Турската Влада изработи пакет закони за поттикнување на наталитетот, откако, според Државниот завод за статистика, стапката на наталитет во последните осум години падна од 2,10 на 1,48. Предлог-законот предвидува продолжување на породилното отсуство за жени во јавниот сектор од сегашните 16 на 24 недели. Пренаталниот дел останува 8 недели, а постнаталниот би се зголемил на 16. За повеќеплодни бремености се задржува правото на дополнителни две ...

Вториот светски рекет Јаник Синер претпладнево го победи Американецот Лернер Тинг во финалето во Пекинг со 6:2 и 6:2. Мечот траеше 1 час и 14 минути. Синер сервираше 10 аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од шест брејк топки. Тинг не сервираше ниту еден ас, направи шест двојни грешки и не реализираше ниту една од две брејк топки. Дваесет и четиригодишниот Италијанец ја освои својата 21-ва АТП титула во кариерата и трета во ...

Познато е дека загадувањето на воздухот е лошо за здравјето, особено за белите дробови. Така, ново истражување посочува дека јадењето повеќе овошје може да помогне во ублажување на некои од тие штетни влијанија, според испитувањата – барем кај жените. Наодите се претставени на Конгресот на Европското респираторно друштво во Амстердам, Холандија, од Пимпика Кеусри, докторантка на Центарот за здравје на животната средина и одржливост на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти објави дека фармацевтската компанија „Фајзер“ ќе ги намали цените на сите лекови на рецепт за Американците со ниски примања кои се дел од програмата „Медикејд“. Како дел од договорот, компанијата ќе продава нови лекови по најповолни цени какви што важат во другите развиени земји, во замена за изземање од новите увозни давачки. Трамп најави дека очекува и другите производители на лекови да го ...

Католичката црква во Македонија изразува жалење за недостојниот и навредлив чин со кој на муралот на света Мајка Тереза, поставен на „Школка“ во Градскиот парк во Скопје, е додадена марама на нејзиниот лик. Со оваа постапка се повредуваат верските чувства на верниците и почитувачите на делото на светицата, се наведува во соопштението од канцеларијата на Скопската бискупија и Струмичко-скопската епархија. „Потсетуваме дека Света Мајка Тереза е ...

Стотици илјади граѓани и семејства во Македонија по царскиот указ на Мицкоски се најголеми патриоти кои ја спасуваат Македонија од исчезнување. Браво премиере, конечно ти текна Пишува: ЕРОЛ РИЗАОВ Голема радост ме облеа кога лично премиерот Христијан Мицкоски ме прогласи за голем патриот. Ете тоа ти е права политика и предизборна кампања. До вчера си странски платеник и предавник, а од денес си патриот и тоа голем. И што е многу значајно не само ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација постигнала договор со Харвардскиот универзитет по неколкумесечни преговори, според кој универзитетот ќе плати 500 милиони долари. -Линда ги финализира последните детали, рече Трамп во Овалната соба, мислејќи на министерката за образование Линда Мекмеон. Тој изјави дека Харвард ќе управува со трговски училишта и ќе обучува луѓе за примена на вештачка интелигенција и други ...

Германија одобри извоз на оружје за Израел во вредност од најмалку 2,46 милиони евра откако спроведе делумно запирање на извозот, се наведува во одговорот на Сојузното министерство за економски прашања на парламентарната истрага на Левичарската партија. Исто така се истакнува дека пратките вклучуваат „друга воена стока“ а не оружје. Германскиот канцелар Фридрих Мерц на 8 август нареди привремено да се суспендира извозот на воена опрема што може ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на вчерашната граѓанска трибина во Штип во своето обраќање ја истакна исклучителната посветеност на кандидатот за градоначалник, Павел Иванов, како пример за чесност, храброст и верба во социјалдемократските вредности. „Пред повеќе од една година, по тешкиот пораз на изборите, требаше да се обноват општинските организации. Првата организација што ја средувавме беше штипската. Му се обратив на Павел, го ...

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, го коментираше поразот од 1:0 од Галатасарај во 2. коло од Лигата на шампионите. – Ризикувавме со топката и се обидовме да најдеме слободен играч во средниот ред. Тоа е ризично. Многу пати се пробивавме до последната линија и можеби треба да играме подобро таму. Во тие моменти, донесовме погрешни одлуки, тие се вратија да нè прогонуваат и станаа опасни. Уверен сум дека ќе се вратиме на вистинскиот пат, ...

Кумановската авторка Лара Денковиќ вечерва во 19 часот во Занаетчискиот дом ќе ја промовира својата најнова книга „Звукот на тишината“. Настанот е отворен за јавноста, а љубителите на литературата ќе имаат можност одблизу да се запознаат со авторката и да слушнат повеќе за процесот на создавање на ова дело кое комбинира интимност, искреност и напнатост до последната страница. – По успешниот љубовен роман „Не ти, другиот“, пред читателите ...

