Македонија има проблем со Брисел, а не со Софија, изјави Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, јасно порачувајќи ѝ на македонската влада дека само имплементирањето на „Францускиот предлог“ – усвојувањето на уставните измени, се решението за продолжување на европскиот пат. „Францускиот предлог ќе биде строго следен. Нема билатерален проблем меѓу Софија и Скопје, туку меѓу Брисел и Северна Македонија“, рече Георгиев. Димитар ...

„Ценовните шокови и ова што сега се случува е тотална негрижа за граѓаните, да го искористам омилениот израз на владините преставници, ова е историски најбрзо носење до просјачки стап, порача претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во емисијата „Дебата“, на ТВ Клан Македонија. Филипче во интервјуто потенцираше дека според анализите секој втор граѓанин има помалку пари од минатата година овој период. „Ценовните ...

По падот на Авганистан во рацете на талибанците во 2021 година, стотици илјади бегалци избегаа преку границата во соседен Пакистан, барајќи безбедност подалеку од радикалната исламистичка група. Авганистанските државјани кои работеле со силите на Соединетите Американски Држави или НАТО особено се плашеа од одмазда од талибанците. Поради ветено преселување во САД, многумина отпатуваа во Пакистан за да чекаат американски визи., објави Си-ен-ен, ...

Човек кој добил налог да плати 200 евра затоа што зборувал на телефон со вклучен звучник на железничка станица во Франција, ја почна правната битка против казната. Во јавноста познат само како „Давид“, за француската телевизија „БФМ ТВ“ (BFM TV) изјави дека пред неколку дена разговарал на телефон со сестра сѝ на станицата во Нант, кога му пришол вработен во Француската национална железничка компанија – СНЦФ. Му било кажано дека ќе биде казнет со ...

Лидерот на владејачката партија на Гренланд, Ерик Јенсен, изјави дека ако неговата партија Сиумут повторно добие мандат на изборите, тој ќе го забрза процесот на независност на Гренланд. Тој рече дека во тој случај ќе иницира одредени правни чекори за преговори за условите за идните односи на Гренланд со Данска и одржување референдум за независност во следниот парламентарен мандат, пишува Гардијан. Џенсен изјави дека изјавите на американскиот ...

Пратеник од Западна Австралија го смени своето име во Оси Трамп во знак на протест против австралиската централно-левичарска Лабуристичка партија. Оси Трамп, порано нарекуван Бен Докинс, е независен пратеник во Горниот дом на Парламентот на оваа австралиска сојузна држава, каде што лабуристите имаат мнозинство. „Оси“ (Aussie), всушност, е австралиски сленговски назив за „Австралиец“. Докинс, сега, званично се вика Остин Летс Трамп. Тој на својот ...

Новата влада на Бангладеш се бори да се справи со низа проблеми, вклучително и тешката економија и кршењето на човековите права по соборувањето на премиерот Шеик Хасина пред шест месеци, пишува БЕТА. Во август Хасина побегна во Индија, по бунтот предводен од студентите, кој стави крај на нејзиното 15-годишно владеење, а власта ја презеде привремената влада предводена од добитникот на Нобеловата награда за мир, Мухам Јунус. Кон крајот на јануари, ...

Еден маж е убиен синоќа во ново пукање поради шверц на дрога во Брисел, соопштија локалните власти. Ова е трето пукање од средата наутро во општина Андерлехт, каде властите се запознаени со неколку локации за шверц на дрога. Градоначалникот Фабрис Кампс рече дека тоа е „војна на банди за контрола на територијата“. Тој апелираше за зголемено полициско присуство. Според првичните информации од локалните медиуми, новото пукање е поврзано со слични ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека неговите надлежни служби преземаат сеопфатни плански мерки и активности по пристигнатите пријави за наводно поставени бомби утрово во училишта низ државава. -Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата, надлежните служби на ...

Патнички авион „Беринг ер“ со 10 лица исчезна на пат од Јуналаклита до Ном, на Алјаска, а потрагата е во тек, објави Одделот за јавна безбедност на американската сојузна држава. Малиот турбопропектор Cessna Caravan превезувал девет патници и еден пилот, се вели во соопштението. Алјаска се соочува со поголем број авионски несреќи од другите американски сојузни држави, се вели во извештајот на Националниот институт за безбедност и здравје при ...

