Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Експлозии потресоа руски објект за муниција во окупираната Луганска област, како и петрохемиски погон и нафтени претпријатија низ цела Русија, објавија медиумите во текот на ноќта на 4 ноември, пренесува Кијив Индипендент. Руското Министерство за одбрана објави дека соборило 85 дронови во текот на ноќта низ Воронеж, Нижни Новгород, Белгород, Курск, Липецк, Волгоград и Свердловска област, како и во Република Башкортостан. Експлозиите се ...
Ние Европејците треба да направиме многу повеќе за да ја преземеме контролата врз нашиот континент, да ги браниме нашите демократски вредности и да ја заштитиме нашата сопствена безбедност, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос при презентацијата на пакетот извештаи за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ пред Комитетот за надворешни работи на Европарламентот. – Ова може да се направи успешно само со заедничка работа со ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, од Брисел соопшти дека имал пријателска и продуктивна средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Како што наведе, разговорот бил во духот на заемно пријателство и поддршка за приближувањето на Македонија кон Европската Унија. „Господинот Кошта е голем пријател на Македонија и во таков дух помина денешната средба. Повторно разговаравме за актуелните теми, ...
Директорите на Центарот за управување со кризи и на Јавното претпријатие Национална радиодифузија – Скопје, Мухамед Али и Јусуф Сопа, денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува партнерство помеѓу двете институции со цел унапредување на системот за превенција и рано предупредување од цивилни ризици и опасности, како и поефикасно справување и отстранување на последиците од цивилни несреќи и катастрофи. Оваа соработка, како ...
Новоизбраниот градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити денеска официјално го презеде својот мандат. Во обраќањето по повод преземањето на функцијата, градоначалникот Меџити истакна дека ова враќање за него претставува чувство на чест и длабока одговорност кон граѓаните на Чаир кои му укажаа доверба со неспорна изборна победа на последните локални избори. -Од денеска се враќам во моето место, меѓу моите луѓе, со чест, со скромност и со ...
Холивуд зад завесата: Џоди Фостер и Ентони Хопкинс во Кога јагнињата ќе стивнат Кога филмската екипа на The Silence of the Lambs се собра во 1990 година, никој не можеше да претпостави дека снимаат ремек-дело кое ќе ја смени историјата на трилер-жанрот. Но зад камерите, меѓу светлата и сенките, се криеше вистинска психолошка драма — онаа што ја видовме или можеби не ја видовме на екраните. Тишината што ја плашеше и Џоди Фостер Ја гледавме ...
Традиционалната добротворна модна аукција на дизајнерски облеки и накит ќе се реализира вечер со почеток од 19 часот во Скопје, информираат утрово од здружението „Конект“. – И годинава, најпознати дизајнерки и дизајнери, како и нови надежи донираа прекрасни модни дела и парчиња накит што ќе се наддаваат на аукцијата, а истите можете да ги погледнете во каталогот, специјално подготвен за добротворната модна аукција. Донираните средства ќе ...
Централна команда на САД преку својот официјален Фејсбук профил споделено со јавноста видео на кое американски дрон забележа камион со помош ограбен од Хамас во Газа На 31 октомври, Цивилно-воениот координативен центар (CMCC), предводен од САД, забележа осомничени оперативци на Хамас како ограбуваат камион со помош кој патувал како дел од хуманитарен конвој што доставувал потребна помош од меѓународни партнери до жителите на Газа во северниот ...
Северна Македонија продолжи со целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што сведочи за нејзиниот стратешки избор, се наведува во конечните заклучоци за земјава во Пакетот-извештаи за проширувањето изработени од Европската комисија. – Властите продолжија да работат на патоказите за владеење на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, како и на акцискиот план ...
Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, не е загрижен за напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, по неговата лута реакција на заменувањето во поразот од Барселона со 2:1 во шпанското првенство. Дваесет и петгодишниот фудбалер доби повик во репрезентацијата за пријателските натпревари против Сенегал (15 ноември) и Тунис (18 ноември). -Имам добар однос со Винисиус, како и со другите играчи. Разговарав со него, му кажав сè ...