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди директна дискриминација врз основ на лично својство во областа на работата и работните односи од страна на Александар Котевски (поранешен в.д. директор на НУ Филхармонија) врз Дијана Имери Илкоска. Случајот со диригентката Дијана Имери Илкоска ја разбрани македонската јавност на почетокот на оваа година откако го изгуби своето работно место во НУ Филхармонија на РСМ. Имено, нејзиниот ...

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје вечер со почеток во 19 часот ќе се одржи свечено доделување на наградата „Анте Поповски – Антево перо“ за 2025 година. Како што информираат организаторите на манифестацијата, на почетокот на вечерта присутните ќе имаат можност да проследат кус аудио снимка изворно со гласот на Анте Поповски. Низ динамично осмислената програма ќе ги води Александра Јуруковска, која најпрво ќе презентира ...

Музичката икона Мадона откри дека еден од најболните моменти во нејзиниот живот беше време кога поминувала низ правна битка за старателство со својот син, Роко. Во своето прво појавување на подкастот на Џеј Шети, “On Purpose”, пејачката се отвори за чувствата на безнадежност и болка кои ги имала во тоа време. “Имаше моменти во мојот живот кога сакав да си ги отсечам рацете… всушност размислував за самоубиство,” започна Мадона. “Се сеќавам на ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Вевчани порача дека на овие локални избори, Социјалдемократскиот сојуз го очекува уште еден изборен дебакл. Посочи дека лицемерие е кога Венко Филипче вели дека нема да води негативна кампања, а веќе во наредната реченица ја злоупотребува големата човечка трагедија која се случи во Кочани, а истиот тој спрема и ново предавство и поклон за нашиот источен сосед, Бугарија преку ...

Нашата програма на локалните избори се состои од четири столба и повеќе капитални проекти што ќе го подобрат квалитетот на животот на прилепчани, порача кандидатката за градоначалник на Прилеп од СДСМ и коалицијата, Петра Лукароска. Таа во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ја претстави изборната програма. -Првиот столб во нашата програма е функционален и безбеден јавен пристап во кој обрнуваме внимание на хигиената во градот, на ...

Во НУ Национална галерија Мала станица денеска свечено ќе биде отворена изложбата „Beyond yesterday“, авторско дело на реномираниот антрополог и професор на Универзитетот во Букурешт, Романија, д-р Каталин Д. Константин. Организатори на овој настан се Амбасадата на Романија и Државниот архив на Република Северна Македонија во рамките на прославувањето 30 години дипломатски односи меѓу Република Северна Македонија и Романија. Изложбата ќе биде ...

Македонската филхармонија в четврток во 20 часот ја почнува новата концертна сезона со концертот насловен „Класика РеСтарт“ на кој како солист ќе настапи врвниот колумбиски виолончелист Сантјаго Канон Валенсија, а диригент е маестро Јерухам Шаровски. На програмата се дела од Бете Илин, Едвард Елгар и Антонин Дворжак. Директорот на Македонската филхармонија, Мустафа Имери денеска на прес-конференција рече дека новата концертна сезона 2025-2026 е ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на ВРЕДИ, Изет Меџити на денешната прес-конференција го најави капиталниот проект „Чаир без отпад на улиците“, со кој се очекува целосна замена на стандардните контејнери со подземни контејнери. Меџити информира дека за овој капитален зафат обезбедиле буџет од 120 милиони денари со рок на имплементација од 36 месеци. -Денеска сме собрани за да прогласиме крај на една ера на импровизации, да ...

„Ние го разгоруваме нашиот борбен, антидпмневски, антидеструктивен, антифашистички жар и со стиснати тупаници, ја продолжуваме борбата. Драги соборци, борбата против неправдата, против апашлукот и против расизмот е наша обврска,“ порача потпретседателката на СДСМ Кристина Костова, на митингот на СДСМ во Штип. Таа нагласи дека СДСМ секогаш била и останува партија што не се повлекува пред предизвиците. „Имам впечаток дека во нашиот ...

Најмалку 60 луѓе загинаа, а 140 се повредени во силниот земјотрес што го погоди централниот дел на Филипини. Земјотресот бил со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала, додека епицентарот бил во морето, во близина на градот Бого во покраината Себу, околу 512 километри јужно од Манила. По силниот земјотрес регистрирани се секундарни потреси, од кој најсилниот бил со интензитет од шест степени. Но, не е издадено предупредување за појава ...

