Вкупно 33 жаби-младенчиња од загрозен вид, од Чиле, се родиле во Лондон, Велика Британија. Ова е дел од потфатот да се спаси овој вид од разорна габична болест којашто се јавила во шумите во Чиле, јавува „Би-би-си“. Дарвиновата жаба била откриена од Чарлс Дарвин во 1834 година. Занимливо е тоа што раѓа на прилично неконвенционален начин… Имено, полноглавците од оваа жаба која живее на јужната Земјина полутопка, се развиваат во гласните ќеси на ...

Жителите на Газа остро реагираа на коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп за можно „преземање“ на Газа и раселување на Палестинците. Џамалат Вади за Би-Би-Си изјави дека не обрнува внимание на изјавите на Трамп, туку дека нејзиниот приоритет е обновата на нејзиниот дом. „Чекам да ја реновирам нашата куќа и да живеам во неа, а ниту Трамп, ниту некој друг не ни е важен“, рече таа. Таа додаде дека Палестинците нема да ја напуштат ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го става персоналот во Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) низ светот на „административно отсуство“, освен оние кои се сметаат за неопходни, јавија американските медиуми. Според известувањето објавено на интернет синоќа, вработените имаат 30 дена да се вратат во САД. Илјадници вработени во УСАИД веќе се отпуштени, а програмите ширум светот се затворени откако претседателот ...

Кошаркарот на Л.А.Лејкерс, Лука Дончиќ, по пристигнувањето во Лос Анџелес одржа прес-конференција на која денеска заедно со генералниот директор на „езерџиите“, Роб Пелинка, одговараше на прашања на новинарите. Словенечкиот репрезентативец зборуваше за „трејдот“ кој го шокираше светот. Тој кажа само неколку зборови за Далас и времето поминато со Мавс, а најмногу за новиот клуб, каде што ќе има можност да ја дели соблекувалната со својот идол од ...

Романската тенисерка Симона Халеп ја коментираше својата одлука да стави крај на кариерата. Триесет и тригодишната тенисерка вчера доживеа убедлив пораз од Италијанката Луција Бронзети (1:6, 1:6) во првото коло на домашниот турнир во Клуж-Напока (Романија). – Допинг скандалот не влијаеше на мојата психа, но ме исфрли од колосек. Сакам да се одморам бидејќи сум емотивно исцрпена. Се збогував со жителите на Клуж-Напока. Тоа е вистинскиот крај ...

Во 2024 година 1.700 Македонци добиле бугарски пасоши, објави бугарското радио БНР, повикувајќи се на податоците од кабинетот на потпретседателката Илијана Јотова. Според извештајот, вкупно 16.500 лица лани добиле бугарско државјанство, што е за 4.000 повеќе од 2023 година. На врвот на листата се државјани на Украина (2.400 лица), по што следат Турција (2.200) и Молдавија (1.800). Северна Македонија е на четвртото место со речиси 1.700 добиени ...

Турскиот шеф на дипломатијата го критикуваше предлогот на претседателот Доналд Трамп САД да го преземат Појасот Газа и да ги преселат Палестинците во други земји. -Ова е неприфатливо прашање, изјави министерот за надворешни работи, Хакан Фидан за Анадолија. Трамп вчера предложи САД да ја преземат Газа, каде што израелската воена акција во изминатите 16 месеци уби десетици илјади, откако претходно предложи Палестинците во енклавата да бидат ...

Не чека голема битка и нашиот одговор заедно со јавноста ќе биде уште по масовен и посилен. Протести ќе има и уште поголеми, ќе ги приклучиме од цела Македонија, ќе се организираме и пред сите институции од сабајле до вечер ќе стоиме, порача вечерва Тодор Кулаков, татко на младата Фросина, која смртно беше прегазена од Васил Јованов во Скопје. Тој упати голема благодарност до целата јавност за поддршката. Последно сознание, кое стигнало до нив, ...

На Клиниката за ортопедија извршена е уште една трансплантација со коска од донор. Интервенцијата е извршена кај 12-годишен пациент, кој е претходно опериран поради деформитет на левото стапало со користење шраф. По повторна појава на деформитетот, се одлучи да се извади ставениот штраф и да се замени со трансплант од донор кој дава подобра и постабилна корекција, информираат денеска од Министерството за здравство. Оттаму додаваат дека пациентот ...

