
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Бразилскиот фудбалер Роналдо, кој настапуваше за Реал Мадрид и Милан, сака да го види Карло Анчелоти како селектор на бразилската репрезентација, објави „Relevo“. Роналдо планира да се кандидира за претседател на Бразилската фудбалска федерација во март 2026 година. Доколку победи, се надева дека ќе го повика Анчелоти во репрезентацијата. Двете страни сè уште не разговарале за можна соработка. Роналдо нагласува дека е подготвен да му понуди ...
„Време е владата да преземе конкретни чекори и да ги остави настрана калкулациите кои ќе го одложат отворањето на преговорите со Европската унија“. Вака за Фронтлајн изјави Селим Ибраими од Институтот за безбедносни и развојни студии (ИССД – Македонија), коментирајќи ја изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи дека: „Скопје има проблем со Брисел, а не со Софија“. – Според она што досега го соопшти Владата на Северна Македонија, се ...
Генералната секретарка на Амнести интернешенел Агнес Каламар денеска ја осуди извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување санкции против Меѓународниот кривичен суд (МКС) како „непромислена“. – Тоа е одмазднички, агресивен и брутален чекор за уништување на глобалните правила кои имаат за цел да обезбедат правда за сите, рече Каламар во соопштение, додавајќи дека санкциите го поткопуваат деценискиот меѓународен ...
Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим се осврна на заминувањето на Маркус Рашфорд од клубот. – Не можев да го натерам Маркус да игра фудбал и да тренира како што јас барав. Понекогаш се случува играчот да биде добар со еден тренер, но да игра поинаку со друг. Само им посакувам се најдобро на Рашфорд и Унаи Емери за да најдат заеднички јазик бидејќи Маркус е многу добар играч. Работата е во тоа што некои момци не се адаптираат на начинот ...
Украинската армија негираше дека Русија го освоила Торецк, објави Укринформ. Вчера Министерството за одбрана на Руската Федерација соопшти дека градот во областа Доњецк, источна Украина, сега е под контрола на руските сили. Но, синоќа украинското Министерство за внатрешни работи го демантираше ова тврдење. Според соопштението, неговите борци го бранат Торецк, добиваат храна и вода преку дронови. Генералштабот на вооружените сили на Украина ...
Натписот на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) вчера попладне беше симнат од влезот на седиштето на агенцијата, иако федерален судија ја блокираше одлуката на претседателот Доналд Трамп да отпушти од работа 2.200 вработени во УСАИД. Ова се случува на помалку од една недела откако Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ) предводен од милијардерот Илон Маск, започна активности за затварање на УСАИД. Во соопштение на социјалната мрежа ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го ограничи пристапот на неговиот претходник Џо Бајден до класифицирани информации. Традиционално, поранешните претседатели добиваат одредени доверливи информации од безбедносните служби откако ќе ја напуштат Белата куќа. – Нема потреба Џо Бајден да продолжи да има пристап до доверливи информации. Затоа, веднаш му го одземаме одобрението на Џо Бајден за пристап до доверливи информации и ги ...
Пронајдени се остатоците од малиот авион што завчера се урна во западна Алјаска, а сите 10 лица кои биле во него се загинати, соопштија властите. Авионот „Беринг Ер“ Цесна 208Б Гранд караван исчезна од радарот на пат кон Ноум од Уналаклит во четвртокот попладне по локално време. Во авионот биле пилотот и девет патници, пренесува Бета. Несреќата е една од најсмртоносните во таа американска држава во последните 25 години. Спасувачите го бараа ...
Родителите на четворица британски тинејџери го тужеа ТикТок поради смртта на нивните деца, тврдејќи дека била резултат на натпревар со предизвик на социјалната мрежа. Родителите тврдат дека нивните деца на возраст од 12 до 14 години починале додека учествувале во „предизвикот онесвестување“, кој стана популарен на социјалната мрежа во 2021 година, јави Гардијан. Правниот центар за жртви на социјалните медиуми со седиште во САД вчера поднесе ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска во Гдањск изјави дека Европската унија ќе го почитува тоа што Полска одбива да се придржува до усвоениот Пакт за миграција и одбива да прифати мигранти според квоти, бидејќи Брисел има разбирање дека на полската граница со Белорусија и Русија со ЕУ не се работи за класична миграција туку хибриден напад на тие две земји врз ЕУ. – На источната граница не се работи за класична ...