Папата Лав Четиринаесетти упати остри критики против политиката на американската влада кон имигрантите. – Некој што вели дека е против абортус, а поддржува нечовечно постапување со имигрантите во САД – не знам дали таа позиција може да се смета за поддршка на животот, изјави папата пред новинарите. Светиот отец одговори на прашање на американски новинар во врска со политиките на Вашингтон. Белата куќа порача дека Трамп бил реизбран за ...

Новите екипи во кошаркарската Евролига Дубаи и Хапоел Тел Авив стартуваа со победи. Дебитантите кои ја имаа улогата на домаќини остварија победи против Партизан односно Барселона. Дубаи на домашен терен ја совлада екипата на Партизан со 89:76. Кошаркарите на Дубаи имаа водство во речиси целиот тек на натпреварот. Хапоел Тел Авив поради ситуацијата во Газа натпреварите како домаќин ги игра во Софија, но тоа не беше пречка да го совладаат ...

Галатасарај синоќа во Истанбул го победи Ливерпул со 1:0 во второто коло од Лигата на шампионите. Виктор Осимен го постигна единствениот гол на натпреварот, реализирајќи пенал во 16. минута. Галатасарај го доби својот прв натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона и е на 18-то место со три бода. Ливерпул, со ист број бодови, е на 16. место. Во третото коло од Лигата на шампионите, Галатасарај ќе биде домаќин на Боде-Глимт на 22 октомври, ...

Пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ денеска гласаа за штрајк, што се очекува да предизвика големи нарушувања за патниците. Според официјалните податоци, во анкетата учестувале 90 проценти од пилотите на „Луфтханза“ и 95 проценти од пилотите на товарниот превоз на оваа авиокомпанија, а меѓу нив 88 проценти од пилотите во комерцијалниот дел и и 96 проценти од карго превозот гласале за отпочнување штрајк. Конкретен датум за почеток на ...

Владата на САД првпат по седум години е блокирана откако демократите и републиканците не се договорија за здравствената заштита. „За“ предлогот на демократите за финансирање на Владата гласаа 47 сенатори, а 53 беа „против“. Додека „за“ републиканскиот предлог доби 55 гласови, пет помалку од потребните 60 за да се избегне блокада на Владата. Најдолгата блокада од пет недели во историјата на САД се случи кон крајот на 2018 и почеток на 2019 ...

„Година и пол ВМРО-ДПМНЕ нема со што да се пофали, нема нови мерки, нема развојни политики и затоа ја почнаа старата проверена приказна со напади кон ДУИ. Јас ова го нарекувам стратегијата на политичките кукавици“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва во Пробиштип. „Национализмот и нападите со ДУИ им останаа како единствено оружје да ги оттргнат луѓето од реалните проблеми. Да заборават дека немаат доволно пари, дека цените растат, ...

Кандидатот за Градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција најави дека по преземањето на власта во Градот Скопје ќе почне со пробивање на улицата „Есенинова“ до „Шампионче“, која се очекува да ги поврзе ул.„Антон Панов“ и бул. „Борис Трајковски“. -Денеска сме овде во срцето на Кисела Вода кај улицата „Есенинова“ не само да збoруваме за инфраструктура, туку да зборуваме и за иднината за град кој дише ...

Кандидатот на ЗНАМ за градоначалник на Центар Мирослав Лабудовиќ изјави дека ќе правел „сјајна патека“ на Водно. Но, наместо оваа идеја да биде прифатена со ентузијазам, дел од граѓаните веднаш реагираа дека тоа е директен напад врз планината која е едно од последните зелени белодробни богатства на Скопје. Реакциите се дека се отвора пат за кафеани, урбанизација и понатамошно уништување на Водно. Ваквите дилеми не се без основа. Само што стивна ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, преку својата социјална мрежа Truth Social, се закани дека ќе ги запре парите за Њујорк ако Зохран Мамдани, кого го нарекува самопрогласент комунист, победи на изборите за градоначалник. Самопрогласениот комунист на Њујорк, Зохран Мамдани, кој се кандидира за градоначалник, ќе се покаже како едно од најдобрите нешта што некогаш ѝ се случиле на нашата голема Републиканска партија. Тој ќе има проблеми со ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
0.51
100%
1030
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
89%
1027
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1026
weather icon

Софија

-4ᴼ / -4ᴼ
2.06
93%
1030
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.59
91%
1028
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 5ᴼ
1.06
96%
1026
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
0.89
91%
1028
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
87%
1027
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
100%
1029
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.34
95%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
0.0
100%
1028
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Паладиум

53788.20

Платина

62683.26

Алуминиум

2.92

Сребро

2105.58

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Бакар

10.93

Цинк

3.04

Злато

139298.91

Иридиум

145787.60

Калај

43.15

Родиум

258813.51