Во близина на метро станицата Клемансо во Брисел беше регоистрирано пукање што предфизвика и хаосна линиите на метрото и трамвајот во главниот град на Белгија. „Фотографиите од надзорните камери покажуваат дека осомничените побегнале кон метро станицата Клемансо“, изјави Сара Фредерик, портпаролка на јужната бриселска полиција. Во престрелката нема жртви, но полицијата соопшти дека осомничените можеби се во тунелите на метрото, но линиите на ...

Неисконтролираното навлегување вселенски отпад во атмосферата на Земјата предизвикува сѐ поголема загриженост за воздушниот сообраќај, бидејќи може да претставува опасност за кој било авион и лет. Иако шансите за судир се мали, сепак, во таков несреќен случај, последиците би можеле да бидат катастрофални. Науката вели: Опасноста од судири на воздушни летала со вселенскиот отпад се зголемува. Неодамна, американската Федерална управа за авијација ...

Колагенот во телото има важна и благотворна улога во одржувањето неактивни клетки на рак, посочуваат нови испитувања. Во таа смисла, особено се издвојува колагенот тип 3, којшто делува како природна заштита против активирањето на клетките на рак и нивното натамошно ширење. Овие научни откритија отвораат сосем нов пoглед во лекувањето и контролата на ракот, на начин што претходно бил занемарен во онкологијата, пишува порталот „Харти соул“ (The ...

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека е прашање на денови кога неговата оставка ќе биде констатирана во Народното собрание и истакна дека тоа е „незапирлив процес“. Според него, работите се јасни правно и политички и не е опција тој повторно да биде мандатар за формирање нова влада. Вучевиќ, коментирајќи ги наводите во некои медиуми за неговата оставка, рече дека е доволно сериозен и одговорен човек и дека на 29 јануари се појавил ...

Делчевската полиција вчера во 13.40 часот на место викано Брежјето во Делчево, го лишила од слобода С.Д.(58) од Делчево поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Како што информира МВР, околу 12.52 часот во ОВР Делчево било пријавено дека на местото настанал пожар на трева, грмушки и ниска шума. Полициски службеници на местото го затекнале С.Д., кој изјавил дека тој го предизвикал пожарот, односно дека сакал само ...

Палестинската милитантна група Хамас денеска го отфрли планот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја „преземе контролата“ врз Појасот Газа, нарекувајќи го „расистички“ со цел да ја елиминира палестинската кауза. „Американскиот расистички став се усогласува со позицијата на израелската екстремна десница во раселувањето на нашиот народ и елиминирањето на нашата кауза“, објави во соопштение портпаролот на Хамас, Абдел Латиф ал Кану. ...

Американскиот Сенат ја потврди Пем Бонди за државен обвинител на гласањето кое заврши со резултат 54 спрема 46, објави Си-Ен-Ен. Бонди, поранешен јавен обвинител на Флорида, беше вториот кандидат на Трамп за оваа позиција, откако Мет Гејтс се повлече поради недостиг на поддршка кај републиканските сенатори. Нејзината номинација беше одобрена минатата недела од страна на Комитетот за правосудство на Сенатот со тесно мнозинство од 12 гласови ...

Движење за спротивставување на првите дејствија на администрацијата на претседателот Доналд Трамп започна онлајн, а денеска се планирани протести низ САД, јавија американските медиуми. Движењето е организирано под хаштаговите #buildtheresistance и #50501, што значи „50 протести, 50 држави, еден ден“. Многу од протестите се планирани во главните градови на државите, а некои во други градови. Движењето има веб-страници и сметки на социјалните ...

Американската компанија „Гугл“ веќе не ја исклучува можноста за користење вештачка интелигенција (ВИ) за развој на оружје и системи за надзор, објави нејзината матична компанија „Алфабет“. Потпретседателот на „Гугл“, Џејмс Мањика и извршниот директор на „Дипмајнд“ (DeepMind), Демис Хасабис ја објаснуваат одлуката, со тоа дека е важно приватните компании да соработуваат со демократските влади за да се осигураат дека ВИ-технологијата помага во ...

По средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон, министрите на израелската влада денеска изразија задоволство од пораките на Трамп во врска со Појасот Газа. „Ова се случува кога двајца храбри лидери ќе се сретнат“, рече министерот за транспорт Мири Регев. Како што пренесува Тајмс оф Израел, министерот за енергетика Ели Коен посочи дека ова е „историско утро за државата Израел, ...

„Ако го сторат тоа, ќе бидат уништени. Тоа ќе биде крајот“, рече Трамп во Овалната соба додека ја потпишуваше наредбата за повторно да се изврши максимален притисок врз Техеран. Трамп упати предупредување до Иран како одговор на прашањето за можноста таа земја да се обиде да го убие. Трамп рече дека не сака да ја потпише таа антииранска наредба, но дека е неопходно да се спречи Техеран да развие нуклеарно оружје. „Оставив инструкции. Ако го ...