Наследник на Изет Меџити, кој доби градоначалнички мандат на Општина Чаир, ќе биде Беким Сали, потврди денеска на прес-конференција портпаролот на ВРЕДИ Дритон Сулејмани. -Ние веќе функционираме како ВРЕДИ и досегашните министри кои беа министри на ВРЕДИ а не на одделни политички партии, така и ќе продолжиме. Како што има најавено Меџити негов наследник на позицијата прв вицепремиер ќе биде Беким Сали, додека за министер за животна средина и ...
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) продолжува да посредува меѓу Русија и Украина околу нуклеарните централи во Украина, изјави денеска генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси. Тој нагласи дека има зголемен интерес за нуклеарна енергија во светот, но дека инвестициите и новите проекти мора да бидат во согласност со правилата и мерките за неширење на нуклеарно оружје. Минатата недела, Гроси изјави дека рускиот напад со ракети ...
Во понеделник, 3 ноември, руските сили извршија напад со беспилотно летало врз двајца невооружени цивили кои оделе по патот носејќи бело знаме во селото Круљакивка, регионот Харкив. Според Укринформ, 77-та Одделна Наднепријанска бригада за воздушен напад на 7-миот корпус за брз одговор на воздушните напаѓачки сили на Украина објави на Фејсбук видео докази за злосторството на руската армија. Како резултат на целниот напад, Русите убија две ...
Европската комисија бара уставни измени и вистинска политичка волја, предупредувајќи на застој во реформите, корупција и политизација на институциите. Европската комисија денеска ќе го претстави редовниот годишен пакет на извештаи за напредокот на земјите кандидати за членство во Европската унија за 2025 година. Во делот за Северна Македонија, Брисел констатира дека земјата сè уште не ги усвоила потребните уставни измени за вклучување на ...
Поранешниот потпретседател на САД Дик Чејни почина на 84 години,соопшти неговото семејство, пренесе Би-Би-Си. Чејни долги години беше дел од републиканската администрација и потпретседател на поранешниот претседател Џорџ В. Буш во периодот помеѓу 2001 и 2009 година. Тој беше централна фигура во инвазијата на Ирак во 2003 година од страна на САД и сојузничките сили. Чејни, исто така, беше министер за одбрана под Џорџ Буш постариот, помеѓу ...
Со концерт на минјо музика, вечер, во Музејот на македонската борба за независност, Амбасадата на Јапонија го почнува одбележувањето на „Денот на културата“ во земјава. По овој повод е предвидена и Недела на јапонски филмови и анимации во Скопје и Битола. -Секој 3 ноември на „Денот на културата“ (Бунка но Хи) во Јапонија се прославува слободата и мирот промовирајќи ја културата, уметноста и науката. Голем број настани се одржуваат во Јапонија ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска соопшти дека Предлог- буџетот за 2026 година ќе се најде на пленарна седница на 9 декември, а овластените предлагачи ќе можат да достават амандани до 10 ноември. Гаши на денешниот неделен брифинг со новинарите информира дека на 11 или 18 ноември се очекува да биде свикана седница за поставување пратенички прашања од опозицијата до претставниците на Владата. Околу измените на Изборниот законик, ...
На синоќешната свеченост на доделувањето на третоноемвриските награда по повод празникот 3 Ноември – Денот на осободувањето на Прилеп, актерката Даниела Иваноска од Народниот театар „Војдан Чернодрински“ кој е еден од добитниците на наградата, одржа силен и емотивен говор што ги потресе присутните во салата на НУ Центар за култура „Марко Цепенков“. Ивановска ја искористи приликата за да проговори отворено за состојбата на институцијата и за, ...
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Брисел ќе учествува на Самит за проширувањето на Европската Унија во организација на телевизијата Еуроњуз, кој е замислен како собир на кој високи претставници на ЕУ и на земјите кандидати за членство ќе разговараат за иднината на европската интеграција. Станува збор за прв настан од ваков тип на кој креаторите на политики, експертите и лидерите во телевизиски пренос во живо ќе дебатираат за клучниот ...
Австралискиот министер за енергетика Крис Бовен најави дека следната година ќе биде активирана програмата за заштеда на енергија, со која на домаќинствата, дури и тие без соларни панели, ќе имаат најмалку три часа бесплатна соларна енергија. Програмата „Солар шерер“ (Solar Sharer) првично ќе биде воведена во сојузните држави Нов Јужен Велс и Квинсленд. Програмата ќе им биде достапна и на станарите во згради кои немаат сопствени соларни ...
