Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува мирна кампања за Локалните избори 2025 и дека на овие избори има две опции и тоа коалицијата што ја предводи неговата партија и коалицијата на СДСМ, ДУИ и Левица. – Она што го нудиме ние во нашите пораки во кампањата ќе бидат проекти, визија како гледаме да ја развиваме Македонија, рече Мицкоски. Опозициските СДСМ, ДУИ и Левица, рече тој, ќе продолжат да ...
Фестивалот за европска литература „Букстар“ (BookStar) почетокот на своето единаесетто издание ќе го означи денеска во Културно – информативниот центар во Скопје со почеток во 19:30 часот. Ќе трае до 2 октомври. Главните настани ќе се одвиваат во Културно – информативниот центар во Скопје, меѓутоа дел од програмата ќе се одвива и на други локации, информираат организаторите на настанот. Годинашниот фестивалски слоган гласи „За писателцките ...
Претседателот на Сoцијалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска во одоговор на новинарско прашање поврзано со новите откритија на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), за трагедијата во Кочани, изјави дека се потврди она што и СДСМ го зборуваше во јавноста – власта направи се за да си ги заштити своите функционери. „Ние изминатиот период видовме дека оваа власт направи се да заштити свои функционери во истрагата за ...
Пентагон побара забрзано зголемување на производството на ракети и 12 клучни системи во случај на потенцијален конфликт со Кина, објави денеска „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименувани извори. „Загрижени за ниското ниво на залихи на оружје што САД би ги имале на располагање во случај на конфликт со Кина, Пентагон ги повикува добавувачите на ракети да ги удвојат, па дури и четирикратно, стапките на производство“, рече изворот. Операцијата ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49 отсто во однос на одлуката од 22 септември 2025 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) остануваат непроменети. Цената на екстра лесното масло за ...
Советот на Европа денеска му ја додели наградата „Вацлав Хавел“ за човекови права на украинскиот новинар Максим Буткевич, кој беше ослободен минатата година откако беше заробен од руските сили. Наградата, именувана по поранешниот чешки дисидент и поранешен претседател, се доделува од 2013 година од страна на Парламентарното собрание на Советот на Европа, кое обединува 46 земји и служи за следење на демократијата и човековите права на ...
– Состојбата во македонското здравство е катастрофална. Неспопсбноста на власта создаде таков хаос да болниците остануваат без лекари а пациентите сами со својата мака. Недостигот на специјалисти е огромен проблем кој се продлабочува. Клиниката за Kардиохирургија е во толку тешка состојба да поради недостиг од стручен кадар во моментов нема кој да оперира. Нема операции, нема нови интервенции, нема надеж. Тоа го признава и актуелниот министер за ...
„Прво човек, потоа градоначалник“ е слоганот со кој кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, се претставува во кампањата за локалните избори. На прес-конференција денеска тој ја презентираше програмата „Визија за Скопје 2025-2045“ зад која, рече, стои неговиот тим од стручни соработници. Програмата се заснова на седум главни столбови, како што рече „темелите на иднината на нашиот град“ со кои „почнува урбаната ера ...
Советот на ЕУ денеска донесе одлука одново да ги воведе рестриктивните мерки кон Иран поради неговите нуклеарни активности, кои беа укинати во 2015 година по стапувањето во сила на Заедничкиот акциски план, попознат како договор за иранската нуклеарна програма. Одлуката на ЕУ е донесена по решението на Советот за безбедност на ОН да не го продолжи прекинот на санкциите кон Иран, откако Велика Британија, Германија и Франција го активираа ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, предводи напори за унапредување на апликацијата на Украина за членство во ЕУ и покрај противењето на Унгарија, додека лидерите се упатуваат кон клучен самит во Копенхаген оваа недела, објави ПОЛИТИКО. Кошта бара поддршка од главните градови на ЕУ за поедноставување на процесот за нови членки и прекинување на застојот околу потенцијалното членство на Украина и Молдавија, според пет дипломати и ...
Милан синоќа на домашен терен го победи Наполи со 2:1 дома во 5. коло од италијанската Серија А. Алексис Салемакерс го отвори резултатот во 3. Минута, Кристијан Пулишиќ го дуплираше водството на црвено-црните во 31. минута. Во 57. минута, Милан остана со десет играчи кога Первис Еступињан беше исклучен. Три минути подоцна, Кевин Де Брујне од пенал ги постави конечните 2:1. Македонскиот репрезентативец во редовите на Наполи, Елиф Елмас во игра ...