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На денешното рочиште се очекува да биде сослушан сведокот Гоце Трајковски, кој заедно со таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, помагал во потрагата по неа, прибавувајќи видео снимки. Трајковски е последен сведок на предлог на Обвинителството. Тој требаше да сведочи на почетокот од постапката, кога беа сослушани и другите ...

Најстудено утрово е на Попова Шапка со измерени -8 степени Целзиусови, а најтопло со 4 степени е во Гевгелија. Во Маврови Анови се измерени -5 степени, -4 Крушево, -3 Дебар, -2 степени во Крива Паланка, Охрид, Битола и Берово, -1 Претор, 0 Тетово, Прилеп и Виница, 2 степени во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Демир Капија, Струмица и Кавадарци и 3 степени во Скопје-Петровец и во Велес. Висината на снежната покривка во 7 часот на Попова Шапка е 30 ...

Шефот на Европскиот совет Антонио Кошта предупреди дека санкциите кон Меѓународниот кривичен суд (МКС) се закана за поширокиот судски систем, откако американскиот претседател Доналд Трамп го казни судот поради неговите истраги за Америка и Израел. „Санкционирањето на МКС ја загрозува независноста на Судот и го поткопува меѓународниот кривично правосуден систем како целина“, напиша Кошта, кој го предводи телото што ги претставува 27-те ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го претстави планот за драстично намалување на персоналот на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) ширум светот, оставајќи помалку од 300 вработени, јавија американските медиуми. Според медиумите, планот ќе остави на работа помалку од 300 вработени од сегашните 8.000 директно вработени и со договори. Тие, заедно со околу 5.000 локални вработени ангажирани во странство, ќе ...

Тарифите што американскиот претседател Доналд Трамп планира да му ги наметне на Мексико ќе ги осакати пограничните економии кои се потпираат на фабриките што произведуваат стоки за САД – автоделови, медицински материјали и компјутерски компоненти – и веројатно ќе ја турнат земјата во рецесија, предупредија денеска економистите. Заканата на Трамп за царини од 25 отсто за Мексико и Канада ги фрли во неизвесност производствените центри долж ...

Не многу видливиот министер за информатичко општество Стефан Андоновски одеднаш стана многу интересен за јавноста. Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за него и неговото семејство. Татко му на првиот информатичар стана советник на премиерот Мицкоски. Претходно, неговиот брат беше назначен како началник во Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Скандалот со непотизмот го откри СДСМ на прес конференција во ...

За денеска е најавен нов бојкот на маркетите по минатонеделниот кога прометот во големите трговски ланци беше намален за речиси 50 проценти. Додека граѓаните се повикуваат на нов бојкот поради високите цени на основните прехранбени производи, надлежните најавуваат мерки кои треба да бидат познати во текот на денешниот ден или во понеделник. До крајот на неделата треба да завршат и шестмесечните контроли на Пазарниот инспекторат со кои се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се предвидуваат санкции против Меѓународниот кривичен суд (МКС). Извршната наредба на Трамп го обвинува МКС за „нелегитимни и неосновани дејствија насочени против САД и нејзиниот близок сојузник Израел“ и за злоупотреба на нејзините овластувања со „издавање неосновани налози за апсење“. „МКС нема јурисдикција во САД или Израел“, се вели во декретот, додавајќи дека судот ...

Времето наутро ќе биде студено со услови за појава на магла по котлините. Преку денот сончево со мала до умерена облачност зголемена во источните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени. Во Скопје студено со услови за појава на слаба магла, преку денот претежно ...

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се очекува до Собранието да поднесе иницијатива за изгласување на недоверба на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието откако вчера ваква можност најави премиерот Христијан Мицкоски според кого потребно е формирање на нов Судски совет кој без партиски стеги ќе претставува монитор за тоа како судиите се однесуваат и какви одлуки носат. Ваквиот чекор, опозицијата го оцени како можност за партизација на ...

