМ д-р Венко Филипче, исткана дека слоганот и кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, всушност го покажуваат нивното вистинско лице и намери – целосна партизација на државата. „Јас се чудам и на нивниот слоган „Твој човек“. Но кога ќе размислам, ова е најискрената кампања што ја имале досега. Тоа е кампања дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде „твојот човек“ кој ќе ти заврши работа. ...

Зајакнувањето на Украина, општата безбедносна ситуација во Европа и можностите за посилен и побезбеден европски континент во актуелната геополитичка реалност ќе бидат главни теми на денешниот состанок Европската политичка заедница во Копенхаген, на кој ќе учествува и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова. Овој седми собир на Европската политичка заедница ќе започне со пленарната сесија, по што ќе следат неколку дискусии на панели ...

Загадувањето во Ѓорче не може да се реши со изградба на хемиски фабрики во центарот на Ѓорче, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски во гостување во „Студио 10“ на ТВ24. – „Не може да се реши загадувањето со мега паркови изградени врз депонии без претходно да бидат соодветно исчистени, не може да се реши доколку училиштата се греат со фосилни горива, ниту со ненавремено одржување на зелени површини. ...

Бројот на жртви од уривањето на црква во изградба во регионот Амхара во Етиопија се искачи на најмалку 36, а повредени се повеќе од 200, во споредба со првичниот извештај од 25. Шефот на окружната полиција Ахмед Гебејеху изјави дека бројот на жртви се искачил на 36 и дека може да се зголеми, додека повеќе од 200 лица се повредени и примаат медицинска помош во локалните болници. Според локалниот функционер Атнафу Абате, неколку лица се уште се ...

Швајцарската тениска легенда Роџер Федерер, аргентинскиот победник на УС Опен во 2009 година и освојувач на Дејвис купот Хуан Мартин дел Потро, како и четирикратната грен – слем шампионка, Русинката Светлана Кузнецова, се номинирани за прием во светската тениска Куќа на славните во 2026 година. Роџер Федерер е само еден од осумте тенисери кои освоија титули во поединечна конкуренција на сите четири грен слем турнири во својата кариера. Првата ја ...

Израелската влада им нареди на сите преостанати Палестинци да ја напуштат Газа. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац рече дека ова е нивна „последна шанса“ и дека секој што ќе остане ќе се смета за милитантен поддржувач и ќе се соочи со „целата сила“ на најновата израелска офанзива. Околу 400.000 Палестинци избегаа од Газа откако Израел започна голема офанзива минатиот месец за да ја окупира. Но, стотици илјади сè уште остануваат – ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, во Македонски Брод, нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една политика, ниту проект за развој на економијата, што е доказ за нивната безидејност и незаинтересираност. „Трет ден е од почетокот на кампањата, јас полоша кампања на ВМРО-ДПМНЕ не сум видел. Но јасно е зошто е така. Безидејноста доаѓа од фактот што немаат што да ...

Утрово е најстудено во Крушево, четири степени, а во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Ѓуриште, 19 литри на метар квадратен. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, до 8:30 часот се измерени 6 степени во Берово, Крива Паланка и Тетово, 7 во Куманово, 8 во Скопје – Петровец, Битола, Виница и Штип, 9 во Претор и Демир Капија и 10 степени во Струмица. До 8 часот наврнале и 17 литри дожд на единица површина во Крушево и ...

Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, ги искажа своите впечатоци по синоќешниот пораз (2:1) од ПСЖ во второто коло од Лигата на шампионите. – ПСЖ имаат брзина и класа. Откако го подобрија своето ниво, ја заслужија победата. Имавме многу натпревари во последните недели, па в петок ќе направиме состанок и ќе разговараме за нив. 100 проценти сум уверен дека играме на нивото на ПСЖ, но треба да го правиме тоа во текот на сите 90 минути. Целиот тим ...

Емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, разговараше со Доналд Трамп за мировниот план на претседателот на САД за завршување на војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас во Појасот Газа, соопшти канцеларијата на емирот во Доха. Емирот ја потврди поддршката на Катар за мировните напори и изрази увереност дека земјите што стојат зад планот можат да придонесат за праведно решавање на конфликтот што гарантира безбедност ...

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан денеска изјави дека ситуацијата во светот е таква што „и само една грешка може да прерасне во светска војна“ и додаде дека пристапувањето на Украина во Европската унија не може да се оствари со „правни трикови“ кои ја заобиколуваат Унгарија. – Ситуацијата е таква што и една грешка може да прерасне во светска војна. Не постои рационално пресметлив процент на опасност, туку конфликтна ситуација во која дури и ...

МВР Билтен

58 минути - МИА

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
82%
1028
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.37
82%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
1.2
100%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 9ᴼ
3.09
87%
1029
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1029
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
2.06
82%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
1.79
96%
1029
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Бакар

10.93

Алуминиум

2.90

Родиум

258009.74

Сребро

2128.87

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Калај

42.35

Паладиум

52470.02

Злато

139470.53

Цинк

3.03

Иридиум

145787.60

Платина

61733.50