Европската комисија денеска ќе го презентира пакетот на извештаи за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во ЕУ за 2025 година. Според најавите, еврокомесарката за проширување Марта Кос попладнево ќе го претстави пакетот за проширување пред членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, по што ќе следи дебата која се очекува да биде фокусирана на постигнувањата на земјите кандидати и потенцијални ...
Месечината во Бик – ден за мир, сетила и внатрешна сигурност Денес Месечината патува низ знакот Бик, носејќи потреба од допир, топлина и стабилност. Земјината енергија нè приземјува, нè потсетува дека вредноста не е во брзината, туку во трајноста. Денот е идеален за мир, уредување на домот, грижа за телото и финансиска прегледност. Сѐ што има реална вредност ќе добие нова тежина – љубов, храна, време и вистински луѓе. Ден за спокој и ...
Новиот состав на холандскиот парламент (Твиде Камер) сега се состои од 43 отсто жени – највисок процент откако во 1918 година е избрана првата пратеничка, објави НЛ Тајмс. Според податоците на фондацијата „Stem op een Vrouw“ („Гласај за жена“), во парламентот со 150 места се избрани 65 жени. Фондацијата наведува дека околу шест проценти од гласачите стратешки гласале за жени, со што директно влијаеле врз составот на парламентот, во рамките на ...
лександра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов се кандидатите за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои беа избрани за градоначалници на локалните избори, заклучи Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница. Како што образложи претседателот на ДИК, Борис Кондарко, Николовска, Стојановски и Андонов редоследно, според листата на коалицијата „Твоја Македонија“, треба да ги заменат ...
Поради прекинот на работата на американската влада, над 3,2 милиони патници во САД беа погодени од доцнења и откажувања на летови, што произлегува од проблеми со персоналот за контрола на воздушниот сообраќај по затворањето на владата на 1 октомври, информира здружението на авиопревозници. Организацијата „Авиокомпании за Америка, која ги вклучува „Американ ерлајнс“ , „Јунајтед ерлајнс“, „Саутвест ерлајнс“, „Делта ер лајнс“ , „Џетблу ервејс“ и ...
Црна комедија што го истражува парадоксот на современиот човек сместена меѓу стенд-ап и исповед, оваа монодрама ги отвора прашањата за токсичната машкост, социјалната надмоќ и невидливите механизми на агресијата што ја обликуваат нашата секојдневност. Бојан Кирковски актерски отсликува серија на живописни и контрастни ликови – од скитници до милионери – претставата создава колаж од гласови кои, секој на свој начин, се обидуваат да ја задржат ...
Универзитетот на Пенсилванија соопшти дека се обратил до Федералното истражно биро (ФБИ), откако до негови поранешни студенти и донатори биле испратени навредливи пораки преку електронска пошта. Во изјавата на универзитетот се вели дека пробивот во базата на податоци ги погодил „избраните информациски системи“. „Соработуваме со органите за спроведување на законот и други технички ресурси од трети страни за да го решиме проблемот што е можно ...
Во несекојдневна сцена снимена со дрон над водите на Заливот на Калифорнија, група орки нападнала и убила голема бела ајкула — борба меѓу два врвни предатори во океанот која го остави светот без зборови. Снимките, објавени во списанието Frontiers in Marine Science, покажуваат како орките тимски ја опколуваат ајкулата, ја вртуваат на грб и ја парализираат пред да ѝ го извадат црниот дроб — орган богат со масти и енергија. „Ловечки машини“ со ...
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори што се одржа вчера. Како што истакна претседателот на ДИК Борис Кондарко, се гласаше во 32 општини и во градот Скопје, а вкупниот бројот избирачи изнесуваше 1 013 357. Бројот на избирачки места на кои се спроведе гласањето беше 1 777, вкупниот број избирачи кои гласале е 424 923 или 41,93 отсто. Бројот на ...
На локалните избори 2025, четири жени успеаја да ја добијат довербата на граѓаните и да бидат избрани за градоначалнички во своите општини – една во првиот круг и три во вториот. Во првиот круг, единствената избрана градоначалничка беше Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ, која ќе ја води општина Кисела Вода. Во вториот круг, втор мандат освои Соња Стаменкова во Општина Македонска Каменица, поддржана од Коалицијата „Локални избори 2025 – ...