Атлетико Мадрид е целосно подготвен да се соочи со градскиот ривал Реал Мадрид во дербито во Ла Лига в сабота, изјави тренерот на Атлетико – Диего Симеоне. Реал води во поредокот со 49 бодови, еден повеќе од Атлетико, кој по 22 меча има три бода повеќе од третопласираната Барселона. Атлетико го совлада Хетафе со 5-0 во Кралскиот куп во вторникот и Симеоне рече дека нивниот фокус сè уште не бил на дербито во саботата. -Сè уште не сме разговарале ...
Иако пратеникот и поранешниот спикер и министер за одбрана, Талат Џафери изнесе фрапантни и алармантни податоци за како што рече, систематското исклучување на Албанците од Министерството за одбрана и Армијата, на крајот од вчерашната прес-конференција немаше ниту едно прашање поврзано со наодите и податоците што ги изнесе. Џафери истакна дека во последните месеци се спроведува дискриминаторска политика при што Албанците се целосно исклучени од ...
За жал состојбите во МО и Армијата покажуваат дека процесите на модернизација заостануваат и освен тоа што буџетот е зголемен на хартија, многу од проектите за модернизација се одложуваат без објаснување. Ова се однесува и на набавките, и на законските предлози, изјави за ЦивилМедиа Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ и поранешна министерка за одбрана. Таа за ЦивилМедиа го коментира соопштението на Министерство за одбрана во кое се тврди ...
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Барселона, Мемфис Депај е осуден на четири месеци затвор во Монако поради возење во алкохолизирана состојба. Инцидентот се случил на 6 август 2024 година, кога полицијата го запрела на проверка и му открила 1,01 промили алкохол во крвта. По завршувањето на истрагата, случајот е изведен пред суд, каде Депај доби ефективна казна. Холандскиот интернационалец во својата богата кариера има настапувано за ...
Хамас вечерва соопшти кои тројца заложници ќе бидат ослободени утре, со еден час задоцнување од крајниот рок во 16 часот. Кабинетот на израелскиот премиер и Форумот за фамилии на заложници потврдија дека заложниците што треба да бидат ослободени се Охад Бен Ами (56), Ели Шараби (52) и Ор Леви (34). Тајмс оф Израел јави дека се уште не е јасно во кое време утре заложниците ќе бидат ослободени. Шараби бил киднапиран од кибуцот Беери кога ...
Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, кој е осуден поради корупција и трговија со влијание, од денеска ќе носи електронска алка на ногата. Касациониот суд во декември ја потврди пресудата за Саркози – тригодишна затворска казна. Две години затвор се суспендирани, а Саркози е осуден на носење на електронски мониторинг уред една година, наместо да оди во затвор. Одлуката на судот значи дека Саркози ќе мора да носи електронска алка и ...
Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на Васил Јованов за претходното дело, а жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја уважи и го преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција – изречената заводска мерка Упатување во воспитно-поправен дом и се осудува на единствена казна затвор во траење од три години и десет месеци. Одлуката по кривичниот предмет KЖ- 1047/24 е донесена на нејавна седница одржана на ден ...
Министерството за правда на САД ја затвора програмата со која се санкционираат олигарсите поврзани со Кремљ, започната во 2022 година, објави на 5 февруари државната обвинителка Пем Бонди. Во меморандумот, Бонди објави дека програмата позната како „Task Force KleptoCapture“ ќе биде прекината, бидејќи приоритет на администрацијата на Трамп е борбата против нарко-картелите и меѓународните банди, пренесува Кијив Индипендент Иницирана во времето на ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) алармира за дискриминација на Албанците во Министерството за одбрана, додека од министерството велат дека: „Во одбраната и Армијата нема место за дискриминација по која било основа, партизацијата од претходно ја заменивме со почитување на законските процедури“. „Според последните податоци: Од 10 директори во новата систематизација, ниту еден не е Албанец. Од 12 советници во Министерството за одбрана, само ...
Британскиот премиер Кир Стармер ќе биде домаќин на самитот на Берлинскиот процес во 2025 година кој ќе се одржи во Лондон оваа есен. Берлинскиот процес е водечки меѓународен форум за поддршка на стабилноста и промовирање на регионалната соработка, на кој присуствуваат сите шест лидери на Западен Балкан, објави Британската амбасада во Скопје. Обединетото Кралство ќе го искористи самитот за зајакнување на своите партнерства со земјите од Западен ...