Порториканскиот рапер и добитник на „Греми“, Бенито Антонио Мартинез Окасио, познат под сценското име Бед Бани, ќе го има главниот збор на полувремето на „Супербоул“ следната година, соопшти НФЛ. Со тоа, се стави крај на гласините дека Тејлор Свифт е закажана за шоуто на полувремето на финалето во американско рагби. Бед Бани (31), кој претходно овој месец изјави дека нема да настапува во САД на неговата светска турнеја што почнува во ноември ...
Скопјани на Локалните избори 2025 ќе имаат можност да избираат градоначалник на Град Скопје меѓу 16 кандидати, од кои само една жена. За 45 советнички места на изборниот натпревар има 19 листи со 855 кандидати, од кои 398 жени. Кандидати за градоначалник на Скопје се Орце Ѓеорѓиевски поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Каја Шукова, поддржана од СДСМ и коалицијата, Драган Николовски, поддржан од група избирачи, како и Сашо Маневски, Зоран ...
Дваесет лица, меѓу кои и деца, се повредени во судир меѓу два автобуса во Хамбург денеска, соопшти противпожарната служба, цитирана од ДПА. Четири лица се тешко повредени, а 16 други имаат полесни повреди, се вели во соопштението. Вкупно девет лица се однесени во болница, меѓу кои четири деца со полесни повреди и бремена жена која е во сериозна состојба. Медицинските служби им пружиле помош на другите повредени на местото на настанот. Причината ...
Високите претставници на Европската Унија ја поздравија веста дека владејачката партија на молдавската претседателка Маја Санду го задржа парламентарната мнозинство на изборите одржани вчера. – Иднината на Молдавија е во Европа! – напиша претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола на мрежата Икс. Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта оцени дека изборите се историски момент за земјата. – Народот на Молдавија избра ...
Секој оној, кој на било каков начин и во било каква форма има поврзаност со случајот во Кочaни треба да биде изведен пред лицето на правдата, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски по извршениот увид во градежни активности на улицата „8 Септември“ во Градско. Прашан за коментар за новата сторија на ИРЛ, во која се тврди дека има вмешаност на даночни инспектори во случајот Кочани, а не биле опфатени со обвинението, тој нагласи дека случајот ...
СДСМ и коалицијата го објави распоредот, саатницата и местата за секој ден за време на целата кампања. Централните настани ќе бидат во 18:30 часот и во 20:00 часот. На овие два настани караванот го предводи претседателот на СДСМ и лидер на Коалицијата , д-р Венко Филипче кој ќе има обраќање, заедно со кандидатите за градоначалници од општините, истакнуваат од СДСМ. „Од двата настани ќе има пренос во живо на официјалните канали на СДСМ и на ...
Авиокомпанијата Виз Ер, со првиот лет денеска во 6:25 часот наутро, од Меѓународниот аеродром Скопјe до Штутгарт, отвори уште една нова авиолинија и дестинација од главниот град на Македонија до Германија, соопшти ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата ADP. За детали за достапноста и резервацијата на авионски билети, како и времето на пристигнување и заминување, патниците можат да ја проверат веб-страницата на Виз ер ...
СДСМ ја претстави новата официјална веб-страница www.zanashiotdom.mk, каде што, како што велат од партијата, граѓаните и медиумите можат на едно место да ги најдат сите информации поврзани со изборите. „Граѓаните и медиумите може да ги преземат комплетните програмски документи за сите општини, информациите за кандидатите за градоначалници, носителите на советнички листи, како и за решенијата за секоја општина и визијата што ја претставуваме“, ...
Јубилејното 10. издание на МФФ Киненова синоќа беше свечено отворено во Националната опера и балет. Годинава фестивалот ќе прикаже повеќе од триесетина филмски наслови кои се вистински манифести на филмските автори, автори кои се бескомпромисни, смели, јасни и гласни, впрочем, како нашата Киненова, фестивал кој станува суштински за фестивалското живеење во земјава, а го добива со право меѓународниот предзнак. Според организаторите, селектирани ...
Меѓународниот театарски фестивал „Скупифестивал“ почнува вечер и ќе трае до 4 октомври. Годинава, 19. издание по ред се одржува под мотото „На крајот, секоја маска мора да падне“ во просториите на Албанскиот театар – Скопје. Свеченото отворање ќе почне вечер од 20 часот со изведба од Националниот театар на Косово. Со преставата „Брак“ од авторот Витолд Гомбрович во режија на Норберт Раковски и улоги: Арменд Смајли, Иљбер Барди, Менсур Сафќиу, ...