Ремек-делото на класичната балетска уметност „Есмералда“ од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи, ќе се изведе вечер на сцената на Националната опера и балет со почеток во 20 часот, информираат од оваа установа. Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква“ од Виктор Иго, ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, во кореографија на реномираниот кореограф од ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа изјави дека појасот Газа во моментов е „ненаселен“ поради опасности како што се неексплодирани мини и дека неговите жители ќе мора да живеат на друго место додека енклавата не се обнови. Рубио, коментирајќи го ова прашање за време на неговата посета на Доминиканската Република, ги повика другите земји да понудат помош за обнова на Газа, но не кажа ништо за тоа дали Палестинците ќе можат да се ...

Американското Министерство за правда ја тужеше државата Илиноис и градот Чикаго обвинувајќи ги демократските упоришта за незаконско мешање во спроведувањето на мерките на американскиот претседател Доналд Трамп против илегалната имиграција и барајќи судски налог што ќе ги блокира таканаречените закони за засолниште. Цитирајќи ја националната вонредна состојба поради илегалната имиграција која Трамп ја прогласи на неговиот прв ден од враќањето на ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп нема официјален план за ставање крај на руската војна против Украина и додаде дека е подготвен за разговори со рускиот претседател Владимир Путин откако ќе се постигне разбирање за завршување на војната, пренесоа украинските медиуми. „Се разбира, САД, претседателот Трамп и земјите од Европската унија веруваат дека дипломатијата е невозможна без ...

Речиси три и пол децении по напуштањето на Советскиот Сојуз, балтичките земји Естонија, Летонија и Литванија веќе нема да бидат поврзани со електричните мрежи на Русија и Белорусија почнувајќи од овој викенд, бидејќи тие целосно се свртуваат кон своите сојузници од Европската унија. Прекинувањето на електроенергетските врски со Русија богата со нафта и гас има и геополитичко и симболично значење. Работата на ова се забрза откако рускиот ...

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2024 година, изнесува 7 781.2 милиони евра и бележи пад од 6.5 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, пак, во истиот период, е 11 062.4 милиони евра, што е за 0.8 % помалку од 2023 година. Трговскиот дефицит изнесува 3 281.2 милиони евра, соопшти Државниот завод за статистика. Покриеноста на увозот со ...

„Министерот за култура и туризам Зоран Љутков направи мизерен партиски избор, наградувајќи ги со најголеми износи своите поддржувачи и естрадни пропагандисти“, вели во изјава за Фронтлајн, Роберт Алаѓозовски – поранешниот министер за култура и поранешен национален координатор за развој на културата, коментирајќи ја државната финансиска подршка на годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес за 2025 година од Министерството за ...

Илон Маск сподели лажна објава на неговата страница на социјалната мрежи X во негова сопственост, за тоа дека американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) наводно финансирала посети на познати западни личности во Украина. Маск ја реобјави страницата I Meme And I Am, која објави видео со наводна приказна на американското издание на E! Вести со натпис: „Дали знаевте дека УСАИД ги потроши вашите даночни долари за финансирање патувања на ...

Во акцијата што беше спроведена вчера во Одделот за општи и заеднички работи во Министерството за внатрешни работи биле извршени претреси на 16 локации и запленета е обемна документација и мобилни телефони. Како што информираа денеска од МВР, активностите биле преземени во координација со Јавното обвинителство околу предмет којшто е во предистражна постапка, а се однесува на злоупотреба и договарање меѓу економски оператори и вработени во ...

Буџетот на Министерството за култура и туризам за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2025 година изнесува 814 милиони денари. Буџетот е за 74 милиони денари поголем од ланскиот буџет, додека во овие средства е вклучен и посебен буџет за креативните индустрии за што во наредниот период ќе биде распишан посебен конкурс. По објавувањето на резултатите од конкурсот и изборот на проекти, во јавноста избија бројни обвинувања за ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
59%
1013
weather icon

Белград

18ᴼ / 16ᴼ
0.0
63%
1011
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
63%
1011
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
71%
1013
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.39
61%
1012
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.51
80%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
1.34
74%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
82%
1012
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1013
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
0.51
60%
1012
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
0.51
67%
1011
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 14ᴼ
2.57
48%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52