Доналд Трамп ќе присуствува на Супербол в недела, со што ќе стане првиот актуелен американски претседател кој присуствувал на финале на плејофот на НФЛ како гледач, потврди Белата куќа. Американскиот лидер в недела ќе присуствува на финалето на плејофот на професионалната американска фудбалска лига во Њу Орлеанс меѓу Канзас Сити Чифс и Филаделфија Иглс, изјави претставник на Белата куќа, потврдувајќи ги информациите од американските медиуми. ...

Британското здружение на кинематографери (BSC) ја додели својата награда за посебно достигнување (Special Achievement Award) на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Директорот на фестивалот Симеон Мони Дамевски ја прими наградата на церемонијата на доделување на годишните награди на Британското здружение на кинематографери, која традиционално се одржува на почетокот на февруари во Лондон. Оваа награда претставува ...

Во Центарот за култура во Битола вечерва ќе биде отворена изложбата на фотографии „Идни спомени“ чиј автор е Дамијана Ристевска, ученичка во четврта година во гимназијата „Јосип Броз Тито“. Фотографиите на Ристевска се со уметнички израз и ги претставуваат ликовите низ социјалната средина во гимназијата. Преку нејзините фотографии може да се почувствува атмосферата и енергијата која владее низ гимназијата, низ училниците и училишниот двор, во ...

Централната разузнавачка агенција им понудила отпремнина на сите вработени наведувајќи ја целта да ја усогласи работата на агенцијата со приоритетите на американскиот претседател Доналд Трамп, јавија американски медиуми повикувајќи се на извори. Портпаролот на ЦИА во соопштение наведе дека потезите биле наменети да ја усогласат агенцијата со целите на новиот директор Џон Ретклиф. „Директорот Ретклиф брзо се движи за да се осигури дека работната ...

Најмалку 11 лица се убиени во пукање во центар за образование на возрасни во градот Оребро, Шведска, соопшти утрово полицијата. Осомничениот сторител е еден од загинатите, а се уште не се знае точно колку лица се повредени во вчерашниот напад. „Сe уште немаме целосна слика за бројот на повредени“, рече портпаролот на полицијата, додавајќи дека не може да се исклучи бројот на жртвите да продолжи да расте, бидејќи информациите за состојбата на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ги поддржи напорите за трајно преселување на Палестинците од Појасот Газа во места каде што ќе можат да живеат без страв од насилство. Поздравувајќи го израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа, првиот странски лидер кој го посети Трамп откако тој ја презеде функцијата минатиот месец, американскиот претседател рече дека тој и неговиот тим разговарале за можноста за преселување на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би било добра идеја да се испратат криминалци Американци во затвори во друга земја, додавајќи дека има земји што ќе прифатат криминалци од САД. Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера ја опишал како „многу великодушна“ понудата на салвадорскиот претседател Најиб Букеле за прифаќање опасни криминалци од САД во затворите во неговата земја, наведувајќи дека администрацијата на Трамп ќе ...

Саудиска Арабија соопшти дека нема да воспостави односи со Израел без создавање на палестинска држава, со што го демантира тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека Ријад не бара Палестинците да имаа своја држава. Во синоќешното соопштение од саудиското Министерство за надворешни работи се наведува и дека Ријад ги отфрла сите обиди за раселување на Палестинците, бидејќи за тоа прашање не се преговара. Соопштението е реакција на ...

Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, а преку ден сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени Целзиусови. Во Скопје, утрото ќе биде ведро и студено, а преку ден сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...

Неколку луѓе се убиени, а 15 се повредени во пукање во училиште во шведскиот град Еребро, јави Шведската телевизија (СВТ). Претходно, шведските медиуми објавија дека напаѓачот се самоубил, но полицијата сè уште проверува дали напаѓачот е помеѓу жртвите. Центарот за образование за возрасни каде што се случи нападот се наоѓа на периферијата на градот Еребро, на околу 200 километри западно од Стокхолм. Наставничка во образовен центар изјави дека ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
59%
1012
weather icon

Белград

18ᴼ / 15ᴼ
0.51
67%
1011
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1011
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1013
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.0
69%
1012
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
0.51
83%
1013
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
1.79
75%
1011
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
77%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
82%
1012
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
65%
1011
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
0.51
72%
1011
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
55%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52