Во скопската Стара чаршија попладнево беа доделени 15 електрични колички на оние кои имаат потреба од нив, од страна на Здружението на лица со посебни потреби „СОС Вита“. Како што беше појаснето на настанот, станува збор за донација од хумани луѓе. Претседателот на здружението, Ертан Шаќири рече дека изминатите пет и пол години откако постои „СОС Вита“, биле доделени 170 електрични колички на лица на кои им се потребни. – Посакувам луѓето со ...
Украинските сили започнаа нова серија механизирани напади со големина на баталјон во Курската област и напредуваа до пет километри зад руските линии југоисточно од Суџа, Курска област на 6 февруари, се наведува во извештајот на Институтот за проучување на војната (ISW) со седиште во Вашингтон. Геолокацираните снимки објавени на 6 февруари покажуваат дека украинските сили неодамна напредувале југозападно од Махновка (југоисточно од ...
Кандидатот за канцелар на Христијанско-демократската унија на Германија (ЦДУ), Фридрих Мерц изјави дека планира да му каже на американскиот претседател Доналд Трамп дека не одобрува тоа што блискиот соработник на Трамп, Илон Маск, се меша во предизборната кампања во Германија со јавно поддржување на крајнодесничарската Алтернатива за Германија (AфД). „Не одобрувам некој толку близок до Трамп да се обидува толку директно да се меша во германските ...
Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека полицијата ги завршила сите контроли и проверки по добиените дојави за поставени бомби во училиштата и констатирано е дека во сите случаи станува збор за лажни пријави. -Припадниците на Министерството за внатрешни работи во текот на денов ги завршија сите потребни контроли и проверки по однос на мноштвото електронски дојави за наводно поставени експлозивни направи во многу основни и ...
Семејството на обвинетиот Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“, денеска изрази сочувство до семејството на Фросина. Тие, заедно со бранителот на Васил, адвокат Сашко Дуковски, на денешната прес-конференција зборуваа за околностите на настанот, нивното длабоко жалење и демантираа повеќе од наводите изнесени во јавноста. Според изјавите на родителите, Васил по првата пресуда не консумирал дрога и алкохол, ...
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска потврди дека Нетанјаху на американскиот претседател Доналд Трамп му подарил златен пејџер за време на состанокот во Белата куќа. Како што се наведува, подарокот ја симболизира одлуката на Нетанјаху која доведе до пресврт во војната, имено тајната операција против Хезболах, пренесува Тајмс оф Израел. „Подарокот ја симболизира одлуката на премиерот што доведе до пресвртница во војната и ...
Меѓународниот кривичен суд (МКС) мора да биде способен да се бори против неказнивоста ширум светот без никакви пречки, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. -МКС гарантира одговорност за злосторствата (против меѓународното право) и обезбедува платформа за жртвите од целиот свет. Мора да може слободно да се бори против борбата против неказнивоста ширум светот. Европа секогаш ќе се бори за правда и почитување на ...
Агенцијата за катастар на недвижности информира дека од денеска официјално е пуштена во употреба апликацијата за увид во статусот на барањата поднесени и заведени во електронскиот систем на Катастарот. Со новата апликација се зголемува ефикасноста, а граѓаните и професионалните корисници брзо и едноставно ќе можат по електронски пат да го следат статусот на своите предмети. Откако ќе поднесат барање, неговиот статус ќе биде достапен во реално ...
Списанието Playboy „Плејбој“, по петгодишна пауза, објавува печатено издание… А, на насловната страница овојпат е манекенката Лори Харви. Таа, меѓу другото, позира и во светкави бикини, кус корсет-фустан, капут со пердуви, а и држејќи украс со зајакот – заштитен знак на „Плејбој“. За нејзиниот изглед се погрижи стилистката Лејла Бани. Во интервјуто, Харви говори за својата кариера и за тоа што значи да се биде пример за девојките. Ова издание на ...
Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, изјави дека Македонија има проблем со Брисел, а не со Софија, спуштајќи ги на тој начин надежите (ако ги има) на македонската влада дека може да изнајде некаков договор со властите во Софија за излегување од ќор-сокакот. „Францускиот предлог ќе биде строго следен. Нема билатерален проблем меѓу Софија и Скопје, туку меѓу Брисел и Северна Македонија“, рече Георгиев. Ивон Величковски – лидер ...