„Кинотека“ и овој октомври нуди програма што на јасен начин сведочи за нејзината улога како централна институција на филмската меморија и културното сеќавање во земјата. Преку внимателно селектирани проекции, репертоарот гради мост меѓу старите традиции на кинематографијата и современите изрази, покажувајќи ја динамичната врска помеѓу историското и актуелното, помеѓу локалното и глобалното, информираат утрово од „Кинотека“. – Месецот започнува ...
Седмото издание на фестивалот на филм и музика „Ѕирни“ почнува денеска и ќе трае до 6 октомври. – Ќе имате шанса да го проследите добро познатиот коктел од филмови со интернационална и национална селекција, 48-часовниот филмски предизвик, специјална проекција во чест на Илинденка Петрушева, концерт на „Луфтханза“ пред Дом на АРМ, интервјуа, изложби, вкусна храна и внимателно селектирана музичка програма. На наше големо задоволство, покрај кино ...
Во вооружениот инцидент во Гранд Блан, во американската сојузна држава Мичиген, кога напаѓачот со возило влета во Мормонска црква, отвори оган врз верниците и ја запали црквата, загинаа најмалку четири луѓе, а повредени се осум. Напаѓачот, кој е идентификуван како Томас Џејков Санфорд, е елиминиран во престрелка со полицијата. Тој бил воен ветеран, кој од 2004 до 2008 година бил на мисија во Ирак. Санфорд бил жител на блискиот град Бартон. ...
Ние мораме да си ги задржиме врските, да бидеме во постојана комуникација, мораме да си ја повратиме дијаспората, а тоа ќе го сториме преку набрзо формирање на советот за дијаспора, со регистар на луѓето, им порача претседателката Сиљановска – Давкова на македонските иселеници во Детроит при посетата на црквата „Света Богородица“. – Посакувам да бидеме во постојана врска, бидејќи во светот има едно семејство што се вика македонско, а знам дека ...
Градот Портланд и сојузната држава Орегон поднесоа тужба со која се бара блокирање на најавената воена интервенција на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти државниот јавен обвинител Ден Рејфилд. Тужбата е поднесена против Трамп, секретарот за одбрана Пит Хегсет и секретарката за внатрешна безбедност Кристи Ноем. Орегон се повикува на својот суверенитет над спроведувањето на законот и Националната гарда, која во повеќето држави се ...
Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, во објава на социјалните мрежи реагираше по сторијата на ИРЛ за корумпираните инспектори на УЈП поврзани со сопствениците на дискотеката „Пулс“ во Кочани. Таа директно ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и неговото раководство дека се обидуваат да ја сокријат вистината за трагичниот случај. „Дека угостителските објекти на газда Деко биле попатна станица на секој предизборен караван на ДПМНЕ е општо познат факт за ...
Прв ден од дваесетдневната изборна кампања за Локалните избори 2025 закажани за 19 октомври. Партиите и коалициите почнуваат со официјалните изборни активности. Изборната кампања започна на полноќ и ќе трае дваесет дена односно до 17 октомври на полноќ, по што настапува 24-часовен молк пред изборите на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи две недели подоцна на 2 ноември. Како што е предвидено во Изборниот законик (член 69а) за ...
Партиите и независните кандидати денеска на првиот ден од кампањата за Локалните избори 2025 започнуват со официјалните претставувања пред гласачите. Изборната кампања започна денеска и ќе трае до 17 октомври на полноќ по што следува 24-часовен молк пред гласањето на 19 октомври (втор круг 2 ноември). Освен на терен меѓу и со поддржувачите, кампањата е веќе започната и на социјалните мрежи. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата изборната кампања за Локалните ...
МЗТ Скопје Аеродром по осми пат во клупската историја го освои трофејот во кошаркарскиот Супер куп „Драган Василев – Цевка“, откако синоќа во СРЦ „Кале“ во Скопје го совлада Кожув со 71-65. Дуелот меѓу освојувачот на двојната круна од минатата сезона МЗТ Скопје Аеродром и ланскиот финалист во Купот, Кожувм донесе квалитетен и неизвесен натпревар во кој победникот беше одлучен во самата завршница. МЗТ Скопје Аеродром на полувремето имаше поен ...